Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
На 19.08.2025 во 00.25 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 30-годишно лице од Охрид. Според пријавеното, по претходна расправија во семејниот дом во Охрид, тој со запаливо средство го опожарил мопедот на неговиот 57-годишен татко и заминал кон Ресен. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик, ...
Музичката програмата на годинашното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со концертот на „Моушн трио“ и уметниците Јануш Војтарович, Павел Баранек и Марчин Галажин на хармоника. Полското трио хармоники со името „Моушн трио“ е познато по нивниот специфичен начин на комбинирање на страста која извира од традицијата на музиката од Источна Европа со прецизноста и строгоста на делата на големите класични композитори. ...
Осум екипи распоредени во 2 групи ќе учествуваат на IV издание на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид од 19 до 23 август. Ракометот на Балканот, а особено во Македонија е во подем за што говори силината на Супер лигата која сега има четири екипи кои рамноправно ќе се борат за титула. Многу сум задоволен од силината на овој турнир, кој очекувам да стане уште посилен. Охрид е ...
Уште една вонредно ефикасна вечер е зад нас на турнирот во мал фудбал „Богородица уп“ во Волино. На четири натпревар публиката виде 22 гола, поливина на дуелот помеѓу Плажа Канео и Бел Мерцедес. Резултати понеделник, 18.08.2025 Брумел – Новапор Плажа Канео – Бел Мерцедес Сатеска – Екстра Скопско Гранит Х – Кибо пласт Турнирот продолжува вечерва со четири натпревари од групната фаза. Распоред на натпревари вторник, 19.08.2025 20:00 Блу Фиш – ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 27 степени. До петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од ...
Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила денеска околу 13 часот на патот Битола–Ресен, кај местото викано Слечиште, информира Министерството за внатрешни работи. Според првичните информации се судриле патничко возило Мерцедес управуванo од 52-годишен битолчанец со место на живеење во Германија, кој починал на лице место и автомобил Опел со охридски регистарски ознаки во кое се превезувале две млади лица на 20-годишна возраст од ...
Седумдесет поети од земјава и странство, критичари, преведувачи и литературни работници ќе бидат дел од 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата кое ќе се одржи од 21 до 25 август. Струга уште еднаш ќе биде центар на светската поетска сцена, а покрај лауреатот, словачкиот поет Иван Штрпка, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, полскиот поет Матеуш Шимчик, на 64-тите Струшки вечери на поезијата учество ќе земат еминентни поети од ...
Попладнево нешто по 18ч. на патниот правец Охрид-Кичево, помеѓу селата Ботун и Ново Село се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило камион и два автомобили. Како што неофицијално дознаваме, во несреќата тешко се повредени две лица кои се пренесени на болничко лекување. Информациите за немилиот настан ги потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој истакна дека во тек е увид на местото на несреќата и повеќе ...
Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста беа построени ешалони од сите првопотчинети команди и единици на Генералштабот на Армијата, ешалони составени од новопромовираните офицери и подофицери во Армијата, а беше изложено и вооружување и опрема од Армијата. На централната свеченост се обратија: ...
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди и услови за дожд. Максималната температура ќе достигне 26 степени. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде променливо ...
Министерството за спорт додели премија од три милиони денари за машката одбојкарска репрезентација на Македонија која обезбеди пласман на Европското превенство 2026. Со убедлива победа против Грузија (3:0), најдобрите македонски одбојкари вчера во Скопје го заверија настапот на Евроволеј 2026 и го потврдија континуитетот на успеси. За нашата репрезентација ова ќе биде четврто европско првенство по ред, по настапите на континенталните собири во ...
Во јуни годинава во државава издадени се 213 одобренија за градење, што е за 15,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење во јуни е 4 857 279 илјади денари, што е за 47,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 120 (56,3 ...
ГРК Охрид на пригоден настан што се одржа синоќа на бродот „Армада“, го претстави тимот за сезоната 2025/26. Почнува ерата на ракометната тврдина. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews За амбициите на охридскиот суперлигаш во новата сезона зборуваа градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид Борис Ројевиќ и капитенот Гоце Ојлески. Градот заедно со спонзорите и помагателите ветува силна поддршка и врвни ...
Синоќа во рамките на драмската програма на „Охридско лето“ се одигра македонската премиера на театарската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме“ од Душан Јовановиќ, а во режија на Иван Пеновиќ. Копродукцискиот проект меѓу НУ Драмски театар Скопје, Белградски драмски театар, Градски театар Љубљана и ЈУ „Град театар“ од Будва ја воодушеви публиката во преполната сала на ...
Водостојот на Охридско Езеро е 20 сантиметри под просекот за август покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според мерењата нивото е на кота од 693.26 метри надморска височина, а просекот за август изнесува 693.46 м.н.в. Нивото на езерото денес е 16 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 9 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 ...
Меѓународен настан „Штафетно нуркање за мир“ (пливање под вода-нуркање на здив) во должина од 25 метри ќе се одржи на Охридското Езеро кај „Старото пристаниште“ (пред х. Палас) на 25 август, понеделник, со почеток во 12 часот по повод одбележувањето на јубилејот 80 години Црвен крст Охрид, а во рамки на овогодинешното издание на фестивалот на водени спортови „Ohrid Water Festival 2025“. Ги покануваме сите оние кои се психофизички здрави и се ...
Продолжуваат натпреварите по групи на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ во Волино. Вечерва се одиграа четири средби по кои дел од екипите се поблиску до нокаут фазата. Резултати од недела, 17.08.2025 Хотел Тино – Том Гор 2:2 Сатеска – Искра 5:2 Ескобар – Екстра Скопско 2:2 Др Баткоски – Компани Стојкоски 4:1 Распоред на натпревари во понеделник, 18.08.2025 20:00 Брумел – Новапор 21:00 Плажа Канео – Бел Мерцедес 22:00 Сатеска – Екстра ...
И викендов полицијата во Охридско-струшкиот регион има полни раце работа. Во полицискиот билтен предничат настани со насилство, физички напади, дрога и непочитување на службени лица при постапување. На 16.08.2025 во 20:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на плажа на охридското крајбрежје, едно лице со тврд предмет нападнало 46-годишен охриѓанец. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде ...
Охрид летово пулсира во ритамот на културата. Деновиве во спомен куќата на великанот и револуциуонер Христо Узунов, се одржа книжевен портрет на Зоран Пејковски и промоција на книгата „Се умира ли од премногу сакање?!“ посветена на великанот Петре М. Андреески. Беседник и промотор беше проф. д-р Кристина Николовска, а настанот го модерираше м-р Ивана Рилкова. Повод за пишувањето на книгата „Се умира ли од премногу сакање?!“ е 90-годишнината од ...
На Долни сарај синоќа се одржа Охридски вински салон „Над Езерото“ (Above the Lake 2025) – манифестација која ја промовира винската култура. Настанот што го организира ресторанот „Канео“ годинава привлече 30 македонски винарии кои се претставија со над 300 етикети вино и вински дестилати. Присутните, меѓу кои и голем број домашни и странски туристи, уживаа во квалитетните македонски вина, дестилати и храна од домашно производство, а настанот ...
Вчера, во 13:43 часот, во ОВР Струга било пријавено дека пред угостителски објект во Струга, две лица со остри предмети нападнале жител на струшкото село Велешта, нанесувајќи му убодни рани по телото. Тој, веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга за укажување на медицинска помош. Увид на местото на извршиле јавен обвинител и полициски екипи и по целосно расчистување на настанот, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави, ...
На градскиот базен во СРЦ „Билјанини извори“ денеска ќе се одржи трето издание на OWF Swimming meeting. Настанот е дел од фестивалот на водени спортови (Ohrid Water Festival) На митингот пријавени се 70 пливачи од 17 пливачки клубови и школи од земјава и регионот (Србија, Албанија, Косово). Пливачите ќе се натпреваруваат во 5 возрасни категории, 8 различни дисциплини, во машка и женска конкуренција. Организатор на настанок е ПК Акваспирит – ...
Продолжуиваат натпреварите по групи на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ во Волино. Синоќа се одиграа четири средби по кои дел од екипите се поблиску до нокаут фазата. Резултати сабота, 16.08.2025 Дејан војвода – АД Галеб 3:2 Оровник Танче Мирчески – Инекс Олгица 2:4 Мешеишта – Лаз бун 3:2 Кафе бар Лавадо – Ресорт Бате Боле 1:0 (службено) Турнирот продолжува вечерва со уште четири средби од групната фаза. Распоред на натпревари недела, ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 28 степени. Утре се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Температурата ќе бидат во ...
ГРК Охрид е победник на 53-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Во финалето, вечерва, Охрид ја совлада екипата на Бутел со 30:24 (полувреме 14:11) На 53-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески, го доби признанието за најдобар голман на турнирот, а за најдобар играч беше прогласен Анте Иванковиќ. Триумфот во Струга е одлична најава за Меѓународниот ракометен турнир Крсте ...
Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7 отсто во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5 отсто споредено со истиот период 2024 година, објави премиер Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. Во истиот период од 2025 година имаме за 8,5% повеќе ...
Во магичното предворје на црквата „Св. Софија“ од 22 до 24 август ќе се одржи третото издание на „Охрид џез фестивал 2025“ во организација на Општина Охрид. Трите вечери ќе бидат исполнети со ритам, страст и врвна музика, велат од Општина Охрид. Во петок на 22 август љубителите на квалитетна музика ќе може да уживаат во настапот на Чалгија Саунд Систем (Етно Џез), следниот ден, 23 август, ќе настапи Павле Камилоски (класичен џез), додека ...
Свечено отворено 37-то издание на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово” во рамки на која ќе настапат шеснаесет поети, музичари и уметници од вкупно од шест држави (Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија). Програмата започна со поетскиот портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што следуваше интернационалното поетско читање „Имаго“, на кое ...
Програмата на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичкиот дел, со концертот на „Пијано Трио“ составено од уметниците Татијана Петрушевска-Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски на пијано. Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желбата за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, формираа ансамбл сметајќи дека постоењето на камерни ...
На 15.08.2025 во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишено од слобода е 62-годишно лице од Гостивар. По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 и „безобѕирно ...