
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



На 11.02.2025 во 15.55 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода лишија 41 годишно лице од Струга, вработен во фабрика за производство на медицински канабис. Од него е одземено едно пакување со кафеава материја, која е пронајдена кај него од работник на обезбедување при излез од фабриката. По целосно документирање на настанот, ...
Денеска во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ професор д-р Гордана Такец ги промовираше стихозбирките „Капка среќа“ и „Наслед(е)на љубов“ од авторката Дана Тембелеска. Промоцијата ја отвори и присутните гости од Битола и Охрид ги поздрави директорката на Библиотеката, Христина Трпеска. Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подброто утре, а во втората книга на пиедесталот е татковината – Македонија. Повеќе прозно ...
Во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во село Подмоље во должина од 380 метри и ширина од 3 метри. Вкупната вредност на проектот е 2.416.000 денари, а средставата се обезбедени преку Јавниот повик за финанасирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа. Подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид е наш приоритет и во текот на наредниот период ќе продолжиме да ...
Спречен обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана во рамки на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници. При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога марихуана, за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење. Според првичните информации ...
Избраниците во народното Собрание тешко се откажуваат од привилегиите. Ниту овој парламентарен состав не ја поддржа иницијативата за кратење на патните трошоци и покрај реакциите во јавноста за високите суми кои се исплаѓаат од буџетот за оваа намена. Пратениците не ја изгласаа иницијативата што ја поднесе Левица за намалување на износот на патните трошоци. Реагираше лидерот на партијата и пратеник, Димитар Апасиев, кој на Фејсбук на колегите ...
Министерството за економија утре или најдоцна задутре треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи до Владата. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши изјави дека ќе бидат опфатени производите од есенската потрошувачка кошничка надополнети со непрехранбени производи кај кои се зголемени високи маржи. Ќе има околу 100 групи на производи. Ќе се додадат и непрехранбени производи затоа што ...
Реал Мадрид со пресврт во финишот славеше на Манчестер Сити на гости со 3:2 и со предност ќе ги пречека „граѓаните“ на реваншот што ќ е се одигра на 19 февруари, идната среда, во Шпанија. Сигурни во првите мечеви од шеснаесеттина-финалето беа и ПСЖ, Борустија Дортмунд и Јувентус. Резултати ЛШ 1/16 финале први средби: Брест – ПСЖ 0:3 Јувентус – ПСВ 2:1 Манчестер сити – Реал Мадрид 2:3 Спортинг – Борусија Дортмунд 0:3 Вечерва на програмата се ...
Во декември минатата година во државава се издадени 287 одобренија за градење, што е за 2.0 % помалку во однос на истиот месец од 2023 година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари, што е за 22.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Во Охрид, во декември 2024, биле издадени 6 одобренија за градба, три на физички лица ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, посочуваат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за ...
НАСА набљудува досега невидена планета, која е осум пати поголема од Земјата. Егзопланетата, наречена GJ 1214 b, првпат беше откриена во 2009 година од телескопот Хабл, но благодарение на телескопот Џејмс Веб, научниците сега добија нови сознанија за нејзиниот состав. GJ 1214 b е класифицирана како под-Нептун планета поради нејзината големина – термин што се користи за планети помали од Нептун, но поголеми од Земјата. Овој тип планети, со ...
Во рамки на 18 коло од Супер лигата ракометарите на Охрид ја пречекува екипата на РК Еурофарм Пелистер. Во недела го играме првиот официјален меч на домашен терен во оваа полусезона, ни доаѓа шампионот на Македонија. Ние ќе го дадеме максимумот за да издвојуваме што подобар резултат. Ги повикувам охриѓани и навивачката група „Рибари“ да дојдат во недела во што поголем број да ни дадат поддршка и да уживаат во ракометниот натпревар, вели пикерот ...
Хепатоцитен нуклеарен фактор 1 Бета-асоцирана болест (HNF1β асоцирани болести) се група генетски состојби кои влијаат на бубрезите, како и на другите органски системи. Болеста поврзана со хепатоцитен нуклеарен фактор 1β (HNF1β) од неодамна е препознаена како клинички ентитет со променлив, мултисистемски фенотип. Мутациите на HNF1β за првпат биле опишани во 1997 година како ретка генетска причина за дијабетес кај младите и дисфункција на ...
Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има појава на повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. Попладне, во текот на ноќта и во четврток претежно во планинските ...
На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, информира вицепремиерот Александар Николоски. Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување. Специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, ...
Продолжувајќи со интензивираните активности во делот на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, вчера полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземјаќи мерки согласно Законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила, на ниво на цела држава како резултат на превземените активности издадоа вкупно 909 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони. Истовремено, во текот на ...
Во фудбалската лига на шампиони вечерва се играат првите шеснаесетфинални средби. На програмата се четири натпревари во кои се среќаваат: Брест – ПСЖ (18:45) Јувентус – ПСВ (21:00) Манчестер сити – Реал Мадрид (21:00) Спортинг – Борусија Дортмунд (21:00) Уште четири натпревари се играат утре вечер, а се среќаваат: Клуб Бриж – Аталанта (18:45) Монако – Бенфока (21:00) Селтик – Баерн М. (21:00) Феенорд – Милан (21:00) Реванш средбите се ...
Донесено решение за доделување средства од буџетот на Општина Охрид за 2025 година преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид за спортските клубови, здруженија, спортски манифестации и настани. Се задолжува Одделението за спорт, млади и невладини организации да подготви договори со сите спортски клубови и здруженија на кои им се доделени субвенции за користење на терените на ЈП „Билјанини ...
Со изложбата „Мир во стиловите“ со модни дизајни на Азра Демиши, организирана од меѓународната уметница Лида Шерафатманд, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ја одбележува Светската недела на меѓуверска хармонија. Во склоп на изложбата се одржa и предавање со наслов „Разбирајќи го модниот стил со цел ослободување од предрасудите“ од страна на Шерафатманд. Целта на настанот, според Шерефатманд, е да се инспирира простор за лични ...
Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во декември 2024 година државава ја посетиле 55 371 турист, од кои 38.5 % биле домашни, а 61.5 % странски туристи. Во декември 2024 година биле остварени 113 490 ноќевања, од кои 41.2 % од домашните туристи, а 58.8 % од странските. Најбројни биле туристите од Турција, Бугарија и Србија, покажуваат податоците на ДЗС. Споредбено со декември 2023 година бројките говорат дека во 2024 година ...
На 10.02.2025 околу 17.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од ул.„Мислешески пат“ и ул. „Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 51 годишно лице од Струга и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28 годишно лице од Скопје, сопственост на МВР. ...
Утре од 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостува поетесата Дана Тембелеска. Профсор д-р Гордана Такец ќе ги промовира двете нови стихозбирки на Тембелевска со наслов: „Капка среќа“и „Наслед (е)на љубов“а авторката сама ќе ги чита сопствените стихови. Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подброто утре, а во втората книга на пиедесталот е татковината – Македонија. Повеќе прозно отколку лирски ...
Викендов намерно е опожарен дел од Белчишко Блато, велат од Здружението за зачувување и истражување на животната средина Охрид / Дебрца „Екотуризам“. Посочуваат дека на 4 места и изгорена е трска и ниска вегетација на површина од околу 7 хектари. Интервенирано е од охридската противпожарна единица, а органите на МВР извршија увид. За скоро ќе биде инсталиран видео надзор и ќе го минимизираме уништувањето на природното богатство, посочуваат од ...
Овој синдром првично бил опишан од страна на педијатарот Гунар Б. Стиклер во 1965 година, како наследна, прогресивна артро-офталмопатија. Стиклеровиот синдром е системско нарушување на сврзното ткиво кое се карактеризира со неисправно производство на колаген. Состојбата е вообичаено поврзана со офталмолошки манифестации, вклучувајќи абнормалности на стаклестото тело, вроден мегалофталмус, радијална периваскуларна дегенерација на ретиналната ...
Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, повеќе во источните делови. Во југозападните претежно планински региони од пладневните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени. Утре најпрвин во планинските региони, потоа преку ноќта и во ...
Финализираат градежните активности на крак од улиците “Дејан Војвода” и “Абас Емин”. Денес на терен се поставува афалтен слој на овој дел, откако претходно викендов беа завршени активностите на крак од улиците „Дејан Војвода“ и “Македонски Просветители”. Претходно се поставија нова фекална и атмосферска канализација и се изврши приклучок на сите објекти до нови приклучоци. Во рамки на проектот предвидена е и реконструкција на тротоарските ...
Уште осум лица, од кои тројца цариници се осомничени за вршење кривични дела со употребувани возила. До Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе се поднесени кривичните пријави. Вкупно досега се опфатени 32 лица, од кои 11 се цариници. Истите се сомничат за царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување. За осум ...
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со оваа одлука цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 73 денари за литар. ...
Филаделфија иглс го совлада Канзас Сити Чифс со 40:22, спречувајќи ги да го освојат историскиот трет последователен Супербол и да ја освојат шампионската титула во професионалната американска фудбалска лига (НФЛ). Ова е втора титула за иглси во клупската историја, додека Канзас Сити остана на четири титули. Пред две години, истите екипи се соочија во финалето на плејофот, а „шефовите“ беа подобри во натпревар со голем број поени и многу ...
Водостојот на Охридско Езеро четири дена по ред е на нулта кота, покажуваат неделните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. И денес нивото на езерото е на кота 693.17 метри надморска височина (м.н.в.), што е за 7 сантиметри над дозволениот природен минумум утврден на 693,10 м.н.в. Водостојот е и за 22 сантиметри под просекот за овој месец кој изнесува 693,39 м.н.в. Температурата на водата изнесува 9 степени сите деновите од неделната ...
Успешно реализиран првиот Еко пазар во Охрид во организација на „Училишта без пластика“ во соработка со Младински центар Охрид. Посетителите имаа можност да купат и продадат зачувана облека, книги и играчки, давајќи им нов живот на предметите што инаку би завршиле во отпад. Средствата собрани од продажбата, во износ од 7.630 денари, веќе се донирани на сметката на фондацијата Икрауд, наменети за Емилија, мајка на две малолетни деца од Крива ...