
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ...
Опожарен оџачки канал денес напладне на зграда на булевар „Туристичка“. По добиената пријава на терен интевренираше екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид. Опожарен е оџачки канал во зградата. Интервенирано е со едно возило и четворица пожарникари, информира командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски. Постојани се апелите од надлежните за редовно одржување на оџачките канали, но бројките говорат дека години наназад има скоро исто ...
Во текот на седмата недела од 2025 година во државата се пријавени 2726 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип што е за 5,3% помалку во споредба со претходната недела. Споредбено со истиот период минатата година бројот е зголемен за 97%. Оваа недела како и претходната недела имаме намалување споредбено со неделата претходно, но во однос на неделата со минатата сезона имаме драстично зголемување на бројката. ...
Постериорна уретрална валвула (ПУВ) е конгенитална аномалија која ги зафаќа машките новороденчиња. Истата вклучува присуство на абнормални мембрани на ткивото во уретрата кои прават опструкција или го блокираат нормалниот проток на урина водејќи до разни компликации, од кои карактеристична е задршката на урина која води до ретроградна дилатација на уретерите и бубрезите што како резултат води до нивно оштетување. ПРЕВАЛЕНЦА – постериорната ...
Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува денес со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски. Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Претставата се игра со почеток во 20.00 часот, а картите по цена од 300 денари може да се купат на Билетарата при ...
Во координирана заедничка акција на ЈП „Охридски Комуналец“ со НП Галичица и волонтери – месно население и членови од Здружението на љубители и подржувачи на НП Галичица беа расчистени мапирани диви депонии на три локации во с.Трпејца. Со вонреден ангажман на сите учесници во оваа акција беа подигнати 22 м3 отпад, каде најзастапен беше кабаст отпад. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме во подигнувањето на јавната еко-култура за зачувување ...
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Во Охрид времето сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени. Продолжува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а од сабота попладне облачноста ќе ...
До крајот на следната година ќе имаме целосно функционален автопат од Кичево до Охрид, а Владата ќе разговара директно со УНЕСКО за да се утврди кое решение ќе биде најсоодветно за зачувување на заштитениот статус на Охридското Езеро и регионот, рече вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски при денешната посета на компанијата „Костал“ во Охрид. Ветив и до крајот на следната година ќе имаме целосно фунционален автопат од ...
Реновиран Одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа болница Охрид. Со зафатот, како што информираат од Болницата, било опфатено осовременување на болничките соби, работните простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешната столарија. Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти како од нашиот град така и од регионот, кои добиваат амбулантска и ...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со годишната програма за работа финансирана од Министерството за култура и туризам за оваа 2025 година на располагање ќе има 450 000 денари за набавка на нови наслови од сите области. Библиотеката континуирано го збогатува својот книжен фонд преку набавка на актуелна литература од македонски издавачи. Ви оставаме простор почитувани читатели и вие да се вклучите со ваши предлози на наслови кои сакате да ги ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес кај него и во неговиот дом во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа кокаин, информираат од СВР Охрид. СВР Охрид поднесе кривична ...
Ресторанот „Лихнидија“ во населбата Св. Стефан на уникатен начин се грижи за своите гости. Надвор од сезоната „Лихнидија“ лансираше промотивно мени со атрактивна понуда и пристапни цени. До 10 февруари во ресторан „Лихнидија“ има промотивни цени на повеќе пијалаци и јадења, а изборот е за сечиј вкус и секој џеб. Ресторанот „Лихнидија“ на брегот на Охридското Езеро во населбата Св. Стефан“ е отворен секој ден од 08 до 00 часот, а викенди до ...
Сотосов синдром претставува нарушување кое се карактеризира со специфичен изглед на лицето кое е долго и тесно, со високо чело, зацрвенети образи, мала зашилена брада, прекумерен раст во детството, нарушување на интелектуалниот развој. Овој изглед на лицето е најзабележителен во раното детство. Засегнатите доенчиња и деца имаат тенденција да растат брзо; тие се значително повисоки од нивните браќа, сестри и врсници, и имаат невообичаено голема ...
Ракометарите на Охрид во 19 коло што на програмата е претстојниот викенд, му гостуваат на Тинекс Пролет во Скопје. Овој меч е важен за „гладијаторите“ за рехабилитација по поразот од Е. Пелистер во дербито и задржување на чекорот со водечките на табелата. Треба да го заборавиме поразот од Пелистер бидејќи веќе во сабота не очекува гостување во Скопје кај екипата на Тинекс Пролет. Наше е да се подготвиме и да одиграме добар натпревар за да ...
Преку денот сончево со мала до умерена облачност поголема претпладне и во западниот дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и ...
Италијанските претставници Милан и Аталанта доживеаја елиминација во баражот за пласман во 1/8 финалето од Лигата на шампиони, а фаворитите Баерн Минхен и Бенфика со многу среќа обезбедија пласман во наредната рунда. Лига на шампиони бараж реванш средби 18.02.’25: Милан – Феенорд 1:1 (0:1)* Аталанта – Клуб Бриж 1:3 (1:2) Баерн М. – Селтик 1:1 (2:1) Бенфика – Монако 3:3 (1:0) *Во заграда се резултатите од првите натпревари. Вечерва се играат ...
Отсекот за превенција при СВР Охрид реализираше превентивно-едукативната кампања под мотото – „И јас и ти сме пешаци“, чија што цел беше подигнување на степенот на безбедносна култура кај пешаците, како учесници во сообраќајот, за одговорно однесување и зголемена внимателност при преминување на коловозите со интенција да се придонесе за повисока безбедност во сообраќајот и избегнување на сообраќајни незгоди. Притоа, полициски службеници од ...
Отсекот за превенција при СВР Охрид реализираше превентивно-едукативната кампања под мотото – „И јас и ти сме пешаци“, чија што цел беше подигнување на степенот на безбедносна култура кај пешаците, како учесници во сообраќајот, за одговорно однесување и зголемена внимателност при преминување на коловозите со интенција да се придонесе за повисока безбедност во сообраќајот и избегнување на сообраќајни незгоди. Притоа, полициски службеници од ...
Започнувајќи од денеска Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница, информираат од Министерството за внатрешни работи. Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот. Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, ...
Денеска на програмата се четири реванш натпревари за пласман во 1/8 финалето од фудбалската Лига на шампиони. Италијанските претставници Милан и Аталанта ќе бркаат негатива од првите средби, а Баерн Минхен и Бенфика ќе се обидат да ја одбранат предноста стекната на гостински терен. Лига на шампиони бараж 18.02.’25: Милан – Феенорд (0:1) Аталанта – Клуб Бриж (1:2) Баерн М. – Селтик (2:1) Бенфика – Монако (1:0) Утре вечер се играат уште четири ...
Нови улици на кои ќе се доделуваат канти за селектирање отпад со што се продложува реализацијата на проектот за селектирање на отпадот, со проширување на опфатот на покриеност на услугата. Кантите се донацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање и тоа жолти садови за депонирање отпад од пластика и сини садови за депонирање отпад од хартија. Ј.П.„Охридски Комуналец” во соработка со Општина Охрид ќе започне со доделување ...
Вертикален талус претставува тешка деформација со ригидно рамно стапало, кај кое имаме дорзална дислокација на навикуларната коска и еквино-валгус на калканеусот. Преваленцата изнесува 1:10 000 новородени, подеднакво и кај машкиот и женскиот пол, обично билатерално, на двете стапала. Во 50 % од случаите, деформитетот е изолиран, додека другата половина е во склоп на некој синдром. ЕТИОЛОГИЈА Причините за настанување се неразјаснети. Најчесто ...
Фуриозен старт на новата сезона за 2025 година на ЏК “Дрим” Струга освојувајќи 22 медали во еден викенд. ЏК „Дрим” Струга настапи во Романија на меѓународниот натпревар „Дробета Куп” со 6 џудисти на кој се закити со 3 медали и на меѓународниот натпревар во Грција „Аминдео” со 19 џудисти на кој имаа 100% учинок со освоени 19 медали. ЏК „Дрим” Струга им го честита овој одличен и извондреден резултат на своите џудисти. Со ваквиот вообичаен ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локална појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 7 степени. Од утре облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои ...
Подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот, а пред се кај возачите, што ќе придонесе за повисока безбедност во сообраќајот е целта на кампањата „Не пиј ако возиш-ако пиеш не вози“ што ја реализира Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и Струга. Полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициските ...
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со оваа одлука цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 ден/лит. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 80,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82,00 ден/лит, додека Екстра ...
Подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот, а пред се кај возачите, што ќе придонесе за повисока безбедност во сообраќајот е целта на кампањата „Не пиј ако возиш-ако пиеш не вози“ што ја реализира Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и Струга. Полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициските ...
Воска Спорт со победа го започна вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Вчера на СРЦ „Билјанини извори“ во директен дуел за опстанок во лигата Воска Спорт ја совлада Беса со 2:0 со головите на Зуљ во 73 и на Осеи во 77 минута. Со оваа победа Воска Спорт го прескокна директниот конкурент на табелата и сега охридскиот прволигаш е десетти со 15 бода колку што има и Тиквеш, веднаш над зоната за испаѓање во која се Вардар и Беса со по ...
Постапката за измена на Законот за локална самоуправа се очекува да заврши до летото оваа година, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Подготвени сме да преминеме во следната фаза, односно во креирање на предлог измените на Законот за локална самоуправа и веднаш потоа, истите да ги доставиме до парламентот на дополнителни консултации со сите парламентарни политички партии, за да влеземе во фазата на валидизација, односно на ...
Постапката за измена на Законот за локална самоуправа се очекува да заврши до летото оваа година, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Подготвени сме да преминеме во следната фаза, односно во креирање на предлог измените на Законот за локална самоуправа и веднаш потоа, истите да ги доставиме до парламентот на дополнителни консултации со сите парламентарни политички партии, за да влеземе во фазата на валидизација, односно на ...