Екипите на Кафе бар 9 и Хотел и Спа Инекс Олгица се пласираа во полуфиналето на 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта. Во четвртфиналето, вечерва, екипата на Кафе бар 9 го совлада Брумел со 2:0, додека Хотел и Спа Инекс Олгица со 3:1 славеше над екипата Аце Најдески. Четвртфиналето ќе биде комплетирано во четврток со преостанатите натпревари. 10.07.2025, четврток, 1/4 финале 21:00 АСП ПАК – Кампинг Љубаништа 22:00 ...

Две возила вечерва се судрија на автопатот во изградба Охрид-Кичево, во близина на Охридскиот аеродром. Несреќата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој истакна дека повеќе лица се пренесени во Специјализираната болница “Св. Еразмо” во Охрид, но засега нема потврдени информации за нивната здравствена состојба. На местото на несреќата присутни се екипи на брзата помош, противпожарната единица Охрид и сообраќајната полиција. Во ...

Со црковни церемонии претстојниот викенд во Охрид ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј. По тој повод Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, ги повикува верниците да земете молитвено учество во големите и настани. На 12 јулим сабота, во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи наречение на новоизбраниот ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и ...

Одложено судското рочиште против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за несовесно работење во службата во училиштето во Велешта и против Егзона Шеи, која во два последователни мандати ја извршувала функцијата в.д. директор, а според обвинението, се товари за фалсификување исправа. Причината за одложување на денешното рочиште е отсуство на бранителот на Мерко кој е на боледување. Најпрво беше примено барање за одлагање од сведокот, единствениот ...

Само уште четири дена остануваат до истекот на рокот за пријавување екипи на 20-то јубилејно издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2025“ , кој завршува на 13 јули. Котизацијата изнесува 4000 денари, а по истек на рокот пријавување нема да се врши, потсетуваат од организацискиот одбор Турнирот во Велгошти годинава има рекорден награден фонд од 320 000 денари. Победникот ќе инкасира 200 000 денари, второпласираната екипа ќе ...

Oтсекот за превенција при СВР Охрид реализира превентивно-едукативна активност „Носи кацига“, наменета за лицата кои управуваат велосипеди, моторцикли и електрични тротинети. Целта е, посочуваат од МВР, јакнење на свеста кај учесниците во сообраќајот за внимателно и одговорно управување со овие средства во сообраќајот. Тие беа информирани за законската обврска, но и за придобивките од користењето на заштитна опрема (кацига) при управувањето со ...

Браво мори Марто, алал да ти е, ваква навреда никој ни немат манато ко ти, а најмалку очеквевме од тебе како комесарка за проширување. Абре како само тавче – гравче, полнетите пиперки и пинџурот дека е нашиот идентитет? Еми кај ни е тука старомакедонската мусака? Еми кај ни е таскебабот, суфлакиот. Без суфлаки Гоце Делчев не тргвел в градинка. Прво то мајка му му давала па го пуштала в градинка. Ко ќе се врател го пречеквела со баклава. Некогаш ...

Веслачките на Горица Ремо со извонреден успех на Меѓународната регата Војводина опен во Палиќ, која се оддржа по 63 пат. Со 5 одличја се закитија веслачките Александра Маленкоска и Исабела Димовска, кои веслаа во мастерс категории. Тоа е категорија која ги слави оние кои продолжиле да ја негуваат својата страст за спортот, претворајќи го во активен и здрав начин на живот. Маленкоска освои бронзи во скиф мастерс Б и микс дубал со веслачот од ВК ...

Еден од најавтентичните настани во Охрид последните години, „Ој љубов, љубов“ – староградска пловидба со ВИС „Билјана” ќе се одржи и годинава по шести пат на празникот Петровден во рамки на Алтернативното културно лето што го организира Културолошка иницијатива 5 до 12. Традиционално, во 17:30 часот е збирното место на сите пловни објекти, искучиво со веслање, е плажата Канео. Се плови до Старото пристаниште – Островче и во 18:30 часот настанот ...

Сончево со мала до умерена облачноста. Во крајните западни и северни делови ќе има зголемена облачност со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 29 степени. Поради продор на посвежа ...

Екипите на Кафе бар 9 и Сатеска последни обезбедија пласман во 1/4финалето на 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта. Во завршните 1/8 финални мечеви што се одиграа вечерва, Кафе бар 9 ја совлада екипата на Гостилница Кај Мече со 2:0, додека Сатеска со 1:0 беше поуспешна од Чардак Велгошти. Помеѓу најдобрите 8 се пласираа екипите на: Брумел, Кафе бар 9, Аце Најдески, Хотел и Спа Инекс Олгица, Асп Пак, Кампинг Љубаништа, ...

Прекрасно музичко доживување донесе 4-то издание на Етно фестивалот Охрид 2025, што се одржа синоќа на летната сцена Долни сарај, во рамки на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Голема уметница Андријана Јаневска и музичките виртуози Мите Димовски – Митан, Дамир Имери, Александар Јовевски, Илија Филиповски и Благојче Трајковски имаа маестрална вечер во Охрид, со уникатна изведба на познати охридски и македонски рефрени кои разбудија ...

Прекрасно музичко доживување донесе 4-то издание на Етно фестивалот Охрид 2025, што се одржа синоќа на летната сцена Долни сарај, во рамки на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Голема уметница Андријана Јаневска и музичките виртуози Диме Митевски Митан, Дамир Имери, Александар Јовевски, Илија Филиповски и Благојче Трајковски имаа маестрална вечер во Охрид, со уникатна изведба на познати охридски и македонски рефрени кои разбудија ...

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денес во Охрид оствари средба и работен состанок со албанската делегација предводена од министерот за надворешни работи, Игли Хасани. Разговаравме за одличните билатерални односи, унапредување на добрососедските односи, економска и трговска соработка. На средбата стана збор и за процесот на интеграција во ЕУ, партнерството во рамки на НАТО Алијансата и соработката на мултилатерален план, ...

Вевчани повторно беше домаќин на голем број љубители на планинскиот велосипедизам каде успешно се одржа традиционалната Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“. Настанот го организираа Еко-свест Вевчани и Рупикапра МТБ Струга. Турата оваа година собра над 140 учесници од различни делови на државата, кои возеа низ некои од најживописните предели на планината Јабланица. Стартот беше во 09:00 часот од центарот на Вевчани, а ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h). Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над ...

Екипите на Хотел и Спа Инекс Олгица и Кафе Бар Коко вечерва изборија пласман во 1/4 финалето на 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Во ефикасен и возбудлив натпревар екипата ан Хотел и Спа Инекс ОлгиЦа го совлада Мексико со 4:3. Гол повеќе падна на вториот осминафинален меч вечерва во кој Кафе Бар Коко ја декласира екипата на Вила Мина Ќе има се со 7:1. Последните два патника во четвртфиналето ќе ги дознаеме во ...

Во организација на Месната заедница на село Велгошти и МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти на 7 јули (Иванден) во манастирот ,,Св. Петка” во Велгошти се одржа чествување по повод 124-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета. На формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите откритија е забележано дека и мајката на Узунов присуствувала на овој ...

Независните советници сметаат дека со актуелните измени на Изборниот законик коишто предвидуваат обврска за собирање повеќе од 1% потписи од електоратот за поднесување независни кандидатски листи во некои општини, се доведуваат во нерамноправна положба во изборниот процес. За нив, горенаведените измени се противуставни како од процедурален заради скратената постапка, така и од материјален аспект заради дискриминацијата. Тие очекуваат од ...

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на У.З.Стар Град, како и правните субјекти кои својата дејност ја обавуваат во овој дел од градот, да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад. Правните субјекти задолжително имаат обврска отпадот да го депонираат и да го оставаат за подигнување во пластични канти за отпад најкасно до 06:00 часот наутро. Доколку отпадот се остави надвор од ...

Во текот на вчерашниот ден во заедничка контрола на инспектори од Капетанија на Пристаништа Охрид, Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид, направени се зајакнати мерки и активности согласно Законот за Внатрешна пловидба во период од 14 до 20 часот, соопшти Министерството за транспорт. Од таму додаваат дека се контролирани 13 пловни објекти и 13 физички лица и се констатирани 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба. ...

На 06.07.2025 година околу 20 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од СВР Охрид, од сообраќај исклучиле 32 годишно лице од охридското село Велестово. Тој бил затекнат дека управува моторно возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, под дејство на алкохол со 1,60 промили алкохол во крвта. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 06.07.2025 година во 22 часот, на улицата ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Игли Хасани. Муцунски денеска е во работна посета на Хаг, каде е предвидена средба со неговиот домаќин, шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп. Муцунски најави дека деновиве ќе биде и домаќин на катарскиот министер, а неделата ќе ја заокружи со учество на „Дубровник форумот“. Продолжуваме во ...

Водостојот на Охридско Езеро е 13 сантиметри под просекот за јули покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според мерењата нивото е на кота од 693.45 метри надморска височина, а просекот за јули изнесува 693.58 м.н.в. Нивото на езерото денес е 35 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 28 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Попладне со услови за дожд, Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. Денес и утре ќе се задржи многу топло ...

Под мотото „Ракометниот терен е мојот свет“, вчера попладне стартуваше четвртото издание на ракометниот камп „40х20“ во Охрид. По пристигнувањето, сместувањето и задолжувањето со опрема, деведесет момчиња и девојчиња од четири земји веќе ги одработија и првите попладневни тренинзи на брегот на Охридското Езеро. Во текот на следните шест дена, децата на возраст од 7 до 17 години ќе имаат можност да ги усовршуваат своите ракометни вештини, да ...

Екипата на Кафе бар 9 е последниот патник во нокаут фазата на 50-то јубилејно издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Во мајсторката што се одигра вечерва, Кафе бар 9 после изведувањето пенали со 3:2 ја совлада екипата на Бел Мерцедес, откако во регуларниот тек мечот заврши 1:1. Екипата на Кафе бар 9 е последниот патник во нокаут фазата Вечерва се одиграа и две средби од осминафиналето. Екипата на Аце Најдески со 3:1 ја ...

На 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта се играат натпреварите од нокаут фазата, а познати се првите четвртфиналисти. На програмата синоќа беа две средби од осминафиналето во кои победи славеа екипите на Кампинг Љубаништа и Брумел кои продолжуваат во нокаут фазата. Резултати 1/8 финале, 05.07.2025 Кампинг Љубаништа – Инитали 4:0 Топлина – Брумел 2:3 Осминафиналните пресметки продолжуваат вечерва со две средби на кои ...

Вчера попладне во 18.21 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за лицето М.Ј.(70) од Скопје а смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според првичните информации од истрагата, лицето имало ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
87%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
95%
1017
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
92%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
4.63
69%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.62
94%
1013
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
91%
1012
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
94%
1012
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
0.89
87%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
82%
1013
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.59948