Во магичното предворје на црквата „Св. Софија“ од утре до недела ќе се одржи третото издание на „Охрид џез фестивал 2025“ во организација на Општина Охрид. Трите вечери ќе бидат исполнети со ритам, страст и врвна музика, велат од Општина Охрид. Утре љубителите на квалитетна музика ќе може да уживаат во настапот на Чалгија Саунд Систем (Етно Џез), следниот ден, 23 август, ќе настапи Павле Камилоски (класичен џез), додека третиот фестивалски ден, ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 год. која изнесува 65.328,00 денари е зголемена за 179,00 денари. Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 2.816,00 денари односно за 4,49 %, ...

Денес во Охрид, ќе се одржи третата седница на Националната комисија за УНЕСКО. За седницата ќе информира министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој воедно е и претседател на Националната комисија. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 47 сесија што се одржа во месец јули во Париз донесе одлука со која на Македонија и Албанија им се даде дополнително една година за спроведување на корективни мерки односно временска рамка за ...

64-тото издание на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата почнува денес со традиционалното садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2025 година истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка. На Фестивалот кој ќе трае до 25 август учество ќе земат 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, земјава и регионот. Свеченото отворање на ...

Продолжуваат натпреварите од Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Денес со почеток во 16:30 часот играат екипите на Партизан и Киндил, од 18:45 часот Динамо Панчево и Тримо Требње, додека во 21 часот играат екипите на Е.Пелистер и Вардар. По досега одиграните натпревари прва на табелата во група А е екипата на Охрид, додека во група Б екипата на Вардар. По нив следат екипите на ...

Од денес до недела, 24 август, на СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одржи 14-то издание на „Фер плеј купот“. Оваа година на турнирот ќе земат учество близу 120 екипи од 7 држави во 6 возрасни категории или над 2000 учесници. Сите фудбалски натпреварите ќе се играт на терените на СРЦ „Билјанини извори“, а финалните натпревари се закажани за недела, 24 август. „Фер плеј“ ги поканува сите љубители на спортот и фудбалот да дојдат да ги следат и да ...

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 31 степен. Утре и во сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Утре ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За ...

Екипата на Хотел Тино славеше неверојатно висока победа над Турист инжинеринг од 18:0, во вонредно ефикасната вечер на турнирот во мал фудбал Богородица куп во Волино. Резултати среда 20.08.2025 Хотел тино – Турист Инжинеринг 18:0 Мешеишта – Кутмичевица Вевчани 2:1 Аце Најдески – Лаз Бун 3:1 Оровник Танче Мирчески – Дејан Војвода 2:6 Турнирот продолжува во четврток со четири натпревари од фазата по групи. Распоред на натпревари четврток ...

„Гладијаторите“ вечерва во салата „Билјанини извори“ го надиграа белградски Партизан и сосема заслужено славеа победа 30:25. Охрид одигра одлично во првото полувреме, во кое оствари предност од 7 гола. Партизан во средината на вториот дел целосно резултатски се врати во игра, но избраниците на Борис Ројевиќ покажаа карактер и со одлична игра во двата правци ја вратија убедливата предност која ја задржаа до крај. Иванковиќ беше најефикасен во ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски заедно со инженерскиот тим оствари работен состанок со изведувачите и надзорот, а потоа изврши увид во работите долж трасата во изградба на автопатот Кичево-Охрид. Од теренскиот увид беше видлива раздвиженоста на трасата каде што изведувачите заедно со подизведувачите Гранит, Синохидро и Илинден работат засилено и со зголемено темпо. Во моментов се работи на сите ...

Најголемата музичко-сценска манифестација во земјава и регионот, фестивалот „Охридско лето“, годинава во рамки на јубилејното 65. издание на своите сцени ги донесе најдобрите уметници од областа на клaсичната музика и театарот, а настаните се одвиваа пред исполнети гледалишта и за нив се бараше билет повеќе, вели директорот Ѓорѓи Цуцковски. Воедно изрази задоволство од квалитетот на програмата, но и од посетеноста на сите уметнички доживувања ...

ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од акцијата за намалување на училишниот прибор. Владата на седница донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15% на маржата, во зависност дали е на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 58-годишно лице од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој ...

НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Целта на потпишувањето на Меморандумот е интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички. Спогодбата ја потпишаа директорот на НУ ...

Овде душата секогаш бара душа, овде љубовта своја песна си слуша, овде родот мој секому даде рака, ајде роде мој почни сам да се сакаш!… – дел од стиховите од новото патриотско музичко парче со наслов „Роде мој“ кое ги обедини сите учесници во проектот „Македонијо во срце те носиме“ и кое силно одекнува во срцето на секој Македонец како порака, потсетник и повик. „Роде мој“ е со потписот на маестро Николче Мицевски како автор на музиката и ...

На 19.08.2025 во 17:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Сретково, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 54-годишно лице од Охрид, удрило во бетонски потпорен ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката 52-годишнаа и сопатникот 25-годишен, двајцата од Охрид, додека со телесни повреди се здобиле возачот и уште една 18-годишна ...

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец“ со која жителите ќе добијат поквалитетно водоснабдување, информираат од Општина Охрид. Наредната фаза од овој проект опфаќа реконструкција на атмосферската канализациона мрежа, нешто што долги години е претставува реален проблем за жителите. На крај ќе следува комплетно уредување на улицата со поставување на нов асфалт и реконструкција на тротоарските површини, ...

Втор ден од Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид. На програмата денес се три натпревари. Во 16:30 часот се среќаваат екипите на Киндил и Нексе. Туриниот продолжува со натпреварот помеѓу екипите на Е.Пелистер и Тримо Требње со почеток во 18:45 часот, додека од 21 часот играат екипите на ГРК Охрид и Партизан. На туриниот учествуваат осум екипи распоредени во 2 групи. Натпреварите ...

Дури 12 гола виде публиката на натпреварот помеѓу Инекс Олгица Хотел и Спа и АД Галеб. Речиси уште толку паднаа на преостанатите средби одиграни синоќа на турнирот во мал фудбал Богородица куп во Волино. Резултати вторник, 19.08.2025 Блу фиш – Дооел Ноче 2:4 Мартиник мебел – Чардак Велгошти 2:3 Инекс Олгица Хотел и Спа – АД Галеб 7:5 Гостилница Кај Мече – Македонија 1:0 службено Турнирот продолжува вечерва со четири средби од групната фаза. ...

Советот на општина Охрид следната недела во вторник, 26 август, во општинската зграда ќе ја одржи шеесет и првата седница со почеток во 9 часот. Советниците ќе распрваат за програмите за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2025/2026 година, годишните извештаи, како и годишните програми за новата учебна година на училиштата и градинката, тримесечните извештаи од работата на јавните претпријатија, ...

Со европската премиера на театарската претстава „Приказната на Електра“ вечерва се затвора годинешното јубилејно 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата е работена според текст на Сашо Димовски, режија на Дејан Пројковски, во копродукциска изведба на Театарска асоцијација на Јужна Кореја, АРТЕМА – Театарска лабораторија и Националната установа „Охридско лето“. Митот за Електра, кој во својата основа ја има одмаздата на децата за ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 28 степени. Утре ќе дува умерен до засилен, а во петок повремено силен јужен ветер. Во сабота ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ...

Ракометарите на Охрид забележаа убедлив триумф над екипата на Киндил од Фарските Острови 39:25 на отворањето на IV издание на турнирот што се игра во салата “Билјанини извори”. Најефикасен на натпреварот беше Дејан Кукуловски со 5 постигнати гола, а воедно беше и прогласен за МВП на натпреварот. Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Стрмљан 1, Ојлески, Иванковиќ 4, Кукуловски 5, Вејин 4, Шипинкоски 4, Трајчески 2, Ристески 1, Тасески 2, О. Реј 1, ...

На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишно лице од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 52-годишно лице од Сојузна Република Германија. Од здобиените повреди, на местото на ...

Министерството за економија и труд преку Агенцијата за вработување го објави јавниот повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. Со оваа мерка, се овозможува вклучување на 200 невработени лица – активни баратели на работа, кои ќе бидат вработени во микро, мали и средни претпријатија ...

Владата донесе одлука за започнување на подготовки и подготвителни активности за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево на коридор 8, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5,3 милион евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој која ќе ...

Балканот нема заборавено да игра ракомет и убеден сум дека многу скоро екипите и репрезентациите од регионот повторно ќе бидат силни и ќе почнат да ги победуваат ривалите од Скандинавија и Европа, но за тоа да се случи треба многу работа, современи и креативни методи, но и промена на правилата во ракометната игра кои се скроени по мерка на одредени земји како што ним им одговара. Доколку тоа не се случи, ракометот може да го изгуби статусот на ...

На 28 август на старо пристаниште во Охрид ќе се одржи четвртото издание на СУП трките за деца, млади и возрасни. Веќе се пријавени над 70 учесници од 5 земји, а остануваат уште 2 дена за пријавување. Во рамките на програмата се предвидени 9 трки во машка и женска категорија, меѓу кои детски и младински спринтови, тимска штафета, како и градската трка на 2.500 метри за возрасни, за која е обезбеден награден фонд од 12.000 денари за првите места ...

Согласно Одлуката за усвојување на Измените и дополнувањата на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 год. Општина Охрид во рамки на истата има предвидено изготвување на Студија за проценка на еколошкиот отисок на Општина Охрид. Еколошкиот отисок се наметнува како една од водечките мерки за пресметување на човековата побарувачка од природата. Тоа е метрички управуван податок кој покажува колку одржливо живееме. ...

Само 13,46% од државните институции поврзани на платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население (ЦРН), додека кај приватните компании овој процент е речиси трипати повисок и изнесува 36,36%. Дополнително, отсуството на системски контроли за размената на податоци меѓу институциите укажува на ризик од заобиколување на правилата за користење на единствениот регистар, што ја доведува во прашање ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
100%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.81
93%
1013
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.45
88%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
88%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
94%
1011
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.68
86%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.59948