Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
На 10.09.2025 во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека 53-годишно лице од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде престојувал на улица „Даме Груев“ во Охрид. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид. На 10.09.2025 во 17:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од ...
На 10.09.2025 во 20:30 часот на улица „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38-годишно лице од Охрид. Тој се сомничи дека претходно со подесен алат и со физичка сила се обидел да отвори прозор и да влезе во куќа на истата улица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР. На ...
ГРК Охрид во сабота ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига. Во сабота не очекува натпревар против екипата на Струга на домашен терен, една млада борбена екипа која сака да се докажува, ние сме фаворити на овој натпревар и ќе влеземе максимално спремни и фокусирани да го докажеме тоа и на терен. Ги повикувам охриѓани и навивачката група Рибари да дојдат во сабота да не поддржат и на крајот заедно да ...
На полноќ завршува можноста граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список за претстојните локални избори. Државната изборна комисија (ДИК) по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. Избирачкиот список во кој се ...
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) за кратко време и засилен ветер (над 60 km/h). Во Охрид времето денес променливо облачно со дожд. Максималната температура до 26 степени. Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и ...
„Гладијаторите“ на отворањето на новата сезона во Супер лигата, во борбен и неизвесен натпревар одиграа нерешено со Алкалоид 24:24 (11:13). Охрид ја имаше победата во раце откако по ролер-костерот во второто полувреме, Иванковиќ на три секунди до крајот погоди за 23:24, но Алкалоид со звукот на сирената израмни на 24:24. Охрид добро го отвори натпреварот и постојано беше во водство во првото полувреме. Алкалоид беше тој што бркаше резултат, час ...
„Гладијаторите“ на отворањето на новата сезона во Супер лигата, во борбен и неизвесен натпревар одиграа нерешено со Алкалоид 24:24 (11:13). Охрид ја имаше победата во раце откако по ролер-костерот во второто полувреме, Иванковиќ на три секунди до крајот погоди за 23:24, но Алкалоид со звукот на сирената израмни на 24:24. Охрид добро го отвори натпреварот и постојано беше во водство во првото полувреме. Алкалоид постојано бркаше час -1, час ...
Денеска околу 11 часот, во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност, лишија од слобода 49 и 47 годишни лица, двајцата од Скопје. При претреси во нивните домови во истото село, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе ...
Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“, во кое се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид. Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени на Охрид. Изборот, предговорот и редакцијата на ...
На 93-годишна возраст во Охрид на 10.09.2013 почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии. Деребан е роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколку вековната семејна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство. Во филигранот на Дерабан се вградени национални белези и во него пулсираат исконските дамари на македонската стара цивилизација. Тој беше синоним за македонскиот филигран и во неговиот дуќан ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура до 29 степени. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во ...
На 09.09.2025 во 03:00 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 52-годишно лице од Охрид. Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на улицата „Даме Груев“ во Охрид, предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на неговиот 45-годишен брат од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура до 28 степени. Денес и утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и ...
Градскиот стадион “Билјанини Извори” е домаќин на подготвителните тренинзи на младинските фудбалски селекции на Македонија и Италија (до 21 година) пред претстојниот квалификациски натпревар кој ќе се игра во Битола. Одлуката на ФФМ претставува големо признание за условите што ги нудиме и за нашата посветеност во создавање на спортска инфраструктура по европски стандарди, велат од ЈП ” Билјанини извори”. Овие подготовки ќе придонесат за уште ...
Како што веќе беше најавено, скоро над сите континенти, вчера, беше видлив феноменот на “Крвава месечина“. Во Охрид оваа појава беше највпечатлива околу 20,30 часот, а истата ќе може да се види и вечерва. “Крвава месечина” е феномен кога Земјата ќе се најде помеѓу Сонцето и Месечината. Притоа низ атмосферата на Земјата се пропушта само светлина со подолги бранови должини, односно црвениот спектар што го предизвикува овој феномен. Фото: ...
Македонија забележа убедлива победа над Лихтенштајн од 5:0 во натпреварот од квалификациите за пласман на Светско првенство, што се одигра вчера на арената “Тодор Проески” во Скопје. Резултатот беше отворен во 15 минута со автоголот на Бухел, со кој се отиде на одмор. Во вториот дел вистинска канонада кон голот на Лихтенштајн што резултираше со четири гола во мрежата на гостите: Барди ’52, Чурлинов ’56, Ќамили ’82 и Станковски ’90. По 5 ...
По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, честитка до граѓаните на Охрид упати градоначалникот Кирил Пецаков. Почитувани охриѓани и граѓани на Република Македонија. Нека ни е честит и вековит денот на независноста на нашата татковина. На 8-ми Септември 1991 година, единствени во намерата за да бидеме свои на своето, на нашиот трет Илинден, храбро, одлучно и одговорно го остваривме вековниот сон за слободна, независна и ...
Традицијата продолжува. Годинава уште помасовно и повесело, камперите и вњубениците во Љубаништа со забава до доцна во ноќта и вечерно капење под светлото на месечината и „бакљи“, завршија уште едно убаво лето во кампинг Љубаништа. Забавата кулминираше со настапот на Влатко Броз и Марама кои приредија уште една вечер за паметење. Помала група кампери пред неколку години за прв пат организирано го одбележа крајот на сезоната исполнета со ...
Во Охрид денеска ќе се задрши сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени. Сончево време со мала до умерена облачност не очекува и во понеделник. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а на планините попладне ќе има услови за ...
Иако истекува првата седмица од септември, времето е пријатно за плажа и рекреација. Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 20 степени Целзиусови. Ако се има предвид и температурата на воздухот која викендов е околу 28 степени, повеќе од одлични услови за уживање на брегот на нашето најголемо и најубаво природно езеро. Нивото на езерото, пак, според последните ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишен жител на Прилеп, со привремен престој во Струга и против 61-годишен стружанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавените, на 02.08.2025, на градската депонија во Струга, биле затекнати при вадење бакарни жици од разни предмети, кои потоа ги запалиле и предизвикале пожар. Од страна на Територијалната противпожарна единица од ...
Ракометарите на Охрид ја започнуваа новата сеозна во македонската Супер лига со мечот од 1 коло против екипата на Алкалоид на гости. Не очекува стартот на сезоната кој сите со нетрпените го очекуваме. Мислам дека ги одработивме доста квалитетно подготовките и спремни сме за натпреварување. На стартот не очекува дерби натпревар со екипата на Алкалоид, екипа која е екстра квалитетна, играат доста брз ракомет, добро се воиграни и неколку години се ...
На 05.09.2025 година, во СВР Охрид приведено е 24-годишно лице од Охрид. При преглед извршен во возило „голф“ во кое се наоѓал, паркирано на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Охрид, поради ...
Режимот за движење во НП Галичица продолжува и месецов согласно информацијата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со која забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Посетителите можат да ја регистрираат својата посета и да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот. Во оваа насока треба се пополни ...
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во големата сала, денес со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи петтиот по ред меѓународен фестивал – Смотра на ветерани, во организација на КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид и НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга. Предвидена е богата програма со дефиле низ градот и голем концерт во Центарот за култура со учесници од повеќе држави. Влезот е 100 денари. Проектот е со финансиска поддршка од ...
Во вторник, 9 септември, во 12 часот во Лапидариумот ќе биде промовирана фотомонографијата – „Свето Таинство“ на уметникот и фотограф Зоран Летра. Во уметничката фотомонографија се поместени 90 фотографии со мотиви од Охрид и 9 текстови од еминентни уметници, професори и истражувачи. Во ова единствено дело кое зборува со јазикот на тишината, секоја слика е нешто свето, а секој кадар одразува хармонија. „Свето Таинство“ е во издание на Општина ...
Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 29 степени. Под влијание на висок воздушен притисок во следните денови ќе преовладува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе дува слаб до умерен, наместа повремено ...
Вториот итернационален кошаркарски турнир за играчи до 15 години „Охрид 2025“ официјално беше отворен синоќа со пригодна свеченост во салата „Билјанини извори“, по што следеше натпревар во 3-ки. На турнирот оваа година учествуваат 10 екипи распределени во две групи. На стартот на турнирот кошаркарските надежи на Охрид беа поразени од врсниците од Локомотив, Бугарија, 54:96. Резултати Интернационален кошаркарски турнир „Охрид 2025“ – Ден 1 КК ...
Актуелниот член на Советот на Општина Дебрца, Даниел Огненоски ќе се вклучи во трката за градоначалник на Општина Дебрца на претстојните локални избори закажани за 19 октомври, неофицијално дознава Охридњуз. Даниел Огненоски е член на советот на Дебрца во повеќе мандати и е добар познавач на состојбите во општината. Се очекува тој да ја официјализира кандидатурата во наредните денови, како и тоа кој се ќе застене зад истата. Дознаваме и дека ...
Делегација на Општина Охрид предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 16 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи. Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегација на Бугарската амбасада во Скопје, претставници на Бугарскиот конзулат во Битола, Капетанијата на пристаништата и граѓански здруженија. Несреќата се ...