По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електро-преносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем, соопшти Министерството за енергетика. Одлуката е донесена на вонреден состанок на министерката ...

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2025 година продажбите достигнуваат 3.458.394.494 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 5.201.163.839 денари, што е за 6 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 24 % ...

Ревизијата на финансиското работење и усогласеноста на Основниот суд Гостивар откри серија нерегуларности и системски слабости, соопшти Државниот завод за ревизија. Според наодите, во судот недостасуваат одредби за утврдување на платите на вработените кои вршат технички и помошни работи. Исто така, средствата што се издвојуваат од Буџетот за финансирање на Судската власт во 2023 година не го достигнуваат законски утврдениот минимум од 0,8% од ...

Американската војска нападнала повеќе од 1.000 цели во Јемен од средината на март, каде што Вашингтон ги предводи воздушните напади против бунтовниците Хути, соопшти синоќа американското Министерство за одбрана. Хутите, кои контролираат големи делови од Јемен, напаѓаат бродови од крајот на 2023 година во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, кој е опустошен од војната меѓу палестинското движење Хамас и Израел. ...

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во хотел во Калкута, на североистокот од Индија, соопшти денес тамошната полиција. „Неколку лица се спасени од собите и од покривот на хотелот. Пожарот што избувна синоќа сега е под контрола. Најмалку 15 лица загинаа“, изјави за новинарите началникот на полицијата во Калкута, Маној Верма. Пожарите во згради се честа појава во Индија поради недостаток на опрема за нивно спречување и широко распространето ...

Комитетот на Обединетите нации за присилни исчезнувања (CED) ја повика Србија да го осуди негирањето на геноцидот во Сребреница и другите воени злосторства, да го санкционира глорификувањето на осудените воени злосторници и да ја спроведе Резолуцијата на Генералното собрание на ООН за геноцидот во Сребреница, објави Младинската иницијатива за човекови права. Во соопштението на YIHR се наведува дека на 4 април 2025 година, CED објави извештај за ...

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека Кина нема да се повлече во трговскиот конфликт. Тие ја споредија американската политика со „окото на торнадо кога сè изгледа мирно за момент, но јасно е дека доаѓа уште посилна бура“. Во видеото, до меѓународната заедница се апелира да се спротивстави на, како што го ...

Руски беспилотни летала синоќа ги нападнаа украинските градови Харков и Дњипро, при што загина најмалку едно лице, а повредени се најмалку 46, соопштија украинските власти. Харков, вториот по големина град во Украина, кој се наоѓа во близина на руската граница, повторно беше мета на жестоки напади. Според регионалниот гувернер Олех Синехубов, меѓу повредените во Харков има две деца и бремена жена. Нападите предизвикале големи оштетувања на ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа во своето традиционално вечерно обраќање, изјави дека првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје. – Тие мора да преземат јасни чекори кон завршување на војната, а ние инсистираме првиот чекор да биде безусловен и целосен прекин на огнот. Русија мора да го стори тоа – нагласи Зеленски. Украинскиот лидер, исто така, рече дека Украина се подготвува за повеќе ...

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Русија, „и покрај проблемот со легитимитетот“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е подготвена за директни преговори со Украина. Тој додаде дека привремен прекин на огнот од 8 до 10 мај може да биде првиот чекор кон воспоставување дијалог меѓу двете земји. – Се надеваме дека украинската страна ќе го следи нашиот пример. Таков потег може да биде вовед ...

Со право е загрижена јавноста во врска со најклучната алка во борбата со корупцијата и организираниот криминал, а тоа е Државната комисија за спречување на корупцијата, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска во гостување на МРТ1. – Ние како пратеници, парламентарно мнозинство во Собрание, многу внимателно ја следиме состојбата токму во овој дел изминатите денови и почитувајќи ја презумпцијата на невиност. Во овој момент ...

Предолгото седење може да предизвика голем број здравствени проблеми, а еден од најсериозните е таканаречениот синдром на мртов задник. Оваа состојба, која ги зафаќа клучните мускули на задникот, често поминува незабележано сè додека не предизвика болка во грбот, колковите и колената. Звучи како шега или дрзок прекар, но „синдромот на мртов задник“ навистина постои. И тоа може да предизвика вистински проблеми. Ако поминувате премногу време ...

Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши порача дека ќе има ограничување на маржите за речиси сите производи или ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно продолжување на едностраното тридневно примирје, кое рускиот претседател Владимир Путин го најави за почетокот на мај, од 8 до 20 мај. – Москва ја виде понудата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но прво треба да се разјаснат голем број прашања. Без одговори на тие прашања, тешко е да се склучи долгорочно примирје – рече Песков, додавајќи дека тоа ...

Пакистанскиот министер за информации Атаула Тарар во средата изјави дека неговата земја има веродостојни разузнавачки информации дека Индија има намера да изврши воен напад во следните 24 до 36 часа. Изјавата на Тарар доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двете земји со нуклеарно оружје, откако Индија идентификуваше двајца од тројцата осомничени милитанти како Пакистанци зад нападот на 22 април во кој загинаа 26 лица во туристичкиот град ...

Собранието вечерва, 29 април, ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 пратеници гласаа „за“, а немаше воздржани. Интерпелацијата што ја поднесе Левица, ја поддржаа СДСМ и ДУИ. Базирана е на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Расправата ја одбележаа ...

Неколку лица се повредени во пукотница што се случи попладнево, 29 април, во центарот на шведскиот град Упсала, а во тој град моментално е во тек полициска операција. Порталот СВТ пишува дека има неколку жртви. Полицијата опколи голема површина во близина на плоштадот Ваксала откако неколку луѓе пријавија дека слушнале истрели во областа. – Бараме повредени лица во областа откако добивме информации од очевидци дека слушнале експлозии во областа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти ја спасува Украина и дека верува оти ако војната со Русија продолжи, оваа земја многу брзо ќе биде уништена. – Мислам дека ја спасувам оваа нација. Мислам дека оваа нација наскоро ќе биде уништена. Тоа е голема воена машинерија – рече Трамп во интервју за порталот Атлантик, по повод првите 100 дена од мандатот на американскиот претседател. Тој потсети дека за време на неговиот ...

Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми, ова не е услуга што се дава произволно, порача премиерот Христијан Мицкоски на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Валенсија. Во неговиот говор тој вели дека македонската влада останува длабоко посветена на конзервативните вредности и дека замислува заедничка европска иднина базирана на трајни вредности. – Мојата Влада останува длабоко ...

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Русија е подготвена за разговори без никакви предуслови, објави Ројтерс. – Претседателот Путин многупати кажа дека Русија е подготвена за преговори без никакви предуслови. Но, досега не сме добиле никаков одговор од режимот во Киев – рече Песков. Песков изјави дека е тешко да се процени дали Украина ќе се приклучи на предложеното примирје. Украина, пак, реагираше со прашање зошто Русија не го прифаќа ...

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, со сопругата Стела и двете деца, отпатуваа во Рим на погребот на папата Франциск. „Сега кога Џулијан е слободен, сите дојдовме во Рим за да ја изразиме благодарноста на нашето семејство за поддршката од Папата за време на прогонот на Џулијан. Нашите деца и јас имавме чест да се сретнеме со папата Франциск во јуни 2023 година за да разговараме како да го ослободиме Џулијан од затворот Белмарш. Франциск му ...

Во Министерството за внатрешни работи во тек е средба на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани со министерот Панче Тошковски. Тошковски на средбата со семејствата изрази уверување дека правда за овој случај мора да има ако сакаме да имаме нормална држава, посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент. – Не сакам политика да правам од ова. Не сметам дека овие деца го ...

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објавии фотографии од средба со порашениот претседател и премиер на Република Албанија Сали Бериша. Мицкоски вели дека на средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат демократските сили на Балканот, како и за потребата од зајакнување на европските вредности и стабилноста во регионот. „Средбата претставуваше можност за размена на мислења и ставови за актуелните политички и ...

Општина Охрид ја подготвува Програмата за одбележување на 21-ви Јуни-Денот на Охридското Езеро. Со цел навремено организирање на настаните и заедничко одбележување на јубилејот „25 години од потпишувањето на Меморандумот за разбирање за заштита на езерото помеѓу трите езерски општини Охрид, Струга и Поградец“ се повикуваат сите здруженија на граѓани, институции и поединци кои имаат подготвено проекти и настани од значење за Охридското Езеро ...

Италијанскиот кардинал Џовани Анџело Бечиу пред кратко време објави дека нема да учествува на конклавата што ќе се одржи на 7 мај за избор на наследник на покојниот папа Франциск, објави Ватикан њуз. 76-годишниот Бечиу рече дека „се покорува на волјата на Франциск“, кој во 2020 година го лиши од сите црковни одговорности, иако тој ја задржа титулата кардинал. Првично, кардиналот побара право да учествува на конклавата, но вчера, во понеделникот, ...

Најмалку 22 лица загинале, а тројца се повредени во пожар во ресторан во северниот кинески град Лиjаојанг, соопштија локалните власти. Не е наведена причина за пожарот. Како што пренесе Бета, голем број регионални политичари ветиле дека истрагата ќе биде целосна и оти одговорните ќе бидат строго казнети. Лијаојанг е во „појасот на ’рѓа“, поранешен индустриски центар кој западна во тешкотии, со огромен одлив на население. Пожарите се честа појава ...

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада. Владимир Апостолов, од име на семејствата, рече дека за трагичната несреќа се виновни сите досегашни структури во државата. – Сите да си дадете оставки – рече Апостолов. Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде ...

Апелациониот суд во Штип ги одби како неосновани жалбите на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и ексградоначалниците на Кочани, Николчо Илијев и Ратко Димитровски, со што Бектеши останува во притвор, а Илијев и Димитровски во куќен притвор. Тројцата се осомничени во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 61 лице. Во притвор останува и поранешната државна секретарка во ...

Пулмоналната фиброза, како неизлечива болест поврзана со стареењето, ретко се јавува пред 50-годишна возраст. Денес сѐ уште нема лек за ова смртоносно заболување, но новите истражувања покажуваат дека одредени имунотерапии, што се користат за лекување рак, може да помогнат и во ова третирање на оваа болест. Кај пулмоналната фиброза, позната и како идиопатска белодробна фиброза (ИПФ), третманите само го забавуваат нејзиниот напредок, без можност ...

На 80-годишнината од победата во Втората светска војна, која ќе биде одбележана на 9 мај во Москва, се очекува да присуствуваат лидери од 19 земји, а двајца лидери кои добија покани сè уште не го потврдиле своето присуство. Меѓу потврдените гости на Парадата на победата се српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, кинескиот претседател Си Џипинг, словачкиот претседател Роберт Фицо, белорускиот ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
20%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
4.63
31%
1022
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
32%
1022
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.5
31%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
41%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.71
57%
1013
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
33%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
23%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
31%
1021
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
29%
1023
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.26
36%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60