Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Во тек се активности за асфалтирање и подготивителни активности за асфалтирање на неколку улици и краци од улици на територија на Општина Охрид. На крак од улицата „Дејан Војвода“ во моментов се врши асфалтирање, додека на улицата „Александар Турунџев“ се одвиваат подготвителни активности за асфалтирање. Продолжуваме со активности за подобра инфраструктура во Охрид, велат од Општина Охрид. За првата улица, посочуваат, средствата се обезбедени ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали повторно ќе може да се очекува линеарно зголемување на пензиите оваа есен, како и кои законски измени треба да се донесат, информираше дека очекува такво зголемување. Тоа е барање, рече што до Владата беше упатено од пензионерите. Да, јас тоа веќе го најавив дека очекуваме линеарно зголемување на пензиите. Тоа го бараат практично пензионерите од ...
Еден од најбараните виолончелисти на денешницата, Даниел Милер-Шот од Германија, вчеравечер беше дел од концертната програма на фестивалот Охридско лето“ изведувајќи дела од композиторот Јохан Себастијан Бах. Тој е присутен на сите големи концертни подиуми и веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност. Настапот на ...
Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени. До сабота (26.07) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во ...
Проектот за пречистителната станица во Трпејца, кој вие само го спомнувавте во кампањи, конечно по 50 години е во фаза на реализација со обезбедено финансирање од 68 милиони денари, тендериран со избран изведувач, реагираат од ВМРО ДПМНЕ Охрид на обвинувањата од СДСМ Охрид. Само да ве потсетите дека седум пати го одбивавте амандманот за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Трпејца. Проектот вклучува само ...
Денес сакаме да ги потсетиме трпејчани и охриѓани на едно ветување кое актуелниот градоначалник Кирил Пецаков го даде пред скоро четири години: изградба на пречистителна станица, велат од СДСМ Охрид. Иронично и тажно во исто време – на крајот од својот мандат, без ни трошка одговорност или срам, тој гордо изјавува: „Проектот за изградба на пречистителна станица во Трпејца е тендериран и избран е изведувач кој започнува со изградба.“ Четири ...
Денеска во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи. Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20 јули до 31 август. Она што ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница која за месец јули 2025 година изнесува 65.328,00 денари, а споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец јуни 2025 год. која изнесува 64.698,00 денари е зголемена за 630,00 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати, посочуваат од ССМ, за месец јули изнесува 80.703,00 денари. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во моментов има зголемена фреквенција и проток на патници и возила на Граничниот премин Богородица-Евзони кон Р.Грција. Отворени се пет ленти за излез од Р.С.Македонија и пет ленти за влез во Р.С.Македонија. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на ...
Сместен помеѓу блескавото Јадранско Море и прекрасните ридови на словенечкиот брег, градот Изола секое утро се буди со мирис на сол и бор. Низ кривулестите улички од кои се издигаат пастелни куќички шепотат приказни за венецијанските трговци, рибари и уметници опиени од неговата убавина Секое лето, Изола е полна со живот. Мештаните и гостите се собираат по шеталиштето каде што морето го бакнува стариот град, уживајќи во зајдисонцата што го ...
Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Во Охрид времето сончево и многу топло слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ во текот на седмицава времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C. OhridNews ...
По ден пауза вечерва продолжија натпреварите на турнирот во мал фудбал Велгошти 2025. Се одиграа четири натпревари на кои беа постигнати 15 гола. Пораз забележа освојувачот на трофејот од минатата година, Кафе бар 9 кој загуби од Гранит Х. Резултати 20.07.2025, недела Аце Најдески – Ресорт Бате Боле 3:1 Инекс Олгица Хотел и Спа – Б3 Груп 3:1 Кафе бар 9 – Гранит Х 0:1 Чардак Велгошти – Хотел Тино 5:1 Турнирот продолжува во понеделник со четири ...
49-годишно лице од село Волино вчера се удавилo во водите на Охридско Езеро во близина на Струга, информираат од СВР Охрид. Во 16:30 минути во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно машко тело. По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за 49-годишно лице од селото Волино, општина Дебрца кај кого, екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без ...
Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ги започнаа подготовките за новата сезона. Од клубот велат влегуваат во новата сезона со јасна цел – ПРВА ЛИГА! Со стартот на подготовките за сезоната 2025/26, нашиот клуб влегува во ново поглавје исполнето со енергија, посветеност и љубов кон фудбалот. Тимот веќе тренира со висок интензитет, со јасна цел – да ја донесе радоста на фудбалот назад во нашиот град. Посочуваат дека во следните недели ќе се одиграат ...
Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од денес заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Како што посочуваат од српското Министерство патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства. Согласно истиот предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на ...
Утре со почеток во 18:30 часот во Македонскиот културен центар во Софија, а по повод 20 години од неговото отворање ќе биде претставено поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски. Димоски е автор на петнаесет поетски книги, шест книги за деца и четири книги со есеи. На бугарски јазик до сега му се преведени три книги: „Зборови и вода“, „Последните ракописи“ и „Јазичен триптихон“. На други јазици му се преведени дваесет книги, а поединечни ...
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. UV=9 Во Охрид времето денес сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ во текот на новата работна ...
Секторот за внатрешни работи Охрид ја реализираше превентивната кампања „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од Секторот за образование при локалната самоуправа, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2025“, во Охрид, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде, ...
Велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ од Струга денес организира ноќна велосипедска тура околу Охридското Езеро. Годинава, велат организаторите, ноќната вело тура има хуманитарен карактер и ќе се вози под мотото „Сите за нашиот Ангел“ односно ќе се вози во чест и за помош на нивниот член, другар и брат по точак Ангел кој, неодамна возејќи точак на вело тура во Италија, доживеа пад и се наоѓа на лекување во една италијанска болница. Стартот на вело ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 32 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура ...
На четирите средби одиграни синоќа паднаа 18 гола. Натпреварите беа возбудливи и неизвесни со интересни резултати. Екипата на Кафе Бар Коко одигра три средби а мастапот во групната фаза го комплетираше со една победа, едно реми и еден пораз. Резултати 18.07.2025, петок Ресен – Хотел Тино 3:2 Кафе бар Коко – Типлери 3:1 Кафе бар Коко – Екстра Скопско 2:2 Кафе бар Коко – Бел Мерцедес 2:3 Денес на турнирот е слободен ден, а натпреварите ...
Утре, 19-ти јули, во 19:30 часот во Ликвид кафе, стариот дел на Охрид, во организација на издавачката куќа ТЕМПЛУМ, ќе се одржи промоција на две нови книги, низ средба на две македонски авторки. Пред публиката во Охрид, за прв пат ќе биде претставено второто, дополнето издание на збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми од Охрид, која за ова дело ја доби годишната награда „Новите“, за најдобар дебитантски прозен ...
На 17.07.2025 во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 75 годишно лице од Охрид. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека лицето управувал патничко возило „ауди”со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри ...
Плажа и ресторан „Кадмо“ ова лето пулсира во ритамот на забавата. Вечерва посетителите ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со музика во живо со популарниот македонски фолк изведувач Јордан Митев и вкусна храна покрај езерото. Настанот почнува во 21 часот, а резервации може да се направат на бројот 071/348-701. Летната понуда на плажа и ресторан „Кадмо“ покрај музичкиот дел нуди и уникатно гастрономско уживање на брегот на Охридското ...
На денешен ден во 1967 година во Охрид на Третиот црковно-народен собор, Светиот Синод на Македонската православна црква, донесол одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи ...
Единаесет гола беа постигнати на вториот ден од турнирот во мал фудбал во Велгошти. Вечерва се одиграа четири натпревари а само еден заврши без победник. Резултати 27.07.2025, четврток Кибо Пласт – Топлина 3:0 Фурна Настоски и Форт кафе – Гранит X 2:2 Гостилница Кај Мече – Македонија 0:2 23:00ч Асп Пак – Мартиник мебел 3:0 Турнирот продолжува во петок со четири натпревари од фазата по групи. Распоред на натпревари 18.07, петок 20:00ч ...
Општина Охрид известува дека Јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина се пролонгира до 23 јули. Според повикот работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу пет месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за ...
Во водите на Охридското Езеро во август ќе се одржи Третата меѓународна веслачка регата, која што ќе обедини веслачи од целиот Балкан, во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо”. Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ со задоволство ја најавува Меморијалната трка во чест и сеќавање на нашата сакана и незаборавна Јулијана Николиќ. Во знак на траен спомен за нејзината извонредност и придонес кон веслањето, донесена е едногласна одлука трката во скиф ...
На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се ...
Велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ од Струга, на 19 јули, сабота, организира ноќна велосипедска тура околу Охридското Езеро. Годинава, велат организаторите, ноќната вело тура има хуманитарен карактер и ќе се вози под мотото „Сите за нашиот Ангел“ односно ќе се вози во чест и за помош на нивниот член, другар и брат по точак Ангел кој, неодамна возејќи точак на вело тура во Италија, доживеа пад и се наоѓа на лекување во една италијанска болница. ...