Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – „Антево перо“ и Europe house Струга организираат поетско читање кое ќе се одржи утре, 17 август, во 19 часот во просториите на Europe house Струга. Настанот се организира во чест на јубилејот 50 години од објавувањето на поетската збирка „Тајнопис“ од Анте Поповски, информираат организаторите. Посочуваат дека поети од повеќе генерации ќе земат учество на настанот, а ќе бидат презентирани и ...

Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период ...

Од денеска до 30 август Охрид пулсира во знакот на третото издание на спортската манифестација „Ohrid Water Festival“, која ги популаризира водените спортови на Охридското Езеро и ги промовира уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во земјава. Станува збор за случување што ги спојува водените спортови, убавата музика и гастрономската понуда на ова поднебје. Фестивалот на водата во Охрид со своите две ...

Фудбалерите на Охрид денес играат контролен натпревар со екипата на Тетекс од Тетово во рамки на подготовките за новата сезона. Натпреварот ќе се одигра на стадионот во Јегуновце со почеток во 17:30 часот. Kонтролни натпревари, како што посочија претходно од клубот ќе бидат клучни за подготовка на тимската игра и тактичкиот план. ГФК Охрид сезонава направи значителни измени во составот и се засили на речиси сите амбиции и според најавите, ќе ...

Уште една ефикасна вечер е зад нас на 27-то издание на турнирот во мал фудбал Богородица куп во Волино. Публиката виде интересни натпревари на кои паднаа 16 голови. Резултати петок, 15.08.2025 Кибо пласт – Дооел Ноче 13 Искра – Екстра Скопско 0:3 Гранит Х – Блу фиш 3:2 Гостилница Кај Мече – Мартиник мебел 2:2 Турнирот продолжува вечерва со четири натпревари од фазата по групи. Распоред на натпревари сабота 16.08.2025 20:00 Дејан војвода – АД ...

Во јули 2025 година, ТАВ Македонија, подружница на TAV Airports членка на Групацијата АДП, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи 353.063 патници и 2.750 летови. Бројот на опслужени патници во јули ги надмина бројките од 2024 година за 7%, додека бројот на летови во јули 2025 е за 4% поголем од јули во 2024 година. Во првите 7 месеци, јануари – јули, од ...

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот променливо облачно. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 30 степени. Во деновите од викендов во попладневните часови ќе ...

Денес започна со работа новиот „Топ маркет“ лоциран на булеварот „Туристичка“ во комплексот згради после некогашниот хотел „Дончо“ во правец на излезот од Охрид кон Скопје. Заштитен знак на „Топ“ маркетите се исклучителната и разновидна понуда на производи за широка потрошувачка, според највисоките стандарди за квалитет и безбедност. Во оваа насока и во новиот целосно реновиран и модерно уреден простор има широк избор на производи со потврден ...

Во Охрид започна 58. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На Школата којашто ќе трае до 28 август учествуваат 60 странски македонисти и слависти од 16 држави, коишто во Охрид доаѓаат да ги продлабочат своите познавања и проучувања за македонскиот јазик, литература и култура. Најголема потврда за македонскиот јазик е афирмацијата на македонистиката, домашна и ...

По шест години Охридското Езеро се порибува со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка. Денес во езерските води беа пуштени 80 илјади единки во близина на местото викано Вирче, а подмладокот е со просечна тежина од 3,65 грама од единка. На порибувањето присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој денеска беше во работна посета на Хидробиолошкиот завод Охрид. Како што посочи министерот, ...

Познатиот диџеј и продуцент од Лос Анџелес, ONYVAA, која е една од најбрзо растечките ѕвезди на глобалната електронска сцена, испрати порака до фановите пред својот настап на 16ти август во клубот Ребел во Охрид. Зад себе има настапи во Rex Club, Spazio 900, Paradiso, Harry Klein, Cafe Gallery, Loft Club, Festival Panoramas, Marvelous island festival, Cafe D’anvers, Future Frequency Festival, покрај артисти како Len Faki, Josh Wink, Charlotte ...

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе бидат прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“. Кинo-проекциите ќе се одржат во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот а се дел од Унгарската вечер на фестивалот. Филмот „Три илјади изброени парчиња“ е во режија на Адам Шази, сценариото е на Франчиска Фаркаш, Криштоф Хорват и Кристофер Пажик. Играат Кевин Аквах, ...

Канео Ресторан ја продолжува својата мисија во насока на промоција и развој на винската култура со очекуваниот настан – „Над Езерото“ – Охридски вински салон 2025. Годинава свое претставување ќе имаат вкупно над 30 македонски винарии, а можност за дегустација посетителите ќе имаат на над 300 вински етикети. Покрај производители на вино и вински дестилати, на настанот свое претставување ќе имаат производители на храна – млечна индустрија, ...

По шест години Охридското Езеро се порибува со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка. Денес во езерските води беа пуштени 80 илјади единки во близина на местото викано Вирче. На порибувањето присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трифуновски кој денеска беше во работна посета на Хидробиолошкиот завод Охрид. Порибувањето е според договорите и програмата од 2024 година, што предвидуваат порибување ...

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ...

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 30 степени. Во деновите од викендов ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност ...

На турнирот „Богородица куп“ во Волина вечерва на програмата беа четири натпревари. Најмногу возбудудувања имаше на натпреварот помеѓу Ескобар и Сатеска на кој паднаа 9 гола. Резултати четврток, 14.08.2025 Новапор – Кафе бар Лавадо 0:6 Чардак Велгошти – Македонија 3:1 Ескобар – Сатеска 4:5 Брумел – Ресорт Бате боле 1:0 (службено) Турнирот продолжува во петок со четири натпревари од фазата по групи. Распоред на натпревари петок, 15.08.2025 ...

Ракометарите на Охрид ја забележаа втората победа на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, со што обезбедија пласман во финалето што ќе се игра во сабота. Вечерва „гладојаторите“ убедливо славеа над Бурсa, Турција, со 38:28 и со ден одморт ќе го чекаат противникот во финалето кој ќе биде одлучен утре. Статистика ГРК Охрид: Стрмљан 3, Ојлески 6, Иванковиќ 4,Кукуловски 2, Вејин 2, Ристески 1, Тасески 2, Ориол Реј Моралес, Савревски 3, Јотиќ ...

Ракометарите на Охрид ја забележаа втората победа на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, со што обезбедија пласман во финалето што ќе се игра во сабота. Вечерва „гладојаторите“ убедливо славеа над Бурсa, Турција, со 38:28 и со ден одморт ќе го чекаат противникот во финалето кој ќе биде одлучен утре. Статистика ГРК Охрид: Стрмљан 3, Ојлески 6, Иванковиќ 4,Кукуловски 2, Вејин 2, Ристески 1, Тасески 2, Ориол Реј Моралес, Савревски 3, Јотиќ ...

Публиката на исполнетата летна сцена Долни сарај синоќа уживаше во настапот на извонредните балкански стендап комичари Никола Тодороски – Македонија и Срѓан Олман – Србија. Непосредни и креатривни Никола и Срѓан воспоставија супер врска со гледачите, приредуваќи им вечер за паметење која заврши со стоечки аплаузи. Прв настапи Никола Тодороски со препознатлиот хумор инспириран од ситуации од секојдневниот живот на кој одлично реагираше ...

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ одржа завршниот концерт од Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика што се одржува под уметничко раководство на македонскиот виолинист Емилио Перцан и азербејџанската пијанистка Тамила Гулиева. Виртуозното мајсторство над виолината, уметникот и професор Емилио Перцан, во текот на изминатите денови во Охрид несебично го пренесуваше на младите ...

Познатиот охридски трговски ланец „Топ маркет“ го зголеми семејството продажни места со уште една локација на најпрометната сообраќајница во Охрид. Деновиве интензивно течат подготовките за отворањето на новиот „Топ маркет“ на булеварот „Туристичка“ во комплексот згради после некогашен хотел „Дончо“ во правец на излезот од Охрид кон Скопје. Новиот „Топ маркет“ ќе работи во целоснореновиран и модерно уреден простор и ќе нуди широк избор на ...

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на пристапните патишта кон селата, беше посочено при денешниот увид на градежните активности на автопатот Кичево – Охрид од страна на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ...

На 13.08.2025 во 18:39 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на плажа на брегот на Охридското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 36, 37-годишни лица од Охрид, 37-годишно лице од Гостивар од една и 66 и 44-годишни лица, од Охрид, од друга страна, информираат од СВР Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 12.08.2025 во 20:59 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во патнички ...

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари. Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка, информираат од Царинската управа. Против ...

Синоќа во Велгошти во организација на Општина Охрид се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ посветена на големиот македонски раскажувач Живко Чинго. Настанот го отвори заменик градоначалничката на Општина Охрид, Ана Крстеска, а беседа за Чинго одржа проф. д-р Кристина Николовска. На Дијана Петрова, авторката на најдобриот расказ од Конкурсот „Живко Чинго“ симболично и беше врачена наградата за расказот „Мизенабим“. Настанот ...

Од втората половина на месец август започнува изградбата на колекторскиот систем во Трпејца, информираше премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при увид на градежните активности на патот од Климештани до Охрид. Посочи дека проектот е поделен во два фази, а даденото ветување за трпејчани ќе биде реализирано. Во втората половина на август веќе се воведува фирмата изведувач во работа. Проектот за колекторски систем во ...

СДСМ Охрид укажуваат на неколку како што велат неточности и пропусти во изјавата на градоначалникот Кирил Пецаков во која ја коментира туристичката сезона и тврди дека „светските метрополи работат по истиот принцип“. Не се два месеци – Туристичката активност и економските договори не траат само во јули и август. Договорите со закупците на тезги и куќички често се на подолг период. Потребно е да се проверат фактите пред да се изнесуваат вакви ...

По повод празникот „Пренос на моштите на Св. Стефан“ денес во манастирот „Св. Стефан“- Охрид ќе биде отслужена вечерна богослужбa со почеток во 19 часот. Утре ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 07:30 часот, а во 08:45 света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува надлежниот Митрополит Дебарско -Кичевски Г. Георгиј. Од Црковниот одбор во манастирот упатуваат покана до верниците да дојдат на заедничка молитва. За моштите ...

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на светски познатиот виолинист Вадим Глузман и маестро Евгениј Синајски на пијано. Признаен во светот како еден од најдобрите изведувачи на виолина, Вадим Глузман е препознатлив по неговите интерпретации кои им даваат нов облик и страст на виолинските дела од златната ера на 19 и 20 век. Широкиот репертоар на овој музичар вклучува бројни современи композиции, а ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
100%
1013
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
92%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.99
95%
1013
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.89
91%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
88%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
88%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.68
94%
1011
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
86%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
77%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.59948