
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во Тирана ги повика странските инвеститори да дојдат во Албанија, која, како што рече, ќе биде во Европската Унија „за две години“. – Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети – рече Макрон на економскиот форум „Приоритет Европа“, кој го организираше институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас. Целта на состанокот е ...
Во понеделник, во 10 часот наутро, ќе разговарам телефонски со претседателот Владимир Путин од Русија. Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ што убива, во просек, повеќе од 5000 руски и украински војници неделно, и трговијата, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на својата социјална мрежа Трут Соушл информира дека потоа ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа со Зеленски и со ...
Несовесен кумановец вчера возел автомобил во тешко пијанство, со измерени 3,46 промили алкохол во крвта. „На 16.5.2025 во 17 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од село Долно Којнаре, кумановско. При сообраќајна контрола на улицата Борис Кидрич во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на ...
Приведен е лихвар во Куманово, соопшти полицијата. „На 17.5.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.А.(55) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело Лихварство, по член 260 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени списоци со должници, тетратка со податоци од повеќе лица и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со ...
Енергетскиот сектор се менува брзо – обликуван од нестабилни цени, растечки регулаторни барања и итна зелена транзиција. Во овој еволутивен пејзаж, компаниите кои комбинираат увид на пазарот со иновации се во најдобра позиција да водат. Една таква компанија е ЕДС, дел од PPC Group, најголемата енергетска група во Југоисточна Европа, која освен во земјава, има свои операции и во Грција, Бугарија, Италија, Хрватска и Романија. PPC Group носи ...
Израелската армија (ИДФ) синоќа објави дека започнала нова голема офанзива во Појасот Газа. „Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа обемни напади и мобилизација на војници за да постигнат оперативна контрола во Појасот Газа“, соопшти армијата во објава на X. „Тоа е дел од подготовките за проширување на операциите и исполнување на целите на војната, вклучително и ослободување на заложниците и расформирање на терористичката организација ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска телефонски разговарал со шефот на американската дипломатија Марко Рубио за резултатите од вчерашните мировни преговори меѓу Москва и Киев. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека телефонскиот разговор меѓу Сергеј Лавров и Марко Рубио се одржал на иницијатива на американската страна. „Шефовите на министерствата за надворешни работи разменија мислења за резултатите од ...
Тетовец пријавил дека без негова согласност изгубил станови во Тетово и Охрид, откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. Педесет и деветгодишникот синоќа во 19 часот пријавил дека од В.К., на возраст од 46 години, во присуство на С.С., 47-годишно лице, двајцата од Тетово, во текот на 2014 година зел пари со камата во износ од 25.000 евра. Тетовец пријавил дека без ...
Шеесет и деветгодишник од Свети Николе е уапсен поради тоа што пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши од неговиот двор, информираат од Министерството за внатрешни работи. Лицето со иницијали В.И. било лишено од слобода вчера во 14 часот, откако претходно од тераса на својата куќа на улицата Питу Гули пукал од воздушна пушка кон неколку деца, кои береле цреши од цреша во неговиот двор. По целосно расчистување и документирање на ...
Инвестицијата на компанијата „Шахтерм“ само во прва фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е инвестиција да изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на поставувањето камен-темелник на нова инвестиција во ТИРЗ. – Денес, поставуваме камен-темелник на нова фабрика која претставува надеж и нов почеток. Ова е проект што не само што ја ...
Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од 5 милијарди фунти односно 6 милијарди евра, а условите под кои ќе бидат достапни овие средства се најдобрите што некој може да ги има на пазарот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Ги знам отприлика, бидејќи веќе се преговара со месеци и можам да кажам дека се најдобрите што може да ги има на пазарот, но тоа сè ...
Локалните избори претставуваат значаен политички барометар кој често ги открива подлабоките трендови во политичкиот пејзаж на Македонија. По турбулентните настани на националната политичка сцена, претстојните локални избори носат дополнително значење како тест за популарноста на главните политички субјекти и нивната способност да мобилизираат поддршка на локално ниво. Оваа анализа ги разгледува позициите, стратегиите и изгледите на клучните ...
Десет затвореници, меѓу кои и некои обвинети за убиство, избегаа од затвор во Њу Орлеанс во петокот – и тоа на спектакуларен начин. Според властите, наводно во бегството им помогнал некој одвнатре, а интензивната потрага сè уште е во тек. Во затворот од кој избегаа главно се наоѓаат луѓе кои чекаат судење или пресуда. Чуварите го откриле бегството за време на рутинско утринско пребројување, кога откриле дека десет затвореници, на возраст од 19 ...
Девет лица загинаа утрово во руски напад со беспилотно летало врз патнички автобус во близина на градот Билопил, во североисточна Украина, соопштија локалните власти. Четири лица беа повредени. Регионалната воена администрација на Суми изјави дека автобусот се движел кон градот Суми кога бил удрен од руски дрон од типот „Лансет“. Нападот се случил во саботата во 06:17 часот по локално време. Гувернерот на регионот, Олех Хрихоров, го нарече ...
Познатиот Монт Еверест оваа недела им ги одзеде животите на двајца алпинисти, соопштија членовите на експедицијата. Филипински алпинист почина во среда, а еден индиски еден ден подоцна, додека се искачуваше на највисокиот врв во светот – Монт Еверест. Според очевидци, Филипинецот загинал во близина на највисокиот камп на планината, додека Индиецот го загубил животот спуштајќи се од врвот, кој е висок 8.849 метри. Од 1953 година, кога ...
Девет лица загинаа во напад на руски дрон врз патнички автобус во североисточна Украина, соопштија локалните власти, пренесуваат странските медиуми. Воената администрација на регионот Суми објави дека уште четири лица се повредени во градот Билопилија во саботата наутро. Лекари, брза помош и полиција во моментов се на местото на настанот. Овој напад се случи само неколку часа откако Русија и Украина ги одржаа своите први мировни преговори од ...
Многу Португалци се надеваат дека по општите избори во недела ќе имаат влада која може да се справи со предизвиците од глобалните трговски тензии и други геополитички прашања и дека бесконечниот циклус на нови избори секоја година конечно ќе заврши. Но, за скептичните жители на Мариња Гранде, град на работничката класа со 40.000 жители во централниот дел на земјата, дури и ова се фантазии. Овие избори се трети во три години и доаѓаат по десет ...
„Мудис“ во петокот го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави од највисокото ниво Ааа на Аа1 поради загриженоста за растечкиот долг на земјата од 36 трилиони долари, што би можело да ги попречи напорите на претседателот Доналд Трамп да ги намали даноците, како и да предизвика нарушувања на глобалните пазари. Мудис првпат им го даде на Соединетите Американски Држави највисокиот рејтинг „Ааа“ во 1919 година и е третата голема ...
Вчера во Босна и Херцеговина беше објавена нова серија на Нетфликс. „Родители на фудбал“ е серија што на хумористичен начин ги прикажува родителите на децата што играат фудбал. Серијата, која доби просечна оценка во критиките и прегледите, веќе во втората епизода го прикажува дијалогот на родителите кои ги набљудуваат децата кои не се многу талентирани во играта. Додека го гледаат тренерот како ги реди играчите, родителите се потпираат на ...
Украинските власти изгубија стотици милиони долари нарачувајќи оружје од несигурни добавувачи, пишува британскиот „Фајненшл тајмс“. Порталот ги објави резултатите од својата истрага, врз основа на протечени документи на украинската влада и „десетици интервјуа со службеници за набавки, трговци со оружје и детективи“. Според статијата, обидите за купување оружје преку трети страни и од сомнителни добавувачи резултирале со тоа што Киев „изгубил ...
Мотивот за убиството на Вања Ѓорчевска е користољубие, сметаат обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска, кои го застапуваат обвинението против петтемина обвинети за грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Одговарајќи им на новинарите зошто на денешното рочиште Обвинителството изведе како доказ дополнителна снимка на која се гледа како обвинетиот Велибор Манев става лопата во возилото ...
Времето утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Температурите ќе бидат во интервал од 1 до 22 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 22 степени. Од недела следува ...
Соединетите Американски Држави доставија формален предлог до Иран во тековните нуклеарни преговори, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во претседателскиот авион Ер Форс 1, тој рече дека Иран го има планот на САД и ќе треба брзо да дејствува или ќе има негативни последици, пренесе ДПА. Вашингтон и Техеран моментално преговараат додека заливската држава Оман е посредник во разговорите за иранската нуклеарна програма. САД имаат ...
По повод Меѓународниот ден на музеите – Значајно издание за римските монети од Охридската тврдина НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид го одбележува Меѓународниот ден на музеите (18 мај) со исклучително значаен издавачки потфат. Промоцијата на книгата „ОХРИДСКА ТВРДИНА – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции (211г.п.н.е.-238г.н.е.)” од авторот Даница Размовска Бачевска претставува важен ...
Постигната е согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство, информира Владата. Премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук напиша дека ова е историски ден за Македонија и дека најавениот договор ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот. Британскиот премиер Кир Стармер му порача на македонскиот колега дека двете земји ...
Уште четворица пациенти повредени во големиот пожар во Кочани се враќаат од лекување во странство и ќе бидат згрижени во Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје – информира Министерството за здравство. Еден од повредените веќе пристигнал вчера од Софија, две лица денеска се враќаат од Белград, а четвртиот пациент утре повторно пристигнува од Софија. Со ова, бројот на пациенти кои остануваат ...
Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски прашува како е можно МВР од една страна да дава документ дека пиштолот е легален, а од друга страна објаснува дека нема испукување во базата на податоци. – Како може од легално оружје да нема најдено трага во база на податоци? Или некој во МВР не сака да ги пребара архивите и да го најде испукувањето или е нешто друго. Ова е страшно голем проблем – праша Манев. Според него, ова е страшно нејасна ситуација, ...
Снимката со лопата е доказ кој е предложен и од моја страна и со која се докажува дека на 24 ноември 2023 година враќањето на Манев и Видевски за да ја земат лопатата, а тоа е денот на неупешниот обид за грабнување, исклучува било каква улога на таткото во овој случај и оти сторителите имале јасна цел за егзекуција на личноста која е подоцна и грабната од зградата, објасни денеска бранителот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегчиќ. – Оваа ...
Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околу шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството, и така натаму, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот. – Само што ја завршивме средбата со премиерот на ...
Од полноќ поскапува бензинот од типот „еуросупер -98“, додека цените на останатите горива остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на „еуросупер -98“ се зголемува за 2 денара и тој ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар. Цената на останатите горива останува иста и тоа на бензинот од 95 октани цената е 73,50 денари, на дизелот 66,50 денари и на маслото за горење а 65,00 денари по литар. Цената на ...