Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување. Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во ...

Засега нема пријавено случај за дојава за бомба во охридските училишта информираат од СВР Охрид. За разлика од Охрид дојави за поставени бомби утринава се стигнати во неколку скопски основни училишта, како и во две училишта во Штип. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека дојави за поставени експлозивни направи освен во Скопје има и во други градови во земјата, пренесува „360 степени“. Денеска на службените мејлови на повеќе ...

Сончево со мала до умерена, а претпладне зголемена облачност ќе има во централните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени. Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој ...

Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република С. Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов, туристички водичи и туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење, информираат од Општина Охрид. Општина Охрид ги повикува сите погоре споменати даватели на туристички услуги (туристички ...

Хемофилија А претставува ретко генетско хематолошко нарушување кое се карактеризира со спонтани или продолжени хеморагии поради недостаток на фактор VIII, што доведува до недостаток или недоволно ниво на протеин во крвта, односно на фактор за коагулација. Крвавењето може да се јави спонтано или по настаната мала повреда. Лицата со хемофилија А крвават подолго време, а продолженото крвавење може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Оваа ...

Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид утрото ведро и студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од ...

Во пријателски, подготвителен натпревар што се одигра вечерва во салата “Билјанини извори”, ГРК Охрид загуби од Вардар 2933, полувреме 10:15. Вечерашниот беше последен во низата подготвителни натпревари што ги одигра ГРК Охрид пред продолжението на сезоната претстојниот викенд. Охрид на стартот од вториот дел на сезоната во Супер лигата му гостува на Фруит Ленд Борец во Велес. На табелата води Алкалоид со 30 бода, два повеќе од Е. Пелистер и ...

Следната недела ќе биде објавен вториот повик преку Министерството за локална самоуправа за финансиска поддршка на општините со кој им се ставаат на располагање до 15 милијарди денари за капитални инфраструктурни проекти. Ова се значајни средства кои се ставаат на располагање на општините за изградба на капитални проекти, како што се училишта, градинки, паркови, водоводи и канализации, со кои се решаваат децениски проблеми на граѓаните, истакна ...

Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милион денари. Директорот на „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски вели дека со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници. Годинава се издвоени финансиски средства кои се достојни за една вака голема ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во споредба со декември 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Безалкохолни пијалаци за 0.1 % и Ноќевања за 0.3 %. Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5.8 ...

На 04.02.2025 во 16.36 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во напуштена куќа на улица „7 Ноември“ во Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, соопшти СВР Охрид. На 04.02.2025 во 09 часот, на улица „Егејска“ во Охрид настанал пожар во патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, сопственост на 64-годишно лице од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Повредени ...

Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности за заштита на државната граница и по Законот за рибарство и аква култура и Законот за внатрешна пловидба. Притоа, откриени се 18 прекршоци и 15 прекршители кои се затекнати како вршат ...

Отсекот за превенција при СВР Охрид во детските градинки „Росица“ во населбата „Лескајца“ и централната детска градинка „Јасна Ристеска“, го спроведе превентивно-едукативниот проект „Мојот пријател полицаец“. Пред 80 дечиња од градинките, полициски службеници низ интерактивен приод, се обидоа на најмладите да им дадат основни знаења за улогата на полицаецот во демократското општество и во заедницата, да им ја приближат полицијата како служба ...

На Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација со коска од донор. Интервенцијата е извршена кај 12 годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење штраф, а по повторна појава на деформитетот се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција, информираат од Министерството за здравство. Пациентот е испишан во гипсена ...

Стероид-сензитивен нефротски синдром (ССНС) претставува ретка примарна гломерулопатија, односно бубрежно нарушување. Се карактеризира со голема загуба на протеини во урината (протеинурија), која пак, резултира со ниски нивоа на протеини во крвта (хипоалбуминемија), отоци и високи нивоа на холестерол. ПРЕВАЛЕНЦА – се смета дека проценетата фреквенција на овој синдром е 16 случаи на 100 000 живородени деца. ЕТИОЛОГИЈА Причините за ССНС не се ...

Утрото ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени. Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Денес ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во петок во претпладневните часови по ...

Вредна донација доби охридската градинка „Јасна Ристеска“. Како што информираат од градинката, објектот „Росица“ е опремен со нови масички и столчиња, биро, нови шкафчиња, како и нови закачалки за сите воспитни групи. Воедно заменета е дограмата, извршено е молерисување на занималната, поставено е ново осветлување, а набавени се и теписони, постелнина и играчки за дечињата. Од градинката упатуваат голема благодарност до сите родители и фирмите ...

Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, Општина Охрид со известување за изменет возен ред на општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид од утре, 5 февруари. Во периодот од 08:00 – 16:00 часот, автобусите нема да сообраќаат до Горно Лакочереј и истите ќе сообраќаат само до училиштето во Долно Лакочереј. Во останатиот период од денот ...

Дентиногенезис имперфекта претставува хередитарна аномалија на структурата на забите со најизразени промени на дентинот. Се јавува и во млечна и во трајна дентиција. Оваа аномалија се вика дентиногенезис имперфекта кога е придружена со остеогенезис имперфекта, а кога е самостојна како хередитарен опалесцентен дентин. ПРЕВАЛЕНЦА – дентиногенезис имперфекта е ретка аномалија на забите, се јавува 1-5/ 10 000 население. ИНЦИДЕНЦА – инциденца на ...

После 15 години целосно е обновен хируршкиот инструментариум во ЈЗУ Општа болница Охрид. Како што информираат од Болницата преку јавна набавка, во вредност од 1.8 милиони денари обезбедени се околу 500 хируршки инструменти од различни видови. Инструментите се наменети за одделенијата: хирургија, урологија, гинекологија со акушерство и оперативен блок. Средствата се обезбедени преку донација, а со оваа набавка значително ќе се зголеми квалитетот ...

Променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени. Утре и во четврток краткотрајно ќе биде стабилно со сончеви ...

Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата одлучи денес Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ. Според Одлуката малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит. и ќе се продава по цена од 79,00 ден/литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит и ќе се продава по цена од 81,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се ...

Вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се спроведува денес во Струшката болница по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение, по што се очекуваат и поконкретни информации. Според првичните информации, детето било донесено во болница во тешка здравствена состојба и загрозени витални параметри. Детето имало тешка форма на церебрална парализа. И покрај укажаната лекарска помош тоа ...

Вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се спроведува денес во Струшката болница по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение, по што се очекуваат и поконкретни информации. Според првичните информации, детето било донесено во болница во тешка здравствена состојба и загрозени витални параметри. Детето имало тешка форма на церебрална парализа. И покрај укажаната лекарска помош тоа ...

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Охрид, информира дека вчера попладне имало координирана спасувачка акција на институциите и службите од Системот за управување со кизи и локално население за спасување и извлекување повреден планинар на непристапен терен. Конкретно преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера во 14.12 часот, била добиена пријава за повреден планинар со скршеници на ногата, од локација над ...

Според утринските мерење на Управата за хидрометеолошки работи нивото на Охридско Езеро денеска е на кота од 693,19 метри надморска височина (м.н.в.), што е 20 сантиметри под просекот за февруари кој изнесува 693,39 м.н.в. Нивото на езерото е 9 сантиметри над природниот минимум 693,10 м.н.в. Неделната анализа покажува намалување на нивото за еден до два сантиметри од првиот ден кога било на кота од 693,21 м.н.в. до денешното. Утрово ...

Викендов во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и судии каде учество зедоа членови од сите клубови на федерацијата. Одзивот беше повеќе од очекуваното, а спортската сала беше преполна што говори дека имаме лојални членови кои се трудат да учат и да постигнуваат уште поголеми успеси. Можеме да се ...

Со низа содржини ОУ „Григор Прличев“ на 6-ти февруари ќе го одбележи патрониот празник. Програмата започнува во 9 часот со доделување награди од литературниот и ликовен конкурс, по што следи полагање ловоров венец на бистата на Григор Прличев во училишниот двор и Прличевата визита. Во 19 часот во Центарот за култура ќе биде одржана свечената приредба на која обраќање ќе има директорката на училиштето, Лилјана Ефтимовска, а учениците под ...

Комплетен атриовентрикуларен септален дефект (CAVSD) претставува вродена срцева маана која се карактеризира со абнормален развој на септумот и валвулите помеѓу преткоморите и коморите на срцето. Во нормални услови, оксигенираната и деоксигенираната крв меѓусебно не комуницираат. Кај КАВСД постои отвор кој овозможува нивно меѓусебно мешање, со што се оневозможува извршување на физиолошките функции на кардиоваскуларниот систем. Во зависност од ...

Променливо облачно со слаб локален дожд, преку ноќта понекаде на повисоките планини ќе провејува слаб снег. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно. Максималната температура ќе достигне до 10 степени. Преку ноќта и утре поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег и до среда ќе се задржи северниот ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
53%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
1.54
68%
1020
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
46%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.08
53%
1019
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.03
92%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
4.44
59%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
30%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
6.17
53%
1021
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.24
52%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
73%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315