Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај. „По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. И покрај ...
Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој, соопшти иницијативата „И здравје и работа“. Вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, а производството во секторот Рударство и вадење камен бележи пад од 3,8%. Од „И здравје и работа“ сметаат дека ...
Голем пожар избувна денеска околу пладне во населбата Волково. Огнот зафати куќа, која целосно изгоре. При гаснењето е повреден еден пожарникар, има изгореници на раката. Пожарот се гасне со 4 противпожарни возила. Жителите велат дека пожарот избувнал во мал канал и брзо ги разгорел дрвјата над него. Оттаму, поради брзиот ветер, се прошири преку сува ливада и зафати една куќа. Додека ги чекаа пожарникарите жителите сами себореа со огнот, но ...
Се судрија патнички и товарен воз во близина на Крижевци, Хрватска. Во несреќата има неколку повредени, а машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден. Судирот се случил во 10:05 часот наутро меѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на на Хрватски железници помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Крижевци. Полицијата и брзата помош се на местото на настанот. Линијата е затворена за сообраќај. „Денес, 8 август, околу ...
Полицијата уапси возач на автомобил кој учествувал во тешката сообраќајна несреќа во која вчера во Бутел загина 19-годишен мотоциклист. Тој немал контакт со мотоциклот и со автомобилот кои се судрија, но е дел од причините за несреќата. По преземени мерки и активности, СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско, соопшти денеска МВР. „На 7.8.2026 во ...
Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а тројца други се повредени во напад на руски балистички ракети и со беспилотни летала врз округот Бровар, во регионот на Киев, изјави шефот на регионалната државна администрација на Киев, Тимур Ткаченко. Во нападот беа оштетени станбена зграда, автомобили и помошни објекти. Ткаченко додаде дека пожарот избувнал и во нестанбена зграда, а службите за итни случаи се сè уште на терен. „Русија продолжува ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ. Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема ...
Иранските вооружени сили покажаа подготвеност и сила во соочувањето со најскапата армија во светот, објави синоќа шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи. Тој ги повика муслиманските земји да се обединат и да се потпрат на сопствените капацитети пред „лицето на непријателските странци“. Неговото соопштение на Икс дојде само неколку часа откако Саудиска Арабија, Пакистан и Турција го потпишаа заедничкиот одбранбен пакт во Мека, со што ги ...
За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со одговорно и чесно управување може да се постигнат конкретни економски резултати, соопшти партијата. „Наследивме економски пустош, осиромашени граѓани, ослабени и нефункционални институции и огромни обврски. Денес, со внимателно управување со јавните финансии, не само што се намалува јавниот долг, туку се намалува и државниот долг. Државниот долг сега изнесува 51,7% од БДП, ...
Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија”, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас, предупредува ВЛЕН. На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори, додава партијата. „Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува? Во меѓувреме, прав фаќа и прашањето ...
Шпанската влада од денеска напладне до 7 септември ќе воведе гранични контроли за летовите и за бродовите од Италија поради поради спорот околу нелегалната миграција. Во посочениот период ќе се прават проверки на пасошите, државјанствата и на визите за италијански патници и посетители од други земји кои доаѓаат од Италија, „поради незапирливиот притисок на нелегална миграција“ од оваа земја. Шпанија објави дека мерките ќе се применуваат сè ...
Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус. Според неделниот извештај објавен вчера од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, вкупно 241 случај на инфекции на луѓе се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата. Центарот соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 инфекции, 13 во Македонија, 6 во Романија, 4 во ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска порача дека Рим нема да го прифати ултиматумот од Мадрид за укинување на повторно воведените гранични проверки со Шпанија, кои беа активирани по големиот мигрантски бран во шпанската енклава Сеута. Шпанија побара Италија да ги укине мерките до 9 август, најавувајќи дека во спротивно ќе преземе реципрочни мерки. Рим, сепак, засега не отстапува и најавува дека прашањето нема да го преиспитува ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белград во својата прва историска посета на Србија од почетокот на руската инвазија врз Украина. Српскиот претседател Александар Вучиќ организираше неформална свечена вечера во негова чест, со што беше означен почетокот на посетата. Зеленски преку објава на социјалната мрежа Икс соопшти дека денеска и утре ќе има важни разговори со претседателот Вучиќ и српскиот премиер Ѓуро Мацут. – ...
Возач на аеродромски автобус спречил можен терористички напад на аеродромот во Лајпциг, откако забележал дрон натоварен со експлозив како лета ниско и го оттурнал, по што леталото се урнало во близина. Според германските власти, само неколку секунди ја делеле земјата од потенцијално разорна експлозија. Информацијата ја соопшти пратеникот во германскиот Бундестаг, Детлеф Зајф од Демохристијанската унија (CDU), кој изјави дека инцидентот се ...
Македонија ја очекува уште еден исклучително топол ден со температури кои на повеќе места ќе достигнат до 40 степени, а Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека е активно портокалово ниво на опасност поради високите температури. Според прогнозата, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд ...
Сенатот на американскиот Конгрес денес со големо мнозинство усвои пакет нови санкции против Русија. За мерките гласаа 86 сенатори, додека 11 беа против. Новите санкции пред сè се насочени кон рускиот сектор за јаглеводороди. Пакетот предвидува санкции против држави кои продолжуваат да купуваат руска нафта, природен гас и други руски суровини, со цел да се ограничат приходите со кои Кремљ ја финансира војната. Според американски медиуми, ова е ...
Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој треба да ја обедини расцепканата државна ИТ инфраструктура, да ги намали трошоците за одржување и да обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител ТВ посочи дека во моментов државните информациски системи и опрема се распоредени на повеќе од 20 различни дата-центри и ...
Во текот на денот е регистрирана зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце, каде што за влез во Македонија се чека околу 45 минути, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според информациите на АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата. Зголемен е и интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, но ...
Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, бројот на бактерии е значително намален, но водата сè уште не е безбедна за пиење и подготовка на храна. Забраната за користење вода за овие намени останува во сила, а водата може да се употребува само како техничка вода. Ова вечерва го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Кризниот штаб формиран од Владата, Стојанче Ангелов, кој посочи дека конечната одлука ...
Законот е во сила речиси еден месец, полицијата веќе изрекува казни, но малолетници и понатаму можат да се забележат како управуваат со електрични тротинети, иако тоа е забрането со новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Како што објави ТВ Алфа, и покрај новите правила со кои се забрани управување со електрични тротинети за лица помлади од 18 години, низ населбите и маалските улици сè уште може да се видат деца ...
Пожарите не стивнуваат: Четири огнени фронтови сè уште активни, ЦУК регистрираше 18 пожари низ Македонија И покрај напорите на пожарникарите и надлежните служби, четири пожари на отворен простор и натаму се активни низ државата. Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18 часот денеска биле регистрирани вкупно 18 пожари, од кои четири се активни, два се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати. ...
Шпанија денеска ја предупреди Италија дека ќе преземе реципрочни мерки доколку Рим до 9 август не ги укине граничните контроли за патниците од Шпанија, воведени поради мигрантската криза во Сеута, објави бриселскиот портал Политико. Италија повторно воведе гранични контроли со Шпанија на 1 август, привремено суспендирајќи ја примената на Шенгенскиот договор, кој овозможува патување без пасош низ 29 европски држави. Италијанскиот министер за ...
Големите европски аеродроми повремено го деактивираат европскиот Систем за влез и излез (EES) кога поради големиот број патници доцнењата стануваат преголеми, објави италијанскиот економски весник „Ил Соле 24 Оре“. Според податоците на повеќе аеродроми и авиокомпании, системот ЕЕС го забавува протокот на патници и создава долги редици, особено во летниот период кога бројот на патувања е најголем. Поради тоа, во одредени ситуации привремено се ...
Европската комисија сè уште не понудила решение за укинување на ограничувањето на престојот на професионалните возачи на камиони од Западен Балкан во земјите од Шенген-зоната, изјави претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ. Тој за агенцијата Бета изјави дека состанокот со претставници на надлежниот директорат на Европската Унија, на кој треба да се разговара за изземање на возачите во меѓународниот ...
Стојаноски: Инфлацијата падна на 2,3 проценти, економските показатели покажуваат позитивен тренд Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, преку објава на социјалните мрежи ги објави, како што вели, најновите економски показатели, оценувајќи дека тие ја демантираат, како што ја нарече, „кампањата на СДСМ и нивните економски експерти“. Стојаноски истакна дека на, како што наведе, „лажните тези и хистеријата“ треба да се одговара исклучиво со ...
Лионел Меси бил главната мета на терористички закани за време на Светското првенство, покажуваат доверливи безбедносни извештаи на Федералното биро за истраги (ФБИ), до кои ексклузивно дошол шпанскиот медиум „Пренса Иберика“. Според извештаите, за време на Мундијалот ФБИ го координирал Меѓународниот центар за полициска соработка, во кој учествувале американски безбедносни служби и претставници од земјите учеснички. Центарот ги следел сите ...
Лионел Меси бил главната мета на терористички закани за време на Светското првенство, покажуваат доверливи безбедносни извештаи на Федералното биро за истраги (ФБИ), до кои ексклузивно дошол шпанскиот медиум „Пренса Иберика“. Според извештаите, за време на Мундијалот ФБИ го координирал Меѓународниот центар за полициска соработка, во кој учествувале американски безбедносни служби и претставници од земјите учеснички. Центарот ги следел сите ...
Паласа, Албанија – (07.08.2026) Green Coast, водечката дестинација на крајбрежјето во Албанија, воспостави стратешко партнерство со Nammos Hotels & Resorts, меѓународно признатиот медитерански lifestyle бренд, за развој на хотелска и резиденцијална понуда под брендот Nammos во рамките на комплексот Green Coast во Паласа. Оваа најава го означува влезот на брендот Nammos во Албанија и дополнително го зацврстува растечкиот статус на ...
Компанијата „Кожувчанка“ соопшти дека во последните пет години инвестирала повеќе од 90 милиони денари, односно околу 1,5 милиони евра, преку донации и спонзорства наменети за поддршка на различни општествени области во Македонија. Средствата биле распределени за спорт, здравство, образование, култура, локални заедници и хуманитарни иницијативи. Податоците се објавени во табеларен преглед на официјалните профили на компанијата, во кој се ...