Германија ќе разгледа ограничување на снабдувањето со оружје за Израел поради можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право во Газа, најави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. Газа не добива доволно помош, истакна тој и предупреди дека промената на тонот во Германија веројатно ќе биде проследена со промена на политиката. Според говорите на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул, Германија ќе ја преиспита ...

Хамас соопшти дека одговорил на предлогот на американскиот специјален пратеник, Стив Виткоф за примирје со Израел. Хамас се согласи да ослободи 10 израелски заложници и да ги врати телата на 18 починати заложници во замена за ослободување на палестинските затвореници во Израел. Според нацрт-верзијата на најновиот предлог на Виткоф, Израел за возврат ќе ослободи 125 палестински осуденици за тероризам, кои отслужуваат доживотна казна затвор, 1.111 ...

Преговорите за војната во Украина треба да продолжат во понеделник. Како услов за примирјето, Русија бара прекин на испораките на западно оружје и прекин на мобилизацијата, додека Украина го остава отворено учеството во преговорите во Турција. Претставниците на Украина и Русија треба повторно да преговараат за прекин на огнот во Украина во понеделник. Сепак, останува неизвесно дали ќе има разговори во Турција и кој ќе учествува во нив, пишува ...

Најмалку седум лица загинаа, а 30 се повредени откако синоќа патнички воз излета од шините по уривањето на мост во Русија, соопштија официјални лица. Мостот во рускиот Брјански регион, кој граничи со Украина, е оштетен како резултат на „нелегално мешање“, соопштија Руските железници. Дел од мостот се урна, а потоа падна врз воз што минуваше подолу, објави руските државни медиуми. Гувернерот на Брјанск, Александар Богомаз, изјави дека меѓу ...

Оваа година очекувам сè да помине во ред и мир, со помалку несакани дејствија, односно препишување, што се случуваше во минатото. На учениците им пожелувам среќа и успех и успешна кариера – или на факултетите или на пазрот на трудот, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска претпладнево, на почетокот на полагањето на првиот екстерен испит од државната матура по мајчин јазик и литература. Во 10 часот денеска почна полагањето на ...

Во археолошкиот локалитет Стоби денеска, на денот спроти неделата што православниот свет ја посветува на светите отци од Првиот вселенски собор, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи архиерејска божествена литургија, во сослужение со митрополитите Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј. „Годинава се навршуваат 1.700 години од Првиот вселенски ...

Жена на 33 години загина, а 6 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово. Меѓу повредените има 3 деца, од кој најмалото е на 6-годишна возраст. Од соопштението на полицијата произлегува дека сите биле во едно возило, кое излетало од патот. СВР Тетово информира дека несреќата се случила во 15.30 часот, на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Камењане. – Се случила сообраќајна незгода со ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија пред судбоносен избор Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) се наоѓа во една од најсложените кризи во својата модерна историја. Борбата за избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија прераснала во фундаментално прашање за идентитетот, автономијата и иднината на македонската православна црква. Оваа криза ги разоткрива длабоките поделби меѓу различните ...

Црковната криза во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) продолжува да се продлабочува, при што последните настани околу протестите организирани од приврзаниците на Партение претставуваат нов чекор во оваа сложена ситуација. Овие протести, кои се одвиваат во Охрид и Скопје, претставуваат обид за дестабилизација на МПЦ-ОА од страна на мала маргинализирана група. Контекстот на протестите Протестите што се организираат ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролшки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Најстудено ќе биде во Маврово каде утринската температура ќе се симне до 6 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Скопје и во Гевгелија, каде максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала, до умерена облачност. Ќе ...

Парадоксот на самопрогласените заштитници Охрид, бисерот на македонското културно наследство и дел од листата на светското наследство на УНЕСКО, денес се наоѓа во парадоксална ситуација. Истите актери кои со своите одлуки и постапки придонесоа за неговата деградација, сега се позиционираат како негови заштитници и спасители. Овој феномен не е само локална аномалија, туку симптом на поширок проблем во начинот на кој се третира културното ...

Тим истражувачи од Универзитетот KU Leuven во Белгија објави значајно откритие кое би можело да го промени пристапот кон третманот на ХИВ. Нивната студија, објавена во списанието „Nature Communications“, претстави нов метод што овозможува трајно деактивирање на вирусот ХИВ во заразените клетки, со што се спречува неговата репликација и пренос. За разлика од претходните терапии кои бараат пациентот да ги зема во текот на целиот свој живот, новиот ...

Археолозите пронајдоа леб стар 5.000 години во Турција, локалните пекари почнаа да го месат, а откритието предизвика интерес за одгледување древни сорти пченица кои се подобро прилагодени на суша. „Ова е најстариот квасен леб откриен за време на ископувањата, кој во голема мера го зачувал својот облик“, рече Мурат Тирктеки, археолог и водач на ископувањата во близина на градот Ескишехир, во централна Турција. „Лебот е ретко откритие за време на ...

Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 од 25.12.2024 год., Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 15415/56 од 25.12.2024 година, и Извод од Општина Охрид бр.19-4273/2 од 26.03.2025, и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-212/3 од 30.04.2025 год. Директорот на ЈП ...

Во пресрет на летната туристичка сезона, ЈП „Градски пазар“ – Охрид започна активности за обновување на познатиот „Мост на желбите“. Во рамки на зафатите предвидено е освежување со нова боја, замена на оштетените даски и поставување на синџири, кои се карактеристичен дел од овој симболичен мост. Со овие активности, ЈП „Градски пазар“ има за цел да придонесе за разубавување на урбаната средина и да понуди пријатна атмосфера за посетителите и ...

Почитувани господа од СДСМ, очигледно или не сте добро запознаени или сакате невешто вистината да ја сокриете. Ревизија на работењето на Јавните претпријатија имаше. И знаете што покажа? Покажа дека Јавните претипријатија биле крајно лошо менаџирани од вашите кадри. Наталожувани се долгови и обврски кои вие сте немале интерес да ги решавате. За разлика од тогаш сега сликата со работењето на ЈП е драстично различна. Иако проблемот кој го ...

Висока турска делегација предводена од Амбасадорот на Р. Турција во земјава Н. Е. Фатих Улусој и Почесниот конзул во Охрид Абдурахим Бајрактар беа во работна посета на Општина Охрид. На средбата со градоначалникот Кирил Пацеков се разговараше за скапоцените Ракописи, Укази и останати пишувани документи и материјални блага од времето на турската империја кои се сопственост на видна турска фамилија од Охрид. Се разгледуваа можностите за изградба ...

На концерт во Монтреал, славната пејачка Шакира (48) доживеа несреќа и падна на сцената во текот на изведбата на својот познат хит „Whenever, Wherever“, но бргу се прибра и продолжи со настапот. Колумбиската музичка ѕвезда во моментот е на светската турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“, на која го промовира својот нов албум „Las Mujeres Ya No Lloran“. Шакира во последните недели настапуваше во САД и во Канада, а токму во Канада се случи ...

Заврши 57- та Седница на Советот на Општина Охрид. Градските избраници го усвоија Записникот од 56-та Седница со 49 точки, а дневниот ред беше проширен со Предлог одлука за измени и дополнување на одлуката за донесување детален урбанистички план во УЗ 12, УБ 12.3- Опфат 2 за период од 2022- 2027 и истата беше усвоена. Советниците ги усвоија и Предлог-одлукит за усвојување на извештајот за работењето на Јавните претпријатија „Водовод“, ...

Експерт предупредува дека раните знаци на деменцијата можат да се манифестираат на посуптилни начини, кои честопати остануваат незабележани. Д-р Тим Ритман, водечки невролог, истакнува дека промените во расположението и однесувањето можат да бидат меѓу првите индикатори. Овие промени може погрешно да се протолкуваат како типично стареење или стрес, но тие можат да сигнализираат за темелен когнитивен пад. Имено, д-р Ритман истакнува дека ...

Лошото орално здравје генерално се гледа од јавноста низ призмата на болка, функционалност и естетика. Сепак, психолошките аспекти на оваа тема остануваат во сенка. Во оваа статија, откриваме колку длабоко здравјето на забите може да влијае на вашата самодоверба, ментално здравје и квалитетот на секојдневниот живот – и што експертите како што е персоналот во Марко Дентал Туризам можат да направат за да го прекинат овој маѓепсан круг. Кога ...

Во постојаната потрага по здрави опции за ужина, црните маслинки често се занемаруваат. Но, тие се изненадувачки богати со нутритивни предности. Перименопаузата е период во животот на жената кој може да биде проследен со бројни физички и емоционални промени, а правилната исхрана игра клучна улога во ублажувањето на симптомите. Една од често занемарените, но исклучително корисни закуски во овој период се црните маслинки. Овие мали, но моќни ...

По повод 27 мај, Денот на различноста во Германија, да повториме уште еднаш: Сексуалноста е разновидна. А полот кон кој чувствувате привлечност се одредува за време на пубертетот преку интеракцијата на биолошките и психосоцијалните фактори. Пред 35 години, милиони луѓе низ целиот свет одеднаш беа „излекувани“. Тоа беше на 17 мај 1990 година, кога Светската здравствена организација ја отстрани хомосексуалноста од листата на човечки болести, ...

Кога станува збор за придобивките од природата, малку растенија можат да се споредат со копривата. Уртика диоика, позната како обична коприва, отсекогаш била дел од народната медицина, но денес сè повеќе се враќа во фокусот поради нејзините моќни ефекти врз здравјето и виталноста. Тоа не е само плевел што гори – тоа е храна, лек и тоник за целиот организам. Во периодот кога природата цвета, а растенијата се исполнети со енергијата на сонцето и ...

Слатките компири се исклучително хранливи, богати со витамин А, витамин Ц и манган. Според Zadovoljna.rs, слатките компири се одличен извор на влакна, витамини и минерали. Една чаша (200 г) печени слатки компири со кора содржи: Калории: 180 Јаглехидрати: 41 г Протеини: 4 г Масти: 0,3 г Влакна: 6,6 г Витамин А: 213% Дневна вредност (ДВ) - - Витамин Ц: 44% ДВ Манган: 43% ДВ Бакар: 36% ДВ - - Пантотенска киселина: 35% ДВ Витамин Б6: 34% ДВ Калиум: ...

Рузмаринот (Rosmarinus officinalis), ароматична медитеранска билка, е познат по своите кулинарски и лековити својства, но и како исклучително корисен природен производ за нега на коса. Пролетните и летните месеци, кога рузмаринот лесно може да се набере свежо од градината или природата, се идеално време да ги искористите неговите бројни придобивки. Зошто да користите рузмарин за коса? Рузмаринот ја стимулира циркулацијата на скалпот, го забрзува ...

Пијанистот Симон Трпчески, кој синоќа одржа концерт во Хорти Салустијани во Рим, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека од исклучителна важност е што Македонија секоја година се труди да биде присутна, да ги чествува просветителите и да покаже огромна почит за една од базичните работи – описменувањето. – Многу ми е мило, ова ми е третпат како сум дел од оваа манифестација, веќе помина доста долго време од ...

„Матица македонска“ ја објави новата поетска книга на истакнатиот македонски поет Ефтим Клетников, насловена „Misa solemnis“. Во оваа книга, Клетников е насочен кон светот на чистите идеи и се застапува за богат и повеќестрано прифатлив поетски исказ. – Во „Misa solemnis“, Клетников се стреми кон радикално поместување на смислата на зборовите и остварува рефлексивна поетска мисла од необични споеви, пресврти и слики. Во поезија на овој знаменит ...

Националната опера и балет со особена чест ја најавува спектакуларната изведба на оперското ремек-дело „Турандот“ од Џакомо Пучини на 27 мај 2025 година, со почеток во 20.00 часот. Настанот е дел од програмата на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло дел Монако, чие име е синоним за врвни оперски ...

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и во продукција на Скопје Филм Студио е селектиран во официјалната програма на престижниот фестивал Бит Филм Фестивал (Beat Film Festival) во Москва. Бит Филм Фестивал, со публика од над 10.000 гледачи е најголемиот фестивал на документарен филм во Русија. Низ годините прераснува во голем културен настан кој прикажува избор од најдобрите документарни филмови од најновата ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
7.2
34%
1026
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
51%
1026
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.51
44%
1026
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
40%
1026
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.47
33%
1025
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.51
85%
1026
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
38%
1023
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
53%
1022
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
34%
1023
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.06
40%
1025
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 22ᴼ
3.6
51%
1026
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
6.17
46%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941