
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



По укинувањето на прагот од 1 отсто собрани потписи од вкупниот број на избирачи во изборната единица или во општината, сега не се знае колку потписи ќе треба да соберат независните кандидати и листи за парламентарните или за локалните избори. Уставниот суд денеска со мнозинска одлука ги укина оспорените одредби од измените и дополнувањата на Изборниот законик, оценувајќи дека се направени во скратена постапка, нетранспарентно, без јавна ...
Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од 178.900 евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски. За сторителите, како што истакна Николовски, ќе биде поднесена кривична пријава до Основно јавно обвинителство, а за еден сторител ќе биде поднесена прекршочна пријава. – Станува збор за случаи во кои увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки – ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата внимателно ќе ги следи движењата на цените на прехранбените производи и ќе интервенира доколку се забележи „неконвенционално однесување“ од страна на трговците, снабдувачите или дистрибутерите. – Да ги почекаме индикаторите. Потрошувачката кошничка зависи од однесувањето на трговските ланци, но и на снабдувачите и дистрибутерите. Како Влада рековме дека трикови нема да толерираме – изјави ...
Европска Унија воведе нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Новите санкции се насочени кон руската „флота во сенка“, хибридните закани и кон кршењето на човековите права. „ЕУ го одобри 17-от Пакет санкции против Русија, кој опфаќа речиси 200 бродови од „флотата во сенка“. Новите мерки се однесуваат и на хибридните закани и на кршењето на човековите права“, објави на социјалната платформа Икс високата претставничка на ЕУ за ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија нема да се покори на никакви ултиматуми од Европската унија, коментирајќи ги новите санкции на ЕУ против Москва. – Русија никогаш нема да се покори на никакви ултиматуми. Јасно е дека Европа сака да ја вооружи Украина за да ја продолжи војната – рече Захарова. Во своето обраќање, таа се осврна и на вчерашниот телефонски разговор помеѓу рускиот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка. – Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да ...
Министерот за здравство Арбен Таравари и двајцата заменик-министри од редовите на Алијанса за Албанците – Фљакрон Беџети и Елфете Исмаили – поднесоа оставки, кои денеска беа констатирани на седница на Собранието. Ниту Таравари, ниту неговите партиски колеги беа присутни за да дадат објаснување за повлекувањето од функциите. Истовремено, од партијата Вреди порачуваат дека овие оставки се однесуваат само на неколкумина индивидуалци и дека ...
Со свечена академија и пригодна културна програма денеска во Охрид беше одбележан јубилејот-150 години од раѓањето на охридскиот револуционер Методи Патче. На настанот кој се одржа во спомен куќата на „Христо Узунов“ пред присутните гости се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. – Овој меморијален центар е чувар на охридската револуционерна историја и во континуитет не потсетува на сите херои што го поклониле својот ...
Хирурзи во Соединетите Американски Држави успешно ја извршија првата трансплантација на мочен меур кај луѓе, соопшти болница во Лос Анџелес каде што постапката беше извршена на почетокот на мај. Ова е прва трансплантација од ваков вид во светот, што би можела да биде пресвртница за пациенти со сериозни заболувања на мочниот меур. Процедурата била извршена кај 41-годишниот Оскар Лараинзар, кој бил на дијализа седум години. На таткото на четири ...
Со стихови од Григор Прличев и Константин Миладинов, како и од Адем Гајтани, Саме Лимани Жарноски, Гого Ивановски, Игор Исаковски, Абдулазис Ислами, Славко Јаневски, Фахри Каја, Бистрица Миркуловска, Георги Сталев и Лилјана Чаловска вчера беше отворено второто издание на Деновите на поезијата, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол. „Овие Денови се задача, мисија и повик за преоткривање на светот на поезијата во ...
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој на Фејсбук објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Во објава Беџети искажува благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, и до колегите и соработници за коректната соработка. „Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се служи оваа функција ...
Проектното финансирање како модел за реализација на крупни проекти, каков што се применува во многу европски земји, ќе стане реалност и во Македонија, преку нов инвестициски циклус поддржан од Обединетото Кралство. Ова го истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за емисијата „360 Степени“. – Во однос на новиот инвестициски циклус, станува збор за проектно финансирање, што значи дека конечно ќе постапуваме како ...
Рударските гиганти „BHP“ и „Lundin Mining“ го објавија своето најголемо откритие во последните 30 години: најголемиот резерват за злато, сребро и бронза во светот, кој се наоѓа во Сан Хуан, Аргентина. Аргентина го гледа рударството како главна појдовна точка за својот извоз, а ова откритие доведе до очекувања за големи трансфери на пари од експлоатација. Во 2024 година, Чиле, земја што ги дели Андите со Аргентина, извезе бакар во вредност од ...
Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден се огласи на социјалните мрежи откако јавноста беше информирана дека му е дијагностициран агресивен рак на простата, кој веќе се проширил на неговите коски. „Како и многумина од вас, и јас и Џил откривме дека сме најсилни во најтешките моменти. Ви благодариме што нè бодрите со вашата љубов и поддршка“, напиша Бајден на својот официјален профил, со што испрати силна лична порака до сите кои ...
Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека доколку Русија не сака да се вклучи во преговори за прекин на војната во Украина, САД ќе мора да кажат дека тоа „не е нивна војна“. – Рускиот претседател Владимир Путин се чини дека не знае како да ја запре војната во Украина. Свесни сме дека постои одреден застој во преговорите за војната – рече тој. Британските медиуми пренесуваат дека Ванс за ова и серија дипломатски прашања денеска ...
Педесет и четиригодишен маж бил пронајден починат вчера попладне во куќа во Велес каде што привремено престојувал, потврдија денеска од СВР Велес. Случајот бил пријавен во 17:00 часот, по што екипа од полицијата извршила увид на местото на настанот. Од Итната медицинска помош констатирале смрт без видливи траги на насилство. „По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот Б.Ќ (54) од Велес е предадено на обдукција за да се утврдат точните ...
Утрешниот ден ќе започне со сончево време и мала до умерена облачност, но попладне условите ќе се променат. Според најавите, на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Од УХРМ информираат дека ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Дневните температури ќе се движат меѓу 3 и 27 степени. Во Скопје времето ќе биде слично – претпладне сончево со мала до умерена облачност, додека попладне, во ...
Неправилно спроведена постапка за избор при која Судскиот совет не ги разгледал сите кандидати подеднакво и не ги почитувал критериумите од Законот за судски совет е причината поради која Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд. Според пресудата, во конкретниот случај Судскиот совет донел одлука за избор на судија на Уставниот суд без целосно да ги разгледа сите предложени кандидати. Поради ...
Македонија мора да вложува во електропреносниот систем за да може да го прифати новото производство на електрична енергија кое доаѓа од вложувањата во обновливи извори, посебно од фотоволтаичните централи. Или да гради базни електрани кои ќе ја намалат опасноста од испади на системот. Во спротивно ќе мора да издава помалку дозволи за енергетски капацитети или инвеститорите ќе треба самите да го решаваат вишокот на производство кое не може да го ...
Израелската армија побара од жителите на Кан Јунис и околните места во јужна Газа веднаш да се евакуираат. Портпаролот на Израелските одбранбени сили ИДФ, Авичај Адраи, преку објава на арапски на социјалната мрежа Икс, ги повика луѓето од Кан Јунис, Бани Сухејла и Абасан да се повлечат кон запад, во областа Маваси. Тој најави „невиден напад“ насочен кон инфраструктурата на Хамас, нарекувајќи го Кан Јунис „опасна борбена зона“, јавува „Гардијан“. ...
Рускиот претседател Владимир Путин верува дека „има добри карти“ пред закажаниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, кој е закажан за денеска, анализира Блумберг. Според медиумот, Путин не планира да направи никакви сериозни отстапки за време на разговорот, бидејќи е подготвен на долготрајна војна. Извор од врвот на руската влада за Блумберг вели дека Путин е уверен дека до крајот на 2025 година, руските вооружени сили ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави формирање на постојана проширена национална преговарачка група, која ќе работи на дипломатски напори за завршување на војната и воспоставување вистински и траен мир. „Се одржа специјален состанок посветен на нашите дипломатски напори. Мораме да го искористиме секој механизам за мир и да покажеме јасна посветеност“, напиша Зеленски на Фејсбук. Министерот за одбрана, Рустем Умеров, информирал за ...
Папата Лав XIV се појави на инаугуративната миса со златен крст со реликвии, каков досега не носел ниту еден негов претходник. На официјалната фотографија од Ватикан, која ќе се дели како подарок за верниците, Лав е полунасмеан и носи реликвија која му била подарена кога бил прогласен за кардинал. Крстот содржи реликвии од светци поврзани со августинскиот ред, на кој му припаѓа папата. Во средината е фрагмент од коска на Свети Августин, а над ...
Видеото од ракувањето меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон стана вирално. На видеото се гледа како турскиот претседател ја зграпчува десната рака на Макрон со левата рака, ја влече, а потоа го погали со десната рака. Потоа францускиот претседател со левата рака ја зграпчува десната рака на Ердоган одозгора. Потоа Ердоган со десната рака го зграпчува показалецот и средниот прст од левата рака на ...
Лидерот на едно од двете партиски крила на Алијанса за Албанците и доскорешен министер за здравство Арбен Таравари преку објава на социјалните мрежи ја коментираше видео-пораката на членот на Алијанса и вицепремиер, Арбен Фетаи, но и оставката на пратеникот Салим Сулејмани. Таравари, меѓу другото, пишува дека „патот до достоинството не поминува со напуштање на партијата за министерска позиција“. „Патот на Арбен Џафери не поминува покрај Владата ...
Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и од Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница – Кочани на сите пациенти, вратени од странство и третирани во земјава по трагедијата со пожарот. Целта е, како што рече денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, да се утврди состојбата на секој пациент ...
Уставниот суд не ја коментира преудата на Управниот суд со кој се поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, извршен во Собранието во 2023 година, се вели во соопштението од Уставниот суд. „Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во овој случај, предизвикаа правен преседан кој создаде правна состојба со која ниту еден досегашен состав на Уставниот суд се нема соочено. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во дводневна работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија, каде оствари повеќе важни средби со покраински претставници и бизнис-секторот. Муцунски се сретна со министерот за европски, меѓународни прашања и медиуми на покраината, Натанаел Лимински, како и со државниот секретар Марк Шпајх. Разговорите, како што информираат од Министерството, биле ...
Од македонска страна има желба и се преземаат конкретни активности за изградба на пругата од Коридорот 8 кон Бугарија, но нема соодветен одговор од другата страна, рече денеска директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски на прес конференција. Во делот кон Албанија рече дека има расположение од двете земји, но се чека насоката од УНЕСКО за делот кај Охридското Езеро. – За Коридорот 10 даваме предност зашто може да има најголем економски ...
Полската Изборна комисија соопшти дека, по пребројувањето на сите гласови, градоначалникот на Варшава и кандидат на проевропската Граѓанска коалиција, Рафал Часковски, води по првиот круг од претседателските избори, објави Би-Би-Си. Contents Часковски освоил 31,36% од гласовите, додека неговиот противкандидат Карол Навроцки, историчар и кандидат поддржан од националистичката партија Право и правда, добил 29,54%. Во вториот круг, закажан за 1 ...