Согласно Календарот за 2025 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП„Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека на ден 26.12.2025 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција. Се молат граѓаните од наведените улици да ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од ЈП Македонијапат. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинскиот превој Стража. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, посочуваат. Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна ...

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура до 8 степени. Под влијание на влажен бран денес и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе ...

Гоце Седлоски официјално е промовиран за селектор на македонската А репрезентација, информира ФФМ. Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпревар, истакна на првата прес конференција новиот фудбалски селектор на Македонија. Сакам да гледам тим кој не се откажува и кој стои цврсто до последната минута. Верувам во квалитетот на фудбалерите, во нивната желба да го носат македонскиот ...

Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул. „7 Ноември“. Повеќенаменското игралиште во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача е целосно уредено и ставено во функција за учениците, со што се создаваат подобри услови за училишен спорт и рекреација. Игралиштето во станбениот комплекс на ...

Центар за култура „Григор Прличев“ Од 30.12.2025 - 20:00 до 30.12.2025 - 22:00 Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи на 30-ти декември со почеток 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу. Традиционално во последната недела од годината со ...

На 22.12.2025 во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 53-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид. ОВР Струга поднесе кривична пријава против 65-годишно лице од струшкото ...

Краткометражниот документарен филм „Обичен Херој“, кој неодамна ја имаше својата премиера во Охрид, од денес е јавно достапен на YouTube платформата, со цел приказната да стане подостапна за пошироката јавност. Филмот ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар, долгогодишен крводарител со над 200 дарувања крв, и претставува интимен портрет на тивкото херојство, достоинството и хуманоста што постојат во нашата заедница. Со јавното ...

Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ одново доминираше на македонската веслачка сцена. На одржаното Државно првенство во ергометар, охридските веслачи уште еднаш покажаа дека се во врвна форма, освојувајќи вкупно 6 медали, од кои едно злато, четири сребра и една бронза. Александра Маленкоска се закити со златен медал во најсилната конкуренција – сениорки, потврдувајќи ја својата супериорност. Исабела Димоска го освои сребрениот медал во ...

СВР Охрид известува дека во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмоље. Со тоа, велат, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга, Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак ...

Променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. Под влијание на влажни воздушни бранови од денес и во следните два дена (24.12 и ...

СВР Охрид известува дека во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмоље. Со тоа, велат, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга, Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак ...

Кошаркарите на Охрид во возбудлив и драматичен натпревар кој се решаваше во завршните секунди од мечот, попладнево во салата „Билјанини извори“ го совладаа Вардар во дерби натпреварот од 10 коло од Првата лига. Со слободните фрлања на 9 секунди до крајот на американското засиулување Џален Хоукинс ГКК Охрид славеше 83:82. Мечот имаше интересен тек, а секоја од екипите имаше свои моменти. Почетокот им припадна на гостите, кои имаа водство во ...

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на конститутивната седница на советот, која се одржа денеска во Охрид. Одлуката за избор била донесена едногласно од сите присутни градоначалници, а согласно Законот за рамномерен регионален развој, градоначалникот Пецаков ќе биде на оваа функција со мандат од една година. Во рамки на конститутивната седница беше ...

Ален Ќосевски е нов играч на ГРК Охрид. Како што информираат од клубот Ќосевски потпиша на 1.5 сезона со ГРК Охрид, настапува на позицијата десно крило, има 24 години (184цм). Доаѓа по 6.5 сезони поминати во РК Вардар 1961, има настапи за сите младински категории на Македонската машка ракометна репрезентација, а неговото име е секогаш на поширокиот список на Македонската сениорска репрезентација, посочуваат од ГРК Охрид. Ќосевски ќе го носи ...

Познатиот угостителски бренд „Кадмо“ утре, 23 декември, одбележува 19 години постоење со голема роденденска забава и попуст на целото мени од 50%. За забава во вечерните часови ќе се погрижат Јана Спирковска и „Publik band“. Ќе ни биде чест да ја одбележиме оваа годишнина заедно со Вас. Со иста посветеност чекориме понатаму, подготвени за уште многу авантури, радости и забави, велат од тимот на „Кадмо“. Успешната приказна на „Кадмо“, ...

Одложениот дерби натпреварот помеѓу екипите на ГКК Охрид и КК Вардар во рамките на 10-то коло од Првата лига мажи ќе се одигра денес во С.Ц „Билјанини Извори“ – Охрид со почеток во 13 часот. Дерби исполнето со ривалство, страст и желба за победа! На теренот нè очекува максимален ангажман, а на трибините – вашата поддршка која ни дава сила да одиме чекор понатаму! Да ја наполниме салата и заедно да ја бодриме нашата екипа до победа, ...

Во петок (26 декември) со почеток во 9 часот Советот на Општина Охрид ќе ја одржи петтата седница. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. На Дневен ред се 82 точки меѓу кои буџетот за 2026 година, како и програмите во различни сфери. Пред советниците се и одлуката за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, продолжување на работното време на угостителските објекти, одржување на јавната чистота и ...

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Во Охрид пвремето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура до 9 степени. Утре преку денот ќе се задржи стабилно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 73-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, на катарстарска парцела „Охридско езеро“, кое било означено како земјиште за општа употреба, неовластено изградил камена ограда со што заградил објект-индивидуална семејна куќа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48-годишен ...

Свечен новогодишен концерт во Охрид организира НУ „Охридско лето“ со италијанскиот пијано виртуоз Франческо Барбаџелета и шпанскиот тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис. Оваа година ја заокружуваме со музика што возвишува. На нашата сцена ќе блеснат двајца исклучителни уметници: Франческо Барбаџелета – италијански пијано виртуоз со беспрекорна техника и емоционална длабочина што ја претвора секоја нота во чиста магија и Рамирез Дроз Реиналдо ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната температура во Охрид ќе достигне 9 степени. Во понеделник не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти околу нулата, а максималната ќе достигне ...

Членови на Нуркачкиот центар Амфора во соработка со здружението за Ретки болести со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид поставија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода. На овој начин повеќе од две децении охридските нуркачи симболично ги одбележуваат новогодишните и божиќните празници. Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ...

По тешко боледување на 67-годишна возраст вчера почина македонскиот актер Лазе Манасков. Со длабоко жалење ве известуваме дека почина нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков. Изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест, соопшти Драмски театар. Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил ...

По кратко и тешко боледување утрово на 75-годишна возраст почина познатиот радио водител Драган Б. Костиќ, соопшти неговото семејство. Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководство на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата, посветеноста и хуманоста. Последната почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел OhridNews ...

Утре, 21 декември од 19 часот во ланџ бар „Долна порта“ ќе биде промовирано новото книжевно остварување на Марина Шикова Димовска, романот „Повторно роден“ – издание на ПНВ Публикации – Скопје. Промотори на книгата ќе бидат м-р Милчо Јованоски и писателот Јордан Коцевски. Ова дело е создадено според вистинска животна приказна, која во себе носи многу искушенија, многу душевни превривања, пороци, покајание, сиви и тмурни денови на далечниот ...

Во Струга денес во 17 часот ќе биде отворен Новогодишниот базар на платото пред споменикот „Моме оди на вода“ кај Чаршискиот мост. Од Општина Струга најавуваат вкусна храна, празнична забава и многу насмевки. Базарот е место за дружење, радост и убави моменти – за деца, семејства и сите генерации. Дојдете да уживаме заедно во топлата празнична атмосфера и да ја започнеме новогодишната магија онака како што доликува – со смеа, музика и ...

Концесионерот на рекреативната зона „Охридско Езеро“ „Питон Фишинг“ изврши порибување на Сатеска и Песочка река, а во текот на денешниот ден најавено е порибување и на Коселска Река со најмалку 10 000 рипчиња подмладок од охридска пастрмка. Овие реки не биле порибени повеќе од 20 години. Грижата за природата е наша обврска од која нема отстапување, велат од „Питон“. Компанијата „Питон“ е концесионер во сферата на рибарството на риболовната ...

Jazz Inn Од 23.12.2025 - 22:00 до 23.12.2025 - 00:00 Во вторник (23 декември 2025) во џез клубот Џез Ин, целовечерен концерт ќе одржи можеби најдобриот македонски композитор и гитарист Тони Китановски. Неговото свирење има извонредна техника и имагинација, инспирирано од најголемите мајстори на гитарата во светот. Китановски од крајот на 1970-тите и дел од 1980-тите е ученик на Драган Ѓаконовски – Шпато, а својата музичка едукација за завршил ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура до 10 степени. До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи ...

Вера

6 часа - МРТ
weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
6.69
39%
997
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
6.17
35%
994
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
14.4
82%
997
weather icon

Софија

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
43%
999
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.52
36%
999
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
9.26
54%
997
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.63
48%
1003
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
10.29
34%
999
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
7.2
72%
997
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
5.81
31%
1001
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
56%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1005
Currency

61.645

Currency

53.2676

Currency

71.195

Currency

37.0426

Currency

38.6385

Currency

67.2741

Currency

7.72812

Currency

0.65817

Currency

0.33472

Currency

0.52538

Currency

1.20088

Currency

0.56714

Бакар

11.09

Злато

142844.87

Сребро

2192.86

Калај

45.72

Цинк

0.00

Алуминиум

3.29

Иридиум

256711.96

Рутениум

56199.51

Родиум

347228.06

Кобалт

56.29

Паладиум

43853.62

Платина

60507.71