Се почна во 2009 година. Финансиската криза што го погоди светот една година претходно беснееше на Балканот, а регионот гребеше по дното за да спои крај со крај. Влегува Кина. Грција ги отвори портите преку пристаништето во Пиреја, а Србија ја прогласи Кина за „четврти столб“ на нејзината надворешна политика. На балканските земји им требаа пари, а на Кина и требаше пријателски коридор од Средоземното море до Европа. Тоа беше ...

Тешко денот да поминеше без опасност – одење на борбена линија или известување од улиците на Сараево, тоа беше лотарија, среќа…“ Вака, босанската новинарка, Аријана Сарачевиќ Хелаќ, се сеќава на раните 90-ти – времето на опасност, страв и крв. „Имав среќа за време на војната, навистина имав“, вели, Сарачевиќ Хелаќ, која тогаш работела за Радио-телевизија Босна и Херцеговина. „Бев заробена, паднав од ...

Мехтилд Хенеке. Фото: АКУД/Ларс Рајман, фотографија на Мехтилд Хенеке Мехтилд Хенеке, поранешна портпаролка на УНМИК, го искористи своето искуство стекнато во оваа земја, како материјал за нејзиниот прв, неодамна објавен роман, чие дејствије е сместено во војната на крајот на 90-тите години, а кој го носи насловот „Ах, мое Косово!“. Хенеке, денес слободен новинар и консултант за односи со јавноста во Берлин, стана портпаролка на ...

„Паметен и лукав – жеден преку вода ќе те однесе“, вака негов поранешен колега го опиша Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ и иден мандатар. Тој вчера убедливо ги победи противкандидатите Јован Деспотовски и Фросина Ременски на директните внатрепартиски избори. Димитар Ковачевски одамна е партиски член, но подобро го познаваат луѓето од корпоративниот свет. Низ речиси дводецениската кариера во Телеком бил на добри ...

Обраќајќи им се на претставниците на руските институти и фондации, на настан во Москва одржан во средината на септември, претседателот на комисијата за Сребреница, формирана од Владата на босанскиот ентитет, Република Српска (РС), повтори дека во јули 1995 година, не бил извршен геноцид врз Бошњаците. Говорејќи преку видеоврска, израелскиот историчар, Гидеон Грајф – чија комисија за властите на РС оваа година изготви извештај, во кој се ...

Хрватскиот новинар, Синиша Главашевиќ, известува од подрум во Вуковар, на 30 септември 1991 година, неполни два месеци пред овој опколен град да падне, а Главашевиќ да биде убиен. Фото: Матко Биљак Изложбата на БИРН, „Last Despatches“, посветена на новинарите, фотографите и другите медиумски работници, кои ги загубија животите во војните во 90-тите во поранешна Југославија, се отвора вечерва во Сараево. На изложбата ќе биде ...

Ветерани на деветтиот баталјон на ХОС, „Рафаел витез Бобан“, во април 2018 година во Сплит, на одбележувањето на 27-годишнината од формирањето на овој баталјон. Фото: Свен Милекиќ Министерството на хрватските бранители соопшти дека бројот на лица кои добиле официјален статус на бранител, од март 2020 до 30 ноември оваа година, е зголемен за 3.324, објави во неделата index.hr. „Во моментов во евиденцијата имаме 426.956 ...

Посмртните останки на најмалку десет луѓе, откриени во јуни годинава, во масовна гробница кај градот Калиновик, им припаѓаат на жртви од Сребреница, кои смртно настрадале во 1995 година, потврди Меѓународната комисија за исчезнати лица (МКИЛ). Како што беше кажано за Балканската истражувачка репортерска мрежа на Босна и Херцеговина (БИРН БиХ), ова е најоддалечената масовна гробница од Сребреница, во која се пронајдени жртви од Сребреница, во ...

Претседателот Иван Дуке, овој настан го нарече „најтешкиот удар“ врз трговијата со дрога во Колумбија, во овој век, споредлив само со апсењето на нарко-босот Пабло Ескобар пред три децении. Возбудата беше разбирлива. Даиро Антонио Усуга, попознат како „Отониел“, беше најбараниот нарко-дилер во земјата, поранешен герилец, кој стана лидер на Ел Клан дел Голфо, најголемата криминална банда во Колумбија. Тој беше уапсен ...

Претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати (десно) и адвокатот, Томе Гаши (во средина), на денешната прес-конференција во Приштина. Фото: БИРН Лидерот на Здружението на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хисни Гуцати, кому му се суди за воени злосторства пред Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг, рече дека му била „подметната стапица“ со доставата на доверливите ...

Го запознав Славко Ќурувија преку (неговите) текстови“, вели белградскиот новинар, Перица Гуњиќ, колега на Ќурувија, за чие убиство, извршено пред 22 години, денеска се изрекува пресуда пред судот во Белград. „Кога дојдов во (весникот) Борба во 1990 година, тој беше репоретер и политички аналитичар, и познат по неколкуте свои брошури, од кои едната, се сеќавам, беше за луѓе од (затворот) Голи Оток“, се сеќава Гуњиќ. ...

Славко Ќурувија. Фото: Фондација „Славко Ќурувија“/Предраг Митиќ Вишиот суд во Белград денеска осуди четворица поранешни припадници на српската ДБ, по повторното судење за убиството на новинарот и уредник, Славко Ќурувија, познат противник на режимот на Слободан Милошевиќ, извршено во 1999 година. Поранешниот шеф на ДБ на Србија, Радомир Марковиќ, и поранешниот шеф на белградскиот центар на ДБ, Милан Радоњиќ, се осудени на по 30 ...

Форензичарот, Арсим Герџалиу, се сеќава на ветровитиот ден во април 2002 година, кога тој и тим форензичари на УНМИК, им се придружиле на нивните српски колеги во Батајница, Белград, кои работеле на ексхумација на телата на албанските цивили, убиени во војната во Косово во 1999 година. Телата на Албанците биле донесени во центарот за обука на српската полиција во Батајница, за тајно да бидат погребани, во обид да се прикријат масовните ...

Стремежот на Ким за пристојна плата го донесе од виетнамскиот град Вин, кој се наоѓа на околу 300 километри јужно од главниот град Ханој, во хостел во Зрењанин, град во северна Србија. Но, работите не се одвивале онака како што тој и стотици други виетнамски работници планирале. Српските невладини организации, овој месец обелоденија дека постои експлоатација и сомнеж за трговија со луѓе на виетнамските работници ангажирани за изградба на ...

Хрватски усташи и домобрани, седат заедно со српски четници, во 1942 година. Фото: Википедиа Во вторникот, Одборот за воени ветерани на хрватскиот парламент, го поддржа предлогот за изградба на воени гробишта во рамките на централните гробишта Мирогој во Загреб, за војниците кои се бореле за НДХ. Според предлогот, припадниците на усташките и домобранските сили од Втората светска војна, на новите гробишта би биле опишани како припадници на ...

Ливчето од градежната инспекција, заглавено меѓу две тули за да не го дувне ветерот, е единствениот податок што може да се најде на новото градилиште во близина на скопската тврдина Кале, каде што непознат инвеститор на државно земјиште направил бетонска платформа од шеесетина квадрати и донел други градежни материјали за да изѕида објект. Во него е наведен датумот и времето кога градителот треба да се појави во Општина Центар и да донесе ...

Многумина сметаа дека изненадувачкиот избор на Петер Марки-Зај за кандидат за премиер на здружената опозиција на парламентарните избори во Унгарија следната година е со единствена цел да се тргне од власт сегашниот премиер, и дека владата што би ја предводел тој би постигнала малку, но ова мислење бргу се менува и во земјата и надвор од неа. Во своите говори, на средбите со странски претставници и во интервјуата за медиумите (вклучувајќи го и ...

Југословенската народна армија, потпомогната од српските сили на територијалната одбрана и паравоените формации од Србија, на 25 август 1991 година, започна целосен напад на Вуковар, град во источна Хрватска, со што започна опсадата која траеше 86 дена, во која, пред да се предадат, смртно настрадаа околу 3.000 војници и цивили. Кога започна опсадата, многу жители на градот, особено жени, деца и постари лица, од гранатирањето, тенковскиот ...

Русите избираат меѓу четири типа вакцини во Хрватска | Фото: Министерство за здравство на Хрватска Руси патуваат во Хрватска за да примат вакцини одобрени од Европската Унија бидејќи во својата земја можат да примат само Спутник, која не е признаена од ЕУ и од други земји. Вакцините во Хрватска се бесплатни и руските туристи може да изберат меѓу четири типа – Фајзер, Модерна, Астра Зенека, како и Џонсон и Џонсон, од која се прима само ...

Фото: Пол Лоу „Внимавај, снајпер“ е називот на мултимедијалната изложба која преку фотографии, истражување на архивите на Хашкиот трибунал, изјави на сведоци и 3Д моделирање, ја документира воената опсада на Сараево. Изложбата ќе биде отворена утревечер, во Историскиот музеј на Босна и Херцеговина. Изложбата е заснована на истражувањата на Пол Лоу, наградуван фотограф кој живее во Сараево, кој известувал за војната во БиХ и чии ...

Чешката Комунистичка партија конечно остана надвор од парламентот на земјата, 32 години oд падот на нејзиниот тоталитарен режим, откако не освои ниту едно место на парламентарните избори во октомври. Во Словачка, на комунистите им одеше многу послабо по Кадифената револуција на 17 ноември 1989 година, ден што се слави како национален празник во двете држави. Сепак, анкетите покажуваат дека во двете земји, а посебно во Словачка, носталгијата ...

Муралот на осудениот воен злосторник, Ратко Младиќ, сè уште стои на една една од станбените згради во Градишка, град во северна Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска. На цртежот Младиќ салутира во воена униформа на Војската на Република Српска (ВРС). Овој мурал е сличен на оној што последниве денови предизвика низа протести на граѓанските активисти во Белград. Муралот, во обид да биде уништен, беше погоден со канта ...

Бугарскиот претседател Румен Радев е најголемиот фаворит за победа на претседателските избори што ќе се одржат на 14 ноември, заедно со повторените парламентарни избори откако претходните што се одржаа во април и во јули, на кои никој не победи. Една анкета предвидува дека Радев ќе добие 56 проценти од гласовите и ќе биде реизбран. Според истражувањето на Сова Харис објавено на 5 ноември, главниот конкурент на Радев е Анастас Герџиков со ...

Цела седмица сите се фокусираа на погрешниот пратеник Реџепи. Новото парламентарно мнозинство не го урна Скендер Реџепи-Зејд од партијата Алтернатива, пратеникот кому му пречеше друштвото на Левица во иницијативата за уривање на власта. Новото парламентарно мнозинство го урна Кастриот Реџепи, народниот избраник од БЕСА. Тој вчера не се појави на седницата за гласање недоверба на владата. Неуспешен старт на седницата | Фото: БИРН/В.А. Бргу ...

„Муралот мора да падне“, напишаа активистите во вторникот на протестот во центарот на Белград, организиран поради апсењето на активистките, Аида Ќоровиќ и Јелена Јаќимовиќ, кои фрлаа јајца на муралот на Ратко Младиќ, насликан на ѕидот на една станбена зграда во српскиот главен град. Полицијата тој ден го чуваше муралот, бидејќи Министерството за внатрешни работи на Србија забрани јавни собири покрај него, откако невладината ...

Има уште само едно празно место на ѕидот со портрети од поранешните градоначалници во салата за состаноци во бараките на Град Скопје. Дали тоа ќе биде пополнето само за четири или можеби за повеќе години со сликата на новата градоначалничка Данела Арсовска, во добар дел ќе зависи од јавниот превоз. Тоа е големата тема што Арсовска ја донесе со себе на функцијата – бесплатен јавен превоз со нови еколошки автобуси и без „бас рапид ...

„Командантот нареди центарот за врски повеќе да не прима повици“, стои во забелешката внесена на 09.11.2001 година во 17.10 часот во дневникот на центарот за комуникации во Кула, штаб на Единицата за специјални операции (ЕСО) на ДБ. До тогаш, ситуацијата во штабот на ЕСО веќе била напната: командантот Душан Маричиќ Гумар ги собрал своите помошници и им рекол дека донел одлука единицата да помине во состојба на ...

Фото: БИРН. Ѓорѓо Жујовиќ, член на Социјалдемократската партија на Србија, денеска фрли канта боја врз муралот на Ратко Младиќ, насликан на ѕидот на една станбена зграда во Белград, и покрај континуираните напори на полицијата да го заштити. Жујовиќ изјави оти муралот со кој му се оддава почит на Младиќ „претставува дамка на образот на секој граѓанин на Србија, без разлика на кој народ му припаѓа, која е неговата вера или политичка ...

Хајра Ќатиќ. Фото: БИРН. Во Сараево денеска почина Хајра Ќатиќ од здружението „Жени на Сребреница“, потврди за БИРН потпретседателката на здружението, Нура Беговиќ. Чатиќ била сместена во болница во Сараево, поради проблеми со срцето. Таа почина без да ги пронајде останките на својот син, кој исчезна за време на масовните убиства на Бошњаците во 1995 година извршени од страна на силите на босанските Срби, предводени од Ратко ...

Муралот на Ратко Младиќ, со пораката: „Генерале, ѝ благодариме на твојата мајка“. Фото: Н1. Младинската иницијатива за човекови права (МИЧП), невладина организација со седиште во Белград, поднесе тужба против српското МВР, откако овој орган одлучи да им забрани на активистите да организираат собир за отстранување на муралот на воениот генерал на босанските Срби, Ратко Младиќ, насликан на ѕид од станбена зграда, во главниот град на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
33%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
62%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
46%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.4
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.58
38%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.72
76%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
44%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
37%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.72
40%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
3.13
58%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
0.89
40%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.86
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Бакар

13.27

Рутениум

53852.50

Платина

52855.83

Цинк

0.00

Сребро

1894.77

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23

Кобалт

56.29

Родиум

265243.66

Злато

130535.25

Калај

55.44

Паладиум

40445.64