
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 24 јуни, Меѓународниот ден на Балканските египќани, упати честитка до припадниците на оваа заедница во Општина Охрид. Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од заедницата на Балканските Египќани по повод 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани. Нека овој празник биде потсетник дека различностите не прават посилни и побогати. Вашата традиција и култура се важен дел од духот на Охрид и ...
На турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта, синоќа се одиграа три натпревар на кои публиката виде допадлив фудбал и доста голови. Победи забележаа екипите на АСП ПАК, Ночелино и Инитали. Резултати 23.06.’25, понеделник АСП ПАК -Чардак Велгошти 6:2 Компани Стојкоски – Ночелино 1:2 Инитали – Блу Фиш 2:0 Турнирот продолжува вечерва, со три натпревари од фазата по групи. Распоред на натпревари 24.06.’25, вторник 20:30 Игор Бенд Бушиноски – ...
Советот на општина Охрид во понеделник, 30 јуни, со почеток во 09:00 часот во општинската зграда ќе ја одржи педесет и осмата седница. На Дневен ред се 28 точки, меѓу кои одлуките за давање согласност на годишниот план за вработување за 2026 во училиштата, одлука за давање согласност на одлуката за изменет годишен план за вработување за 2025 година на ЈП „Градски пазар“ – Охрид, давање согласност и овластување за измирување односно ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 158 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.5. Според досегашните податоци со кои располага ...
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност и слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до ...
Опозициската СДСМ бара одговори од актуелниот градоначалник Кирил Пецаков за велосипедската патека на источното крајбрежје која, како што велат, беше ветена но се уште не е изградена. Четири години подоцна, што имаме? Ниту патека, ниту проект, ниту барем обид да се започне нешто. На местото каде требаше да се движат велосипеди, денес расте трева, жбунови и летна прашина. Тука има само молк, заборав и неодговорност. Дали е ова визијата за која ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт на Израел, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина. Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин ...
Веслачите од Горица Ремо од Охрид се закитија со шест медали на Државното првенство во веслање кое се одржа изминатиов викенд во организација на Веслачката федерација на Македонија во Автокампот АС во Струга, а на кое учество земаа четирите веслачки клубови во државата. На највисокото место се искачија Александра Маленкоска и Исабела Димоска во дисциплината дубал скул сениорки, до среброто извеслаа нивните клубски колешки Дениз Хајредин и ...
Со вонреден ангажман на дежурните служби и ангажирање на специјална механизација на ЈП Охридски Комуналец расчистени се дури 16 мини депонии на различни локации во градот, информираат од претпријарието. Посочуваат дека од истите се подигнати 36м3 кабаст и зелен отпад. Овие слики кои не можеме да ги избегнеме, ги фрлаат во вода сите наши напори и организирани акции за чист град и урбана средина која сите ја посакуваме и заслужуваме, потенцираат ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков оствари работна средба со амбасадорката на Литванија во Република Македонија, Н. Е. Вилма Дамбраускиене. На средбата, како што информираат од Општина Охрид, се разговарало за начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, а акцент бил ставен на туризмот како главна економска дејност во Охрид. Беше истакнато дека на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ постојано се воведуваат ...
Граѓани на неодамна асфалтираната и обележана улица „Даме Груев“, во близина на старото кино, незаконски поставиле блокатори за паркинг и столпчиња. Случајот бил пријавен во надлежниот општински инспекторат кој денеска интервенираше и ги отстрани поставаните пречки на делот предвиден за паркинг на улицата. Од инспекторатот додаваат дека самоволното поставување блокатори и столпчиња кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот и ...
Се прават големи напори и интензивно се работи автопатот Охрид-Кичево да биде пуштен во употреба до крајот на 2026 година, изјави во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски дискутирајќи за патната инфраструктура во Македонија, и ангажманот од страна на Владата за изградба на патишта и автопати. Со моето назначување на директор и со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се прават големи ...
За една година Владата исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци, посочуваат во денешното соопштение. Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно. А не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени. Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, се со цел да се подготват за следната ...
На турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта, вечерва се одиграа уште четири натпревари од фазата по групи. Најефикасно беше на натпреварот помеѓу Гостилница Кај Мече и Мексико на која беа видени 11 голови. Резултати 20.06.2025, недела Брумел – Аце Најдески 1:4 Гостилница Кај Мече – Мексико 7:4 Гранит Х- Фурна Настоски и Форт кафе 7:1 Др. Баткоски – Ескобар Волино 1:1 Турнирот продолжува во понеделник кога на програмата со три средби од ...
Инцидентот се случил утрово во 04.35 часот. Во водите на Охридското Езеро кај Лагадин, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор го затекналее албанскиот државјанин К.С. (47) во вршење незаконит риболов со блинкери во пловен објект. Поради постоење основи на сомнение за „Илегално преминување на државната граница“ и „Незаконит риболов“, него, судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка ...
На Светското клупско првенство во фудбал што се игра во САД, ноќеска се одиграа две средби. На средбата Ривер Плата – Монтереј немаше голови, но затоа на натпреварот помеѓу Флуминенсе и Улсан Хјундаи паднаа дури 6. Резултати СП САД, 22.06.’25 Е гупа: Ривер Плата – Монтереј 0:0 Ф група: Флуминенсе – Улсан Хјундаи 4:2 Претходно вчера се одиграа уште четири средби на кои беа постигнатио следните резултати: Ц група: Баерн Минхен – Бока јуниорс ...
Воените сили на Соединетите американски држави ноќеска нападнаа три ирански нуклеарни објекти. Нападот го извршиле таканаречените невидливи бомбардери Б-2 Спирит кои исфрлиле 12 пенетрациски бомби GBU-57/B (т.н. „бункер-разбивач“) врз три ирански нуклеарни објекти – Фордоу, Натанц и Исфахан. Нарекувајќи го „насилник на Блискиот Исток“, американскиот претседател Доналд Трамп, се закани ако мирот не дојде наскоро, САД ќе таргетираат и други цели ...
Со четири натпревари од групната фаза, вечерва продолжи 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта. Вицешампионот АСП ПАК стартуваше со убедлива победа, а се одигра и првиот натпревар без голови на турнирот. Резултати 21.06.2025, сабота АСП ПАК – Типлери 6:0 Здружение на возачи Ресен – Топлина 0:0 Дооел Ниче – Зурли и тапани Вевчани 3:1 Македонија БЗ груп Струга 2:8 Турнирот продолжува во недела со нови четири средби од ...
Со богата програма која почна вчера, во Охрид се одбележа Денот на Охридското Езеро – 21 Јуни. Во рамки на одбележувањето на плажата К’ј Дивоно се одржа дефиле на едрилици. Фестивалот „Balkan Music Square“ кој оваа година се одржува во склоп на прославата на Денот на Езерото, на плоштадот Долна порта денеска настапија Дамјан Пејчиноски, Николче Милески, Љубојна и гостинката од Албанија Алба Далјани. Денот на Езерото свечено одбележан во Охрид ...
Патот од Подмоље до Охрид од вечерва се пушта за сообраќај, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Со директорот Коце Трајановски извршивме увид во изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Продолжуваме со многу засилена динамика. – напиша на Фејсбук Николоски. Според најавите, до Петровден треба да биде ставен во функција делот од автопатот од Охрид до селото Врбјани. Целосно автопатот Охрид-Кичево треба да биде ...
СВР Охрид во полицискиот билтен секојдневно бележи насилство низ улиците на градот. На 20.06.2025 во 18.20 часот во СВР Охрид, 77-годишна жителка на Охрид пријавила дека околу 17.00 часот пред нејзиниот двор, соседот со тврд предмет упатувал закани на неа и на нејзината ќерка Се работи на расчистување на случајот. На 20.06.2025 во 22.00 часот СВР Охрид, 40-годоќишен жител на Охрид пријавил дека околу 20.30 часот во неговиот авто-сервис на ...
На иницијатива на ЕД Грашница и жители на село Орман и населба Чекоштина, во соработка со надлежни институции и организации СВР Охрид, комуналната инспекција, Охридски Комуналец, Туристичката асоцијација Билјана, отстранети се и транспортирани на депонијата Буково повеќе вреќи со остатоци од животни (јагниња, овци и сл.) кои по верскиот празник Курбан Бајрам биле расфрлани на повеќе локации по планината над Чекоштина во близина на сеата Орман и ...
Телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 33 минути регистрирала земјотрес чии епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е ...
Стрелците вечерва беа вонредно расположени на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта. На четири средби беа постигнати дури 32 гола. Резултати 20.06.’25, петок Хотел и спа Инекс Олгица – Кафе Бар 9 – 2:1 Вила Мина Ќе има се – Пекара Илинче 9:5 Вила Мина Ќе има се – Кампинг Љубаништа 0:3 Мешеишта – Игор бенд Бушиноски 9:3 Турнирот продолжува во сабота со четири средби од групната фаза. Распоред на натпревари 21.06.’25, сабота 20:00 АСП ПАК ...
СВР Охрид соопшти дека лицето што вчера беше пронајдено мртво во водите на Охридското Езеро, е странски државјанин. На 19.06.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид, пред ул.„Кеј Македонија“, во водите на Охридското Езеро бил пронајден B.J.(74) од Англија, кој не давал знаци на живот. Лицето било извадено на кејот, а од екипа на Итна медицинска била констатирана смрт без видливи траги на насилство, информира СВР Охрид. ...
Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија. При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење за конкретниот ...
Четириесет и четири годишна охриѓанка го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа нма булеварот „Туристичка“, на кружниот тек кај „Мини маркет“. Во нереќата со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот партнер. Во нашата болница ноќеска беа примени двајца пациенти, настрадани во сообраќајна несреќа. Лекарите констатираа смрт кај 44-годишна жена од Охрид, а мажот кој во моментот на незгодата бил со неа има тешки телесни ...
Екипата на Кафе Бар Коко од Скопје, забележа победи на сите три натпревари што ги одигра вечерва на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта. Резултати четврток 19.06.2025 20:30 Кафе Бар Коко – Инитали 3-0 21:30 Кафе Бар Коко – Том Гор 8-2 22:30 Кафе Бар Коко – Блу Фиш 4-3 Турнирот продолжува во петок со четири средби од групната фаза. Распоред на натпревари петок, 20 јуни. 20:00 Хотел и спа Инекс Олгица – Кафе Бар 9 21:00 Вила Мина Ќе има ...
На кружниот тек на булеварот Туристичка, кај Мини маркет, вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени двајца пешаци, од коо еден потешко. Инцидентот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според првичните неофицијални информации до несреќата дошло кога автомобил од засега непознати причини изгубил контрола, преминал преку кружниот тек и излетал од колововозот на спротивната лента, при што удрил во двајца ...
Околу 14 часот во водите на Охридското Езеро, на плажата на кејот, пронајдено е безживотно тело. Информацијата за Охридњуз ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото нема траги на насилство. Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан и околностите кои довеле до него, додаде Димоски. На местото на настанот интервенирала и брзата помош, но лакарите само ...