Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
На 28.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид, пријавено е дека настанал пожар на кровни панели на колонијална продавница во Струга. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот е изгаснат. Извршен е увид и констатирано е дека пожарот е предизвикан од невнимание со фрлање на отпушок од страна на вработен во колонијалната продавница, 42-годишно лице од Струга, информираат од СВР Охрид. По целосно документирање на случајот ќе ...
Пред почетокот на новата учебна 2025/2026 година 20-те првачиња од ООУ Дебрца денес беа на свечен прием кај градоначалникот Зоран Ногачески. Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им доделив училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари. Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцирав заложбата дека како ...
Денес на Градскиот плоштад охриѓани ќе можат да дадат своите идеи и предлози за уште поубав Охрид во рамки на активноста „Предложи идеја за Охрид“, информираат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид. Ќе биде поставен штанд каде граѓаните на посебен формулар ќе можат да напишат своја идеја која сакаат да ја видат реализирана како проект. Вашата идеја е значајна за нас! Секогаш го слушаме народот и идеите и предлозите на охриѓани се наша обврска да бидат ...
Во рамки на социјално-едукативната програма на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival вечерва се превидени неколку настани. Во 19 часот на „Кеј Македонија“ пред хотел Нова Ривиера ќе се одржи настанот 30 години УНДП во С. Македонија, а ќе биде поставена и изложбата „Патување по синилото: Св. Наум до Радожда“ на Клубот за подводни дејности Охрид. За забавниот дел вечерва предвиден е концерт на Охридскиот камерен оркестар пред хотел ...
Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени. Утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен јужен, а во недела северозападен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа следува ...
Екипата на Сатеска Волино го освои 27 турнир во мал фудбал „Богородица куп“. Во финалето што се одигра вечерва во Волино пред полно гледалиште, Сатеска Волино ја совлада екипата на Брумел со 6:0. Натпреварот започна со една минута молк во чест на прерано починатиот Крсте Илинкоски. Сатеска поведе со голот на Никола Секулоски, кој постигна три гола на натпреварот и беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот – награда „Крсте Илинкоски“. ...
На пригодна свеченост што се одржа на градскиот кеј, вечерва беа претставени учесниците на 38 Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи во сабота, 30 август. Годинава 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ќе ја пливаат 16 маратонци и маратонки од шест земји. Во женска конкуренција ќе настапат 6 пливачки: Елена Лионело – Италија Росана Гошева – Македонија Алисја Гедриш – Полска Милица Љубисављевиќ – Србија Ерика ...
Ако некој се сомневаше во “супер ноќите” на Марко Пејчиновски, сега дефинитивно повеќе нема. Тој денеска оствари нов подвиг, успешно завршувајќи го модифицираните Ironman подвиг долг 107 километри. Марко трчаше од Охрид до Струга од каде со велосипед се врати назад и пливаше до Охрид каде пристигна во вечерните часови и беше поздравен со овации од присутните. Овој подвиг има за цел да ги мотивира луѓето да пронајдат сила во себе и да ги ...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски е на праг да направи уникатен подвиг на уште поуникатен начин. По препливувањето на Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид во двата правци, а потоа вобетапи по цела должина, тој ноќеска започна нова необична спортска авантура – модифициран Iron-man предизвик во вкупна должина од 107 километри. По истрчани 42.2 километри од Св. Наум до Струга (7:47ч.) Марко со велосипед се врати во Св. Наум (2:33ч) од ...
Во финалето на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп“ што по 27 пат се одржува во Волино, вечрва ќе се сретнат екипите на Брумел и Сатеска. Двете екипи покажаа цврстина и карактер во текот на турнирот, оттаму и очекувањата се дека финалето ќе понуди интересни моменти и возбудувања. За Брумел ова е второ едно по друго финале, а екипата сака овојпат да отиде чекор понапред и да стигне до посакуваниот трофеј. Сатеска-Волино, пак, ...
Времето денеска претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 30 степени. И во петок не очекува сончево и топло време. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе се искачи до 31 степен. За време на викендот се очекува дестабилизација на времето. Претпладне ќе биде сончево до умерено облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно ...
Празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица, е еден од најголемите верски празници и масовно се одбележува кај нас. Така е и годинава. Од утрото голем број верници се упатуваат кон храмовите на Македонската православна црква во Охрид. Најсвечено беше во храмот посветен на Мајката божја во Каменско каде се одржа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваша Митрополитот Дебарско – кичевски и ...
Време, вода, наследство: Охрид е динамичен документарец посветен на 70 години Охридски пливачки маратон – спорт што ја мери човечката издржливост, волја и амбиција. По сценарио и режија на Илија Пиперкоски, филмот преку ретки архиви и нови интервјуа со легендите Дики Бојаџи, Теодора Раптис, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев,и 11-кратниот победник Петар Стојчев, филмот ја реконструира еволуцијата на маратонот: од пионерските години и подвигот ...
На пригодна свеченост доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2024/2025 година при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Во изминативе четири години, вие не само што се здобивте со знаење, туку и со реални вештини, благодарение на дуалното образование — модел кој го трансформира воспитно-образовниот процес во нешто живо, применливо и блиско до реалноста. Преку директна соработка со компаниите, вие учевте од професионалци, работевте на реални ...
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев” вчеравечер беше отворена самостојна ликовна изложба од професорката по ликовна уметност Жанета Стаиќ која пред охридската јавност претстави избор од дела насловен „Продолжи да сонуваш“. На изложбата беа претставени 21 дело, во различни техники (акрил, акварел, колаж, мек молив, пастел и нивна комбинација) на различни подлоги (платно, картон и пластика). Изложбата носи наслов „Продолжи да сонуваш“, а ...
Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија, информира денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на МОН. Обезбедени се и учебници по странските ...
Успешно одржана третата по ред Меѓународна веслачка регата во рамките на Ohrid Water Festival. Настанот, во организација на Веслачкиот клуб Горица Ремо од Охрид, собра на едно место клубови од Македонија ВК Црн Дрим и ВК Врбник од Струга, ВК Галеб од Земун и ВК Зренекс од Зрењанин- Србија и ВК Черпоков и ВК Хеброс,Пловдив- Бугарија. Регатата започна со посебна, емотивна нота. Настанот беше отворен со меморијалната трка скиф за јуниорки во чест ...
Во билтенот на СВР Охрид две пријави за физички напади и една за оддалечување од домот. На 26.08.2025 во 16:45 часот во СВР Охрид, 39-годишна жена од Охрид пријавила дека на 25.08.2025, нејзиниот поранешен сопруг физички го нападнал нивниот малолетен син додека престојувал кај него согласно решението на Центарот за социјални работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 26.08.2025 во 23:00 часот во СВР Охрид, 33-годишно лице од ...
Од денес започнува социјално-едукативната програма на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival. На првата вечер посетителите ќе може да ја погледнат изложбата насловена „Вежџа“ на Нуркачкиот центар Акватек и концертот на групата „Фузија“. Изложбата ќе биде поставена во 19 часот на „Кеј Македонија“, пред хотел „Палас“ каде ќе се одржи и концертот со почеток во 21 часот. Следниот ден, 28 август, програмата започнува со изложбата ...
Поради повреда настапот на 38. Охридски пливачки маратон го откажа пливачката од Турција Еда Сајин. Годинава на маратонот долг 25 километри, што ќе се одржи на 30 август во водите на Охридското Езеро, ќе пливаат 16 пливачи и пливачки од шест држави. Во машка конкуренција ќе настапат 10 пливачи: Александар Илиевски – Македонија Леонид Мишевски – Македонија Акуилес Балаудо – Аргентина Матео Фурлан – Италија Хуго Риберио – Португалија Матиас ...
Алпинистички клуб „Патагонија“ Охрид во соработка со Македонска алпинистичка федерација и Национален парк Галичица, во јули и првата половина на август ги финализираше теренските активности за уредување на нов локалитет за качување на сува карпа, со што официјално заврши втората фаза од проектот „Авантуристичка зона во НП Галичица“, кој се реализира четврта година по ред со финансиска поддршка од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT. Локалитетот е ...
Четириесеттина млади натпреварувачи од земјава и регионот зедоа учество на традиционалната меѓународна едриличарска регата „Заедно за иднината на Езерото“ што се одржа деновиве во склоп на Фестивалот на спортови на вода (Ohrid Water Festival), во организација на клубот Акватика Јахтинг од Охрид, под покровителство на Групацијата „Сава“ – „Сава пензиско“ и „Сава осигурување“ и поодржка од Општина Охрид. Натпреварите на дводневната регата ги ...
Во драматичен меч кој беше решен по изведувањето пенали, Брумел ја совлада екипата на Инекс Олгица и се пласира во финалето на 27-то издание на турнирот “Богородица куп” во Волино каде ќе се сретне со Сатеска славеше над Чардак Велгошти. Резултати 1/2 финале вторник, 26.08.2025 Инекс Олгица – Брумел 0:0 (2:4) Сатеска – Чардак Велгошти 3:0 На турнирот денеска е слободен ден, а финалето се игра утре вечер на празникот Голема Богородица во ...
Од понеделник, 1 септември пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид го враќа стандардното работно време. Секој работен ден од понеделник до петок библиотеката ќе биде отворена за читателите во времето од 8 и 30 до 18.30 часот. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот, а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 ...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски вечерва го започнува новиот предизвик- Ironman триатлон околу Охридското Езеро. По месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија – конечно дојде моментот за мојот модифициран Ironman триатлон. За тие што сè уште не знаат што ќе правам, вечерва со почеток од Св. Наум ќе трчам до Струга, потоа со велосипед од Струга ќе се вратам во Св. Наум и за крај со пливање ќе се упатам кон Охрид за ...
Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени. Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален пороен ...
Буџет со средства за манифестации, трансакции, фестивали, спорт. Тоа е основата која е водечка во извештајот и во овој буџет, а многу малку за реализација на капитални проекти од сопствени средства, реагираше координаторката на пратеничката група на СДСМ, Живка Ангелоска во врска со шестмесечниот извештај за реализаицијата на буџетот на Општина Охрид на денешната одржна 61-ва седница на Совет. И овој извештај од реализацијата на буџетот го ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски. На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижности и можностите за поефикасна размена на информациите, што ќе придонесе за подготвување новите мерки за полесен пристап до кредити за прв стан. Гувернерот Славески нагласи дека во тек се подготовки за воведување мерки со кои ќе се поттикне ...
Црвен крст Охрид започнува со уписи за есенскиот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на претстојните училишни задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на ...
Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот за првите шест месеци од годината предизвика бурна расправа кај советниците на денешната одржна 61-ва седница на Совет. Од опозицијата посочија дека е потребна поголема видливост на полициските службеници на терен со оглед дека со едукација очигледно е дека сообраќајната култура не се менува, но реагираа и на несреќите, гужвите во ...