Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар сите ја знаеме големината на Вардар, но ние работиме, анализираме, се подготвуваме, вели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески. Се надевам на уште еден позитивен резултат. Секогаш одбраната ги добива дерби утакмиците. Така ќе биде и оваа утакмица. Се надевам дека ќе одиграме квалитетна одбрана како што одигравме со Алкалоид, додава Блажески. Натпреварот ГРК Охрид-РК Вардар се игра утре од 18 часот ...

37. Охридски староградски средби 2025 ќе се одржат вечерва со почеток во 19 часот во големата сала при НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид. Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите. Во рамки на програмата предвидени се настапи ...

Девет кандидати во Струга ќе ја водат трката на претстојните избори за градоначалничката функција. Меѓу нив Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, Љубе Петревски од Работничката партија, Роберт Милески од Демократи Скопје и Бесник Асани, Менди Ќира, Насто Палиоски, Игор Малески, Мирко Савески како независни кандидати. Во поглед на советничките листи поднесени се десет од кои седум ...

Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на просторот кај градските гробишта, по што ќе следува и целосно асфалтирање, најави денеска градоначлникот Кирил Пецаков при посетата на јавното претпријатие. Кон секој проблем пристапуваме сериозно и студиозно работиме на пронаоѓање решение. Не правиме импровизација туку носиме долготрајни решенија. При денешната моја посета на ЈП „Градски гробишта” ми беше презентиран проектот кој ...

Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на просторот кај градските гробишта, по што ќе следува и целосно асфалтирање, најави денеска градоначлникот Кирил Пецаков при посетата на јавното претпријатие. Кон секој проблем пристапуваме сериозно и студиозно работиме на пронаоѓање решение. Не правиме импровизација туку носиме долготрајни решенија. При денешната моја посета на ЈП „Градски гробишта” ми беше презентиран проектот кој ...

Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред саботниот меч. Но, одиме без став да ги покажеме нашите квалитети и веруваме дека можеме да му пружиме достоен отпор на Варадар. Стартот ни е добар со 3 бода во првите две кола, уште подобар би бил со 4 бода. Сакаме до европските натпревари да собереме што ...

По повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“, бродовите Александрија 1 и 2 во сабота 20-ти септември, вечерта ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена од 250 денари во двата правци (повратна карта). Картите ќе се продаваат на градското пристаниште во петок, 19 септември, од 10 до 19 часот. Поаѓањето во петок 20 септември, од охридското пристаниште во Охрид е во 19:30 часот, а ...

На 20 и 21 септември ќе се одржи „ВМ Класик рели- запад“, рели со историски возила (олдтајмери) организирано од Олдтајмер клубот ВМ Класик. Настанот е дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила. Како дел од овој настан на 20 септември (сабота) со почеток во 16:00 часот во спортското двориште во Вевчани ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери). Следниот ден на 21 септември ...

Екипата на Ливерпул уште еднаш покажа силен карактер остварувајќи драматична победа во екстра времето над Атлетико Мадрид со 3-2 во еден од највозбудливите натпревари од 1 коло во Лигата на шампиони. Капитенот Вирџил ван Дајк стрелаше прецизно со глава по корнерот во 92 минута за делириум на Енфилд. Ливерпул одлично го отвори мечот и веќе во 6-та минута имаше водство од 2-0 со головите на Робертсон и Салах, но Атлетико се врати со два гола ...

Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, Христина Трпеска, потпишаа Меморандум за соработка во кој се утврдуваат заеднички активности при промовирање на македонската култура од страна на иселениците, писатели кои творат во средините каде живеат и работат, а се поддржани од двете институции. Голем број од македонските иселенци потекнуваат од Охридскиот регион, нивна желба е ...

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h). Во Охрид времето денес сончево со умерен и повремено засилен северен ветер. Максималната температура до 25 степени. Следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица. ...

Четворица кандидати ќе ја водат битката во Охрид на претстојните избори закажани за 19 октомври за градоначалничката функција. Меѓу нив актуелниот градоначалникот Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата, Гоце Цветкоски како незвисен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија. По добивањето на довербата од матичната партија ВМРО ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат, Пецаков ...

Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во временскиот период од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето ...

Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи вкупно 2.255.573 патници и 17.719 летови. Бројот на опслужени патници ги надмина бројките од истиот период во 2024 година за 6%, додека бројот на летови е за 3% повисок за периодот јануари – август во 2024 година, посочуваат од ТАВ Македонија. ...

ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига. Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани. Вардар е добра екипа со физички силни играчи. Имаме доста време за работа, подготовки и анализа на противникот. Очекувам тврд и машки натпревар, со силна одбрана на двете страни. Покажавме дека знаеме да играме со квалитетни противници, не очекувам ништо помалку ни сега и ќе продолжиме ...

Пет кандидати влегуваат во трка за градоначалник на Општина Дебрца, меѓу нив Љупчо Паункоски од СДСМ и Коалицијата, Златко Силјаноски од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, актуелниот градоначалник Зоран Ногачески како независен кандидат, Димче Андрески како независен кандидат и Даниел Огненоски од Коалицијата „Искуство за успех“. Во поглед на советничките листи поднесени се седум и тоа од СДСМ и Коалицијата предводена од Даниел Тороманоски, ...

На 16.09.2025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17.09.2025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешта во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Тие, претходно на улица „ЈНА“ во Струга, со метални предмети нападнале 52 и 17 годишни лица, двајцата од дебарското село Џепиште, по што ...

37. Охридски староградски средби 2025 ќе се одржат во петок со почеток во 19 часот во големата сала при НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид. Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите. Во рамки на програмата предвидени се настапи ...

Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори, утре – четврток од 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана новата стихозбирка „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески. Издавач е Агенцијата за иселеништво. Најновата поетска збирка е спој на зрелоста во годините, но и умеењето со стиховите на авторот Трајчески. Промотори ќе бидат Милчо Јованоски, Мирко ...

На покана на стрелачкиот клуб „Стрелба” од Варна стрелците од двата стрелачки клубови од Охрид-СК „Охрид” и ЖСК „Лихнидос” настапија на Интернационалниот турнир „THE GOLDEN SHOT“, натпреварувајќи се во дисциплините воздушен пиштол и пушка во возрасни категории од 14, 16, 18 и 21 години, како и во мешани тимови-микс тим односно дует. Во конкуренција на натпреварувачи од повеќе клубови од Бугарија, Молдавија како и нашата земја, охридските ...

Почетокот на новата сезона во Лигата на шампиони која се игра во нов формат, донесе две големи изненадувања. Синоќа на програмата се одиграа шест натпревари, а уште толку се играат вечерва. Белгискиот првак Унион Сен-Жилоаз направи големо изненадување, победувајќи со 3‑1 на гостувањето кај ПСВ Ајндховен. Карабах, пак, направи неверојатен пресврт и славеше со 3‑2 против Бенфика во Лисабон која водеше со 2-0. Рал Мадрид извојува тешка победа ...

Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, а намален притисок ќе има во село Лескоец, информираат од ЈП Водовод Охрид. Поради настанат дефект на водоводната мрежа, посочуваат дека денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат и корисниците на дел од улицата „Гоце Делчев”. Поради компликации настанати при санацијата на дефектот на улицата „Гоце ...

Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, а намален притисок ќе има во село Лескоец, информираат од ЈП Водовод Охрид. Поради настанат дефект на водоводната мрежа, посочуваат дека денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат и корисниците на дел од улицата „Гоце Делчев” на потегот од дрвара до пресекот со улицата „Македонски Просветители” , ...

Променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 km/h). Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура до 27. Утре времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 ...

Холивудската ѕвезда и еден од највлијателните актери и режисери на 20. и 21. век, Роберт Редфорд, почина на 89-годишна возраст. Според соопштението од неговото семејство, тој починал мирно во сон, во својот дом во Санденс, Јута, опкружен со најблиските, на 16 септември 2025 година. Редфорд остави зад себе повеќе од шест децении богата кариера. Ќе остане запаметен по своите легендарни улоги во филмовите Butch Cassidy and the Sundance Kid, ...

Калливата вода од градежни активности од утринава истекува во Охридското Езеро во близина на бензиската станица Лук Оил. Од ЈП Колекторски систем Скопје, Подружница Охрид велат дека се излезени на терен заедно со инспекциските и другите надлежни служби и посочуваат дека не станува збор за фекалии, туку само за каллива вода. Калливата вода која истекува и се испушта во Охридското Езеро потекнува од исцрпување на вода настаната од градежните ...

Денеска официјално почнува новата сезона на УЕФА фудбалската Лига на шампиони, најквалитетното клупско натпреварување во светот. Сезоната 2025/26 во Лигата на шампиони носи значајни промени и нов формат. Традиционалната групна фаза е заменета со проширената „лига фаза“ во која учествуваат 36 клубови кои играат осум кола, со различни противници. Клучни моменти и очекувања Големи имиња, големи очекувања Меѓу фаворитите за титулата се клубови ...

Синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосема друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни ...

Денес се навршуваат шест месеци по трагичниот настан во дикотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. По тој повод родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”. Собирот кој ќе се одржи во Кочани ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ каде што и ќе заврши. На 16 септември се навршуваат 6 месеци откако нашите сакани ангели нè напуштија по трагичниот настан што се случи на 16 ...

Единаесет листи за членови на Советот на Општина Охрид, од кои 7 од партии и 4 независни листи се поднесени за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Истите треба да бидат потврдени за да можат да бидат јавно објавени, информираат од Општинската изборна комисија во Охрид. Дел од партиите веќе јавно ги објавија советничките листи. Коалицијата за локални избори 2025 предводена од СДСМ излегува со силна и чесна советничка ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1009
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
67%
1012
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
84%
1009
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
8.75
74%
1015
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
5.41
96%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
97%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
4.12
75%
1007
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1007
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
7.72
76%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
87%
1012
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
9.77
83%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Иридиум

215504.98

Калај

46.04

Цинк

3.29

Сребро

2677.51

Платина

68416.79

Родиум

334367.76

Бакар

11.84

Злато

163216.16

Паладиум

55363.59