
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека ситуацијата околу украинско-руските преговори во Истанбул е сплеткана, нагласувајќи дека никој не очекува лесен процес и повторно критикувајќи ја улогата на Западот и на властите во Киев во ескалацијата на конфликтот. – Секако, сите сега зборуваат за Украина во врска со интригата што моментално се „готви“ во Истанбул – рече Лавров на состанокот на Дипломатскиот клуб во Москва, ...
Сириските власти денес објавија дека заплениле околу девет милиони таблети каптагон, нелегален стимуланс на база на амфетамин, наменет за продажба во Турција. Сириското Министерство за внатрешни работи објави дека „повеќе од девет милиони таблети каптагон“ се запленети како дел од заедничка операција со Турција. Министерството изјави дека повеќе од пет милиони од овие апчиња биле шверцувани во Турција. Турските и сириските сили еден месец ги ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Република Македонија е меѓу оние земји членки на НАТО кои веќе ги надминуваат стандардите за буџетски издвојувања за одбраната, со повеќе од 2,5 проценти од Бруто домашниот производ (БДП). – Македонија одамна има буџет за одбраната кој е над 2 проценти. Со проектите за модернизација на Армијата и инфраструктурните проекти, овие трошоци ќе растат – изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против едно лице осомничено за сериозни кривични дела поврзани со дрога, меѓу кои и продажба на марихуана на малолетници. Како што информираа од Обвинителството, лицето се товари за продолжено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, како и за овозможување употреба на наркотични дроги, предвидени во членови 215 и 216 од Кривичниот законик. Во ...
Дали Велика Британија е новиот голем европски економски партнер на Македонија? Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека утре во Тирана ќе одржи средба со британскиот премиер Кир Стармер, од која ќе произлезат добри вести за Македонија. „Со Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана, на самитот на Европската политичка заедница, каде имам средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, со добри вести за ...
За здруженијата на наставници кои испраќаат средношколци на некоја од 15те меѓународни научни олимпијади, како и за семејствата на учениците, завршуваат грижите поврзани со учеството од финансиски аспект. Наместо самостојно да финансираат или да бараат спонзори, отсега трошоците за учество на овие престижни меѓународни натпреварувања, ќе ги покрива државата, соопшти Министерството за образование и наука. „Ова е една од придобивките на измените ...
Денеска надлежните од Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при општина Охрид заедно со вработените од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп поставија 30 дрвени куќички за птици на потегот од пешачката патека од Горна порта до Лабино и Канео. Куќичките се целосно изработени од природен и траен материјал. Овие живеалишта се наменети за мали птици кои на тој начин полесно ќе се ...
Србија и Италија планираат да воведат железничка линија Белград – Трст, преку Загреб и Љубљана што се оценува проект од стратешко значење за двете земји. Информацијата ја пренесоа српските медиуми по средбата на министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура Александра Софронијевиќ и италијанскиот амбасадор во Србија Лука Гори. – Тој железнички коридор би бил важен за дополнителен економски раст, како и за подобрување на заштитата на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска за време на посетата на најголемата американска воена база на Блискиот Исток, која се наоѓа во Катар, изјави дека негов приоритет е „прекин на конфликтите, а не нивно започнување“. – Како претседател, мој приоритет е да се завршат конфликтите, а не нивно започнување. Но, нема да се двоумам да распоредам американски сили доколку е потребно за да ги заштитам САД и нашите партнери – рече тој пред ...
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во средата го обвини претседателот на Франција, Емануел Макрон, дека застанал на страната на Хамас против Израел и дека кажува „крвни клевети“ против еврејската држава, откако францускиот лидер остро ја критикуваше израелската политика во Газа – што дополнително ги влоши и онака нарушените односи меѓу Ерусалим и Париз, објави Тајмс оф Израел. „Макрон повторно избра да застане на страната на една убивачка ...
Советникот за безбедност на британскиот премиер Кир Стармер, Џонатан Пауел, треба да го посети Истанбул за да го советува украинскиот претседател Володимир Зеленски пред преговорите со Русија, објави „Гардијан“. Изданието нагласува дека клучната препорака на Пауел останува предупредување до Зеленски, да избегнува какви било чекори што би можеле да го одвратат или налутат американскиот претседател Доналд Трамп. Во анализата се вели и дека ...
„Официјално, не сум запознаен со нивото (на кое ќе се претстават) Русите. Но, од она што го видовме, тие изгледаат како статисти.“ Вака изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако пристигна на аеродромот Есенбога во Анкара за претстојната средба со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган. Зеленски алудираше на фактот што рускиот претседател Владимир Путин не се појави на преговорите што направи збрка и ги одложи преговорите за ...
Само нешто повеќе од еден час пред полноќ по московско време, на 14 мај, Кремљ го објави списокот на руски претставници што ќе учествуваат на преговорите што лично ги иницираше Владимир Путин. Contents Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска испрати само свои помошници и заменици-министри, со што го одби барањето на Киев за лична средба со Володимир Зеленски. Во составот се најдоа разнолики ликови – од ветерани на неуспешните преговори ...
За време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Доха, „Катар ервејс“ потпиша договори во вредност од десетици милијарди долари со „Боинг“ и „ЏЕ Аероспејс“, правејќи го најголемиот чекор во модернизацијата на својата флота досега. Овие договори беа официјално потврдени за време на средбата на Трамп со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани. Катарската авиокомпанија нарача дури 160 авиони со широк труп „Боинг“ со опција ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека руската делегација веќе пристигнала во Истанбул и е подготвена да ги започне директните преговори со Украина, додека украинската страна сè уште не е пристигната. Песков наведе дека руската страна ги чека украинските преговарачи, а преговорите се очекуваат во следните неколку часа, најверојатно за 2 до 3 часа, јавија руските медиуми. Песков посочи дека плановите за можен преговарачки ...
Скопјанец на возраст од 45 години пријавил во полиција дека неговиот 14-годишен син бил жртва на силување од страна на друг малолетник. Според пријавата поднесена на 14 мај 2025 година во СВР Скопје, настанот се случил два дена претходно, на подрачјето на општина Карпош. Во пријавата е наведено дека сторителот со закана и употреба на сила извршил обљуба врз малолетното дете. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека се работи на ...
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека сегашните функционерски позиции во Владата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, кој синоќа најави дека ќе поднесе оставка од министерската позиција, остануваат во коалицијата „Вреди“. Тој најави дека ќе направат анализа и ќе понудат најдобри и најподготвени кандидати за позициите што ќе се испразнат поради излегувањето на АА на Таравари од Владата. – ...
Четири од петте пратеници на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари нема да преминат во опозиција. Тие би останале со владејачкото мнозинство, смета министерот за социјална политика и член на Вреди, Фатмир Лимани, кој вели дека легитимитетот на коалицијата чиј е дел, лежи на принципите дека изборниот процес е демократски. – Не знам дали со овие механизми, можат да се повикуваат на легитимитет. Начелно, грешка се ако мислат дека дел од ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес во Анталија, Турција, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Состанокот се одржа во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг и претставуваше значаен аспект од консултативниот процес меѓу сојузниците за дефинирање на клучните елементи и приоритети во врска со прашањата што ќе бидат на дневен ред на самитот во јуни оваа година. ...
70-годишен маж – патник во автобус кој се движел од Германија кон Македонија утрово починал околу 10 часот кај Михајловац во Србија. Според српските медиуми, станува збор за македонски државјанин од Струга. Автобусот застанал на паркинг кај ресторан на автопатот меѓу Белград и Ниш, кога сопатниците забележале дека мажот се чувствува лошо и веднаш се обиделе да му помогнат. По околу 30 минути, на местото пристигнале екипа на итна медицинска помош ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска бил официјално известен за промените во составот и раководната структура на Пратеничката група на коалицијата Вреди. Според известувањето, пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на Вреди. Заменици-координатори се пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи. Сегашниот состав на Пратеничката група на Вреди е: Африм Гаши, Аднан Азизи, Беким Ќоку, Калтрина Беќири, ...
Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Анкара каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека разговорите во Истанбул се преместени за попладнево „на иницијатива на Турција“. Состанокот на руската и украинска делегација, според првичниот распоред, требаше да почне денеска 10 часот. Захарова потврди дека руската ...
Политичката група на социјалистите и демократите ја повикува Европската комисија да одговори на постапките на српскиот претседател Александар Вучиќ. Втората најголема политичка група во Европскиот парламент, С&Д, во среда испрати писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Калас и европската комесарка за проширување Марта Кос, изразувајќи „длабока загриженост за ...
Луѓето со проширени вени имаат поголем ризик од деменција Варикозните вени се чест здравствен проблем кој ги засега голем број луѓе. Освен што предизвикуваат непријатност и естетски нарушувања, сè повеќе се истражуваат нивните можни врски со посериозни здравствени состојби. Според една голема корејска студија, милиони луѓе кои имаат проширени вени може да имаат значително поголем ризик од развој на деменција. Истражувачите анализирале податоци ...
Домашната градежна оператива во периодот јануари – март годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 23 милиони денари. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првиот квартал годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 58.285 000 денари, за 65,2% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Вредноста на извршените градежни работи изнесува ...
Нов детален извештај откри што можело да ги предизвика масовните прекини на електричната енергија во Шпанија и делови од Португалија во април. Масовениот прекин на електричната енергија во три европски земји, оставајќи милиони луѓе во темница, започна во Шпанија и се прошири во Португалија и делови од Франција. На ова му претходеше немањето на електричната енергија на југот на Шпанија. Околу 2,2 гигавати капацитет исчезна од мрежата во јужна ...
Студентите на Белградскиот факултет за организациски науки (ФОН) кои се во карантин денес објавија дека одлуката на Академскиот совет на факултетот да започне со надоместување на школарината е донесена „нетранспарентно и без консултации“ со студентите. „Крајот нема да биде кога поединци или медиумите на режимот ќе одлучат, крајот ќе биде кога ние ќе одлучиме. Наставата нема да започне без наша согласност“, порачаа учениците на социјалната мрежа ...
Рускиот претседател Владимир Путин во четврток ги испрати само своите помошници и заменик-министри на мировните преговори со Украина во Турција, отфрлајќи го барањето на Киев лично да се сретне со Володимир Зеленски. Во неделата, Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул, по што Зеленски рече дека ќе го чека во најголемиот град во Турција. Но, по денови шпекулации за плановите на Путин, Кремљ во среда именуваше делегација во која ...
Германскиот министер за финансии Ларс Клингбеил изјави во четвртокот дека Европската унија мора да се обедини во однос на американските царини и дека е подготвена да дејствува доколку преговорите со Вашингтон не дадат резултати. „Мораме единствено и решително да одговориме на американските царини“, изјави Клингбеил пред германскиот парламент. „Очекуваме преговорите да доведат до добар резултат, но исто така би сакал јасно да ставам до знаење ...