Синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосема друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни ...

Денес се навршуваат шест месеци по трагичниот настан во дикотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. По тој повод родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”. Собирот кој ќе се одржи во Кочани ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ каде што и ќе заврши. На 16 септември се навршуваат 6 месеци откако нашите сакани ангели нè напуштија по трагичниот настан што се случи на 16 ...

Единаесет листи за членови на Советот на Општина Охрид, од кои 7 од партии и 4 независни листи се поднесени за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Истите треба да бидат потврдени за да можат да бидат јавно објавени, информираат од Општинската изборна комисија во Охрид. Дел од партиите веќе јавно ги објавија советничките листи. Коалицијата за локални избори 2025 предводена од СДСМ излегува со силна и чесна советничка ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува со активности во рамки на кампањата која се спроведува по повод одбележувањето на „Европската недела на мобилност 2025“, која секоја година ќе се одржи во периодот од 16 до 22 септември. Во рамки на кампањата, РСБСП во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и останатите партнерите во кампањите ќе реализира превентивно-едукативни настани насочени кон ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во Охрид времето денес сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура до 28 степени. Следува период на претежно сончево време, освен утре кога ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и во четврток ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер (локално над 60 km/h). OhridNews ...

На 15.09.2025 во 00:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на малиот плоштад на булевар „Туристичка“ во Охрид, неколку лица физички нападнале две 18-годишни лица и еден малолетник. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 15.09.2025 во 07:15 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички ...

По повод 22-ри септември – Светскиот ден без автомобили, Младински Центар Охрид ја упатува пораката до охридската јавност да се приклучи на глобалната иницијатива и барем еден ден да се обидеме да живееме без автомобил. Центарот ги повикува сите млади и граѓани да избегнат користење автомобил на 22-ри септември (доколку се во можност), до училиштата, факултетите или работните места да стигнат пеш, со велосипед, со јавен превоз и слично, да ...

Водостојот на Охридско Езеро е 14 сантиметри под просекот за септември покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според мерењата нивото е на кота од 693.20 метри надморска височина, а просекот за септември изнесува 693.34 м.н.в. Нивото на езерото денес е 10 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 3 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија ...

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД. Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со ...

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 27 степени. Од утре ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h), особено долж Повардарието. OhridNews ...

Репрезентацијата на Германија е нов Европски првак откако во финалето на Евробаскетот што се одигра вечерва во Рига, Латвија, ја совлада Турција 89:83. Мечот изобилуваше со пресврти и атрактивни потези, а во драматичната завршница клучните играчи на Германија, пред се Шредер, одиграа мајсторски и без грешка што го одлучи натпреварот. На спротивната страна Турција има за што да жали. Избраниците на Ергин Атаман водеа во голем дел на мечот, но ...

Екипата на ГФК Охрид Лихнидос забележа гостинска победа во 4 коло од Втората лига. Викендов во Прилеп Охрид ја совлада Победа со 3:2. Стерлци на головите за екипата на Охрид Лихнидос беа Димитриј Димитриевски, Антонио Каланоски и Иван Глигоров. Кожуф, Брегалнивца и Шкендија Арачаиново со по 10 бода се на водечката позција на табелата, Охрид е 5-ти со 7 бода. Во следното коло кое на програмата е на 20 септември, Охрид на „Билјанини извори“ го ...

На 20 септември 2025 година, со почеток во 11:30 часот, во спортската сала „Билјанини Извори“ – Охрид, ќе се одржи настан под мотото: „Ракометот е тука – дали си подготвен?“. Специјални гости на настанот ќе бидат: Филип Миркуловски, Индира Кастратовиќ и Елена Ѓорѓиевска. Главна цел на Ракометниот караван е промоција на нашиот национален спорт низ целата територија на нашата земја. Караванот има за задача да ги доближи вредностите на ракометот ...

Партијата Левица на претстојните локални избори во Општина Струга за градоначалник ја кандидира актуелната пратеничка во Собранието на Република Македонија, Јована Мојсоска – и генерален секретар на Левица. Нејзиното искуство, политичка активност и лична посветеност се гаранција дека ќе го брани јавниот интерес и ќе понуди вистински решенија за проблемите со кои се соочува Струга, објави Левица. Најголемите политички партии во македонскиот ...

На полноќ истеше рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и листи на советници за претстојните Локални избори што ќе се одржат на 19 октомври. Како што информира Општинската изборна комисија, во Охрид поднесени се вкупно 4 кандидатски листи за градоначалник. Три од нив се на партии, а една од група избирачи. Што се однесува до советот, поднесени се вкупно 11 листи за членови на советот на Град Охрид, 7 од партии и 4 независни листи. ...

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта, на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови, додека во западните се очекува стабилно време. Максималната температура во Охрид ќе достигне 26 степени. Во ...

Второто коло од Супер лигата ја донесе езерската пресметка во „Билјанини извори“ каде ГРК Охрид убедливо ја совлада РК Струга со 40:16. Разликата во квалитет помеѓу двете екипи беше очигледна, за што говори и резултатот во натпреварот кој секогаш го носи епитетот Езерско дерби. И додека на трибинати се одвиваше вистински дуел помеѓу навивачките групи „Рибари“ и „Паткари“, на теренот доминираше една екипа. Охрид почна силно и по 10 минути игра ...

Во рамките на проектот „Да ги овековечиме вредностите“ (цртање мурали на истакнати охридски дејци), а по повод роденденот на големиот уметник Јордан Манасијески кој годинава го одбележува јубилејот 55 години од творештвото, Општина Охрид на северната страна на НУ Библиотека Григор Прличев му подари мурал. Муралот ќе биде завршен во текот на идната недела, а е дело на академскиот сликар Горан Ристовски, информираат од Општина Охрид. Неодамна ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура до 28 степени. Под влијание на циклонска активност во утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе ...

На коференцијата на општинската организација на СДСМ Охрид што се одржа вечерва, акламативно Асен Шајн е потврден за кандидат за градоначалник на Општина Охрид, а Јане Тодороски е избран за носител на листата на кандидати за членови на Советот на Општина Охрид како и персоналниот состав на истата. На Охрид ќе му понудиме свежа енергија која искуството и мудроста ќе ги црпи од сите членови и симпатизери, а нашите советници ќе бидат гласот на ...

Кошаркарските репрезентации на Турција и Германија ќе се сретнат во финалето на ФИБА Евробаскет 2025. Двата тима сè уште не се поразени на првенството, но тоа ќе се промени во недела во Рига, Латвија. Турција за која настапува родениот охриѓанец Џеди Осман, прикажа импресивна игра и убедливо ја победи Грција со 94-68, обезбедувајќи место во финалето само втор пат по 2001 година. Ерџан Османи беше ѕвезда на вечерта со 28 поени, 18 во првото ...

ЈП Билјанини Извори – Охрид во насока на спортско по повод Денот на ослободувањето на Охрид – 7 Ноември, по трет пат организира турнир во мал фудбал „Futsal OHRID FREED 2025“, на кој ќе настапат екипи на јавните претпријатија и приватните компании. Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“. Заинтересираните треба да состават своја екипа од Максимум 10 играчи кои не мора да се вработени во претпријатието или компанијата. Список ...

На 11.09.2025 во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес“, управувано од 24-годишно лице од Охрид, излетало од патот. Во несреќата со тепшки телесни повреди се здобил возачот констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. На 11.09.2025 во ...

Охридскиот веслачки клуб „Горица Ремо“ се подготвува за нов предизвик, учество на младинска регата во Зрењанин, Србија. Младите веслачи Ана Ничевска и Андреј Крстески, предводени од нивниот тренер Александра Маленкоска, и со огромна поддршка од клубот, ќе ги одмерат силите со најдобрите веслачки тимови од Србија и Бугарија. Оваа регата претставува одлична можност за охридските спортисти да стекнат ново искуство и да ја покажат својата ...

Денес во 12 часот на мини плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи промоција на четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“ во издание на Општина Охрид. Во книгата се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид. Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени ...

Утрово во најголемиот дел од земјава времето е сончево со мала локална облачност, а по одделни котлини и речни долини има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 27 степени. Во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник времето ...

Осветувањето на празникот на Светите Адријан и Наталија го изрши Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј кој отслужи литургија во новоосветениот храм. Храмот Вознесение Христово е изграден во местото викано Трпејчко поле – Глајшо во Трпејца со поддршка на народот и верниците. Митрополитот Георгиј им додели благодарници на помагателите, меѓу кои и на Ацо Таламаноски, кој е најзаслужен за изградбата на овој храм. ...

Вториот Меѓународен кошаркарски турнир во Охрид и официјално заврши. Изминативе денови, нашиот град беше дом на кошаркарскиот дух, пријателство и фер-плеј. Оваа година на турнирот учествуваа 10 екипи од 7 различни земји, кои ги донесоа воедно и талентираните млади спортисти од цела Европа во Охрид, велат организаторите на турнирот. Вие не само што се натпреварувавте на теренот — покажавте почит, тимска работа и страст кон играта, кои се ...

Охрид во јули го посетиле 72 521 турист од кои 39 189 домашни и 33 332 странски гости, а биле остварени 356 646 ноќевања. Во јуни бројот на туристи изнесувал 40 276, додека во мај 41 096, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Од странските туристи најголем дел во јули биле од Турција – 15 759, по нив од Србија – 2602, Полска – 2230 и Холандија – 2203, велат од ДЗС. Во Струга, пак, во јули регистрирани се 32 751 турист ...

Охрид во јули го посетиле 72 521 турист од кои 39 189 домашни и 33 332 странски гости, а биле остварени 356 646 ноќевања. Во јуни бројот на туристи изнесувал 40 276, додека во мај 41 096, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Најголем дел од туристите во јули биле од Турција – 15 759, по нив од Србија – 2602, Полска – 2230 и Холандија – 2203, велат од ДЗС. Во Струга, пак, во јули регистрирани се 32 751 турист од кои 17 ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
95%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
90%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
66%
1012
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.55
93%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
86%
1018
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.79
86%
1014
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
87%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948