
Скопје
39ᴼ /
39ᴼ



На денешен ден во 2013-та започна успешната приказната на Гостилницата „Кај Мече“ во охридската населба „Коњско“. Дванаесет години подоцна гостилницата на познатиот угостител Горан Петрески – Мече, израсна во препознатлив угостителски бренд, каде со задоволство свратуваат гурманите од сите меридијани. Кај „Мече“ се доаѓа да се ужива во добра храна, да се пробаат вкусни специјалитети во убав амбиент со квалитетна услуга. Кој дошол еднаш, се ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во споредба со ноември 2024 година, е зголемен за 0.6 %. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.1 %. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од ...
На 08.01.2025 во 23.15 часот, во угостителски објект на улица „15 Корпус“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 21 годишно лице од Охрид врз 20 годишно лице од селото Белчишта, општина Дебрца. По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 08.01.2025 во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 42 годишно лице од ...
Продолжува трендот нивото на Охридско Езеро да е далеку зад просекот во тековниот месец. И ако нивото беше далеку зад просекот во декември, истото продолжува да е далеку зад просекот и во јануари. Според утринските мерење на Управата за хидрометеолошки работи нивото на Охридското Езеро денеска е на кота 693,21 метри надморска височина (м.н.в.), што е за 14 сантиметри под просекот за јануари кој изнесува 693,35 м.н.в. Нивото на езерото е 11 ...
Ракометарите на Охрид по кратката пауза за Новогодишните и Божиќните празници денеска ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во кој ГРК Охрид ќе ги доигра првенствените дуели и дуелите во Купот на Македонија (каде што после подолг период е носител), па во април и мај следува разигрување за шампионската титула во плеј-оф и борба за освојување на Купот на Македонија. Денеска на повикот на стручниот штаб на ГРК Охрид на располагање ...
Општина Охрид објави јавен повик за распределување на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација. Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2024 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата ...
Македонија повторно е дел од интернационалниот саем за туризам „Vakantiebeurs” што се одржува во период од 08 до 12 јануари 2025 година во Утрехт, Холандија. Холандскиот пазар кој е еден од првите и најлојални туристички пазари на Македонија е од значаен интерес за развој на туризмот во нашата држава, истакнуваат претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Учеството на саемот и промоцијата на македонскиот туризам, ...
По котлините во поголем дел од денот ќе биде тивко со појава на магла или ниска облачност. Во останатите делови сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 11 степени. Утре кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. ...
Распишан Конкурсот за доделување награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2024 година. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери жители во општина Охрид и спортска екипа со седиште во општина ...
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), цените се зголемуваат за 1,50 ден/лит., соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Со ова новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 72,50, а Екстра лесното масло за домаќинство за 72,00 денари ...
Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20 годишно лице од селото Оровник, општина Дебрца, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници, 20 годишно лице од селото Велмеј, општина Дебрца и 21 годишно лице од Охрид, констатирани во Специјалната болница ...
Дваесет и две годишниот Де Соуза Мораис Каио Винициус е новото засилување на ГРК Охрид, информираат од клубот. Бразилскиот младински репрезентативец игра на позицијата десен бек и ќе го носи сино-белиот дрес најмалку 1.5 година. Многу сум среќен за моето пристигнување во Охрид. Клуб со европски амбиции и колеги професионалци. Од моја страна нема да недостасува посветеност. Се надевам дека ќе имаме успеси во Охрид, мојот нов дом, изјави ...
По повод празникот Свети Стефан, во истоимениот манастир во близина на Охрид, денес и утре, втор и трет ден Божиќ, ќе се одржат богослужби. Денес попладне во 16 часот ќе се богослужи вечерна богослужба, а утре во 7: 30 часот утрена богослужба со Света божествена литургија, информира свештенството на манастирот Св. Стефан. Од манастирот ги покануваат верниците на одбележување на празникот Св. Стефан. Пештерната црква „Св.Стефан” датира од IX ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај, посочуваат од АМСМ. Препорачуваат прилагодена брзина на ...
Претпладне променливо облачно. По одделни котлини постудено со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево и релативно топло со температура до 13 степени. До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ...
Бразилскиот ас Винисиус Жуниор е казнет со два натпревари суспензија, откако доби директен црвен картон на натпреварот против Валенсија минатата недела. Тој ќе ги пропушти натпреварите против Лас Палмас и Реал Ваљадолид во Ла лига. Од друга страна, Винисиус ќе може да игра во Суперкупот на Шпанија, кој започнува оваа среда во Саудиска Арабија. Во 80. минута од натпреварот при резултат 1:0 за Валенсија, крилниот напаѓач на Реал го удри ...
Интер претрпе болен пораз во финалето на Супер купот на Италија што се одигра синоќа во Ријад, Саудиска Арабија. Лаутаро и Тареми се запишаа во листата на стрелците за Нероаѕурите, но Росонерите се вратија од 0:2 и во драматична заврница триумфираа со 3:2. Тренерот на Интер Инзагипне го криеше разочарувањето од исходот на мечот, упатувајќи честитки до градскиот ривал за заслужената победа. Треба подобро да го контролираме натпреварот. Имавме ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс се поразени на гостувањето кај Минесота со 108:106. Во средината на втората четвртина, Клиперси имаа 19 поени предност (42:23), но домаќинот го сврте резултатот и поведе со +10 во третата четвртина (67:57). Следуваше нов пресврт, гостите дојдоа до предност од пет поени на четири минути до крајот (96:91). Но, Минесота од -5 отиде на +5 на 35 секунди пред крајот на натпреварот. На три секунди до крајот, при ...
По повод големиот христијански празник Божик, честитка до поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството, како и до сите православни верници од Охрид и Македонија упати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Божик е празник на семејството, празник на среќата. Да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни , да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Вербата во Бога и ...
Најмалку 95 лица загинаа во разорниот земјотрес што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина. Според кинеските државни медиуми, многу згради се урнати. Голем број луѓе останаа без струја и вода, додека спасителите бараат преживеани под урнатините. На социјалните мрежи се појави видео од моментот кога земјата почна да се тресе. BREAKING : More than 100 people died while large numbers of people are missing and injured ...
Во соработка со Црвен Крст Охрид, учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид поделија новогодишни пакетчиња на деца од ранливи категории и измамија насмевка на детските лица кои почувствуваа празнична радост. Средствата за пакетчињата учениците ги обезбедија од хуманитарниот предновогодишен музички настан под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!“, што се одржа на 24 декември година во дворот на РЦСОО „Ванчо Питошески“. Велат дека срцето го ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 10 степени. Во среда ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни ...
Андреј Ал-Асади е добитник на наградата “Григор Прличев” за најдобра поема, за поемата “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспес”. Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации) и „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ ...
По повод големиот христијански празник Божиќ, 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца денеска добија хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена. Хуманитарните пакети стокмени по стандардите на ОН ги обезбеди организаторот на културната манифестација „Зимска бајка“ во соработка со лајонс клубот Лихнидос како партнер на акцијата, заедно со ЛК Охрид, ЛК Деница, ЛК Десарети и Топ маркет, а до корисниците ги ...
И на 82. награди Златен глобус, кои ја наградуваат телевизиската и филмската извонредност, „Бруталист“ беше прогласен за најдобра филмска драма во 2024 година, „Емилија Перез“ за најдобар филмски мјузикл, а меѓу најдобрите актери се Фернанда Торес, Деми Мур, Адриен Броди и други. Адриен Броди доби Златен глобус за улогата во „Бруталист“, а Деми Мур (62) ја освои наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија за нејзината главна улога ...
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го совладаа шампионот Бостон Селтикс со 105:92 на гостински терен и со тоа ја забележаа 15-та победа во низа со која се зацврстија на првото место во западната конференција со скор од 30-5. Оклахома е непоразена во регуларниот дел од сезоната од 2 декември. Кливленд Кавалерс а забележаа десеттата последователна победа и имаат скор 31-4, Синоќа кавси ги победија Шарлот Хорнетс со 115:105 и ја зголемија ...
Полициски службеници од СВР Охрид вчера од слобода лишиле 61-годишен жител на Охрид. Тој, претходно, на локален пат во селото Велмеј, општина Дебрца, со своето патничко возило се обидел да удри во 55-годишен жител од истото село, по што му се заканувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишен ...
Водечкиот тим во Премиер лигата е подготвен да го продаде уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез (25) бидејќи не се вклопува во фудбалската филозофија на тренерот Арне Слот, објавија денеска британските медиуми. Иако ги чинеше 100 милиони евра во 2022 година (со бонуси) кога пристигна од Бенфика, управата на „црвените“ би била задоволна доколку некој им понуди 60 милиони евра за Нуњез, чиј договор е до летото 2028 година, истакнуваат британските ...
Стотици дечиња зедоа учество во големата Бадникова прошетка низ улиците на Охрид, што се одржа ден пред големиот христијански празник Божиќ. Со ѕвезди во рацете тие ќе ја пееја возобновената христијанска песна „Вечниот Бог” заедно со пејачот Ѓоко Танески и виолинистката Сања Здјелер, кои ја предводеа долгата и реасепана колона. Поворката утрово тргна од црквата ,,Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и се движеше низ ул. „Јане ...
Рома го совлада Лацио во римското дерби со 2:0, во натпревар со големи тензии во кој беа поделени девет жолти и два црвени картони. Се кулминираше во финишот на мечот кога по турканицата помеѓу дефанзивецот на Рома Хумелс и напаѓачот на Лацио Кастелањос на теренот почна општа тепачка на двата тима која едвај беше запрена. Konec! 🐺 Roma vítězí 2:0, když odolala náporu Lazia. Posouvá se tak na 10. místo. Naopak Lazio zůstává 4. a na 3. Inter ...