Иако дерби натпреварот од плејофот помеѓу екипите на Охрид и Алкалоид одигран вчера во салата „Билјанини извори“ заврши со нерешен резултат, победи хуманоста. Охриѓани одговорија на апелот за помош на малата Ева која се бори со тешка болест и на вчерашниот натпревар, на кој влезот беше бесплатен, беа собрани парични средства во износ од 223.860,00 денари, кои во текот на наредните денови ќе бидат уплатени на сметка на Ева, информира ГРК ...

Ракометниот клуб Охрид информираше дека на синоќешното дерби со Алкалоид била покажана голема хуманост од страна на навивачите и граѓаните, кои се вклучиле во акцијата за помош на Ева. Иако средбата на теренот заврши без победник, од клубот порачаа дека вистинскиот победник биле хуманоста и заедништвото на охриѓани. На трибините и околу салата биле собрани вкупно 223.860 денари, средства кои во наредните денови ќе бидат уплатени на сметката ...