
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Умерено до значително облачно. Од пладневните часови претежно во западните делови ќе има повремен локален слаб дожд, на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Во Охрид времето денес претежно облачно со услови за повремени врнежи од слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо ...
Во периoдот од 3 до 9 февруари во државава пријавени се 2.880 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, за 5,1% помалку во споредба со претходната недела, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 6-та недела од минатата сезона е зголемен за 53,6%, а во споредба со бројот за 6-та недела од типичната епидемиска крива зголемен е за 11,4%. Пријавената инциденца е над неделната ...
По повод изјавите кои деновиве ги читаме околу промена на државниот грб, Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава. Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес, но и на уште многу други места и е заштитен со голем број меѓународни конвенции, велат. Додаваат дека доколку се постави рисот, се ...
На 12.02.2025 во 14.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај девијација с.Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 34 годишно лице од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа ...
Општина Охрид објави јавен повик за избор на младинска организација или организација на млади која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид. Младинскиот центар е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други апекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско ...
Х-поврзана јувенилна ретиношиза е состојба која се карактеризира со оштетен вид што започнува во детството и се јавува исклучиво кај мажите. Ова нарушување влијае на мрежницата, која е специјализирано ткиво чувствително на светлина што го обложува задниот дел на окото. Оштетувањето на мрежницата ја нарушува острината на видот (визуелната острина) на двете очи. Типично, Х-поврзаната јувенилна ретиношиза влијае на клетките во централната област ...
Променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во планинските региони ќе има услови за повремен локален слаб снег, а на места во западните и северните делови повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. Ќе продолжи период на променливо ...
На 11.02.2025 во 15.55 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода лишија 41 годишно лице од Струга, вработен во фабрика за производство на медицински канабис. Од него е одземено едно пакување со кафеава материја, која е пронајдена кај него од работник на обезбедување при излез од фабриката. По целосно документирање на настанот, ...
Денеска во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ професор д-р Гордана Такец ги промовираше стихозбирките „Капка среќа“ и „Наслед(е)на љубов“ од авторката Дана Тембелеска. Промоцијата ја отвори и присутните гости од Битола и Охрид ги поздрави директорката на Библиотеката, Христина Трпеска. Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подброто утре, а во втората книга на пиедесталот е татковината – Македонија. Повеќе прозно ...
Во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во село Подмоље во должина од 380 метри и ширина од 3 метри. Вкупната вредност на проектот е 2.416.000 денари, а средставата се обезбедени преку Јавниот повик за финанасирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа. Подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид е наш приоритет и во текот на наредниот период ќе продолжиме да ...
Спречен обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана во рамки на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници. При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога марихуана, за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење. Според првичните информации ...
Избраниците во народното Собрание тешко се откажуваат од привилегиите. Ниту овој парламентарен состав не ја поддржа иницијативата за кратење на патните трошоци и покрај реакциите во јавноста за високите суми кои се исплаѓаат од буџетот за оваа намена. Пратениците не ја изгласаа иницијативата што ја поднесе Левица за намалување на износот на патните трошоци. Реагираше лидерот на партијата и пратеник, Димитар Апасиев, кој на Фејсбук на колегите ...
Министерството за економија утре или најдоцна задутре треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи до Владата. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши изјави дека ќе бидат опфатени производите од есенската потрошувачка кошничка надополнети со непрехранбени производи кај кои се зголемени високи маржи. Ќе има околу 100 групи на производи. Ќе се додадат и непрехранбени производи затоа што ...
Реал Мадрид со пресврт во финишот славеше на Манчестер Сити на гости со 3:2 и со предност ќе ги пречека „граѓаните“ на реваншот што ќ е се одигра на 19 февруари, идната среда, во Шпанија. Сигурни во првите мечеви од шеснаесеттина-финалето беа и ПСЖ, Борустија Дортмунд и Јувентус. Резултати ЛШ 1/16 финале први средби: Брест – ПСЖ 0:3 Јувентус – ПСВ 2:1 Манчестер сити – Реал Мадрид 2:3 Спортинг – Борусија Дортмунд 0:3 Вечерва на програмата се ...
Во декември минатата година во државава се издадени 287 одобренија за градење, што е за 2.0 % помалку во однос на истиот месец од 2023 година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари, што е за 22.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Во Охрид, во декември 2024, биле издадени 6 одобренија за градба, три на физички лица ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, посочуваат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за ...
НАСА набљудува досега невидена планета, која е осум пати поголема од Земјата. Егзопланетата, наречена GJ 1214 b, првпат беше откриена во 2009 година од телескопот Хабл, но благодарение на телескопот Џејмс Веб, научниците сега добија нови сознанија за нејзиниот состав. GJ 1214 b е класифицирана како под-Нептун планета поради нејзината големина – термин што се користи за планети помали од Нептун, но поголеми од Земјата. Овој тип планети, со ...
Во рамки на 18 коло од Супер лигата ракометарите на Охрид ја пречекува екипата на РК Еурофарм Пелистер. Во недела го играме првиот официјален меч на домашен терен во оваа полусезона, ни доаѓа шампионот на Македонија. Ние ќе го дадеме максимумот за да издвојуваме што подобар резултат. Ги повикувам охриѓани и навивачката група „Рибари“ да дојдат во недела во што поголем број да ни дадат поддршка и да уживаат во ракометниот натпревар, вели пикерот ...
Хепатоцитен нуклеарен фактор 1 Бета-асоцирана болест (HNF1β асоцирани болести) се група генетски состојби кои влијаат на бубрезите, како и на другите органски системи. Болеста поврзана со хепатоцитен нуклеарен фактор 1β (HNF1β) од неодамна е препознаена како клинички ентитет со променлив, мултисистемски фенотип. Мутациите на HNF1β за првпат биле опишани во 1997 година како ретка генетска причина за дијабетес кај младите и дисфункција на ...
Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има појава на повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. Попладне, во текот на ноќта и во четврток претежно во планинските ...
На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, информира вицепремиерот Александар Николоски. Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување. Специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, ...
Продолжувајќи со интензивираните активности во делот на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, вчера полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземјаќи мерки согласно Законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила, на ниво на цела држава како резултат на превземените активности издадоа вкупно 909 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони. Истовремено, во текот на ...
Во фудбалската лига на шампиони вечерва се играат првите шеснаесетфинални средби. На програмата се четири натпревари во кои се среќаваат: Брест – ПСЖ (18:45) Јувентус – ПСВ (21:00) Манчестер сити – Реал Мадрид (21:00) Спортинг – Борусија Дортмунд (21:00) Уште четири натпревари се играат утре вечер, а се среќаваат: Клуб Бриж – Аталанта (18:45) Монако – Бенфока (21:00) Селтик – Баерн М. (21:00) Феенорд – Милан (21:00) Реванш средбите се ...
Донесено решение за доделување средства од буџетот на Општина Охрид за 2025 година преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид за спортските клубови, здруженија, спортски манифестации и настани. Се задолжува Одделението за спорт, млади и невладини организации да подготви договори со сите спортски клубови и здруженија на кои им се доделени субвенции за користење на терените на ЈП „Билјанини ...
Со изложбата „Мир во стиловите“ со модни дизајни на Азра Демиши, организирана од меѓународната уметница Лида Шерафатманд, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ја одбележува Светската недела на меѓуверска хармонија. Во склоп на изложбата се одржa и предавање со наслов „Разбирајќи го модниот стил со цел ослободување од предрасудите“ од страна на Шерафатманд. Целта на настанот, според Шерефатманд, е да се инспирира простор за лични ...
Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во декември 2024 година државава ја посетиле 55 371 турист, од кои 38.5 % биле домашни, а 61.5 % странски туристи. Во декември 2024 година биле остварени 113 490 ноќевања, од кои 41.2 % од домашните туристи, а 58.8 % од странските. Најбројни биле туристите од Турција, Бугарија и Србија, покажуваат податоците на ДЗС. Споредбено со декември 2023 година бројките говорат дека во 2024 година ...
На 10.02.2025 околу 17.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од ул.„Мислешески пат“ и ул. „Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 51 годишно лице од Струга и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28 годишно лице од Скопје, сопственост на МВР. ...
Утре од 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостува поетесата Дана Тембелеска. Профсор д-р Гордана Такец ќе ги промовира двете нови стихозбирки на Тембелевска со наслов: „Капка среќа“и „Наслед (е)на љубов“а авторката сама ќе ги чита сопствените стихови. Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подброто утре, а во втората книга на пиедесталот е татковината – Македонија. Повеќе прозно отколку лирски ...
Викендов намерно е опожарен дел од Белчишко Блато, велат од Здружението за зачувување и истражување на животната средина Охрид / Дебрца „Екотуризам“. Посочуваат дека на 4 места и изгорена е трска и ниска вегетација на површина од околу 7 хектари. Интервенирано е од охридската противпожарна единица, а органите на МВР извршија увид. За скоро ќе биде инсталиран видео надзор и ќе го минимизираме уништувањето на природното богатство, посочуваат од ...
Овој синдром првично бил опишан од страна на педијатарот Гунар Б. Стиклер во 1965 година, како наследна, прогресивна артро-офталмопатија. Стиклеровиот синдром е системско нарушување на сврзното ткиво кое се карактеризира со неисправно производство на колаген. Состојбата е вообичаено поврзана со офталмолошки манифестации, вклучувајќи абнормалности на стаклестото тело, вроден мегалофталмус, радијална периваскуларна дегенерација на ретиналната ...