Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“ ќе се одржи денес во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 19.30 часот. Во рамки на програмата предвидена е промоција на монографијата од Јордан Манасијески на која ќе се обратат историчарот на уметност Владо Ѓорески- Рафико и Љупчо Жупан од Галерија „Букефал“ како промотори. Со поддршка од Лајонс клубовите од Охрид, настанот ќе има и хуманитарен карактер – ...
Охрид домаќин на Ф4 турнирот од Купот на Македонија на кој ќе настапат екипите на Алкалоид, Еурофарм Пелистер, Вардар и домаќинот ГРК Охрид. Полуфиналните натпревари ќе се одиграат денес од 17 часот кога се среќаваат екипите на РК Вардар и РК Пелистер, и од 19:30 часот кога ќе играат екипите на РК Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид. Финалето ќе се одигра утре, 1 јуни, со почеток во 17:30 часот. Сите мечеви ќе се играат во салата „Билјанини извори“. ...
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност продолжува со едукативната кампања, насочена кон доближување на Еразмус+ програмите до што поголем број нови корисници. Кампањата, како што информираат, вклучува спроведување на обуки, информативни сесии и теренски активности низ државата од едукативен карактер, целејќи да се зголеми учеството на основните и средни училишта, како и на други јавни институции, кои ќе бидат активно ...
Ноќната трка која ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот ќе го означи стартот на деветтото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, која има богата програма утре и во недела кога ќе се одржат трките од 5 и 21 километар. Стартот на Ноќната трка е пред плажата Куба Либре, трасата е долга 2 км, а финишот е на Кеј Македонија, пред хотел Палас, велат од АК „Охрид трчаТ“. Трката е со рекреативен карактер и нема возрасни ограничувања и е ...
Екипата на Топ 5 Клиника Д-р Баткоски ја освои лигата во мал фудбал во провинцијата Биела Ивреа во Италија. Во финалето од плеј-офот, Топ 5 Клиника Д-р Баткоски ја совлада екипата на Ред Дејвис од Понт Сант Мартен со 6:3. Ова е втора титула во Шампионатот во мал фудбал за аматери во Биела Ивреа за екипата на Топ 5 Клиника Д-р Баткоски, која има освоено и неколку други слилни турнири. Тримфот на Топ 5 Клиника Д-р Баткоски беше една од главните ...
Завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Иако важноста на делницата Охрид-Св.Наум е исклучителна бидејќи е магистрален пат кој има регионално значење и претставува патна врска со Република Албанија цели четири децении чекаше за рехабилитација која започна во август 2023 година и која сега е на самиот крај и завршува во ...
Задовони сме што сме дел од овој Ф4 Куп на Македонија. Мислам дека секој има свои шанси. Нас ни се падна екипата на Пелистер во полуфинале, со кои сме играле неколку пати оваа година. Ако ни се пружи некоја шанса ќе сакаме да ја искористиме. Но, тие се сепак фаворити за освојување на Купот. Играме на домашен терен во Охрид и упатувам повик до сите охраѓани да дојдат и да уживаат, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Гоце Ојлески пред Ф4 Купот на ...
За справување со пожарите во летниот период Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. Со оваа мерка како Влада сакаме да постигнеме навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период, се вели во соопштението на владината прес-служба. Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки ...
Традиционално и овој мај во Кармен Бауцентар Охрид се одржуваат Акциски денови со попусти на голем број производи. На акција се фасадни системи, системи за сува градба, плочки и санитарија, батериски и електрични алати и се што е потребно за вашиот дом и двор да блеснат во полн сјај. На попуст до 50 проценти се и производи од познати брендови. Акцијата со големите попусти во Кармен Бауцентар Охрид одржува денес и утре, 30 и 31 мај, на добро ...
Инклузивната игротеката „Радост“ која во 2022 година беше отворена во просториите на поранешната Касарна од страна на Здружението за воспитно образовна психо-социјална поддршка (В.О.П.С)-Охрид со поддршка на Општина Охрид, прерасна во Центар за дневен престој на лица со попреченост и индивидуални третмани. Во Центарот, вели Весна Габелоска од Здружението В.О.П.С, децата ќе може да најдат место каде што ќе бидат згрижени на соодветен начин, а ...
Новиот трговскиот центар „Охрид Мол“, кој свечено беше отворен вчера во Охрид, веќе бележи извонредна посетеност. Имено, за само 7 часа од отворањето „Охрид Мол“ го посетиле 20000 луѓе, што само ги потврдува предвидувањата дека овој модерен деловен комплекс има потенцијал да стане новиот центар на градот. Освен рекордна посетеност, забележани се и рекордно високи промети на закупците во „Охрид Мол“ кој отвора нова ера за локалната заедница со ...
Во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре – петок од 17 часот ќе биде промовирана најновата поетска книга од Љубица Петреска – Чифлигароскан од Охрид со наслов„ Поезија извор од душата“. Стихозбирката е лепеза од песни со разни теми испреплетени со емоции и чувства а доминира љубовта од секој вид. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка на Општина Охрид. На настанот ќе говорат рецензентот проф. д-р Менде Солунчевски и ...
Времен режим на сообраќај ќе биде воведен на 1 јуни за време на одржувањето на главниот настан односно трките од 5К, 21К и 21К Relay од деветтото издание на „Охрид трчаТ“. Улиците на Охрид ќе бидат исполнети со тркачи кои ќе ја имаат честа да трчаат по една од најубавите патеки во светот, велат организаторите. Охрид, како туристички град, ќе имате можност за време на целиот викенд да го видите во едно поинакво светло со многу позитивна ...
Советниците од опозицијата на одржаната 57 седница на советот на Општина Охрид реагираа на носењето на измените на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2025 година. Побараа објаснување за оправданоста од нови вработувања пред изборите. Зошто се вршат повторно измени во планот за вработување и кое е оправданието на 252 вработени да барате нови 15 вработувања, а претходно наведов за тешката состојба во која се наоѓаат јавните ...
ЈП Водовод Охрид продолжува со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети на претпријатието. Одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старите и дотраени потопни пумпи од бунарите во с.Орман (бунар 1) и во с.Вапила. Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирани се нови потопни пумпи со јачина од 37 kw за бунарот во с.Орман и 5,5 kw за бунарот во с.Вапила, информираат од ...
Актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, доби доверба од матичната партија ВМРО ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат. Тој јавно изрази благодарност до граѓаните и партискиот лидер Мицкоски и членовите на ИК ВМРО ДПМНЕ за укажаната доверба За мене тоа е голема чест, а во исто време претставува голема обврска и одговорност која повторно до крај ќе се трудам да ја оправдам. Драги охриѓани. Верувам дека довербата која ми ја дадовте во ...
На денешен ден во 1879 година во Охрид е роден истакнатиот пролетерски поет Коста Абраш (Абрашевиќ). По преселувањето на неговото семејство во Шабац го продолжил образованието и мошне млад почнал да пишува песни. Во 1903 година, посмртно е објавена неговата збирка „Песни“. Пишувал на српскохрватски јазик и е еден од најзначајните поети Македонци кои твореле на други јазици. Умрел во Шабац, на 20 јануари 1898 година. Абраш е познат е како голем ...
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со врнежи од дожд. Максималната температура до 18 степени. Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на ...
На седницата одржана вечерва, ИК на ВМРО ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив е и актуелниот градоначалник на Охрид Кирил Пецаков кој и официјално ќе трча за втор мандатна локалнитеизборишто ќе се одржат оваа есен. Партијата и кандидатите убедливо водат на сите анкети во општините за кои сепредлагаат, изјави Ѓорѓија Сајковски по седницата на ИК на ВМРО ДПМНЕ. Сите кандидати кои што се избрани го имаат поминато ...
Најдинамичниот настан на „Охрид ТрчаТ“ ќе се случи викендот на 31 мај во сабота, од 17:30 до 21:00 часот кога Кеј Македонија во Охрид ќе пулсира со енергијата на Имлек Протеин Warm Up! Брендот Имлек Протеин, подготвува голем спортски настан на 31 мај кој ќе ја загрее атмосферата пред трката „Охрид трчаТ“, но и ќе понуди незаборавно искуство за сите љубители на движењето, здравиот животен стил и заедништвото. Што ќе овозможи Имлек Протеин Warm ...
Свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“ ќе се одржи во сабота во големата сала на Општина Охрид, Во рамки на програмата предвидена е промоција на монографијата од Јордан Манасијески на која ќе се обратат историчарот на уметност Владо Ѓорески- Рафико и Љупчо Жупан од Галерија „Букефал“ како промотори. Ќе се одржи и хуманитарно-продажна изложба на графики, како и културно-уметничка програма со настапи на ...
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” спрема уште едно лице, кое исто така е осомничено како соизвршител за -Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека ...
Во рамки на полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот од Купот на Македонија кој ќе се одржи на 31.05-01.06 во Охрид, екипата на ГРК Охрид се среќава со екипата на РК Еурофарм Пелистер. Како што се ближи крајот на сезоната, одржувањето на Ф4 турнирот во Охрид ни дава повеќе шанси да се бориме заедно со навивачите. Ова ни значи многу на нас играчите и е голем извор на сила. Да се обединиме во едно – играчи и навивачи за натпревар за паметење, ...
По повод Светскиот ден на велосипедизмот на 3 јуни (вторник) ќе се одржи второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“ во организација на Здружението „Граѓански Интегритет“ – Охрид. Настанот има за цел промоција на здрави животни навики и општествена одговорност преку мобилна реклама на велосипеди и собирање средства за жртвите од неодамнешната трагедија во Кочани, велат организаторите. Посочуваат дека истиот е ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура до 20 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа неколку часа без вода ќе бидат корисниците од с.Пештани, информираат од ЈП Водовод Охрид. Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата. Од претпријатието информираат и за прекин во водоснабдувањето до 10:30 часот кај корисниците на улицата “Прва Македонска ударна бригада” и на дел од улицата “Марко Цепенков”, поради интервенција на водоводната мрежа. ...
Советот на општина Охрид утре со почеток во 09:00 часот во општинската зграда ќе ја одржи педесет и седмата седница. На Дневен ред се 49 точки, меѓу кои тримесечните извшетаи за работата на јавните претпријатија, тримесечните извештаи за реализиација на програмите во повеќе области, измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година и проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2025 година, усвојување на ...
ЈП „Охридски Kомуналец” во петок ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од реон опфатен со улиците „Абас Емин” и „Железничка”. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 30.05.2025 година и претходно локацијата да ...
На 26.05.2025 година во 22.15 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, лишено од слобода е 50 годишно лице од селото Волино, општина Дебрца. Тој претходно, на локален пат помеѓу селата Волино и Мороишта, пресретнал моторно возило во кое се превезувала 46 годишна жена од едно охридско село и физички ја нападнал. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 26.05.2025 година во 09 часот, пред ...
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура до 20 степени. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен ...