
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 октомври, при вршење на семејно насилство и на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и ја држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата поранешна ...
Театарската претстава „Кумови” од Душан Ковачевиќ во режијата на Билге Емин утре повторно пред охридската публика. Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата е на Кристина Тодороска Петреска, за сценографијата е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографијата Марија Пупуческа. Претставата започнува во 20.00 ...
Советниците утре, 31 октомври, со почеток во 9 часот, ќе ја одржат четириесет и седмата седница на Совет. На Дневен ред се 18 точки, меѓу нив одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година, одлуката за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид, донесување на буџетскиот календар, одлуката за ...
Ученикот Наум Смилевски од I-4 при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид го освои првото место на шеесетиот Државен натпревар на младите истражувачи од Р.С. Македонија во органицација од SZTKM – Народна техника на Македонија кој се одржа во Пехчево. Смилевски се натпреваруваше во областа „Автоматика и Роботика” со CNC машина за пишување која сам ја дизајнираше и ја направи. CNC машината е изградена од хардверски делови од компјутер. Ученикот во ...
Ученикот Наум Смилевски од I-4 при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид го освои првото место на шеесетиот Државен натпревар на младите истражувачи од Р.С. Македонија во органицација од SZTKM – Народна техника на Македонија кој се одржа во Пехчево. Смилевски се натпреваруваше во областа „Автоматика и Роботика” со CNC машина за пишување која сам ја дизајнираше и ја направи. CNC машината е изградена од хардверски делови од компјутер. Ученикот во ...
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 24 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе ...
Супер ефикасна вечер на хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“ што се игра во салата „Билјанини извори“. Резултати вторник, 29 октомври: Инекс Олгица Хотел и СПА – ЛТХ Леарница 13:4 ЈП Водовод – РЕК Битола 5:5 Гостилница кај Мече – Костал Македонија 3:2 ЈП Колекторски Систем – ЈП Нискоградба 9:2 Турнирот продолжува во среда, 30 октомври со четири средби во кои се р=среќаваат: 19:00 ч. Кафе Бар 9 – Магна 20:00 ч. ЈП Охридски Комуналец ...
„Заштита од џебни кражби и измами“ е новата проектна кампања која, отсекот за превенција при СВР Охрид, ќе ја реализира на целото подрачје што го покрива. Проектните активности започнаа во Охрид при што, полициски службеници од Отсекот за превенција, на повеќе локации во градот, остварија средби со граѓани и низ кратки разговори, им укажаа на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита ...
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Алпинистички клуб Патагонија, здружението на љубители и поддржувачи на НП Галичица и здружението ЕКО ФАП од Охрид во просториите на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид. Со потпишувањето на овој меморандум, се формализира и продлабочува соработката, која трите невладини организации од Охрид, ја развиваат подолг временски период. Продлабочувањето на соработката, се наметна како логична ...
На 29.10.2024 во 01.30 часот, пред казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, 33 годишно лице физички нападнал 62 годишно лице, двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. ...
Последниве два дена го зголемивме интензитетот на работите за подобрување на патната инфраструктура, вели градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко. Со асфалтирањето на улиците кои водат до основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга имаме за цел да ја зголемиме безбедноста на учениците, но и да им го олесниме пристапот на родителите на овие ученици при испраќање и приземањето од училиште, во секој момент од денот. Од друга страна, ...
Велибор Балоски, член на ИПА Охрид, го доби златниот пехар за освоено прво место во дисциплината пиштол на турнирот во стрелаштво, кој на 26 овој месец, се реализира во Струмица. Балоски победи во дисциплината гаѓање со пиштол калибар 9 милиметри, во кружна мета на растојание од 15 метри. Тој, на освоени 96 кругови, постигна 7 десетки, 2 деветки и 1 осмица со што, постави рекорд на овај ИПА реномиран настан во стрелаштво на кој учество зедоа, ...
После само четири месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ станува јасно дека се она што говореше во опозиција биле празни флоскули, гола критика и желба по секоја цена да се оцрни тогашната власт. Ниту бил непотребен, ниту бил криминален проект, проектот за изградба на 110 километри автопати на Коридорите 8 и 10-д, дел од нив и по најтешките планински предели, е проект кој се реализира во соработка со нашиот стратешки партнер САД, истакна на ...
ГРК Охрид во рамки на деветтото коло од Супер лигата утре гостува кај екипата МРК Куманово. Гладијаторите со оптимизам за нови бодови. Куманово е добра екипа која сака да се докажува. Нема да ја потцениме, ќе влеземе максимално во натпреварот и со добра игра да стигнеме до нови бодови, вели ракометарот на ГРК Охрид, Никола Ристески. Натпреварот се игра утре, 30 октомври, со почеток во 18 часот во салата „Перо Наков“ во Куманово. OhridNews ...
Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски, на барање на публиката повторно на репертоарот во вторник 05.11.2024 година, со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Шминка и фризура: Студио Арс Нова. Ова е прва ...
Викендов што помина на 26-27.10 2024 во Дуборник, Хрватска се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар, каде учествуваа околу 500 натпреварувачи од осум земји. На овај натпревар М.Т.Т.Ф предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски и асистент тренерот Божидар Димитиревиќ беше претставувана од тројца натпреварувачи од клубовите ТК “СОНКАЛ” Мислешево, Струга, ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид и ТК “МАСТЕР” Охрид. Давид Крстески од ТК “СОНКАЛ” ...
Општина Охрид објави јавен повик за пријавување на кандидати за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид. Кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возач треба предходно да завршат обука за авто такси возач и за истата да им се издаде потврда за завршена обука од правното лице за вршење на обука овластени од Градоначалникот на Општина Охрид. Трошоците за обука и за издавање на сертификатот за ...
Се санира објектот на „Меморијалната куќа на Григор Прличев“, информираат од НУ Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид. Посочуваат дека согласно одобрената Годишна програма од страна на Министерството за култура и туризам за тековно одржување на објекти кои се под нивна надлежност направени се одредени зафати за санирање на објектот „Меморијална куќа на Григор Прличев“. Во тие активности во текот на октомври 2024 година, ...
Собрани се потребните средства за лекување на охриѓанката Бојана Танеска Бонеска. Како што информираше Бојана на нејзиниот Фејсбук профил, затворени се и телефонските линии за донации. Господ не дава на сите се, туку на сите по нешто, за да можеме да си се најдеме. Како што вие ми се најдовте мене. Најголемата лична победа на секој човек во денешно време е да остане Човек и тоа е поголема од било кој материјален успех. А вие покажавте колку ...
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Охрид сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 20 степени. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно и ...
По ден пауза, вечерва во салата „Билјанини извори“ продолжи хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“. Се одиграа четири супер ефикасни натпревари. Резултати понеделник, 28 октомври: Кафе Бар 9 – ЈП Охридски Комуналец 3:2 Магна – Провелд Метал Дизајн Волино 3:4 АСП ПАК – Општина Охрид 9:5 ОДВ Електрик – Бел Мерцедес 9:4 Хуманитарниот фудбалски турнир „Ohrid Freed“ продолжува во вторник со четири натпревари во кои се среќаваат: 19:00 ч. ...
Фудбалерот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри ја освои Златната топка што ја доделува францускиот спортски весник Франс Фудбал. Наградата на церемонија што се одржа во Париз му ја врачи легендарниот либериски центарфор Жорж Веа. Шпанскиот играч за врска доби најмногу гласови во конкуренција во која, меѓу другите, беа и Винисиус Јуниор, Џуд Белингем, Лаутаро Мартинез, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Тој минатата сезона ја освои ...
Во второто коло од светското првенство во бокс за младинци кое се одржува во Будва, Црна Гора, охридскиот боксер Наум Стојаноски беше поразен од турскиот репрезентативец Јилмаз Алперен. Алперен воедно е и освојувач на бронзен медал од европското младинско првенство кое се одржа во Пореч во април годинива. Со тоа Наум ги заврши натпреварите неуспевајќи да се пласира во четвртфиналето каде ќе беше на чекор од освојување на медал. Следно ...
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со оваа Одлука малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 69 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ...
Во прекрасната природа на планината Јабланица се наоѓа црквата Св. Никола, на патот кој ги поврзува селата Вишни и Горна Белица. Изградена е по иницијатива на Црковниот одбор и граѓаните на селото на место каде претходно постоела стара црква. Во 1998 година е поднесена иницијативата, а отпочната е со градба во 1999 година. На покана на Црковниот одбор Сандре Трповски ја прифаќа иницијативата да биде ктитор на црквата. Црквата беше осветена на ...
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид, на подрачјето на охридските села Орман, Долно и Горно Лакочереј, како и на повеќе улици кои гравитираат кон тие населени места, ја реализираа сообраќајно едукативната кампања „Вози одговорно-почитувај ги сообраќајните правила“. Кампањата доаѓа по претходни согледувања на полициските службеници дека ...
Ерик Тен Хаг (52) повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед. Тој доби отказ по вчерашниот пораз од Вест Хем со 2:1 во деветтото коло од Премиер лигата. Јунајтед моментално е 14-ти на табелата, а во Лига Европа по три одиграни кола има три ремија. Со тимот привремено ќе раководи помошникот на Тен Хаг, Руд ван Нистелрој. Холанѓанецот го презеде Јунајтед на 1 јули 2022 година и го водеше во 128 натпревари. Оствари 78 победи, 20 нерешени и 36 ...
Возачот на Ферари, Карлос Сајнц победи на вчерашната трка за Големата награда на Мексико Сити со што изедначи достигнување во Формула 1 старо 43 години. Имено во таа 1981 година имаше дури шест различни победници во рките од тогашниот шампионат: Нелсон Пеке – 3, Алан Прост – 3, Карлос Ројтeман – 2, Жил Вилнев – 2, Жак Лафит – 2) и Алан Џонс – 2. Шампион таа сезона стана Пике, со еден бод повеќе од Ројтеман. Сајнц со победата во Мексико стана ...
После 50 години зборување и најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од автoпатскиот коридор 8 на запад, истакана заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани. Заменик претседателот Николоски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицскоски, потпретседателот Изет ...
Буџетот за 2025 година ќе биде развоен, но нема да биде занемарена и социјалната компонента. Капиталните расходи ќе бидат проектирани на ниво над 44 милијарди денари, а проекциите за буџетски дефицит и раст на БДП се поставени со Фискалната стратегија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ. Станува збор за развоен буџет, затоа што иднината на државата е во таа насока, односно со ...