Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, испрати остро предупредување дека евентуално ново разгорување на конфликтот со САД и Израел би донело, како што вели, „многу поголеми изненадувања“. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Арагчи порача дека иранските вооружени сили во меѓувреме стекнале значително ново искуство и капацитети, што би се одразило во секој нов судир. Тој изјави дека за време на претходните конфликти биле ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никаква дилема на темата дали поддржува право на протести, но дека му смета кога демонстрантите ги прекршуваат законите за знаме, химна и Уставот. Запрашан за протестот на студентите Албанци за правосудниот испит Мицкоски вели: – Јас секогаш поддржувам протести, демократско право е да се поддржат протести и тука немам никаква дилема. Мене лично ми пречи што демонстрантите кои се правници кои се ...
Крис Аплтон, фризер на славните најпознат по долгогодишната соработка со Ким Кардашијан, јавно ги бранеше своите екстремно високи хонорари, објаснувајќи зошто за своите услуги наплаќа повеќе отколку што чини депозит за куќа. Аплтон, кој првично тврдеше дека неговиот највисок хонорар е 100.000 долари (86.281 евра), неодамна призна дека всушност заработил двојно повеќе за еден ангажман. – Беше 200.000 долари (околу 172.562 евра) – откри оваа ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари – соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. Месецов, според пресметките на ССМ, за храна и пијалаци се потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари – соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. Месецов, според пресметките на ССМ, за храна и пијалаци се потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки ...
Во тетовското село Бозовце вчера попладне се случил инцидент во кој пешак бил удрен од возило, а потоа следел и обид за физички напад. Според пријавата во полиција, 29-годишен маж од селото Бозовце стоел на тротоар на улицата Љуботенска кога џип со тетовски регистарски таблички, управуван од 60-годишен жител на Мала Речица, со зголемена брзина се упатил кон него и го удрило на левата нога и левата рака. По судирот, возачот излегол од возилото ...
Во организација на КИБС АД Скопје, во Скопје се одржа престижната Годишна конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association) – единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи. Настанот собра близу 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на европски клириншки куќи и оператори на платни системи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски ...
Лани загубата на вода на национално ниво изнесуваат 63,05% и се помали за 0,16% во споредба со 2024 година. Дополнително забележено е и намалување од 0,33 m³ и кај просечната месечна потрошувачка на вода на домаќинствата – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален (РКЕ). Просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на ...
Полициски службеници од Прилеп лишија од слобода 45-годишен маж, откако со автомобил се обидел да избега при сообраќајна контрола и бил фатен по кратка потера низ градските улици. Инцидентот се случил на улицата Кораб, кога полицијата дала знак за запирање на возило „фолксваген голф“, но возачот наместо да застане ја зголемил брзината и се обидел да побегне. По кратко следење, возилото било запрено, а контролата открила дека зад воланот бил ...
Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска потврди дека уште од декември минатата година води предистражна постапка за сомнежи за шпиунажа и недозволени активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Од ОЈО велат дека со месеци бараат анализи, видеоснимки и податоци од МВР, но дека досега нема добиено повратни информации за резултатите од истрагата. Според обвинителството, постапката била отворена на ...
На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на околу 500.000 евра во кеш, соопшти директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Според неговите изјави, парите биле откриени во специјално направен бункер во минибус кој влегувал во земјата, внимателно спакувани во повеќе ќеси. Минибусот, кој превезувал седум патници и бил сопственост на туристичка агенција од Албанија, бил детално проверен откако царинските службеници ...
Борбени авиони на НАТО биле испратени да пресретнат дрон што летал во близина на литванскиот главен град Вилнус. Во земјата била прогласена тревога за воздушна опасност. Претседателот Гитанас Науседа и неговиот кабинет беа евакуирани во засолништа, потврди портпаролот на кабинетот Фредерикас Јансонас. Истиот протокол беше следен и во литванскиот парламент, каде што членовите на парламентот и персоналот беа евакуирани во подрумот на зградата. ...
На гламурозната вечер одржана во Хрватскиот народен театар во Загреб, инспирирана од естетиката на легендарните кабаре претстави, бројни познати гости избраа елегантни, класични и софистицирани модни изданија. Црни тоалети, ненаметлив гламур и безвременски кроеви доминираа на црвениот тепих, но една гостинка повторно успеа да го украде целото внимание и да предизвика лавина од реакции со својот смел моден избор. Ела Дворник му остана верна на ...
Асоцијацијата на спортcки обложувалници на Македонија (АСОМ) испрати отворено писмо до пратениците во кое ги повикува да не го поддржуваат законот за кој предупредуваат дека ќе остави на улица 10.000 луѓе. „Почитувани пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Откако на 14 мај, Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и официјално пристигна во Собранието, ви се обраќаме со ова отворено писмо за јавно да ги ...
ЕУ ќе ги укине царините за американските произведени стоки, додека Вашингтон треба да ги ограничи царините за поголемиот дел од европскиот извоз на 15% е епилогот од преговорите меѓу САД и ЕУ за тоа како да го спроведат на трговскиот договор постигнат минатото лето. Преговарачите од Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија се согласија на компромис по повеќе од пет часа разговори за законодавството за спроведување на ...
ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата, до претседателот Африм Гаши и до Сања Лукаревска испратиле две писма, потпишани од 12 пратеници, значајно поголема бројка од потребната една третина за одржување седница на Комисијата за финансирање и буџет. – Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ и Венко Филипче да го држат Собранието во заложништво, а со тоа да ги стават во прашање инвестициите и развојот. Ако продолжат со ...
Британската старлета Кејти Прајс изјави за време на викендот дека нејзиниот четврти сопруг, бизнисменот Ли Ендрус, исчезнал и дека последен пат разговарала со него во средата (13 мај). Таа исто така тврди дека бил „задржан во комбе со врзани раце“. Сепак, новите извештаи сугерираат дека бизнисменот не е киднапиран, туку се крие во трошна вила во Дубаи, објавува Дејли Меил. Ендрус, според извори, разговара со неколку доверливи пријатели преку ...
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Turkey, при што потресот бил регистриран во пограничниот регион со Syria. Според првичните информации од локалните медиуми, епицентарот бил во близина на турско-сириската граница, а земјотресот бил почувствуван во неколку градови на југот на земјата, меѓу кои Малатија, Адана и Газиантеп. “ÇOK SALLANDIK HEPİMİZ ÇOK KORKTUK” Malatya’da meydana gelen 5.6 ...
Името на Ангела Меркел повторно се врати во центарот на европската дипломатија. Во Европската Унија се расправа дали поранешната германска канцеларка може да биде преговарач за Унијата со рускиот лидер Владимир Путин. Но, на конференција во понеделникот, Меркел изјави дека Путин веројатно многу посериозно би ги сфатил актуелните лидери отколку поранешни функционери. Нејзината порака дека дека Европа мора да биде дел од идните разговори со ...
Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ за во петок во Скопје најави предупречувачки протест. „Пратениците во македонското Собрание вчера и официјално го добија владиниот Предлог закон за игри на среќа, со кој се предвидува затворање на легалните објекти. Земајќи предвид дека нашите работни места и официјално се загрозени ние сме принудени да ги користиме сите демократски средства за борба за нашето уставно ...
Полициски службеници од Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од градот, кој се сомничи дека во изминатите две недели извршил повеќе кражби во џамии. Според информациите, последниот случај се случил во џамија на улица 176 во Тетово, каде што малолетникот со сила ја оштетил металната каса за донации и одзел пари. Од полицијата велат дека постојат сомневања дека истиот бил поврзан со слични кражби и во други верски објекти во градот во ...
Во време кога често се отвора прашањето дали младите ја негуваат македонската музичка традиција, учениците од хорот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје дадоа јасен одговор, македонскиот мелос не само што живее, туку и освојува европски сцени. На престижниот меѓународен хорски фестивал во Лидо ди Јесоло, хорот под водство на маестро Вера Aнгеловска постигна извонреден резултат и се врати со серија награди што ја потврдуваат нивната ...
Членката на групата Лелек, која ја претставуваше Хрватска на Евровизискиот натпревар оваа година, Лара Бртан, се огласи на Инстаграм со емотивна објава во која проговори за тешкиот период од нејзиниот живот низ кој поминала пред да го оствари својот музички сон. Лара открила како нејзиниот живот целосно се променил пред две години, по тешката сообраќајна несреќа што едвај ја преживеала. – Пред две години, мојот живот целосно се промени за ...
Во еден од најнеобичните урбани „хитови“ на социјалните мрежи, галеб во Турција стана вистинска интернет-сензација откако бил снимен како користи изненадувачки „стратегиски“ метод за да добие храна, се преправа дека е мачка. Сцената се одвива околу автомат за храна за улични животни, поставен во градско подрачје и наменет првенствено за скитници. Наместо да се однесува како типичен галеб, птицата се приближува до машината и почнува да испушта ...
Нова бура на социјалните мрежи предизвика видео од матурската прослава на ученици од СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола, на кое се слушаат навредливи стихови упатени кон Скопје и кон државата. За време на изведбата на песната „Дирлада“, матурантите пееле стихови со навредлива содржина, меѓу кои и „да го е*ам цело Скопје и вашата држава“, по што видеото брзо почна да се споделува на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Случајот ...
Додека спасувачките тимови на Малдивите извлекоа две тела од подводната пештера кај Алимата, истрагите сè повеќе се насочуваат кон можни пропусти во организацијата на експедицијата. Според Еј-Би-Си Њуз, кој се повикува на италијанската агенција АНСА и на властите на Малдивите, паралелно се водат две истраги, меѓу кои и истрага за можно убиство од небрежност. Локални експерти и властите во Италија тврдат дека групата нуркала подлабоко од ...
Украинскиот град Одеса ноќеска бил под силен напад со дронови, објави шефот на Регионалната воена администрација Олег Кипер преку Телеграм. Според локални информации, повеќе од 20 дронови пристигнале од правец на Црното Море. Во градот одекнуваат силни експлозии, а властите ги повикаа граѓаните веднаш да се засолнат во скривници. Во меѓувреме, најмалку 11 лица се повредени во руски напади врз Днипро и Сумската област. Локалните власти ...
Велика Британија треба да воведе законска максимална граница на температурата на работните места за да ги заштити луѓето од сè поинтензивните топлотни бранови предизвикани од климатските промени, изјави владин советник. Комитетот за климатски промени (CCC), предупреди дека сè поекстремните топлотни бранови, суши и поплави го загрозуваат „начинот на живот“ на Велика Британија, од спортски настани до музички фестивали, пишува Би-Би-Си. Владата ...
Нова бура на социјалните мрежи предизвика видео од матурската прослава на ученици од СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола, на кое се слушаат навредливи стихови упатени кон Скопје и кон државата. За време на изведбата на песната „Дирлада“, матурантите пееле стихови со навредлива содржина, меѓу кои и „да го е*ам цело Скопје и вашата држава“, по што видеото брзо почна да се споделува на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Случајот ...
Германската актерка Луна Џордан почина во 26-тата година од животот, а веста за нејзината ненадејна смрт ја потресе филмската и телевизиската сцена. Наградуваната актерка, најпозната по своите улоги во сериите „Polizeiruf 110“, „Jenseits der Spree“ и трилерот на Нетфликс „Sleeping Dog“, почина на 13 мај, потврдија нејзините агенти. Според странските медиуми, причината за смртта сè уште не е објавена. View this post on Instagram A post shared ...