Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, денеска приреди прием за пионерите на ГРК Охрид кои станаа шампиони на Македонија. Нивниот успех е дотолку поголем бидејќи до трофејот во Пионерската лига беа подобри од врсниците од Е. Пелистер, Вардар и Алкалоид и го освоија првиот пехар во историјата на ГРК Охрид. Првиот човек на градов го изрази своето огромно задоволство и гордост за постигнатиот успех. Им се заблагодари на ракометните надежи ...
Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал 64 годишен турски државјанин. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. По насоки на јавен обвинител, посочуваат, телото на починатиот е предадено на погребално претпријатие. OhridNews ...
Со пригодна програма во организација на Општина Охрид, ОМУ „Методи Патче“ и НУ Завод и Музеј Охрид утре ќе биде одбележан јубилејот 150 години од раѓањето на македонскиот војвода Методи Патче. Активностите во рамки на програмата започнуваат во 10:30 часот за кога е предвидено положување цвеќе пред спомен бистата на Патче во градскиот парк. Во 11:00 часот во спомен-куќата на Христо Узунов ќе се одржи свечената академија по повод јубилејот. Во ...
Охрид повторно ќе пулсира со енергија и адреналин кои со себе ги носи планинското трчање! Седмото издание на Охрид Ултра-Треил кое ќе се одржи од 23 до 25 мај 2025 година донесува рекордни 650 пријавени учесници од 42 различни земји – бројки кои го потврдуваат статусот на настанот како водечки во светот на планинското трчање во регионот. Од своето прво издание во 2019 година, кое започна со две трки и 130 тркачи, Охрид Ултра-Треил прерасна во ...
Пионерите на ГРК Охрид ги совладаа врсниците од Еурофарм Пелистер 2 со 12:21 во финалето од Пионерската лига што се одигра вечерва во Битола. Трајчески и Колески постигнаа по 6 гола, Спироски постигна 5. Статистика ГРК Охрид: Николоски П., Николоски Л., Спироски 5, Колески 6, Латкоски, Трајчески 6, Станковски 1, Пројкоски, Атанасковски, Силјаноски 3, Митаноски, Шикалески, Петрески, Ристоски, Јованоски, Пројчиноски. Претходно во полуфиналето, ...
Ракометните надежи на ГРК Охрид се пласираа во финалето на Ф4 турнирот и ќе се борат за титулата во Пионерската лига. Попладнево во полуфиналето од Ф4 турнирот што се игра во Битола, младите “гладијатори” ги совладаа врсниците од Вардар со 33:20, полувреме 15:09 . Статистика ГРК Охрид: П. Николоски, Л. Николоски 1, Спироски 6, Колески 3, Латкоски, Трајчески 13, Станковски 2, Пројкоски, Атанасковски, Силјаноски 5, Митаноски 3, Шикалески, ...
На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 33 годишно лице од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик. Имено, тој претходно е пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со 36 годишно лице од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи сопругата, малолетната ќерка и баба. СВР Охрид, по насоки на јавен ...
На 18.05.2025 во 02.18 часот, полициски службеници од ОВР Ресен лишија од слобода 27 годишо лице од с.Јанковец, ресенско. При сообраќајна контрола во с.Јанковец е сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта, информираат од МВР. Додаваат дека лицето ...
Денес во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 kV преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 kV мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 kV во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО. Станува збор за реигонален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради ...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски дел од документарниот филм посветен на убавините на Охридското Езеро. Го снимив мојот дел за документарниот филм за Охридското Езеро – дел од серијата Water Paradises in Europe. Искуство што ќе го паметам, без разлика на неповолните временски услови, вели Марко. Марко на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри од кои 42,2 км ќе ...
Ракометарите на Охрид во 7 коло од плеј-офот, вечерва загубија во Битола од Еурофарм Пелистер 34:30, полувреме 17:14. Ослабениот Охрид во чии редови недостауваат важни играчи кои се носители на играта на екипата, пружи достоен отпор на теренот на актуелниот шампион. Пелистер имаше контрола врз играта и резултатот и заслужено ги освои бодовите со кои останува во трката за одбрана на титулата. Најефикасен во редовите на Охрид беше Јукиќ со 7 ...
Пилотот на Ред бул ги засени квалификациите на патеката Имола каде утре ќе се вози трката за големата награда на Емилиња Ромања. Првата сесија од квалификациите беше прекината поради страшно излетување на Јуки Цунода кој се заби со болидот во заштитната ограда. Grateful to see Yuki Tsunoda walk away from this enormous shunt in Q1#F1 #ImolaGP pic.twitter.com/hsviPlI66P — Formula 1 (@F1) May 17, 2025 За среќа Цунода мина без последици од ударот. ...
Полициски службеници од СВР Охрид вчера попладне лишиле од слобода 60-годишен охриѓанец. Приведувањето уследи по претходна пријава дека околу 16.30 часот во селото Велмеј, општина Дебрца, тој се обидел со остар предмет да нападне 55-годишен жител на селото, а се заканувал и на неговата сопруга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Охрид и денес имаше проблеми во водоснабдувањето поради што домаќинства и институции во делови од градот останаа без вода. СДСМ Охрид обвинува дека за проблемите со водоснабдувањето е виновно лошото менаџирање со ЈП Водовод и бараат од првиот човек на претпријатието објаснување зошто е тоа така. За колку проценти е поскапена водата за периодот од 2021 година до 2025 година, за време на Вашето менаџирање на институцијата? Дали воопшто знаете ...
Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнало во Крушево, 41 литар на метар квадратен, по што следи Охрид каде наврнале 26 литри на метар квадратен, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени. Во недела не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ...
Надлежните служби при Општина Охрид од утре започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците: „Железничка“, „15-ти Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот тек во близина на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Поради активностите сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови. Возачите и пешаците да го почитуваат времениот режим на сообраќај, да возат и да се движат внимателно, велат од Општина Охрид. OhridNews ...
Немилиот настан се случил утрово при изведување работи во изнајмен деловен простор во мол во изградба на улицата „7-ми Ноември“. Од СВР Охрид информираат дека работникот веднаш бил пренесен во Специјализирната болница „Св. Еразмо“, но за жал им подлегнал на повредите. На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се ...
Природната убавина и туристичкиот потенцијал на Македонија презентирани пред претставниците од Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). Како што информира директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Билјана Стефаноска, била остварена посета на Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани – дестинации кои со својата автентичност и природно богатство се идеални примери за одржлив туризам и зелени туристички практики. ...
Над 80 млади шахисти од земјава и странство ќе учествуваат на третото издание на пролетниот турнир на младинскиот шаховски фестивал „Езерска кралица 2025“, што вo недела ќе се одржи во Струга. Натпреварувачите ќе бидат поделени во четири групи, од 8, 10, 12 и 16 години. Предвидено е да се игра по Швајцарски систем од 6. кола со темпо на игра 10+5. Момчињата и девојчињата да играат заедно, а наградите за освоени места ќе се даваат пооделно. ...
Охрид утре ќе биде домаќин на научно-стручен симпозиум на тема: „Тимски пристап во развојни нарушувања и вродени аномалии“. Симпозиумот има за цел да отвори простор за стручен дијалог и размена на знаења и искуства меѓу медицинските професионалци кои се вклучени во грижата за деца со комплексни развојни состојби. Преку предавања и презентации, експерти од различни медицински дисциплини ќе ги осветлат значењето на раната дијагностика, ...
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало на Попова Шапка и Крушево, 27 и 26 литри на метар квадратен, по што следува Пожаране со 23, 22 во Маврови Анови, 20 во Тетово, 18 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Пожар-Радовиш, 13 во Лазарополе, Претор и Гевгелија, 12 Берово, Велес и Куманово, 11 во Крива Паланка и Прилеп, 10 во Битола, Виница и Струмица, 9 во Охрид и Штип, 7 во ...
Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 l/m2. Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Во Охрид времето денес oблачно со врнежи ...
„Сите за Кочани – трчаме заедно“ е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава со кои Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“. На 25 мај, истовремено во 7 града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани, велат организаторите. Посочуваат дека граѓаните ...
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и ДПМНЕ не го исполнија тоа што го ветија како приоритетни проекти во предизборната програма со којашто ја освоија локалната власт во Охрид, реагираат од Охридскиот огранок на Левица. Пецаков предизборно на oхриѓани им вети ревитализација на Студенчишкото Блато, но наместо реализирање на ветувањата за ревитализација која требаше да опфаќа вопоставување поврзаност помеѓу Студенчишкото Блато и Охридското ...
На иницијатива на вработените од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп, а во соработка со Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при општина Охрид, на потегот покрај пешачката патека од Горна порта до Лабино и Канео поставени се 30 дрвени куќички за птици. Куќарките направени се целосно од природен и траен материјал и ќе помогнат како живеалишта на малите птици во Охридскиот ...
Во рамки на проектот „Образование и економско зајакнување на ранливи групи жени во Северна Македонија“, Занаетчиска комора на РСМ заедно со Регионална занаетчиска комора Охрид организират информативен ден во Охрид за сите заинтересирани кандидатки. Обуките се целосно бесплатни и се наменети за жени кои сакаат да се стекнат со вештини, знаења и сертификат за козметичар за лице и тело, со што ќе добијат можност за вработување или започнување ...
Спортска опрема на ученици Наум Стојаноски од IV година и Христијан Стојаноски од II година во РЦСОО „Ванчо Питошески”- Охрид, спортисти, членови на боксерскиот клуб „Алексо Огненовски” им врачи директорот на училиштето Тони Андрески. Спортските таленти треба да се поддржат и да им се даде можност да го развијат својот талент. Во таа насока, РЦСОО „Ванчо Питошески”- Охрид, го поттикнува и поддржува спортот кој е од голема важност за ...
„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“ апелираат од МВР во насока на безбедни матурски прслави. Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и услови за дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура до 20 степени. Под влијание на влажен бран, кон крајот на денот, во текот на ...
Ударната игла во нападот на ГРК Охрид Теимураз Орјоникидзе заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти која ќе го оддалечи од терените 7-9 месеци. Му посакуваме добро опоравување и да ни се врати уште посилен во синиот дрес на Охрид, објави ГРК Охрид. Орјоникидзе е клучна алка во ихграта на ГРК Охрид и еден од најстандардните играчи клубот оваа сезона. Неговата повреда доаќа во завршницата од сезоната во која Охрид игра во ...