Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. ...

Честа да го отворат јубилејното 20-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2025“, ја имаа екипите на Кафе бар 9 и Дооел Ноче. Победникот од минатата година, Кафе бар 9, славеше со 1:0. На отворањето на турнирот се одиграа четири натпревари на кои беа видени 14 гола, или нешто над три по натпревар. Резултати 16.07.2025 Кафе бар 9 – Дооел Ноче 1:0 Бурекџилница Гока – Ресорт Бате Боле 0:4 Ресен – Фк Куршум Лакочереј 7:1 Стоматолошки ...

Деведесет пријави за неправилности во здравствениот систем од граѓани од сите градови, а најмногу од Скопје, досега се евидентирани на веб страницата на Министерството за здравство. Во рамки на новата логика што ја градиме во здравството – логика на транспарентност и отчетност – веќе активно функционира Алатката за пријавување неправилности, преку која граѓаните можат директно да пријават проблеми во системот. Досега регистрирани се 90 пријави, ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување огнено оружје“. При претрес во домот и помошни простории, кои ги користел, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа еден пиштол, една пушка, две ловечки пушки, 1 ...

На 2 август традиционално по 46-ти пат во водите на Охридското Езеро ќе се одржи малиот Илинденскиот пливачки маратон во организација на П.К. “Охридски бранови 2008”-Oхрид . Како и секоја година патеката започнува од плажата Горица до кејот на Охридското Езеро (пред х.”Ривиера”). Патеката изнесува 2,5км., а пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години, информираат од клубот. ...

На црковна церемонија што се одржа во храмот Св. Софија во Охрид, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го востоличи новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј. По тој повод се одржа божествена литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Стефан во сослужение со членови на Светиот архиерејски синод на МПЦ. Атмосферата од светиот чин кој зрачеше со духовност ја долови охридската ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 32 степени. Утре ќе се задржи многу топло ...

„Заштити се од кражби и џебни кражби“ е превентивно – едукативната кампања што Отсекот за превенција при СВР Охрид интензивно ја спроведува во екот на туристичката сезона со цел заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти. Полициски службеници од Отсекот за превенција на различни локации во градот остваруваат средби со граѓаните и туристите и низ кратки разговори ги ...

Натпреварите од 20-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2025“ почнуваат утре, 16 јули. На првиот ден на програмата ќе бидат четири натпревари, а турнирот ќе биде отворен со мечот помеѓу бранителот на трофејот Кафе бар 9 и Дооел Ноче со почеток во 20 часот. Распоред на натпревари 16.07 (среда): 20:00ч Кафе бар 9 – Дооел Ноче 21:00ч Бурекџилница Гока – Ресорт Бате Боле 22:00ч Ресен – Фк Куршум Лакочереј 23:00ч ...

НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид објави повик за учество на фестивалот „Охридски староградски средби“. Сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци што ги негуваат староградските фолклорни традиции можат да аплицираат, велат од Центарот. Посочуваат дека пријавите за учество на фестивалот треба да се достават на маил адресата од Центарот за култура: [email protected] или по пошта на следнава адреса: НУ Центар за култура ...

На 14.07.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга од слобода лишија 69 годишно лице од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „Browing“ со калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми, кои нелегално ги поседувал. Воедно, поради предвидено поведување управна постапка, одземени се и 164 куршуми, две ловечки пушки, еден пиштол и едно пневматско оружје, за ...

Утре со почеток 19:00 часот на плажата Сараиште ќе се одржи концерт во спомен и чест на Андреј Лаброски. Почитувани пријатели со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан, влезот е слободен но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за набавка на медицинска опрема за педијатриското одделение во Општа Болница Охрид, велат од ВИС „Билјана“. Посочуваат дека со оглед на тоа што ...

Советот на општина Охрид следната недела во понедленик, 21 јули, во општинската зграда ќе ја одржи педесет и деветтата седница. На Дневен ред се 16 точки, меѓу кои одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта во општина Охрид, како и за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОСУ„Св.Климент Охридски“- Охрид. Советниците ќе одлучуваат и за отстапување на користење недвижен имот на ...

Младата охридска пливачка Девран Куртис од пливачкиот клуб „Три Дисциплини“ -Струга освои сребрен медал на летното Национално првенство по пливање кое изминатиов викенд се одржа во Скопје. Во дисциплината 50 метри делфин, во категоријата постари пионери, Куртис оствари извонреден резултат од 304 бода, со што заостана само половина секунда зад златниот медал. Куртис бележи и низа успеси на поседните неколку натпревари. Имено, на 11TR ...

Црквата денес се сеќава на двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, кои живееја во петтиот век, во времето на императорот Лав Велики. Во една прилика тие тргнаа на поклоничко патување по Палестина. Во градот Назарет ја најдоа горната облека на Пресвета Богородица, што ја чуваше некоја правоверна Еврејка. Многумина се исцелуваа само со допир до облеката. Галвиј и Кандид ја зедоа ризата на Богородица и ја донесоа во Цариград, каде ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 31 степен. Во следните два дена ќе преовладува сончево и многу топло време со мала ...

Менди Ќура како независен кандидат поддржан од ВЛЕН и неофицијално Зијадин Села како кандидатот на Европскиот фронт поддржан од ДУИ ќе ја водат трката за градоначалник на Струга. Коалициските партнери се согласиле ДУИ да се откаже од кандидатурата на Рамиз Мерко во Струга. Менди Ќура во најавата на својата кандидатура посочи дека влегува во трката за градоначалник на Струга како независен кандидат како одговор на барањата од бизнис заедницата и ...

Автопатот Кичево–Охрид е најдобар пример за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги започнува проектите со цел само да се сликаат и да се пофалат, без основен проект, без испитувања и без решени клучни прашања, реагираат од СДСМ. Кога СДСМ го презеде проектот во 2017 година, на терен затекнавме само околу 30% прогрес на работите, нерешена експропријација, свлечишта на косините, без изработени клучки и со куп сериозни проблеми. Поради грешките на ВМРО-ДПМНЕ, ...

По вчерашното пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево-Охрид, делницата Врбјани-Ботун денес група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода остварија средба со градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, на која истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата, бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села, односно живеалишта со автопатот. Како ...

По вчерашното пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево-Охрид, делницата Врбјани-Ботун денес група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода остварија средба со градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, на која истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата, бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села, односно живеалишта со автопатот. Како ...

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва. Лудва, посочуваат од Општина Охрид, го изрази своето воодушевување од убавините на Охрид кој плени со своите културно историски знаменитости и е привлечна туристичка дестинација во регионов. Двете страни разменија мислења околу идните чествувања посветени на Светите браќа Кирил и Методи со можност чешки ...

Младите македонски едриличари до 14 години стекнаа драгоцено искуство на Светското првенство во едрење во класата Оптимист кое се одржа во Порторож, Словенија и собра над 280 млади натпреварувачи од 64 држави. Македонија настапи со четири претставници, кои успешно ја завршија регатата, стекнувајќи вредно меѓународно искуство и спортска мотивација за натамошен развој. Пласман на македонските натпреварувачи: Во генералниот пласман по нации, ...

На јубилејното 20-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2025“ ќе учествуваат 29 екипи распределни во 8 групи. На турнирот пријавени се исклучитечно силни екипи што е добра најава за натпреварите кои претстојат. Распоред на групи на турнирот Велгошти 2025: Група А: 1. Кафе бар 9 2. Дооел Ноче 3. Фурна Настоски и Форт кафе 4. Гранит X Група Б: 1. Бел Мерцедес 2. Екстра Скопско 3. Кафе бар Коко 4. Типлери Група Ц: 1. Чардак ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид, ги известува своите православни верници дека на утре, 15 јули, ќе има Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца, по повод празникот „Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна. Утрената богослужба започнува во 7:30 часот, додека од 09:00 часот Света Архиерејска литургија на ...

Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 32 степени. Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен утре, кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. ...

Денеска истекува рокот за пријавување екипи за учество на јубилејното 20-то издание на турнирот во мал фудбал Велгошти 2025. Котизацијата за учество изнесува 4000 денари, а наградниот фонд на турнирот е 320 000 денари. Победникот ќе инкасира 200 000 денари, второпласираната екипа ќе добие 80 000, третопласираната 30 000, а четвртопласираната 10 000 денари, информира организаторот. Ждрепката на групите ќе се одржи вечерва во домот на култура ...

На црковна церемонија што се одржува во храмот Св. Софија во Охрид, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го востоличи новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј. По тој повод се одржа божествена литургија со која чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски Стефан во сослужение со членови на Светиот архиерејски синод на МПЦ. Овие благословени собитија се од непроценлива важност за сета полнота на ...

Охридското семејство Климоски повеќе од две децении живее во Италија, земја која им ги отвори вратите и е нивни втор дом. Талентот и духот што го носат луѓето од нашите краишта, младите сестри Мила и Марија го демонстрираат на најдобар можен начин. Овие одлични ученички се уште подобри спортистки. Мила со успех се пробива во одбојката – национален спорт во Италија кој е веднаш зад Калчото и Палаканестрото (фудбалот и кошарката), a Марија во ...

Финалето на 50-то јубилејно издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“ донесе одличен фудбал во кој уживаше илјадната публика. Во меч полн со возбудувања и убави потези, екипата на АСП ПАК од Охрид сосема заслужено славеше над Кафе Бар Коко од Скопје во чии редови има неколку футсал репрезентативци на Македонија, со убедливи 4:0. Првото полувреме мина во тактичко надмудрување. Иако немаше голови, беше виден допадлив фудбла. АСП ...

Во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид се одржи наречение на новоизбраниот архиереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј. На Наречението чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со членови на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. По завршувањето на овој свечен чин следуваше заедничка ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
94%
1013
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1017
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
70%
1012
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.2
95%
1013
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.47
88%
1017
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
91%
1012
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
94%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
94%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
94%
1011
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
85%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1013
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.59948