Министерството за здравство информира дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката Станка Михајлова (19) била прегледувана, породена и понатаму лекувана. Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и во Универзитетска клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а ...

Во септември ќе има најмалку околу 3.000 првачиња помалку од лани, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Се намалува и бројот на студенти. – Оваа година бројот на ученици во средните училишта е намален, но не е драстично. Бројките не се дефинитивни зашто има и трет уписен рок во август, но бројката во основно училиште е значително намалена. И таа не е дефинитивна затоа што уште ќе се запишуваат, и се надевам дека ...

Уапсен е државјанин на Германија кој со дрон ја снимал караулата во селото Радожда. „На 5.8.2026 година во 14:30 часот во струшкото село Радоджа од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело Неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, ...

Лагата навистина има кратки нозе. Но, како што своевремено ќе забележи брилијантниот српски афористичар Милован Витезовиќ, кратките нозе сепак не се гледаат зад говорницата. Лагата е многу поубедлива кога се крие зад вистински или зад лажни авторитети. Освен тоа, „додека вистината да ги обуе чевлите, лагата веќе го пропатувала половина свет“, вели Марк Твен. Во денешново време на експлозивен развој на дигиталните и особено на социјалните ...

Полковникот Пол Тибетс гледаше право напред низ шофершајбната на пилотската кабина на американскиот бомбардер Б-29. Тој го нарече авионот „Енола Геј“ по неговата мајка. Тие полетаа во 2:45 часот наутро на тој судбоносен 6 август 1945 година, на мисија што ќе ги промени не само нивните животи, туку и целата историја на човештвото. Тибетс беше единствениот што ги знаеше сите детали за „Малото момче“ („Little Boy“), првата атомска бомба некогаш ...

Концертот на регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена во Будва ќе остане запаметен не само по спектакуларната атмосфера и бројната публика, туку и по незгодата што ѝ се случи среде настап. Имено, пејачката изгуби рамнотежа и падна на сцената пред очите на публиката. Инцидентот се случи додека Брена изведуваше еден од своите препознатливи сценски потези. Таа високо ја крена ногата, но во следниот момент ја загуби рамнотежата и заврши на подот. ...

Маж од Боговиње пукал на семејна веселба, а куршумите оштетиле покрив на куќа, соопшти полицијата. Мажот, Т.С. (60) е лишен од слобода денеска (06.08.2026) поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од селото Синичане, Тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 ...

Ширењето и можната употреба на нуклеарно оружје стана речиси секојдневна тема во европскиот јавен простор во последните години, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Организацијата на договорот за колективна безбедност, Виктор Василиев. – Темата за нуклеарно ширење, а особено употребата на нуклеарно оружје, неодамна стана практично рутинска, особено на европскиот континент – рече Василиев за руските медиуми. Финска, балтичките ...

Проблемот со недостигот на дел од терапијата за онколошките пациенти во моментот е надминат. Дел од терапијата вчера е пристигната на Клиниката, а другиот дел треба да пристигне во наредните два дена и се надеваме дека така и ќе биде, изјави денеска Ана Марјановиќ од здружението „Хема-Онко“. Таа посочи дека преку групата „Пеперутки“ ќе ги информираат пациентите за тоа која терапија во кој момент ќе пристигне, за да не мора на високите ...

Просечниот успех на матурантите по мајчин јазик е 3,93, по англиски јазик е 3,31. Просекот по математика е 4,20. Учениците кои полагале француски јазик оствариле просечна оценка од 4,50, по германски јазик 4,70. Руски 4,71, италијански 4,50. По историја просечната оценка е 4,16. – Ценам дека резултатите се објективни. Училиштата, факултетите каде се организираа дел од тестовите, тестаторите кои беа околу 2500 на број, околу 200 набљудувачи и ...

Општина Аеродром набави нова механизација и работна опрема, во вредност од околу 2,5 милиони денари. Тоа ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно одржување на јавните зелени и јавни површини. Обезбедена е современа механизација за косење, кастрење и одржување на зеленилото, и тоа тримери, моторни косилки, мулчери, телескопски пили и дувалки за лисја. За сите вработени во Јавното претпријатие се набавени нови работни униформи и заштитна ...

Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, а тоа е резултат на работата во изминатите 25 месеци. Ќе продолжиме во таа насока, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во рамки на потпишувањето на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за ...

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние бараме формула да ја намалиме цената или барем да ја зголемиме евтината тарифа, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа, коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на железничката делница Крива Паланка-Деве Баир, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико” се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на ...

Пејачката Ријана би можела наскоро да објави нови песни по речиси една деценија пауза од издавањето на последниот албум, изјави нејзиниот партнер и рапер Раким Мајерс, познат како Асап Роки. – Таа во моментов е во студио – рече Роки за време на гостувањето во поткастот на Џејсон Ли, додавајќи дека пејачката подготвува нов проект, пренесе Би-би-си. Тој не откри многу детали за албумот, но негираше дека двајцата ќе објават заеднички албум. ...

Македонија е пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат. – Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од некои медиуми коишто имаат исто мислење со опозицијата. Се ...

Мет Дејмон откри дека тој и Бен Афлек речиси останале без пари кратко време откако го доживеале огромниот успех со филмот „Добриот Вил Хантинг“, за кој заедно го напишаа сценариото наградено со Оскар. За финансиските проблеми од почетокот на кариерата зборуваше во дел од интервјуто за подкастот „New Heights“, кое деновиве повторно стана вирално. Дејмон на браќата Тревис и Џејсон Келси им раскажа како изгледал нивниот прв голем хонорар. – ...

Италијанската влада денеска издаде највисоко ниво на предупредување за топлински бран или црвен метео аларм за сите 27 поголеми градови во земјата што ги следи италијанскиот здравствен оддел, бидејќи во целата земја продолжуваат температурите над 35 степени Целзиусови. Црвеното ниво на предупредување го издава владата во Рим кога има екстремна топлина во комбинација со висока влажност. Ова значи дека постојат акутни здравствени ризици не само ...

Паниката во СДСМ расте, а конфузното соопштение на СДСМ е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Венко Филипче ја сведе маргините – во едно соопштение мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДСМ. Дното во СДСМ нема крај, тоа е партија без визија, без план и без стратегија за државата. Дали ...

Изминатите две години напорна работа го искристализираа, го оптимизираа и го направија појасен овој проект што претходно подразбираше дека треба да завршиме на половина тунел и без да имаме јасно предвидување од страна на нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата што ја поврзува границата со нас и Софија, вклучително и другата половина на тунелот. Да, требаше време. Требаше да се постигне напредок во разговорите со нашиот ...

Дваесет и четиригодишниот фудбалер на ФК Јала, Сафван Авае, почина откако беше погоден од гром за време на натпревар од регионалниот куп во Тајланд, во вторникот. Трагичниот инцидент се случи на стадионот Сантифап во округот Су-нгаи Колок, покраината Наративат. Одеднаш гром го погоди теренот, неколку играчи паднаа на земја. 🇹🇭 #Tailandia ⚡ Tragedia se vivió durante el encuentro entre #Narathiwat FC y #Yala FC cuando un rayo impactó el ...

Вториот силен топлотен бран ова лето ја донесе Чешка до вистинско вриење, со температури кои достигнаа речиси рекордни 41,5 степени Целзиусови. Сепак, за поларните мечки и горилата во Прашката зоолошка градина, овие пеколни денови станаа причина за неочекувана зимска забава. Чуварите во зоолошката градина покренаа вонредни мерки за разладување на животните. Близнаците поларни мечки, Грегор и Алеут, добија дури три тони свеж снег и специјално ...

Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – ...

На 8 септември, Маврово повторно ќе стане центар на велосипедизмот и активниот животен стил. Халкбанк по седми пат ја организира хронометарската велосипедска трка Халк Вело Грин, која и оваа година ќе ги обедини рекреативците, професионалните велосипедисти, децата, младите и сите љубители на природата во еден ден исполнет со спорт, дружење и позитивна енергија. Халк Вело Грин одамна прерасна во повеќе од спортски настан. Таа е дел од ...

Германската хемиска индустрија предупреди дека ниските водостои на Рајна и на другите пловни реки во Германија може да принудат дел од компаниите да го намалат производството поради зголемените транспортни трошоци и притисокот врз синџирите на снабдување. – Ако бродовите мора да превезуваат помали количини или воопшто не можат да сообраќаат, трошоците растат, синџирите на снабдување се оптоваруваат, а производството е ограничено – вели ...

Тениската легенда Борис Бекер ужива во семеен одмор во Португалија со сопругата Лилијан де Карваљо Монтеиро (36) и своите синови од претходните врски. На педесет и осумгодишниот поранешен шампион на Вимблдон, кој во ноември минатата година доби ќерка со Лилијан, на патувањето му се придружија и неговите синови Ноа (32), Елиас (26) и Амадеус (16). Бекер на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со синовите, а покрај неа напиша: ...

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот, соопшти локалната самоуправа. – Општина Центар е на терен со конкретни мерки – делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите ...

„Државата да се погрижи да се развива одржливо рударство“, повика претседателката на Македонското геолошко друштво и универзитетска професорка Соња Лепиткова. Според неа, треба да бидеме свесни за потенцијалите и како држава да ги ставиме во функција, меѓутоа во функција на одржливо користење и максимална контрола од страна на државата. Коментирајќи го проектот за рудник за бакар во Иловица, таа кажа дека воопшто не стравува дека ...

Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и на договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка-Деве Баир од Коридорот 8. Договорите се потпишаа во Владата, а присуствуваа премиерот ...

Откако фотографиите од последните концерти и јавни појавувања повторно поттикнаа дебата за нејзиниот изглед, британските и американските медиуми објавија дека семејството на Ариана Гранде подолго време е загрижено за нејзината состојба. Според анонимен извор близок до семејството, најблиските „ја молеле да застане“ затоа што сметале дека премногу се исцрпува и дека повеќе не изгледа среќно. – Таа не е добро. Ја молевме да направи пауза, но ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1030
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.41
93%
1029
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
4.02
71%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
90%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
84%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.89
77%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
96%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Иридиум

321507.47

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Сребро

1666.05

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Калај

46.54

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35