Еден од најавтентичните духовни храмови во стариот дел на Охрид, црквата Св. Никола Геракомија, блесна во ново светло на празникот посветен на големиот светец Никола Мирликиски. Лајонс клубот Лихнидос на иницијатива на професорот Зоран Тунтев го реосветли храмот посветен на патронот на старите и изнемоштените во рамки на проектот „Охрид – Град на светлината“. Претходно, на 8 декември, празникот на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски, ...

На градскиот плоштад во Охрид денеска се одржа голема хуманитарна манифестација на која беа поделени над 3.500 новогодишни пакетчиња за дечињата од охридската градинка, првачињата од основните училишта во Охрид, како и дечињата со посебни потреби. Детските насмевки се најголемата потврда дека заедништвото, солидарноста и грижата за другите се вистинските вредности кои треба да ги негуваме, особено во празничниот период, истакна ...

Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, со кој се воспоставува институционална рамка за координирано дејствување во насока на економски, социјален и административен развој на локалната заедница. Овој меморандум претставува значаен чекор кон унапредување на партнерството меѓу локалната самоуправа и бизнис-заедницата. Соработката е насочена кон повеќе приоритетни ...

Поранешни ракометарки од Струга повторно се вратија на терен и формираа ветерански тим на ЖРК „Стружанка”. Дел од нив се и поранешни репрезентативки на Југославија и Македонија во ракомет. Се собрале спонтано со обични тренинзи повеќе за дружење, отколку за некоја посериозна идеја за тренирање и ракомет. Кога дознавме дека ветерански екипи настапуваат во поранешните југословенски простори, ни дојде идеја да се собереме, секој што има желба, ...

Во рамките на 10. коло од Прва лига мажи, екипата на ГКК Охрид ја пречекува екипата на КК Вардар од Скопје во натпревар кој ветува борба, енергија и врвна кошарка. Дерби исполнето со ривалство, страст и желба за победа! На теренот нè очекува максимален ангажман, а на трибините – вашата поддршка која ни дава сила да одиме чекор понатаму! Да ја наполниме салата и заедно да ја бодриме нашата екипа до победа!, велат од клубот. Натпреварот ќе се ...

Учениците и наставниците од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид ќе го одржат традиционалниот Новогодишен концерт на 23 демекври. Ве покануваме на свечен новогодишен концерт „Ехо од Македонија“, на кој учениците и наставниците ќе Ве поведат на музичко патување низ македонската традиција и уметност. Да ја прославиме Новата година заедно, со звукот на Македонија, велат од училиштето. Концертот ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“ (Дијамантска сала) со ...

На 18.12.2025 во 19:04 часот на ул.„Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен лишија од слобода 34-годишно лице од с.Велестово, охридско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,76 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и ...

Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточните делелови ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура до 10 степени. Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има ...

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца. На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите ...

Вечерна служба се одржа во црквата Св. Богородица Каменско по повод празникот Св. Никола кон кого во Охридско постои голема почит. Голем број охриѓани овој ден го имаат за куќна слава. Околу богатата посна трпеза се собираат семејството и пријателите во чест на Св. Никола и традицијата. Е. Спространов за обичаите во Охрид забележал дека Св. Никола бил тој: “Шо и поиљвит морињата. Тога каде и да се најт гемиџија или пампур останвит таму ...

За два денари по литар поевтинуваат бензините од ноќеска на полноќ, додека цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според одлуката ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се 73 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе чини 66,5 денари за литар, Екстра лесното масло за ...

На 17.12.2025 година во 17:50 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 35-годишно лице од Охрид и притоа, кај него пронајдоа и одзедоа две пластични шишиња со непозната течност. Тој претходно беше пријавен дека агресивно се однесувал кон вработени во казино на улица „Димитар Влахов“, им упатувал закани и оштетил дел од апаратите. По целосно документирање на настанот, против ...

Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, на ЈП Водовод – Охрид му беше доделен современ апарат за детекција на дефекти во водоводните цевки, во вкупна вредност од 873.200,00 денари. Основната цел на овој апарат е да го намали губењето на водата за пиење преку лесно, брзо и прецизно детектирање на дефектите во водоводната мрежа. Со набавката на оваа опрема значително се унапредуваат условите за работа, се ...

На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга лишија од слобода 40-годишно лице од с.Горно Лакочереј, охридско. Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ...

Свечен пречек за ученикот Владимир Димитриевиќ по повод неговиот исклучителен спортски успех и освојувањето на бронзен медал на Светскиот ИТФ куп во Солун. Медалот го освои на престижниот меѓународен турнир „King of Taekwon-do“, на кој учествуваа над 1.400 натпреварувачи од 21 држава, што дополнително ја нагласува тежината и значењето на овој успех. Димитриевиќ оствари средба со директорот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ Ристе Јанкоски кој ...

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за сите дечиња“ која започна во Охрид но, за брзо се прошири во цела Македонија. Ова е 6-та година по ред да ги израдуваме најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна. Досега оваа акција има подарено над 15 000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидуални донатори и фирми, како и над 1000 ...

Охридскиот кафе бар „SU“ во конкуренција со кафе барови од целиот свет на престижниот избор „The Worlds 100 best coffee shops“ во склоп на Мадридскиот кафе-фестивал. Ни пристигна одлична вест од Мадрид дека нашиот кафе бар е избран да биде во конкуренција за најдобрите 100 светски кафе барови! Драго ни е што нашата љубов и пасија за кафето е препознаена од светските експерти, а сега ни е потребна ваша помош да влеземе во 100те најдобри во ...

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли по повод Европската недела на контроли. Акциските активности, како што информираат од МВР, се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ...

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид ќе го одбележи патрониот празник на 25 декември со свеченост која ќе се одржи во просториите на училиштето. Програмата ќе започне во 18:30 часот со изложба на ликовни творби од ученици, презентации на струките во Центарот и хуманитарна акција. Во 19:00 часот ќе се одржи Свечена академија по повод 5-ти Јануари денот на Свети Наум Охридски и патрониот празник на училиштето. Во петок на 26 декември како дел од ...

Променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. ...

Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот. Претставата е по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов. Ова е втора премиера финансирана од Министертвото за култура и туризам на Р. Македонија. Во оваа дуо драма улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски. Сценографијата е на ...

Утре прекин во водоснабдувањето кај корисниците од населбата Црногорци, с.Лескоец и с.Лакочереј, најавуваат од ЈП Водовод Охрид. Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод со профил ф300 мм, со постоечката водоводна линија на улицата „Кленоец“, утре, 17 декември, од 08:30 часот, повеќе часа без вода односно до завршување со активностите, ќе бидат корисниците од неведените места, посочуваат од претпријатието. ...

На 15.12.2025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље лишија од слобода 52-годишно лице од Скопје. Имено, откако било сопрено товарно возило “Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација. ...

Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура до 9 степени. До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. ...

Во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат Црвен крст Ох рид во соработка со OHRID MALL, а наменета е за помош на децата од социјално загрозените семејства. Волшебните лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца Ве очекуваат во посебни подготвен новогодишен пакет-кутија веднаш покрај големата новогодишна елка во Ohrid mall. Благодарност до голем број наши ...

Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на горивата. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) цените на бензините и евродизелот поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ ...

Водостојот на Охридско Езеро е десет сантиметри над просекот за декември покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според мерењата нивото е на кота од 693.42 метри надморска височина, а просекот за декември изнесува 693.32 м.н.в. Нивото на езерото денес е 32 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 25 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со ...

На 14.12.2025 во 22:49 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 48-годишно лице од с.Лескоец, охридско. При сообраќајна контрола на ул.„15 Корпус“ во Охрид сопрено е патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта, информираат од МВР. По целосно документирање на ...

Денес се навршуваат седум години од ненадејната смрт на проф. д-р Јован Стојаноски, кој во 2017 година беше избран за Градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ. Смртта го затекна на работното место во 2018 година. Во 2019 година на прерано починатиот градоначалник му беше постхумно, доделено највисокото општинско признание „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2019 година. Со постхумното доделување на највисокото општинско ...

Во утринските и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес ќе биде сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови наместа ќе има појава на магла. Максималната температура ...

Вера

6 часа - МРТ
weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
6.69
39%
997
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
6.17
35%
994
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
14.4
82%
997
weather icon

Софија

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
43%
999
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.52
36%
999
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
9.26
54%
997
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.63
48%
1003
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
10.29
34%
999
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
7.2
72%
997
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
5.81
31%
1001
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
56%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1005
Currency

61.645

Currency

53.2676

Currency

71.195

Currency

37.0426

Currency

38.6385

Currency

67.2741

Currency

7.72812

Currency

0.65817

Currency

0.33472

Currency

0.52538

Currency

1.20088

Currency

0.56714

Родиум

347228.06

Иридиум

256711.96

Платина

60507.71

Алуминиум

3.29

Цинк

0.00

Бакар

11.09

Злато

142844.87

Паладиум

43853.62

Сребро

2192.86

Кобалт

56.29

Калај

45.72

Рутениум

56199.51