Во периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температура до 29 степени. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ...

07/06/2025 02:33 - Охрид Вести

ПРЕС НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СДСМ – ОХРИД АСЕН ШАЈН Почитувани охриѓани, почитувани медиуми, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија покажа и докажа дека сепак е единствената државотворна партија со секоја одлука која ја носи, особено и со последниот предлог концепт за политички и општествен дијалог, за доброто на народот. Општинската организација на СДСМ Охрид изминатиов период се посвети на анализа на пораките од ...

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на националната арена “Тодор Проески” во Скопје, одигра нерешено 1:1 со Белгија во натпревар од квалификациите за пласман на Светско првенство. Избраниците на селекторот Милески бодрени од над 25000 навивачи, одиграа храбро и пожртвувано и заслужено стигнаа до голем бод против фаворитот Белгија. Гостите ја имаа повеќе топката во своите нозе, но Македонија беше поопасен противник. Во 27 минута ...

Ноќеска во 3 часот полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 20-годишен охриѓанец по претходна пријава од неговиот татко за семејно насилство во семејниот дом. Се работи за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, соопшти СВР Охрид. Исто така ноќеска, во 00,10 во акциска контрола во угостителски објекти во еден објект било констатирано присуство на 17 годишен малолетник од Охрид# информира СВР Охрид. OhridNews ...

Охриѓаните Коста Трифуноски, Димитар Велјаноски и браќата Кирил и Климент Гашоски на 4-тите спортски игри во Велес што се оддржаа од 03 до 07 јуни 2025 година, ги освоија сите сјајни одличја во спортот изненадување на игрите – текбол. Во поединечна конкуренција во конкуренција на 13 играчи, Кирил Гашоски го освои првото место, Климент Гашоски второто место, додека третото место му припадна на Коста Трифуноски. Во двојки учество зедоа 16 ...

Во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција на дел од автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, откако претходно беше најавено дека на почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени првите километри. Во изјава за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)објаснуваат дека интензивно се работи на терен со посебен акцент на делницата од село Врбјани до Охрид, каде се изведува ...

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне 28 степени. Сончеви и многу топло време ќе преовладува во текот на продолжениот празничен викенд. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20 степени, ...

Меѓународен турнир во кошарка – Охрид 2025 год. во организација на кошаркарскиот клуб Колибри – Охрид ќе се одржи од 10 до 13 јуни во спортската сала „Билјанини Извори“. На турнирот учество ќе земат девојчиња и момчиња, генерации М10, М12, М14 и М16. Започнавме локално, па државно, а сега сме интересни за цел регион. На турнирот ќе настапат 12 екипи од Р. Србија, Р. Црна Гора, Р. Албанија и Р. С. Македонија во предвидените натпреварувачки ...

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник, 9 јуни, ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Како што информираат во терминот од 08:30 до 16.00 часот Библиотеката ќе биде од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги. Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во ...

На 05.06.2025 во 02.45 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 35 годишно лице од Скопје. Тој претходно на улица „15 Корпус“ агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, информираат од СВР Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 04.06.2025 во 16 часот во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа на улица „15 Корпус“ во Охрид, жена физички ...

Ракометарите на Охрид во 10-то коло од плеј-офот во сабота ја пречекуваат екипата на ГРК Тиквеш. Натпреварот дирекно ќе одлучува за четвртото место кое води во Европа. Се подготвуваме и ќе дадеме се од себе да победиме и да обезбедиме пласман во Европа и оваа година како што беше и претходната. Ги повикувам Охриѓани во што поголем број да дојдат и да не поддржат, изјави пикерот на ГРК Охрид, Владимир Бојаниќ. Натпреварот се игра во салата ...

Екипата на Алкалоид е освојувач на ЕХФ Европскиот КУП, одлучи дисциплинското тело на Европската ракометна федерација – ЕХФ која го регистрираше реванш натпреварот од финалето на ова натпреварување со службен резултат од 10:0 во корист на македонскиот претставник, откако екипата на АЕК одби да го одигра мечот под притисок на своите навивачи. Ракометниот суд утврди дека АЕК бил должен да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивањето да го ...

Заврши акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Утрово се поделени и преостанатите количини од предвидените 400 жардиниери со саксиско цвеќе. Годинава со акцијата беа опфатени жителите од улиците Кеј „Македонија“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Кузман Капидан“, „Христо Узунов“, „Климентов Универзитет“, „Нада Филева“, „Боро Шајн“, „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“, „Св. Кирил и Методи“, „Браќа Миладиновци“, „Цар Самоил“, „Методи Патче“, „Петар ...

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 35 степени. Во Охрид времето денес сончево и топло време со мала облачност и температура до 26 степени. Утре попладне претежно во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, ...

Тешки телесни повреди опасни по живот се контатирани кај работникот од Кина кој паднал вчера при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, информираат од СВР Охрид. На 03.06.2025 во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека 52 годишно лице од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа. Тој е пренесен во болницата ...

Поради градежни активности за асфалтирање утре, 5 јуни, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Даме Груев“ на потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со булевар „Туристичка“, информираат од Општина Охрид. Се известуваат жителите кои што живеат во овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да не го користат приодот кон оваа улица од страната на улица „Мите Богоевски“, додаваат од ...

И годинава за безбедноста на капачите долж Охридско Езеро ќе се грижат спасителите од Црвен крст Охрид. Како и секоја година јуни е резервиран за обуки и интензивни подготовки за претстојната летна туристичка сезона. Во оваа насока Црвен крст Охрид, Центар за безбедност на вода, започнa со регрутација на нови кандидати за спасители на вода. Кандидатите, вели претседателот Сашо Точков, треба да имаат над 17 години, да се психофизички здрави, да ...

На 03.06.2025 во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 25 годишно лице од Охрид. Кај него е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени и одземени се марихуана и дробилка со остатоци од марихуана, информираат од МВР: По целосно документирање на ...

На 02.06.2025 во 13.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 19 годишно лице од Охрид и мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 65 годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 65 годишниот возачот, а со телесни повреди се здобил 20 годишниот сопатник на мопедот „томос“, ...

ГРК Охрид од следната сезона ќе биде подобар во одбраната со најдобриот шпански дефанзивец во Асобал лигата за 2024/2025! Ориол Реј Моралес е новиот член на тимот на ГРК Охрид кој се обврза на миниум 2 годишен договор! Специјалистот за одбрана доаѓа по одличната сезона во Гранолерс (Шпанија) во Европската Лига и во домашниот шампионат. Реј кој има 31 година (190цм) освен во тимот на Гранолерс, 6 сезони беше дел од моќната Барселона и настапи ...

Најголемиот фитнес настан на отворено во Македонија – Имлек Протеин Warm Up, беше загревање за трката „Охрид трчаТ“ кој го раздвижи центарот на Охрид. Повеќе од 500 љубители на фитнесот, рекреативци, семејства и пријатели, обединети околу желбата за здрав живот и заедничко движење се собраа на охридскиот Кеј Македонија кој се претвори во вистински епицентар на спортска енергија и позитивен дух. Атмосферата беше полна со ритам, спортски дух и ...

Полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, одржанаа работна средба со месното население од селата Орман, Подмоље, Оровник, Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино и Песочани од општината Дебрца. Средбата претставува превентивно-едукативна кампања за подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари во која, полициски службеници низ непосредна комуникација со месното население, ги потсетуваат на општите ...

Утрово во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“ започна реализацијата на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“, акција која општина Охрид традиционално ја организира секоја година по повод Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: Кеј „Македонија“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Кузман Капидан“, „Христо Узунов“, „Климентов ...

Утре, четврток, од 12.00 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата книга од професорката по економија м-р Ирена Бандилова „Основи на сметководство (теоретски и практичен дел). Оваа книга претставува спој на стручност, посветеност и искуство. Таа е резултат на потребата за литература и преку нејзината содржина не само што ги објаснува основите на сметководството, туку нуди реални ситуации и решенија; ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Охрид времето денес сончево. Максималната температура до 26 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите. Во ...

Турнирот во мал фудбал „Петровден“ што се игра во Мешеишта оваа година ќе се одржи по јубилеен 50-ти пат. Организаторот подготви богат награден фонд од 500 000 денари од кои победникот ќе инкасира 300 000, второпласираниот 120 000, третиот 60 000, а четвртиот 20 000 денари. Пријавувањето за учество на турнирот е во тек и ќе се одвива заклучно со 14 јуни. Котизацијата за учество изнесува 5000 денари по екипа. Ждребот за групите е на 15 јуни. ...

При изведување градежни работи на автопатот во изградба Охрид – Кичево, како што дознаваме, се случила несреќа при што настрадал градежен работник од Република Кина. Работникот веднаш бил пренесен во специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, но засега не е познат карактерот на неговите повреди и како е неговата здравствена состојба. Информацијата ни ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски кој најави повеќе информации за ...

Општина Дебрца утре, 04.06.2025 год. (среда), ќе спроведе теристичка (од земја) ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и ...

ЈП„Охридски Kомуналец” на 5 јуни, четврток, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.10 и У.З.6 Горна Влашка маала, Карабегомала и населба „Христо Узунов”. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 5 јуни и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1015
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
91%
1018
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
93%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 8ᴼ
6.69
69%
1014
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
5.02
95%
1014
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.31
97%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.68
90%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
94%
1012
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.34
89%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
82%
1013
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.60028