Двајца израелски војници се убиени во Јужен Либан, соопштија денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ), додека во израелски напади загина најмалку едно лице, според либанското Министерство за здравство. Израелската армија вчера почна напади во Јужен Либан како одговор на она што го дефинираше како „прекршување на примирјето“ од страна на Хезболах. Израелските локални медиуми јавија дека двајцата војници се убиени, а уште четворица се ранети ...

Во изминатата седмица во Грција се потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно 6 луѓе, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна ...

Политиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ носат видливи резултати и во енергетиката – за само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој, соопшти партијата. „По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, со ...

Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист, по кој крајбрежната служба на Грција спроведе спасувачка акција што започна во неделата попладне. Изчезнатиот турист и уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, којашто откако ја напуштиле пловела без контрола во близина на грчкиот остров Сими. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во утринските часови во морскиот дел западно од Сими било пронајдено безживотно тело ...

Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви своите обожаватели со поглед во својата приватна гаража. Португалската ѕвезда на Инстаграм објави фотографии од дел од својата импресивна колекција автомобили, а снимките за кратко време го обиколија светот. Покрај фотографиите, Роналдо напиша само: „Моите играчки“, но вредноста на возилата што се гледаат зад него се проценува на десетици милиони евра. Меѓу автомобилите може да се забележат некои од ...

Џастин Бибер повторно се најде во центарот на вниманието, кога за време на Fanatics Fest 2026 во Њујорк, се испроба во пинг-понг против неколку познати спортисти и инфлуенсери, а снимките од неговите натпревари брзо станаа хит на социјалните мрежи. Најголемо внимание привлече неговата шеговита изјава дека е „супериорен“ играч и дека никој не успеал да го совлада. Во еден од најинтересните дуели, Бибер одигра партија со Новак Ѓоковиќ, кој е ...

Словенија го бележи најдолготрајниот топлотен бран во историјата, со очекувања деветти ден по ред температурите да надминат 35 степени Целзиусови, соопшти словенечката Агенција за животна средина. Топлотниот бран минатиот вторник првично ја зафати западна Словенија, а наредниот ден да се прошири и во источните делови на земјата. Според метеоролозите, денешниот ден е деветти и последен ден со екстремно високи температури, што претставува ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува. Тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за предавство и најави нивно кривично гонење. Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл наведе дека САД располагаат со „огромни количини муниција, ...

Мет Дејмон повторно беше во центарот на вниманието, на премиерата на новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан, во Сеул, Јужна Кореја, кадешто му се придружија сопругата Лучијана Баросо и нивните две најмлади ќерки, Џија (17) и Стела (15), кои со својата елеганција ги освоија фотографите и публиката. Дејмон се појави во темнобордо одело, додека Лучијана блесна во кралско син фустан. Џија носеше долг бел фустан, а Стела светлосин модел со ...

Меѓународната заедница не треба да го одвлекува вниманието од Појасот Газа поради тензиите во Персискиот Залив, предупреди шефот на турската дипломатија Хакан Фидан. – Доколку не се преземат дипломатски мерки против експанзионистичката политика на Израел, кризата што ја предизвика од регионална ќе стане глобална – порача Фидан во вторникот на состанок на министрите за надворешни работи и дипломатите од Блискиот Исток во Јордан. Состанокот ...

Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа измерени ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќање на партиски настан во Ново Село изјави дека на барање на дијаспората е отворена директна линија Женева-Скопје. Николоски синоќа присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. – Прекрасна енергија во Ново Село! Вечерва на ...

Секој шести Британец презема „драстични мерки“ како спиење во кујна, отсуство од работа или престој во хотели за да се справи со топлотните бранови, покажува истражување на хуманитарната организација „Ситизенс адвајс“. Од организацијата предупредуваат дека милиони луѓе во Обединетото Кралство се „заробени во домови што не можат да ги разладат“, при што речиси половина од испитаниците (44 проценти) посочуваат дека не се во можност да спречат ...

Трабзонспор приреди спектакуларен пречек за египетската фудбалска ѕвезда Мохамед Салах, кого на стадионот го дочекаа околу 25.000 навивачи, претворајќи го неговото пристигнување во вистински фудбалски празник. По успешно завршените медицински прегледи и официјализирањето на трансферот, Салах пристигна во Трабзон, каде што илјадници навивачи со песни, аплаузи и навивачка атмосфера го поздравија своето најголемо засилување. Египетскиот ...

Фудбалер загина откако го удри гром за време на натпревар во Тајланд, а уште 12 лица се повредени. Трагедијата се случила за време на аматерски фудбалски натпревар во Тајланд, кога силно невреме го прекинало мечот, а гром удрил директно на теренот. Во ударот животот го загубил 24-годишниот фудбалер Сафван Авае, кој бил погоден од громот додека се наоѓал на теренот. По ударот веднаш настанала паника меѓу играчите и гледачите. Неговите соиграчи ...

Најголемиот дел од регистрираните случаи на западнонилска треска во Македонија се од Скопскиот регион и Велес, изјави министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека надлежните веќе спровеле вонредни прскања против комарци и провериле дали општините навреме ги реализирале редовните третмани. Клековски во интервју за телевизија „Канал 5“ рече дека околу домовите на сите регистрирани пациенти биле извршени вонредни прскања во радиус од ...

На грчкиот остров Наксос се одигра необичен инцидент кој за кратко време предизвика вистинска тревога на аеродромот. Странски турист пријавил дека неговото дете исчезнало, по што полицијата веднаш започнала потрага, стравувајќи дека малолетникот останал сам и е во опасност. Настанот се случил околу пладне, кога видно вознемирениот татко пристигнал на аеродромот и побарал помош. Тој им рекол на полицајците дека верува оти детето можеби ја ...

Една искра за малку ќе предизвикала катастрофа во Виничко. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вечерва предупреди дека при сечење со брусилица се запалила сува трева, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот бил изгаснат пред да се прошири. Ангелов преку објава на Фејсбук посочи дека инцидентот се случил вчера, кога лице со брусилица сечело делови од возило. – Од искрите се запали околната ...

Крај за досадните продажни повици. Од 11 август во Франција стапуваат во сила нови правила со кои компаниите повеќе нема да смеат да ги повикуваат граѓаните за комерцијални цели без нивна претходна и јасна согласност. Со новиот закон се укинува досегашниот систем според кој граѓаните што не сакаа да примаат рекламни повици мораа сами да го регистрираат својот телефонски број на посебна државна листа. Потрошувачките организации со години ...

Аларм низ Европа поради сателитските снимки на најголемите реки: Фотографиите од вселената открија загрижувачка состојба Сателитските снимки на програмата „Коперникус Сентинел-2“ (Copernicus Sentinel-2), направени во периодот од 1 до 3 август, покажуваат драматично намален водостој на четирите најголеми европски реки – Лоара, По, Рајна и Дунав, објави Си-Ен-Ен. На снимките се прикажани делови од реката Лоара кај Сомир во Франција, По кај ...

Македонија ја очекува уште еден исклучително топол ден, со температури кои на повеќе места ќе се доближат до 40 степени. Иако поголемиот дел од денот ќе биде сончев, попладне во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските ...

Недостигот на анестезиолози и радиолози останува еден од најголемите проблеми во македонското здравство и не може да се реши преку ноќ, бидејќи специјализациите траат шест години, изјави министерот за здравство Сашо Клековски во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“. Клековски оцени дека моделот со приватните специјализации, воведен во 2017 и 2018 година, не ги дал очекуваните резултати. – Морам да кажам дека експериментот со ...

Скандал со познат американски политичар: Сака во Конгрес, а на плажа се заканувал со нож и пиштол Познатиот американски политичар Кирил Бејсин (40) бил уапсен во саботата, 1 август, поради физичка пресметка на плажа на Хаваи, објави Њујорк пост. Бејсин физички се пресментал со 61-годишен маж кој го замолил да ја намали гласната музика. Според полицијата, Бејсин му се заканувал на мажот, наводно тврдејќи дека поседува огнено оружје. Тој, исто ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар постепено се стабилизира, а анализата на водата за пиење се очекува да биде објавена до 20 август, најави министерот за здравство Сашо Клековски. Клековски во гостување во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“ изјави дека земјата излегува од акутната фаза и дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми е намален. – Во основа, сега излегуваме од акутната фаза. Веќе можам да кажам дека ...

Поранешната светска тениска ѕвезда Јелена Докиќ го заврши престојот во Македонија и си замина од земјава, но зад себе остави емотивна порака за моментите поминати тука. Докиќ неколку денови уживаше во убавините на Македонија заедно со својот партнер Јане Веселинов, Македонец кој живее и работи во Мелбурн, каде е успешен менаџер во угостителскиот сектор. View this post on Instagram A post shared by JELENA DOKIC 🇦🇺🇦🇺🇦🇺 (@dokic_jelena) ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат низа ограничувања за руски државјани кои живеат во странство, а се осудени во отсуство и според руските власти „избегнуваат извршување на казната“. Законот, потпишан на 4 август, стапува во сила веднаш по објавувањето во Службен весник, а со него Москва воведува посебен систем на санкции кон лица кои се наоѓаат надвор од Русија. Според порталот ЕУалајв, мерките се ...

Во текот на денот на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, еден пожар и натаму е активен, два се ставени под контрола, додека 11 се целосно изгаснати. Најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод, каде што сè уште гори пожар кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба. Огнот зафатил ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, а ...

Советничката во Градскиот совет на Данидин, Нов Зеланд, Џо Галер, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако на важен онлајн состанок се вклучи директно од својата бања. Галер учествувала на виртуелна седница на советот, но наместо канцеларија или дневна соба, нејзината камера открила необична сцена во позадина се гледале алишта закачени за сушење, додека таа сериозно зборувала за локални политички теми. Во еден момент, ...

Четворица мажи се повредени откако жена ги нападнала со нож во центарот на Лондон, соопшти британската полиција. Инцидентот се случил во познатиот лондонски кварт Ковент Гарден, каде што жената била уапсена веднаш по нападот. Таа е приведена под сомнение за напад и нелегално поседување оружје. UPDATE : A 47-year-old woman is in custody following a knife attack in central London. Four men were injured during the incident on Endell Street in ...

Новиот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Златко Перински, најави засилени контроли во неколку области каде што со години се забележуваат најголеми предизвици за институцијата – лекувањата во странство, боледувањата и исплатите за ортопедски помагала. Перински, кој ја презеде функцијата на 13 јули, на брифинг со новинарите посочи дека овие теми се меѓу клучните точки во последниот извештај на Државниот завод за ревизија за ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1030
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.41
93%
1029
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
4.02
71%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
90%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
84%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.89
77%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
96%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Иридиум

321507.47

Родиум

295786.87

Сребро

1666.05