Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Вечерва со Охрид Ултра-Треил трката на 107 километри со почеток во 23:00 од плоштадот во Охрид започнува седмото издание на Охрид Ултра-Треил кое ќе се одржи до 25 мај. Годинава на трките учество ќе земат рекордни 650 љубители на планинското трчање од 42 различни земји. Поради најавените неповолни временски услови организаторите најавуваат измени во трасите на трките на 105K, 65K и 42K. Традиционално Охрид Ултра треил завршува последниот викенд ...
Денес можеби не носи ништо ново, но може да биде твојот почеток на нешто што си го одложувал предолго Дали има подобар начин кај навиките, секојдневието, па и во изборите што ги правиме? Денес, сè повеќе полнолетни пушачи бараат алтернатива, а со технологија што го загрева, а не го согорува тутунот, IQOS им овозможува на полнолетните пушачи целосно поинакво искуство. Доколку си подготвен/а за промена, твојот Ден 1 може да започне сега. ...
Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и општинскиот совет за превенција на детско престапништво при општина Охрид денес во 12.30 часот организираат дебата „Црвен картон за врсничкото насилство“. Предавач на тема „ЕМПАТИПЛУС-СР нов модел за превенција на врсничкото насилство“, ќе биде академикот Љупчо Кеверески, а учесници ќе бидат полициски службеници од Отсекот за превенција и инспектори за малолетничка деликвенција при СВР Охрид ...
Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Македонија по повод меѓународниот ден на Власите. Почитувани наши сограѓани Власи, нека ви е честит Националниот ден, 23 Мај. Како заедница вие оставате големи треаги во градењето на македонската држава и сте значаен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции. Вие сте лојални граѓани на својата татковина и секогаш работите и творите за ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура до 24 степени. Под влијание на влажен бран во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи ...
На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24 годишно лице од селото Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата 32 годишна сопатничка од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВр ...
Советот на општина Охрид во среда, 28 мај, со почеток во 09:00 часот во општинската зграда ќе ја одржи педесет и седмата седница. На Дневен ред се 49 точки, меѓу кои тримесечните извшетаи за работата на јавните претпријатија, тримесечните извештаи за реализиација на програмите во повеќе области, измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година и проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2025 година, ...
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура до 23 степени. Денес и утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи. Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен ...
Во англиското финале од Лига Европа што се одигра вечерва во Билбао, екипата на Тотенхем го совлада Манчестер јунајтед со 1:0. Стрелец на победничкиот гол вреден трофеј беше Џонсон во финишот на првото полувреме. Избраниците на Постекоглу одиграа борбено и пожртвувано во текот на целиот натпревар кој не понуди голем квалитет, но не изостанаа возбудувања. Манчестер во втото полувреме постојано напаѓаше, но Тотенхем кој настапи без неколкумина ...
Почина Силвија Мојсовска поранешна директорка во ООУ „Григор Прличев“. Мојсовска повеќе од 20-тина години од својот работен век ги помина како наставник по македонски јазик во училиштето „Григор Прличев“ посветувајќи се пред се’ на втемелување љубов на децата кон својот мајчин јазик, но и доследен поддржувач на модерните теркови на настава и воспитно – образовниот процес. Силвија својата амбиција и желба за работа ги преточуваше во многу дела ...
На 20.05.2025 во 15.00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 54 годишно лице од струшкото село Велешта. Претходно, на улица „Владо Малески“ во Струга тој предизвикал сообраќајна незгода, по што со возило на Итната медицинска помош е префрлен во Медицинскиот центар во Струга, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле ...
На 20.05.2025 во 21.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред зграда на улица „Карпош Војвода“ во Охрид, по меѓусебна расправија, 16 – годишник физички нападнал 14 – годишник, двајцата од Охрид. Во СВР Охрид, во присуство на родител, извршен е разговор со напаѓачот и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат. На 20.05.2025 во 20.50 часот во ходник од зграда на улица „Карпош Војвода“ во Охрид, 18 ...
Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и општинскиот совет за превенција на детско престапништво при општина Охрид, во петок, 23 мај, во 12.30 часот, организираат дебата „Црвен картон за врсничкото насилство“. Предавач на тема „ЕМПАТИПЛУС-СР нов модел за превенција на врсничкото насилство“, ќе биде академикот Љупчо Кеверески, а учесници ќе бидат полициски службеници од Отсекот за превенција и инспектори за малолетничка деликвенција ...
ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за некогашната Касарна “Михајло Апостолски” во чии рамки од 1-ви септември 2025 година ќе започне со работа основното училиште “Кочо Рацин”. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на целиот комплекс, се поставува цевковод од полиетиленски материјал со профил ф160 мм во должина од 529 метри, информираат од претпријатието. Средствата во вредност од 4.028.536,00 ...
ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за комплексот Касарна “Михајло Апостолски” во чии рамки од 1-ви септември 2025 година ќе започне со работа основното училиште “Кочо Рацин”. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на целиот комплекс, се поставува цевковод од полиетиленски материјал со профил ф160 мм во должина од 529 метри, информираат од претпријатието. Средствата во вредност од 4.028.536,00 ...
На 21.05.2025 во 01.10 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен лишија од слобода 35 годишно лице од с.Радолишта, струшко. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од ...
Согласно термините за пријавување и полагање во Капетанија – Охрид, Црвен крст ги објави термините за обука по прва помош за пловни објекти. Обуката по прва помош е задолжителен дел од процесот за добивање дозвола за управување со пловни објекти, согласно важечките законски регулативи, потенцираат. Истата ќе се одржува во просториите на Црвен крст Охрид на улица „Димитар Влахов“ бр.52, а заинтересираните може да добијат информации и на ...
Ракометарите на Охрид во 8-то коло од плеј-офот во недела ја пречекуваат екипата на РК Вардар 1961. Следниот натпревар го играме со двократниот европски шампион, иако имаме доста повредени играчи покажавме дека можеме со сите да се надигруваме, вели ракометарот на ГРК Охрид, Иван Тасески. Во недела ќе го дадеме сите својот максимум за да изиграме еден добар натпревар и ги повикувам љубителите на ракометот и навивачката група Рибари да дојдат во ...
ЈП „Охридски Kомуналец” во петок, 23 мај, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од У.З.12 „Гоце Делчев” (населба Бараки). Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 23.05.2025 година и претходно локацијата да ја ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со врнежи од дожд. Максималната температура до 22 степени. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо ...
Со 23 медали од кои 4 златни, 10 сребрени, 9 бронзени и пехар за најдобра кадетка се закитија теквондистите од Македонската традиционална таеквон-до федерација на натпреварот „ГРАН ПРИ Зворник 2025″ кој се одржа во БиХ. Станува збор за еден од најпрестижните натпревари во регионов за пролетната натпреварувачка сезона каде силите ги одмерија 405 натпреварувачи од клубови од 10 земји од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Молдавија, Италија, ...
И покрај нашите заложби за чист и уреден Охрид, продолжува деградирачкиот однос на поединци, реагираат од ЈП Охридски Комуналец. И покрај објавениот Календар на акции за кабаст и зелен отпад за 2025 год., секојдневно се соочуваме со мини-депонии на секој чекор, во секој дел од градот и урбана заедница, велат, Посочуваат дека во вонредна акција, од нови мапирани диви депонии во населби Даљан, улиците „АСНОМ“ и „Галичица“ подигнати се 32 м3 ...
Над 400 матуранти од сите средни училишта во Охрид утре ќе бидат дел од матурската парада на градскиот плоштад со почеток во 12 часот. И годинава за подготовка на матурантите беше задолжена проф. м-р Катерина Стојаноска која вели истите течат во најдобар ред. Обучени се сите матуранти. Се игра на звуците на музиката од Штраусовата опера “Лилјакот”. Овој настан го симболизира преминот од средно образование кон нови животни предизвици и испраќа ...
39 земјоделци и граѓани од општина Дебрца, меѓу кои и градоначалникот на општината, Зоран Ногачески, по четврти пат беа во организирана посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем „Нови Сад 2025”, најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. Општина Дебрца ги покри трошоците за автобускиот превоз, а останатите трошоци беа на товар на учесниците. Ова е во согласност со мерката дефинирана со ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура до 21 степен. Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и ...
Нов детски парк добија најмладите во Вевчани реализиран како инвестиција на Владата на Република Северна Македонија од два ипол милиони денари, средства обезбедени преку првиот повик од Унгарскиот кредит. Детскиот парк, вели Кочовски, е на барање на најмладите жители на Вевчани и истиот се протега на површина од 200 метри квадратни, направено според сите стандарди, со гумена подлога, нишалки, лизгалки и други детски реквизити. Посебно ...
Младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос и наредната сезона ќе настапуваат во првата Супер лига. Охридските фудбалери на генералната табела завршија на 9-то место со освоени 93 бода пред младинските категории на Брегалница (88 бода), Победа (51 бод) и Беласица (37 бода). Во поединечна конкуренција: Спортскиот директор на младински категории на ГФК Охрид Лихнидос, Коста Трифуноски упати благодарност до фудбалерите од сите генерации за ...
Во моментот 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странски медицински центри и сите се во стабилна состојба, информираа на денешната прес конференција заменик министерот Јовица Андовски, директорот на ФЗО, Сашо Клековски и директорката на Клиника за пластична хирургија, д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска. Тим експерти од Велика Британија во соработка со Британската амбасада спроведоа интензивни обуки за физикална и ...
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,00 денара, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 4,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по цена од 75,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00, а Екстра лесното масло за домаќинство по 69,00 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 не се ...
На Регионалниот натпревар по прва помош, кој се одржа во Скопје, екипата на Црвен крст Охрид во конкуренција на 14 екипи го освои третото место. Екипата по прва помош во состав Марио Ѓорески, Никола Гашоски, Филип Танаскоски, Михаил Николоски, Дарија Талевска, Ања Алческа се ученици и претставници на ОСУ „Св.Климент Охридски“, велат од Црвен крст Охрид. Екипата го понесе и третото место на пунктот за дисеминација каде ги прикажа своите знаења ...