Охриѓани и гостите синоќа имаа можност да уживаат во прекрасна глетка на небото. Последната полна месечина оваа пролет го носи името „Јагода“. Името го добила од Индијалнците, кои на секоја полна месечина и давале име во зависност од периодот во кој се појавува. Па така оваа го добила по јагодите кои се берат ова време. Јагодовата месечина доловена над Галичица низ фото објективот на фоторепортерот на Охридњуз Анамарија Момироска. OhridNews ...

Согласно Програмата за работа за оперативната 2025 год., ЈП „Охридски Комуналец” во летниот период почнувајќи од месец јуни, собирањето, транспорт и депонирањето на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот. Овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период. Секое непочитување на динамиката ќе биде пријавено до Комуналната инспекција и ќе биде соодветно санкционирано, ...

СДСМ Охрид неуморните стражари на вистината, неприкосновените толкувачи на закони и чувари на „чистиот углед“ повторно во полн сјај!, реагира на обвинувањата од СДСМ Охрид, претседателот на Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски. Смешни сте воопшто не паѓам толку ниско и нема да коментирам ниту образование, ниту училишта, текстот е јасен и посочува на сѐ кој знае правилно да чита, особено последните два дела, само жалам што не доаѓа со ...

СВР Охрид информира за два настани на физичко насилство, едниот врз малолетник, во другиот нападнато 70 годишно лице. На 10.06.2025 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со двајца малолетници од Охрид на возраст од 17 и 16 години, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00.00 часот во Охрид физички нападнале 17-годишник од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 10.06.2025 во 21.40 часот во СВР ...

ЈП „Охридски Kомуналец” на 13 јуни, петок, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 13.06.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 28 степени. Во четврток ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 15 ...

Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“. Главен предавач на средбата ќе биде м-р Јелана Петровска, библиотекар – советник од Регионална мрежа на хортикултурни библиотеки која ќе говори на тема: „Новите концепти во трансформацијата на библиотечното работење – хортикултурни библиотеки“. На тема „Охрид град на цвеќето“ – предавач ...

Водостојот на Охридско Езеро е 17 сантиметри под просекот за јуни покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според мерењата нивото е на кота од 693.48 метри надморска височина, а просекот за јуни изнесува 693.65 м.н.в. Нивото на езерото денес е 38 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 31 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 ...

Изминатиот викенд се одржа поединечно Сениорско првенство на градски стадион „Тодор Проески“ во Скопје. Љушев со солиден настап во скокачките дисциплини далечина и трискок, додека во трката на 110 м со пречки се закити со сребрен медал освојувајќи го второто место. Стефаноски го освои првото место во неговата дисциплина фрлање диск и повторно беше на подиумот со златен медал. Воедно, овој натпревар беше изборен за формирање на екипата на ...

Меѓународен турнир во кошарка – Охрид 2025 год. во организација на кошаркарскиот клуб Колибри – Охрид ќе се одржи од денес до 13 јуни во спортската сала „Билјанини Извори“. На турнирот учество ќе земат девојчиња и момчиња, генерации М10, М12, М14 и М16. Започнавме локално, па државно, а сега сме интересни за цел регион. На турнирот ќе настапат 12 екипи од Р. Србија, Р. Црна Гора, Р. Албанија и Р. С. Македонија во предвидените натпреварувачки ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температура до 27 степени. Денес и утре во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно ...

На 08.06.2025 околу 18.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул. „Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од 48 годишно лице од Република Србија и велосипед управуван од 70 годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница во Охрид, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа ...

Викендов во Штип се одржа последниот турнир во Олимписко Теквондо од првиот дел од Теквондо лигата за 2025 година, во организација на Македонската Теквондо федерација и Теквондо клуб Штип. Учество зедоа околу 250 регистрирани натпреварувачи, од 13 клубови од државава, меќу кои и ТК Хваринг Фист од Лескоец, Охрид, кој настапи со 14 натпреварувачи во 3 старосни категории ,пионери, кадети и јуниори и постигна одлични резултати. Клубот изрази ...

Oперативниот центар на Планинската спасителна служба Охрид (ПСС) утрово добил аларм за интервенција на планината Јабланица, каде женска особа се здобила со сериозна повреда на скочен зглоб. Поради комплексноста на теренот и далечината од најблискиот пристапен пат, ПСС се обрати до ЦУК со барање за воздухопловна асистенција, велат. Во меѓувреме, додаваат, еден тим од 6 спасувачи со теренско возило се упати кон планината со цел пешки да пристапи ...

Екипи на ЈП Охридски Комуналец со сезонски активности за одржување на јавната хигиена. Во оваа насока, а Согласно Програмата за работа за 2025 год., посочуваат од претпријатието, на плажата Горица 3 поставени се 10 канти со капацитет од 240 литри за депонирање на ситен отпад. На оваа јавна плажа дежурните екипи започнаа со секојдневно одржување на хигиената, а почнувајќи од месец јули ќе се постават канти и на плажите кои не се дадени под ...

Тридневен планински настан исполнет со филмски проекции, планинарски искачувања, виа ферата, еко тура, добра музика и дружење во срцето на Националниот парк Галичица насловен „Еко ехо на Галичица“ ќе се одржи во периодот од 20 до 22 јуни. Настанот е во организација на АК Патагонија и Културолошката иницијатива 5 до 12, во соработка со ЕХО Фестивал и НП Галичица, поддржано од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust), а активностите ќе се реализираат во ...

Поради топлотниот бран со високи максимални дневни температури над 30 степени, Институт за јавно здравје апелира на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. Како влијае топлото време на нашето здравје и што треба да направиме? Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, ...

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција. Преку директна комуникација секој од повредените лица и семејствата ќе може да се јават, да ги искажат своите барања кои ги имаат, како и да понудат предлози и конкретни потреби, информираат од Владата. Телефонскиот број 070 355 526 на кој ќе можат да се јават повредените и семејствата е јавно достапен, и е директна комуникација, ...

Дваесетгодишното успешно присуство на пазарот, ЛТХ Леарница го одбележа со еколошка акција во рамки на која беа засадени 20 дрва во дворот на фабриката. Целата управа, заедно со посветени вработени и поддржувачи, со ентузијазам се вклучи во оваа зелена иницијатива. Секое засадено дрво, го симболизира нашиот ангажман за здрава и одржлива иднина, велат од ЛТХ Леарница. Во духот на еколошката одговорност, ЛТХ Леарница месец јуни го прогласи за ...

Денес и утре во период од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер. Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Температура до 29 степени. Денес ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. До среда во ...

Карлос Алкараз (2) го освои Грен слем турнирот Ролан Гарос откако во драматично финале попладнево во Париз што траеше пет и пол часа, го совлада светскиот рекет бр.1 Јаник Синер, по пресврт со 3:2 (4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 7:6). Синер одлично го отвори мечот, поведе со 2:0 и имаше сигурна игра. Алкараз во третиот сет демонстрираше голема решителност и се врати во игра намалувајќи на 2:1. Драмата почна во четвртиот сет во кој Синер направи брејк и ...

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој тешко се повреди при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, попладнево им подлегнал на повредите. Смртта на несреќниот работник ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Инцидентот се случи на 3 јуни, кога работник од Кина на возраст од 52 години паднал од дрвена платформа на градилиште во близина на селото Требеништа. Тој веднаш беше пренесен во Специјализираната ...

Крилниот играч Крсте Андоновски, со Тиквеш го одигра последниот натпревар во дресот на ГРК Охрид каде ја мина целата своја кариера. Поранешниот капитен на екипата синоќа се прости од навивачите, а во знак на благодарност клубот му додели Признание за посебен придонес во ГРК Охрид. Андоновски по завршување на натпреварот со синот во рака ги поздрави верните „Рибари“ кои го скандираа неговото име. Прошталниот меч на Крсте го следеа неговото ...

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при слетување со параглајдер, 14-годишник од Прилеп удрил во канделабра. Малолетникот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ Охрид каде му била укажана помош и биле констатирани телесни повреди, соопшти СВР Охрид. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на неговиот татко. ...

Ракометарите на Охрид втора сезона едно по друго обезбедија настап во ЕХФ Европскиот Куп. Во последното коло од плеј-офот, вечерва, ГРК Охрид во салата „Билјанини извори“ убедливо го совлада Тиквеш 32:23 (18:11) и го потврди четвртото место на табелата кое води во Европа. Охрид имаше водство во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент победата на „гладијаторите“ не беше доведена во прашање. Најефикасни во редовите на победникот беа ...

Ракометарите на Охрид втора сезона едно по друго обезбедија настап во ЕХФ Европскиот Куп. Во последното коло од плеј-офот, вечерва, ГРК Охрид во салата „Билјанини извори“ убедливо го совлада Тиквеш 32:23 (18:11) и го потврди четвртото место на табелата кое води во Европа. Охрид имаше водство во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент победата на „гладијаторите“ не беше доведена во прашање. Најефикасни во редовите на победникот беа ...

Во понеделник, 9-ти јуни, во периодот од 12:30 до 14:30 часот во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи Еко пазар. Посетителите ќе имаат можност за купување од втора рака на стара и зачувана облека, со што ќе ги поддржат училиштата во нивните обиди да ја подигнат свеста за текстилната индустрија, како втор загадувач на глобално ниво, информираат организаторите. Собраните средства од пазарот и селектираните пластични шишиња ќе ...

Најфреквентната улица во градот, булевар „Туристичка” – лицето на Охрид, изгледа како да сме на периферија, а не во туристички центар, реагираат од СДСМ Охрид. Испукани тротоари, дупки на секој чекор, испакнати шахти кои претставуваат опасност и за пешаците и за велосипедистите. Едната страна од тротоарот се реновираше два пати. Вториот пат секако оваа локална власт која немајќи идеја за своја реализација, ќе го повторува она што е веќе ...

Четвртиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ ќе се одржи утре со почеток во 15:30 часот во кругот на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, под покровителство на командерија „Св.Наум Охридски“ и кошаркарскиот клуб „Колибри“. Организаторот ги повикува сите деца на возраст од 9 до 13 години да се пријават, без никаков надомест да играат и да се забавуваат во духот на хуманоста. Ги повикува и сите заинтересирани ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1015
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
91%
1018
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
93%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 8ᴼ
6.69
69%
1014
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
5.02
95%
1014
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.31
97%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.68
90%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
94%
1012
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.34
89%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
82%
1013
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.60028