37. Поетска ноќ во Велестово почнува утре и ќе трае до 17 август на локации во Велестово и Охрид. Годинава поет во фокусот е Андреј Ал Асади, млад поет кој со своето досегашно творештво зазеде видно место во современата македонска поезија. Во рамките на интернационалниот дел од фестивалот ќе настапат поети од Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија и Бугарија. Седум македонски поети со своето творештво ќе ги презентираат најновите текови во ...

На турнирот “Богородица куп” во Волино синоќа се одиграа четири натпревари. Најефикасно беше на средбата помеѓу Турист инжинеринг и Том Гор на која беа видени 15 гола. Резултати среда, 13.08.2025 Турист инжинеринг – Том гор 1:15 Плажа канео – Компани Стојкоски 4:7 Лаз Бун – Кутмичевица Вевчани 4:1 Др. Баткоски – Бел Мерцедес 1:1 Денеска на програмата се четири натпревари од фазата по групи. Распоред на натпревари четврток, 14.08.2025 20:00 ...

Македонската пливачка легенда Томи Стефановски втора година по ред плива за поголема инклузивност во спортот. Денешниот хуманитарен настан се поврзува со одлежување на 16 години од неговото препливување на каналот Ла Манш, па во оваа насока Стефановски плива денес 16 километри по Охридското Езеро од месноста Пештани до Црквата Канео во Охрид, па назад до Охридското пристаниште. Мојот јубилеј би сакал да го посветам кон хумани цели, поточно да ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности на делницата од Климештани до Охрид, која е дел од автопатот Кичево – Охрид. Увидот ќе биде на локацијата кај натпатникот Подмоље, а премиерот ќе биде придружуван од министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски. Инаку, по направениот увид минатата недела од страна на директорот на ЈП за државни патишта ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне 32 степени. Во следните денови ќе преовладува сончево и ...

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 59-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.20 часот со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во неговото возило „југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом. По преземени мерки, полициски службеници ја пронашле жената во неговиот дом, по што тој бил лишен од слобода. По целосно документирање на ...

Охрид ова лето пулсира во ритамот на најуникатниот и најоригинален културен настан – „Summer comedy marathon“. Фестивалот за кој се бара карта повеќе завршува вечерва со големото финале на Долни сарај со извонредните балкански стендап комичари Срѓан Олман од Србија и Никола Тодороски од Македонија. Шоуто е целосно распродадено што е потврда на квалитетот на „Summer comedy marathon“ кој оваа година високо ја подигна летвичката со исклучително ...

Уште една ефикасна вечер е зад нас на 27-то издание на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино. На три натпревари синоќа паднаа 17 гола или повеќе од 5 по натпревар. Резултати ворник, 12.08.2025 Оровник Танче Мирчески – АД Галеб 2:4 Инекс Олгица и спа – Дејан Војвода 4:1 Аце Најдески – Мешеишта 4:2 Турнирот продолжува вечерва со четири натпревари од групната фаза. Распоред на натпревари среда, 13.08.2025 20:00 Турист инжинеринг – ...

Седмото издание на „Summer comedy marathon“ влегува во возбудлива завршница која ќе кулминира на 13 август на Долни сарај со големото финале на кое ќе настапат едни од најдобрите балкански стендап комичари, Срѓан Олман од Србија и Никола Тодороски Македонија. Деветнаесеттата вечер, пак, го донесе соло шоуто на Зоран Донев „20 години панк џез“ – бунт и комедија спакувани во брутално искрен материјал. Вечерта ја отвори Јовче Цветкоски кој ја ...

На пригодна свеченост што се одржа синоќа во дворот на Гимназијата, беа доделени дипломите на матурантите од генерација 2024/2025. На свеченоста му беше доделено признанието на првенецот на генерацијата Митко Савев, ученик во IV-5, а призианија добија и најдобрите ученици во генерацијата Софија Милевска од IV-7 и Теодора Трајческа од IV-4. Охридската гимназија ги додели дипломите на матурантите Честитки! OhridNews Фото: Stylens production ...

Звуците од кастењетите на прекрасната уметница Луцеро Тена и на харфата од Гзавије де Местре вчеравечер создадоа вистинска магија во акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“ на Шпанската вечер што се организира традиционално, секоја година на фестивалот „Охридско лето“. Шпанската вечер на отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во Р.С.Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој рече дека „Охридско лето“ е настан кој не смее да се пропушти во ...

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и унапредување на здравствените услуги, условите за работа и достојни услови за пациентите. На настанот присуствуваа директорот на Клиниката, хирург – урологот и научен соработник д-р Башким Шабани, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за ...

На 16ти авугст во „Ребел“ ќе настапи познатиот диџеј и продуцент од Лос Анџелес, ONYVAA. Таа е една од најбрзо растечките ѕвезди на глобалната електронска сцена. Зад себе има настапи во Rex Club, Spazio 900, Paradiso, Harry Klein, Cafe Gallery, Loft Club, Festival Panoramas, Marvelous island festival, Cafe D’anvers, Future Frequency Festival, покрај артисти како Len Faki, Josh Wink, Charlotte De Witte, Luke Slater и многу други. Вратите се ...

Меѓународниот ден на младите се одбележува секоја година на 12 август. Оваа година има посебно значење бидејќи се одбележуваат 10 години од усвојувањето на Агендата за одржлив развој 2030. Темата за 2025 година е „Младите ја унапредуваат мултилатералната соработка преку технологија и партнерства“, истакнувајќи ја виталната улога на младите луѓе во глобалната дипломатија. По повод меѓународниот ден на младите, во организација на Младински ...

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи направени утрово, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 24 степени Целзиусови, што е за половина степен повеќе од просекот за месец август. Нивото на Охридското Езеро, пак, во моментов е на кота 693,28 метри надморска височина, што е за 18 сантиметри пониско од просекот за овој период од годината (693,48 м.н.в.). Според најавите, во наредните десеттина дена не се очекуваат ...

Осумнаесеттаѕа вечер на Summer comedy marathon го донесе шоуто “BEST OF STAND UP 2”. На сцената на култниот Џез Инн публиката имаше можност да ужива во најсилните шеги, најсмешните моменти и најдоброто од шегобијците Никола Тодороски, Зоран Донев, Никола „Братучед“ Сиљаноски, Јован Цветкоски и специјалниот гостин Игор Дрљо. Вечерва на програмата на Summer comedy marathon e шоуто 20 години панк џез со Зоран Донев. „Summer comedy marathon 2025“ ...

Петнаесет гола на три натпревари виде публиката вечерва на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино. Најнеизвесно беше на мечот помеѓу Чардак Велгошти и Гостилница Кај Мече на кој паднаа дури 6 гола. Резултати понеделник, 11.08.2025 Мартиник мебел – Македонија 4:0 Гранит Х – Дооел Ноче 4:1 Чардак Велгошти – Гост. Кај Мече 3:3 Турнирот продолжува во вторник со три натпревари од групната фаза. Распооред на натпревари вторник, ...

Сцената „Долни Сарај“ вчеравечер беше центар на музичките збиднувања во Охрид со концертот на „Охридско лето“ кој го одржаа Националниот џез оркестар и познатиот нигериски музичар, текстописец, вокал и саксофонист, Шеон Кути, под диригентската палка на маестро Џијан Емин. Кути, познат по своите атрактивни изведби и социјално свесна музика, е најмладиот син на пионерот на афробитот, Фела Кути, поголемиот дел од својот живот го помина ...

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика – РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се намалуваат за 0,50 ден/лит. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, и ќе чини 68,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за ...

Во куќата на Уранија на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), утре вечер во 20 часот, ќе биде промовирана книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија. На промоцијата ќе се обратат академик Вера Битракова Грозданова, промоторот проф.д-р Иван Додовски и рецеnзентот проф.д-р Елизабета Шелева. Настанот музички ќе го збогатат проф. Љупчо Аслимоски- пијано и проф. Кирил Белистојаноски – виолина. Покровител на ...

Трет ден трае потрагата по 52-годишниот бугарски државјанин кој исчезна завчера при длабочинско нуркање во водите на Охридското Езеро. Се уште, за жал, нема ништо. И утрово на терен се екипи на Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачи. Тие пребаруваат поширок терен кај Трпејца каде исчезнал нуркачот од Бугарија, ни изјави кусо портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Случајот бил пријавен во полицијата во саботата во 13.15 часот. Според ...

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со локална појава на облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C. Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималната температура ќе се искачи до 34 степени. Сончево и многу топло време со мала локална облачност не очекува и во вторник. Ќе дува слаб до умерен ...

Петнаесеттата и шеснаесеттата вечер на „Summer comedy marathon 2025“ донесоа две извонредни шоуа со уште подобри трансформации на актерите од охридската стендап сцена. Шоуто Црн хумор во култниот Џез Инн кое експресно беше распродадено денови пред настанот, сосема ги оправда очекувањата. Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски, Зоран Донев и Јован Цветкоски приредија вечер со смели шеги и темен хумор што ја расплака публиката од смеа. ...

Седумнаесеттатa вечер на „Summer comedy marathon“ го донесе извонредното продолжение на шоуто „SEXPIRIENCE“. Второто издание на најжешкото комеди шоу на фестивалот на сцената на култниот Џез Инн, донесе уште пожестока енергија и смеење до солзи. За сè што (не) се зборува во кревет „беседеа“: Никола Тодороски, Зоран Донев, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Јован Цветкоски, а како специјален гостин настапи победникот на „Open mic“ Александар ...

Со натпреварите од првото коло по групи вечерва почна 27-то издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ во Волино. Победи забележаа екипите на Кафе бар Лавадо, Новапор и Кибо пласт. Резултати недела, 10.08.2025 Брумел – Кафе бар лавадо 1:2 Ресорт бате боле – Новапор 1:2 Блу фиш – Кибо пласт 0:5 Турнирот продолжува денеска, понеделник, со три натпревари од групната фаза. Распоред на натпревари понеделник, 11.08.2025 20:00 Мартиник мебел ...

На 10 август 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила од нагазна мина поставена на патот животот го загубија Томе Бадаровски, Марјанчо Бошковски, Томе Димовски, Ивица Златевски, Бранко Јанев, Раде Јанковски, Томислав Настевски и Гоце Чанкуловски. Смртта на бранителите кои го дадоа животот за Македонија ќе биде одбележана денеска со полагање цвеќе пред спомен обележјето подигнато во Скопје. На 8 август 2001, во екот на воениот конфликт во ...

Вљубениците во автомобилите синоќа уживаа во третото издание на „Night Car Show“ што се одржа на просторот на поранешната касарна во Охрид, во организација на „Urban Street Car Club Ohrid“. Изложение беа добро сочувани, како и модифицирани автомобили од разни генерации од земјава и надвор од неа. Посетителите уживаа во експонатите и забавата исполнета со многу содржини и богата програма. Натретото издание на 3-то „Night Car Show“во Охрид ...

Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов. Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Плетњов изведе избрани дела на Бах, Шуман и Григ. Неговото маестрално музицирање, брилјантната техника и нагласениот музички сенс беа наградени со долготраен аплауз и стоечки овации. Плетњов на годинешново јубилејно 65 издание одржа концерт за паметење ...

Во финалето на Комјунити шилд купот што се игра пред стартот на Премиер лигата, се сретнаа актуелниот првак Ливерпул и освојувачот на ФА купот Кристал Палас. Во регуларниот дел мечот заврши 2:2, а по изведувањето пенали славеше Кристал Палас со 3:2. Реновираниот Ливерпул рано дојде во водство уште во 4-та минута преку Екитике на асистенција на Вирц, а тринаесет минути подоцна израмни Матета од пенал кој го скриви Ван Дајк. Фримпонг со ...

Во пожарот што претпладнево избувна на глисер укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец на околу 30 метри од брегот, повредени лица нема, а оштетени се уште два пловни објекти. Од преземените мерки, констатирано е дека, глисерот бил регистриран и бил во сопственост на 64-годишен жител на Тетово. Поради предизвикани оштетувања на коритото, глисерот потонал на длабочина од околу три метри, а од ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
100%
1013
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
92%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.99
95%
1013
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.89
91%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
88%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
88%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.68
94%
1011
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
86%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
77%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.59948