Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Манекенката Кели Брук со својот сопруг Џереми Париси одмора во неговата родна Италија, а детали од патувањето редовно споделува со своите следбеници на социјалните мрежи. Брук, која често ја нарекуваат жена со совршено тело, објави серија фотографии од Амалфискиот брег. На една од фотографиите позира во морето облечена во дводелен костим за капење со цветен дезен, а фотографиите ги направил нејзиниот сопруг. Двојката на Инстаграм-профилот на ...
САД воведоа санкции против кубански правни субјекти и лица кои, според Вашингтон, ѝ помагаат на Куба да обезбедува оружје и да одржува воени односи со странски држави. Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон 5 правни и 8 физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и испораките на оружје до кубанскиот режим“. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја обвини кубанската влада ...
Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако Мета не е единствена во овој поглед, ...
До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и во гостиварското ...
Холивудските ѕвезди Зендаја и Том Холанд повторно успеаја да ја зачуваат својата приватност. Неколку месеци по нивната тајна венчавка, тие организирале ексклузивна свадбена прослава вредна околу 500.000 фунти во луксузниот хотелски комплекс Beaverbrook во Сари, Англија. Настанот бил организиран на 4 август и на него присуствувале само најблиските роднини и пријатели, додека сите гости морале да ги остават мобилните телефони за да не протечат ...
Во преполното предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент кој совршено ја надополни ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера потпиша два нови извршни укази со кои се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање, соопшти Белата куќа. Едниот од указите има цел да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство за деца родени во САД чии родители немаат американско државјанство, како што се деца на странски владини функционери и претставници и лица со статус на „непријателски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати критики кон европските лидери, оценувајќи дека илегалната миграција и енергетската политика се двата најголеми проблеми со кои се соочува Европа. За време на обраќање пред новинарите во Овалната соба, Трамп ги повика европските влади да воведат построги мерки за заштита на границите, оценувајќи дека сегашната политика не носи позитивни резултати. – Две работи ја убиваат Европа. Првата е ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение остро реагираше на изјавите на функционерот на СДСМ, Андреј Жерновски, обвинувајќи ја опозициската партија дека шири песимизам, дефетизам и, како што велат, неосновани тврдења со цел да ја намали довербата на граѓаните во институциите и во иднината на државата. Од партијата наведуваат дека со секој изминат ден СДСМ сѐ повеќе покажува дека, според нив, „го труе народот со песимизам“ и создава атмосфера на недоверба. ...
Сончево и многу топло време со температури до 37 степени нè очекува утре, додека во попладневните часови во делови од земјава ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информираат метеоролозите. Според прогнозата, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 13 степени во Берово ...
Западнонилската треска може значително да се спречи доколку граѓаните доследно ги применуваат мерките за заштита од комарци, предупредува епидемиологот д-р Драган Даниловски. Тој апелира да не се остава застоена вода околу домовите, бидејќи токму таму најлесно се размножува тигрестиот комарец. Во интервју за ТВ Телма, Даниловски посочи дека најголем ризик од тешка форма на болеста имаат постарите лица, хронично болните и луѓето со ослабен ...
Цената на златото денеска достигна највисоко ниво во последните седум недели, поттикната од послабите од очекуваните податоци за вработеноста во приватниот сектор во САД и слабеењето на американскиот долар. Спот-цената на златото во текот на денот достигна околу 4.300 долари за унца, пред да се стабилизира на околу 4.260 долари, продолжувајќи го растот четврти трговски ден по ред. Растот уследи откако компанијата АДП (ADP) објави значително ...
Полицијата го лиши од слобода 19-годишниот возач кој вчера вечерта со автомобил удри пешак во Скопје и избега од местото на сообраќајната несреќа. Повредената 48-годишна жена се здобила со тешки телесни повреди, а возилото е одземено и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 6 август полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н. (19) од Скопје, кој се ...
Директорот на компанијата „Уралдронзавод“, Владимир Ткачук, производител на FPV-дроновите „Вампир“, е тешко повреден во експлозија на автомобил во местото Болшој Исток, во близина на Екатеринбург, додека неговиот возач и телохранител загинале, јавуваат руските медиуми. Според агенцијата Ројтерс, инцидентот наликува на најнов во серијата целни напади во Русија поврзани со војната во Украина. Повикувајќи се на извори од службите за итни случаи, ...
Најмалку 10 лица загинаа во новата размена на руски и украински напади со беспилотни летала. Според официјалните информации, две жртви се регистрирани во Русија, а осум во Украина. Руските власти соопштија дека во Брјанската област двајца цивили загинале, а уште шестмина биле повредени во украински напади со дронови. Нападнати биле цивилни возила во Суземскиот и Погарскиот реон, како и градот Новозибков, каде што биле оштетени неколку ...
Шпанската енклава Сеута се соочува со сè поголем хуманитарен притисок поради зголемениот број деца мигранти без придружба, кои по пристигнувањето од африканскиот континент остануваат на нејзина територија. Локалните власти предупредуваат дека постојните капацитети се преоптоварени и бараат нивна распределба во други делови на Шпанија. Малолетниците кои пристигнуваат без родители или старатели имаат посебен статус според меѓународното право и ...
Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите. Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и примена на современа технологија, државата може да функционира. Кога законите важат еднакво за сите, резултатите не изостануваат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од Фејсбук статусот на пратеникот Бране Петрушевски. ...
Реал Мадрид го комплетираше најскапиот трансфер во својата историја, откако официјално го претстави 19-годишниот Јан Диоманде како ново засилување на „Сантијаго Бернабеу“. „Кралскиот клуб“ потврди дека младиот офанзивец пристигнува од Лајпциг, а според договорот трансферот ќе изнесува 125 милиони евра, со дополнителни 15 милиони евра преку бонуси. Така, вкупната вредност на зделката може да достигне 140 милиони евра, што претставува нов ...
Вкупно 18 пожари на отворен простор се регистрирани во државата до 18 часот, од кои два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најсериозна останува состојбата во општина Македонски Брод, каде што пожарот кај селото Грешница, во месноста Стојанова Населба, и натаму гори и зафаќа ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Активен е и пожарот во ...
Најмалку 25 лица се повредени, од кои тројца се борат за живот, во тежок судар на два трамваја во Германија. Несреќата предизвика голема интервенција на полицијата, пожарникарите и итната медицинска помош, кои веднаш пристигнале на местото на инцидентот. Според првичните информации од германските власти, до несреќата дошло кога еден трамвај удрил во задниот дел на друг трамвај, кој стоел или се движел со намалена брзина на истата линија. Во ...
Полицијата санкционирала 222 возачи на мотоцикли во засилена акциска контрола што вчера попладне и вечерта беше спроведена низ целата држава. Најголем дел од прекршителите биле затекнати без заштитна кацига, а 14 лица завршиле во полициска станица поради безобѕирно управување со моторно возило. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, контролата се спроведувала од 17 до 23 часот, а од вкупно 222 санкционирани мотоциклисти, дури ...
Еден од товарните авиони на аеродромот во Лајпциг, во чија близина вчера беше пронајден дрон со експлозивна направа, бил натоварен со муниција наменета за Украина, објавија германски медиуми, повикувајќи се на доверливи полициски документи. Според нивните информации, станува збор за еден од четирите товарни авиони што во моментот се наоѓале на аеродромот, а дел од медиумите наведуваат дека токму тој можеби бил цел на неуспешен напад. ...
Петнаесет лица, меѓу кои и пет малолетници, биле приведени во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициските акции биле спроведени на целата територија на државата, а против сите приведени ќе бидат преземени мерки поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик. Според информациите од ...
Авганистанецот Фархад Н. (25) денеска е осуден на доживотна казна затвор затоа што со автомобил упадна меѓу мирни синдикални демонстрации во Минхен во февруари 2025 година, при што загинаа мајка и нејзиното двегодишно дете. Високиот регионален суд во Минхен донесе пресуда за особено тешка вина, што значи дека веројатно нема да може да биде ослободен од затвор со условна казна по 15 години, што е вообичаено во Германија. – Мора јасно да се ...
Новите фотографии на Расел Кроу од теретана привлекоа големо внимание на социјалните мрежи. На нив 62-годишниот актер ја покажа својата физичка подготвеност и мускулест изглед, а многумина веднаш се потсетија на Максимус – римскиот генерал што Кроу го играше во култниот филм „Гладијатор“. Фотографиите ги објави шкотскиот кечер Дру Мекинтајр, кој заедно со Кроу одработил интензивен тренинг. Двајцата позираа по вежбањето покажувајќи ги ...
Сестрите Маријана и Росана и нивните колеги и пријатели Дац и Александар, ги здружија сите и гласовите и создадоа нова музичка приказна која конечно може да ја слушнеме и која дефинитивно ќе биде нов летен хит. Песната се вика „Засекогаш млади“ и сите не враќа во едни стари, добри времиња од нашата младост. Музиката и аранжманот на „Засекогаш млади“ се на Александар Митевски, а текстот го напиша во соработка со Огнен Неделковски. За финалниот ...
Украина нападна уште неколку нафтени постројки длабоко во Русија, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Денеска нашите санкции со долг дострел повторно работеа на ограничување на приходите на Русија од нафта, кои таа ги користи за финансирање на војната и за убивање Украинци. Одбранбените сили на Украина ги нападнаа објектите на агресорот на повеќе од 1.300 километри од линијата на фронтот. Рафинеријата Башнефт-Новоил ...
Во последните денови на Тик-Ток се шири видео од Србија во кое работодавач изненадува долгогодишен вработен со нов автомобил. Видеото е снимено на 28 јули, за време на отворањето на нов дел од угостителски објект во Чачак. Емотивното видео брзо стана вирално и досега е прегледано повеќе од 1,4 милиони пати. На него се гледа вработениот Маринко, кој, придружен со аплауз и скандирања од толпата, излегува од објектот. Таму, го пречекува ќерката ...
Продолжуваат активностите за санација на последиците од силното невреме што неодамна го зафати главниот град, при што покрај расчистувањето на штетите, се реализираат и проекти кои создаваат нова вредност за граѓаните, соопшти Град Скопје. „Наместо да завршат како отпад здравите делови од дрвјата што беа соборени од невремето, тие добиваат нова намена. Од нив на Водно се изработува нов моторички парк – простор со природни препреки и ...
Во септември ќе има најмалку околу 4.900 првачиња помалку од лани, но бројот не е конечен, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Се намалува и бројот на студенти. – Оваа година бројот на ученици во средните училишта е намален, но не е драстично. Бројките не се дефинитивни зашто има и трет уписен рок во август, но бројката во основно училиште е значително намалена. И таа не е дефинитивна затоа што уште ќе се ...