
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Алијансата за Албанците (АА) продолжува да биде дел од Владата, бидејќи огромното мнозинство функционери продолжуваат да одат на работа. Ова го изјави вицепремиерот Арбен Фетаи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, според кого оставката на само неколку поединци од нивните должности и на Арбен Таравари од Министерството за здравство не ја води АА во опозиција. – Делот на AА во Владата го сочинуваат околу 50 државни функционери кои се назначени на ...
Со изведување на нови докази на Јавното обвинителство во дополнението на доказната постапка денеска во Кривичнот суд ќе продолжи судењето за грабнувањата и свирепите убиства на Панче Жежовски (74) од Велес и на Вања Ѓорчевска (14) од Скопје, извршени на 22 и на 27 ноември 2023 година. За злосторствата им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, поранешен претседател на партијата Десна и на неговите сопартијци Велибор Манев, Боре Видевски ...
Нов медицински факултет во Штип и студентски дом со најмалку 200 легла се дел од проектите опфатени со новиот Договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Договорот кој ќе го потпише владата на 22 мај, четврток, ќе стави на располагање 6 милијарди евра, како што велат од партијата, „најмногу средства до сега“. „Со договорот Македонија влегува во партнерство со клучен западен сојузник ...
Поранешната потпретседателка на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази е избрана за претседателка на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), во развој што укажува на тоа дека таа одлучила да остане во власта и го напуштила политичкиот курс на Арбен Таравари, кој реши да ја напушти и да делува опозициски. Именувањето на Абази на чело на КХВ беше изгласано во Собранието со 59 гласа „за“, а Абази во својата прва изјава по назначувањето изрази ...
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, никотински ќесички, електронски цигари, тутун, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи, производи за сценски ефекти, девизи и фалсификати. Во контроли на влез во државата на граничен премин Богородица, Табановце како и во внатрешноста на државата, спречени се обиди за криумчарење тутун, при ...
Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп разгледува план за масовна депортација на околу 200.000 украински државјани од територијата на САД, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрт-интерни документи во кои редакцијата имала увид. Според планот, Вашингтон планира да пренамени 250 милиони долари од буџетот за странска помош за да ги репатрира Украинците, како и околу 500.000 Хаиќани кои моментално престојуваат ...
Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево донесоа одлука за укинување на економските санкции врз Сирија, со цел да го поддржат сирискиот народ во обнова и стабилизација на земјата, соопшти високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. „Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија“, напиша Калас на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека „ЕУ отсекогаш ...
Утрешниот ден ќе биде променливо облачен со сончеви периоди. Во текот на попладнето се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни, со услови за краткотрајно невреме – пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 km/h, а можно е и локално појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат од 6 во Берово до 14 во Гевгелија, а максималните дневни од 15 во ...
Иако за многу згради се потребни месеци, па дури и години, за да се завршат, Кинезите ги поместија границите на она што е можно – изградија цела 10-катна станбена зграда за помалку од 29 часа. Неверојатниот подвиг беше извршен во градот Чангша, а благодарение на револуционерниот систем „Жива зграда“, склопот изгледаше како да е излезен од научнофантастичен филм. Групацијата „Broud“ користи свој систем од челик Б-јадро, за кој тврдат дека е десет ...
Илон Маск изјави дека планира драстично да ги намали политичките трошоци и потврди дека ќе остане извршен директор на Тесла најмалку уште пет години, откако се појавија сомнежи околу неговото балансирање меѓу улогите во бизнисот и политиката. Настапувајќи на Економскиот форум во Катар, Маск рече дека повеќе нема да троши пари за политички цели – освен ако не се појави конкретна причина за тоа. – Ќе правам многу помалку политичко трошење во ...
Патнички авион кој летал денеска од Тирана до Осло, морал итно да слета во Сплит, Хрватска. Хрватските медиуми јавуваат дека станува збор за пукање на ветробранско стакло, па затоа авионот морал да слета, односно се појавиле проблеми со притисокот во кабината. – Станува збор за вонредно слетување, на сплитскиот аеродром е прогласена состојба на тревога, но сега се е во ред – потврдија од администрацијата на аеродромот во Сплит за порталот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложил склучување договор за слободна трговија меѓу Украина и САД, со цел унапредување на економската и одбранбената соработка меѓу двете земји. Иницијативата е презентирана во писмо што Зеленски му го испратил на американскиот претседател Доналд Трамп. Веста ја потврди украинскиот заменик-министер за економија и трговски претставник на Украина, Тарас Качка, кој за „Интерфакс-Украина“ изјави дека ...
Рускиот претседател Владимир Путин одби да се согласи на прекин на огнот во разговорот со Доналд Трамп, одржан вчера по телефон, но изрази подготвеност да разговара за потпишување меморандум кој би бил основа за потенцијален иден мировен договор. Информацијата ја потврди Михаил Подољак, советник во кабинетот на украинскиот претседател, кој напиша на платформата Х дека „по разговорот Трамп–Путин, статусот кво не се промени“. – Украина и понатаму ...
Собранието во рамки на денешната работа по дневниот ред на 49-тата седница едногласно со 73 гласа „за“ ги донесе дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица, со кои работно ангажирано лице може да биде лице кое не е во работен однос, вработено лице, самовработено лице, лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос, студенти, корисник на семејна и ...
Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески присуствуваше на свеченоста со која по традиција во просториите на Територијалната противпожарна единица се одбележа Денот на македонските пожарникари– 20 Мај. Секретарот ја изрази благодарноста до охридските пожарникари за безрезервниот придонес при справување со елементарни непогоди и спасување човечки животи и укажа дека локалната самоуправа работи за постојано осовременување на условите за ...
Уставниот суд го укина член 4, став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители кои предвидуваа можност во унапредувањето на обвинителите да се цени и како позитивна обвинителска дејност работењето на членовите на Советот на јавни обвинители, изјави уставниот судија Осман Кадриу, на прес-конференција по седницата. Уставниот суд одлучуваше по иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска во врска со тоа дали стажот на членовите на ...
Традицијата на матурската парада и годинава продолжува да ги воодушевува младите во нивното симболично поминување од средношколските клупи кон новите животни предизвици. Во срцето на оваа традиција се наоѓа прекрасниот танц “Квадрил”, кој со својата елегантност и грација го обележува овој важен момент во животот на секој матурант. Подготовки во најдобар ред За подготовката на матурантите и оваа година беше задолжена проф. м-р Катерина ...
Квалитетот на транзиција на нашата земја е над просекот на земјите од Западен Балкан со оценка 5,6 од можни 10, покажува Извештајот за транзиција (2024 – 2025) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на чијашто презентација се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу. Во своето воведно обраќање, гувернерката истакна дека процесот на спроведување на ...
Квалитетот на транзиција на нашата земја е над просекот на земјите од Западен Балкан со оценка 5,6 од можни 10, покажува Извештајот за транзиција (2024 – 2025) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на чијашто презентација се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу. -Најновиот Извештај на ЕБОР ни дава јасна слика за тоа каде се наоѓаме на патот кон ...
Дигиталното евро – валута која нема да постои физички – полека, но сигурно, се приближува до своето остварување. Европската централна банка (ЕЦБ) веќе ги привршува подготовките, а Македонија внимателно следи. Според проценките, првите дигитални евра може да станат реалност до крајот на деценијава. Contents Според членот на Управниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, очекувањата се дека до почетокот на следната година ќе бидат донесени сите потребни ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикатите. Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос на априлската синдикална кошничка која изнесуваше 62.691 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка изнесува ...
По повод 80-годишниот јубилеј на Црвениот крст, во Македонскиот народен театар се одржа свечена академија под покровителство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Под мотото „Осум децении ние гледаме луѓе“ беше одбележан јубилејот на Црвениот крст, хуманитарна организација која осум децении им дава помош и поддршка на најзагрозените категории граѓани, промовирајќи хуманост и човечка солидарност. Формиран на 17 март 1945 ...
Обединетото Кралство објави нов бран санкции против Русија, насочени кон воените, енергетските и финансиските сектори. Овие мерки се одговор на засилените руски напади со дронови врз украински градови, кои се сметаат за најголеми од почетокот на војната, објави Ројтерс. Санкциите опфаќаат 100 нови цели, вклучувајќи компании поврзани со производството на оружје, како и финансиски институции кои ѝ помагаат на Русија да ги избегне постоечките ...
Кремљ ја оцени неодамнешната претседателска изборна постапка во Романија како „чудна“, особено по дисквалификацијата на прорускот кандидат Калин Георгеску, кој победи на поништениот изборен процес во 2024 година, објави Ројтерс. Георгеску беше отстранет од трката поради наводна недекларирана руска поддршка, што Кремљ го смета за политички мотивиран потег. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека кандидатот со најголеми шанси за победа ...
Русија подготвува летна офанзива во регионите Суми и Харков, сугеираат воени експерти. Додека украинските власти соопштија дека почнале со евакуација на повеќе од 200 локации во областа Суми, според Институтот за проучување на војната (ИСВ) Русија нема вистинска намера да го замрзне конфликтот. ИСВ вели дека Русија користи лажни мировни иницијативи за да напредува на терен. Според напишаното, доколку Украина се согласи на прекин на огнот, Москва ...
Америка треба да истражи зошто порано не се знаеше за ракот на простата на поранешниот претседател Џо Бајден, изјави актулениот претседател Доналд Трамп на прес-конференција. Трамп рече дека е „изненаден“ што ова не било објавено порано и дека „не се стигнува до деветта фаза на рак преку ноќ“. – Мислам дека луѓето треба да се обидат да откријат што се случило. Ќе ви кажам нешто и не знам дали ова има врска со болницата. Волтер Рид е одлична. Има ...
Обединетите нации добија дозвола од Израел за влез на околу 100 итни хуманитарни камиони во Газа, поради растечката закана од глад меѓу 2,3 милиони жители, објави Ројтерс. Претходно, само 9 камиони беа одобрени, од кои 5 сè уште се под израелска контрола за последни проверки. Тие носат бебешка храна и нутритивни додатоци, неопходни за спасување на животите на децата со малнутриција. Службеници на ОН истакнуваат дека овие залихи се од критично ...
Во пожар што се случи ноќеска 20 минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата Леринска во Битола. Огнот прво избувнал во „тојота“, а потоа зафатил уште две возила паркирани до тој автомобил. Според неофицијални информации, едниот опожарен автомобил е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски. Од полицијата потврдуваат дека се опожарени возилата, а ...
Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Законските одредби, за кои на 26 февруари годинава Уставниот суд поведе постапка, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, требаше да соберат потписи од 1 отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната ...
На 19.05.2025 во 19.55 часот во с.Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.К.(33), Д.П.(38) и Д.М.(36), сите од Битола. При претрес во домот на М.К.(33) во с.Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви исполнети со ...