
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



„За време на бомбардирањето, не ни беше пријатно во вагоните, но сите се чувствувавме некако среќни, затоа што знаевме дека уништувањето на една фабрика во Германија, значи дека сме еден ден поблизу до крајот на војната“, напишал во своите мемоари, хрватскиот Чех, Фрањо Жада, по Втората светска војна, во кои тој се навраќа на настаните од средината на 1944 година, кога сојузниците го бомбардираа Минхен. Во тоа време, Жада, со други затвореници, ...
Државната комисија за спречување на корупцијата по изборите ќе разгледа како поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски станал сопственик на нова куќа во населбата Керамидница. Трајановски, кој раководеше со главниот град во два мандати од 2009 до 2017, девет месеци по повлекувањето ја купил фирмата „Природна органска храна“ од Скопје, во чија сопственост била семејната куќа од речиси 400 квадратни метри, во која планира да живее со ...
На 8 мај 1999 година, Бурим Кабаши се обидувал да избега од борбите во западно Косово, кога бил уапсен од српските сили, заедно со уште 70-тина други Албанци. Тие биле однесени во мал затвор во општината Исток. Тој си спомнува дека била топла вечер кога уапсените биле донесени во затворот во селото Ѓураковац, кој веќе бил преполн со затвореници. Малтретирањето почнало уште со нивното пристигнување во овој објект. „Се сеќавам кога се собравме ...
Српските сили влегоа во селото Захаќ на 14 мај 1999 година. Тој ден се случи еден од најкрвавите масакри во војната во Косово. Тие им наредија на албанските селани, кои броеја над 200, да им ги предадат своите пари, накит и документи, а потоа да влезат во нивните автомобили или трактори и да си заминат. Меѓу нив била и Хајрије Демаку, нејзината ќерка Есма и нејзиниот син Фатон. „Во (селото) Ќушка, ја киднапираа ќерка ми, ѝ рекоа да се симне од ...
Рекреативците што шетаат на кејот на Вардар, гостите во хотелот „Русија“ и посетителите на паркот на езерата, од неодамна имаат поглед на новата куќа на поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, која се наоѓа на спротивната страна на реката Вардар во населбата Керамидница. Објектот е на самиот кеј на реката Вардар и има поглед кон населбата Аеродром. Куќата е на два ката и според податоците од Катастар, има вкупна површина од 392 ...
Брзо спласна новогодишниот оптимизам дека со календарската промена на годината ќе се промени и перспективата за 2021, која сѐ уште е заробена од пандемијата. Корона вирусот е неутрализиран со брзото пронаоѓање вакцини, кои покажаа ефикасност и до 95 отсто, но само во научна смисла. Сепак, сѐ уште сме далеку од моментот кога ќе може да се каже дека пандемијата е целосно под контрола. Ширењето на новата позаразна мутација на корона вирусот што го ...
Судија на Специјализираните совети на Косово (ССК), формирани да им судат на поранешните припадници на ОВК за воени и повоени злосторства, вчера донесе одлука, Салих Мустафа да остане во притворот во Холандија. Одбивајќи го барањето на одбраната за ослободување на Мустафа, судијата Никола Гуи истакна дека постои ризик осомничениот да избега. Судијата додаде дека неодамнешното откривање на доказите од страна на обвинителството, на одбраната, „ги ...
Милановиќ, не присуствуваше на свеченото одбележување на годишнината од воената операција „Масленица“, во Задар, бидејќи некои од учесниците носеа симболи на усташкото движење. Од неговиот кабинет соопштија дека Милановиќ го повикал премиерот, Андреј Пленковиќ, и го предупредил дека тоа е „неприфатливо“. „Бидејќи подоцна беше утврдено дека и во официјалниот протокол на одбележувањето, учествуваат лица што на себе носат усташки обележја и ...
Во 1989 година, театарскиот режисер и драматург, Енвер Петровци, се заклучил во својот стан во Белград и започнал да пишува текст за претстава, кој потоа долги години, некаде на полица, фаќал прав. Претставата конечно била изведена во театар околу три децении подоцна, откако Петровци години претходно го напуштил Белград и по војните во 90-тите години кои го уништија регионот. Претставата, насловена како „Балкански креоли“, зборува за животот на ...
Кога српските сили влегле во селото Рачак, во западно Косово, утрото на 15 јануари 1999 година, Сахиде Метуши подготвувала појадок за своето семејство во нејзината кујна. Откако ги слушнале првите истрели, таа и нејзиниот сопруг Хаки им рекле на помладите членови на семејството, да побегнат на сигурно – преку потокот или во блиската шума. Сахиде и Хаки останале во куќата, сè додека не се приближил звукот на пукотниците. „Кога излегоа од куќата, ...
Кога пред три години, на 16 јануари 2018 година, непознати сторители испукаа шест куршуми во политичарот, Оливер Ивановиќ, пред седиштето на неговата партија во Митровица, луѓето во Србија и во Косово беа згрозени, а Запад стравуваше дека убиството на уште еден политичар на Балканот, може да стави крај на кревкиот дијалог меѓу Белград и Приштина. Кога беше извршен атентатот врз лидерот на партијата, Слобода, демократија, правда, кој беше познат ...
„Ефектот на литературата во општествата како нашето, е повеќекратен“, вели српскиот писател, Саша Илиќ, чиј последен роман се занимава со трајните трауми од војните во 90-тите години, во земјата во која политичките лидери продолжуваат да ја негираат вистината за тоа што се случило. „Литературата што се занимава со горливите, главно табу-теми, како што се Југославија, војната, воените трауми, воените злосторства, укинувањето на слободата, ...
Во сабота, на 9 јануари, со миса на локалните гробишта и со положување на цвеќе, ќе биде одбележана 27-годишнина од злосторството во селото Бухине Куќе, кога беа убиени 26 луѓе. Љубица Гариќ, претседателка на Здружението на семејства на убиени и исчезнати хрватски бранители од Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) од Среднобосанскиот кантон, вели дека меѓу жртвите имало осум деца и четири жени. „Најмладата жртва беше Даниел Грбавац … тој немаше ниту ...
Многу меѓународни фоторепортери станаа познати по своите фотографии направени за време на балканските војни во 90-тите години – но за разлика од нив, фотографот и сценарист, Крис Лесли, на Балканот дошол по завршувањето на конфликтот и со својот фотоапарат го документирал повоениот период. Овие негови фотографии се најдоа на едно место, во неодамна објавената книга, „Балканско патување“, што читателите ги води низ 24-годишната фотографска ...
Реалноста во Македонија се атомизира под разорното влијание на ритамот на социјалните мрежи, засилен или едноставно испровоциран од партиски или од други центри на моќ. Неснаоѓајќи се во хаосот, медиумите безглаво се тркаат со конкуренцијата од Фејсбук и од Твитер, па така сите заедно во секоја следна наносекунда ни сервираат по микрофрагмент од големата слика. Резултатот од оваа информациска ентропија е сеопшта хистерија. И доколку некој успее ...
Трговијата со луѓе е широко распространет современ феномен, а една од нејзините најчести облици е трговијата заради сексуална експлоатација – позната и како сексуална трговија – каде жртвите се претежно жени. Но, за сексуалното ропство на жените и девојчињата во Босна и Херцеговина во 90-тите години, иако тоа ги има сите елементи на трговија со луѓе, никогаш не е дискутирано во овој контекст. Истражувањето спроведено за извештајот, „Сексуалното ...
Една деценија по извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, во кој беа изнесени наводи против припадници на ОВК, Специјализираните совети на Косово (ССК) со седиште во Хаг, кои произлегоа од тој извештај, оваа година направија решителен чекор и започнаа со судење на поранешни припадници на ОВК, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото. Откако специјализираните обвинители сослушаа повеќе од 120 ...
Црна Гора завршува уште една година без напредок во справувањето со своето воено минато, и покрај укажувањата на Европската унија и црногорското граѓанско општество, дека треба да се отворат нови истраги за злосторствата извршени во 90-тите години. Кога Врховниот државен обвинител, Ивица Станковиќ, пред пет години ја презеде функцијата, тој вети дека ќе ги отвори архивираните истраги и ќе им даде предност на гонењата на воените злосторства. Но, ...
Генерации средношколци го помнат само како Душко, професорот што предава македонски јазик и литература во скопската гимназија „Орце Николов“. Пошироката јавност го запозна во 2015 година. Душко Стојановски беше еден од ретките професори што ги придружуваше своите ученици што протестираа пред Министерството за образование против проблематичното екстерно тестирање. Тогаш БИРН направи интервју со него. Зборувавме за сите насобрани проблеми во ...
Тегобност како онаа во романот на Сартр, дистопија како во научно-фантастичниот филм „Еквилибриум“. На крајот од 2020 година, професорката и литературна критичарка Елизабета Шелева, во интервју за БИРН, го сподели нејзиното видување за 2020, како година на стравот и неизвесноста, а поврзана, пред сѐ, со глобалната епидемија на корона вирусот. За „новата нормалност“ на шега вели дека е зашеќерен и манипулативен еуфемизам, а вистински би требало ...
Една слика, илјада „фервекси“ Година на маските Априлски снег Пандемијата во целосен сјај Шампиони во претерување Секојдневие Живот стуткан дома Скопје 2014 во 2020 И верниците поверуваа Кафеана по протокол Сите херои носат маски Патриотски туризам Лов на витамини Со визири по визија Проблемите „стоот“ Корона-герила Без избор Нема кој да даде „лист од средина“ Без ЕУ, ама на Европско Задоцнет сон Чиста перспектива Замисли ...
„Мирот е само почеток, треба заедно да го градиме понатаму, сите сме тука да го сториме тоа“, порача високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, во ноември, на 25-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор. Инцко истакна дека „имаме една БиХ за сите, каде што има простор за сите“. Но, повоените поделби повторно беа обележје и во 2020 година и БиХ уште еднаш беше критикувана за неефикасно решавање на огромниот број заостанати ...
За разлика од претходните години, во 2020 година, комеморациите во Хрватска, посветени на настаните од војната во 90-тите, поминаа со минимум инциденти и националистичка реторика. Во септември, премиерот, Андреј Пленковиќ, водач на конзервативната Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и претставниците на српското малцинство, ја одбележаа 25-годишнината од убиствата на Србите во селото Вариводе – еден од неколкуте инциденти што се случија за време ...
Новата црногорска влада вети дека ќе донесе закон за лустрација, со цел од јавните функции да се отстранат одговорните за кршење на човековите права во минатото. Но, аналитичарите и правните експерти сметаат дека постојат значителни уставни и политички ограничувања, што би го спречиле неговото спроведување. Од падот на Берлинскиот ѕид пред три децении, голем број источноевропски земји усвоија закони, со кои од јавните функции се повлекуваат оние ...
„Во следните седмици, на локацијата заедно ќе работат форензички тимови, за да се затвори тешко поглавје во животот на уште повеќе семејства на исчезнатите“, изјави, на почетокот на декември, Фабијан Бурдије, претседател на работната група за исчезнати лица при Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Бурдије ова го истакна на местото на површинскиот коп, Кижевак, каде што во ноември беа пронајдени посмртни останки, за кои речиси со сигурност ...
Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинение против девет лица, за учество во нападот на селото Новосеоци, општина Соколац, од 21 до 22 септември 1992 година, кога биле убиени 45 бошњачки цивили. Милан Тупајиќ, Драгомир Обрадовиќ наречен Драган, Момчило Пајиќ наречен Паја, Алекса Гордиќ наречен Ацо, Миладин Гашевиќ наречен Ќирко, Момир Кезуновиќ наречен Кеза, Бранислав Кезуновиќ наречен Мики, Жеjко Гашевиќ наречен Гашо и Јадранко ...
Насим Харадинај во судница. фото: ССК/Скриншот. Насим Харадинај, обвинет за попречување на правдата и за заплашување на сведоци, одби да се изјасни по обвинениети на првото појавување пред ССК во Хаг. „Што се однесува до моето изјаснување, мојот адвокат ќе зборува во мое име“, му рече Харадинај на судијата за претходна постапка, Николас Гију. Харадинај и претседателот на Здружението на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати, беа обвинети откако во ...
Во 2019 година, Македонија го достигнала индексот на човеков развој што Словенија го имала во 1990, првата година кога е воведен овој концепт од Организацијата на Обединетите нации, како сеопфатна мерка за тоа како се живее во една држава и какви услови имаат луѓето во неа за личен развој. Земјава е последна на Балканот според овој индекс, одвај над глобалниот просек, со само две европски држави зад неа. Единствено постигнала напредок во однос ...
Уште во 2017 година, Хашим Тачи, иницираше формирање на комисија за вистина и помирување, нагласувајќи дека земјата мора да се соочи со вистината за она што се случувало во војната 1998-1999, за народот да не остане заложник на минатото. Тачи, кој за време на војната беше политички директор на Ослободителната војска на Косово (ОВК), изјави дека се надева оти Комисијата ќе обезбеди основа за дијалог меѓу поделените заедници во Косово. „Косовското ...
Откако Британката Маргарет Кинан стана првиот човек во светот што ја прими вакцијата на Фајзер-Бионтек против Ковид-19 на 8 декември и со тоа симболично го означи почетокот на масовното вакцинирање, балканските земји почнаа со подготовки за вакцинација. Но, додека државите брзаат да го добијат нивниот дел од ограничените залихи на вакцини, сѐ уште има многу непознати, особено колку тие ќе чинат и дали ќе ги има доволно. Повеќето земји во ...