Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори на Општина Охрид, ЈП „Билјанини Извори” ги известува сите граѓани дека од утре, 1 октомври, ќе има измена на цените на паркинг услугите со кои стопанисува претпријатието. Од 1 октомври цените на зона А, зона Б, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое ние ...
Лабораторијата при ЈЗУ Здравствен дом Вевчани е опремена со нов имунолошки апарат од најнова генерација. Како што информираат од Установата апаратот значително ќе го унапреди квалитетот на лабораториските услуги што им се нудат на пациентите. Овој современ апарат овозможува брза, прецизна и доверлива анализа на имунолошки параметри, што е од клучно значење за навремено откривање и следење на разни болести, посочуваат. Воведувањето на овој ...
Со свечен академски час, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе го означи почетокот на академската 2025/2026 година. Настанот ќе се одржи утре, 1 октомври 2025 год., во 12 часот во амфитеатарот на Универзитетот, со присуство на студенти, професори и гости. Свеченото отворање е момент да го прославиме новиот почеток, да им посакаме добредојде на новата генерација студенти и да ја зајакнеме нашата ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Максимапната температура ќе достигне 19 степени. Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките ...
Одлучив да се кандидирам за градоначалник бидејќи верувам дека нашиот град заслужува чесно и храбро водство, заслужува луѓе коишто слушаат и постапуваат. Живеам во Охрид веќе 39 години, моето семејство влече корени пред повеќе генерации, тука сум професионално ангажиран, тука оформив семејство и тука ја гледам нашата иднина, вели во обраќањето кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и коалицијата, д-р Асен Шајн. Охрид е посебен ...
ГРК Охрид во средба во рамки на петтото коло од ракометната Супер лига ја пречекува екипата на ГРК Тиквеш. Свесни сме дека ниеден натпревар не е лесен и дека мора кон се да пристапиме со сериозност и постојаност. Веруваме дека ќе одиграме силно и во одбрана и во напад и ќе извојуваме победа пред нашата публика, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Николаос Лиапис. Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот. ...
Фондацијата „Доктор Лефтер Манче“ за првпат оваа година, вчера, по повод неговиот 90. роденден и основањето на Фондацијата, го додели престижното признание и парична награда за најдобар студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Алма Шемо од Охрид и Стефан Спасовски од Скопје. Ова високо признание е потврда за нивната извонредна посветеност, научна истрајност и љубов кон македонскиот јазик и ...
Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утре ќе се задржи претежно стабилно време. Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север на повисоките планини ќе има ...
На 19 октомври ќе се одржат осмите Локални избори во независна Македонија. Изборната кампања почнува вечерва на полноќ и ќе трае до 17 октомври на полноќ кога на сила стапува предизборен молк. Ќе се бираат градоначалници и членови на совет во 80 општини и градот Скопје. Во Охрид битката за градоначалничката фнкција ќе ја водат четворица кандидати, Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата, Гоце ...
Денеска ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 19 степени. Слично време не очекува и на почетокот од работната седмица, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...
Снукер федерацијата на Македонија заедно со најдобрите играчи во земјава го претставија снукерот пред учениците од средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Во училиштето каде е поставена снукер маса, младите имаа можност директно да се запознаат со овој спорт кој бележи сè поголема популарност во светот. Настанот се одржа на иницијатива на ГРАН КЛУБ СНУКЕР – Охрид, а истиот се реализираше во соработка со училиштето и ...
Случајот е регистриран вчера во 18:15 часот на регионалниот пат Ресен-Охрид, кај село Косел,. Полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 66-годишно лице од гостиварското село Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел од сопственикот. Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле на ...
На изборното Собрание на Социјалистичката партија (СПМ) Охрид, што се одржа деновиве, сите делегати едногласно ја дадоа подршката на досегашниот претседател Проф. д-р Александар Блажески како потврда за довербата, посветеноста и визијата што ја носи со себе, информира партијата. Сплотени , силни , побројни продолжуваме и убедени сме дека ќе продолжиме да ги браниме вистинските социјалистички вредности со кои успехот е загарантиран. Веруваме ...
Претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Во Охрид времето денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 18 степени. До понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ...
Во Струга шест од деветмината кандидати за градоначалник денес потпишаа Кодекс за фер и демократски избори во просториите на Општинската изборна комисија. Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, Љубе Петревски од Работничката партија, Роберт Милески од Демократи Скопје и независните кандидати Насто Палиоски, Менди Ќира и Игор Малески го потпишаа Кодексот, додека Јована Мојсоска од Левица и независните Бесник ...
Астон Вила оја сезонава мака мачи во Премиер лигата забележа минимална победа над Болоња, благодарение на ефектниот гол од Џон Мегин уште во 13-тата минута. Вилa стигна до важни трите бода на почетокот на групната фаза од Лигата на Европа, и покрај промашениот пенал на Оли Воткинс подоцна во натпреварот. Генк го победи Ренџерс на гостински терен, 1-0, во меч кој шкотскиот тим го заврши со играч помалку поради црвен картон. Штутгарт со 2-1 ја ...
Tрадиционално и оваа година Црвен крст Охрид ќе ја одбележи Неделата на промоција на хумани вредности (ПХВ). Настанот ќе се одржи денес во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 14 часот, а на истиот ќе бидат презентирани овогодинешните ПХВ проекти, реализирани од страна на младите волонтери, со цел промовирање на солидарноста, хуманоста и активната вклученост во заедницата. Како знак на признание и благодарност, ќе бидат доделени ...
Кандидатите за градоначалник на Општина Охрид денес ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. На претстојните избори закажани за 19 октомври за градоначалничката функција ќе се ја водат битката четворица кандидати меѓу нив актуелниот градоначалникот Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата, Гоце Цветкоски како незвисен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија. Според ...
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во Охрид времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максимапната температура ќе достигне 23 степени. Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо ...
Со реден број 1 на Листата на кандидати за градоначалник на Општина Дебрца е коалицијата “ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ” предводена од Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра – Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите од РСМ чиј кандидат за градоначалник е Даниел Огненоски. Со реден број 5 на листата е лоалицијара за локални избори 2025 година предводена од СДСМ чиј кандидат е Љупчо ...
Ќе се решава проблемот со водоснабдувањето на жителите од село Вапила. На денешната одржана средба на жителите со градоначалникот Кирил Пецаков, секретарот Александар Китески и директорот на ЈП Водовод Охрид биле договорени привремено, но и трајно решение на проблемот. На состанокот беше дискутирано за дведеценискиот проблем со водоснабдувањето. Беше договорено привремено решение со изградба на нова бушотина, активности кои ќе започнат од утре, ...
Од денес до 28 септември во Струга ќе се одржат Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant. Домаќин на средбите е Здружението Нефрон, а учество ќе земат организации на пациенти од дијализа и со трансплантирани органи од 8 земји членки на мрежата Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Црна Гора. Средбите се со едукативен и спортско-рекреативен карактер и ќе ...
Охрид во сабота, 27 септември, ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл – завршна манифестација со која ќе биде затворена Европската недела на спортот 2025. Овој проект го спроведува Министерството за спорт во рамките на најголемата европска иницијатива за промоција на спортот и физичката активност – European Week of Sport (EWoS) која годинава одбележува 10-годишен јубилеј. Охриѓани имаат можност да уживаат во единствено искуство кое ги ...
Со девет натпревари што се одиграа синоќа, почна новата сезона во Лигата на Европа на УЕФА која оваа година има нов формат. На стартот се одиграа неколку дерби средби на кои немаше победник, но беше виден добар и ефикасен фудбал. Реал Бетис и Нотингем Форест одиграа нерешено 2:2, а без победник заврши и натпреварот во Белград помеѓу Црвена Звезда и Селтик – 1:1. Рома славеше на гости кај Ница. Резултати Лига Европа – 24.09.2025 Митјиланд ...
Променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максимапната температура ќе достигне 26 степени. Од утре до почетокот на следната седмица под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и ...
Екипата на ГФК Охрид Лихнидос убедливо го совлада прволигашот Шкупи со 3:0 и обезбеди пласман во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Стрелци на головите за Охрид беа Антонио Каланоски и Иван Глигоров кој стрелаше два пати. Со оваа победа Охрид ги потврди високите амбиции оваа сезона, а Шкупи ја продлабочи кризата во која се наоѓа клубот од скопски Чаир. Денеска се одигра уште еден натпревар од фудбалскиот Куп во кој Детонит Плачковица на ...
Денес официјално стартува новата сезона на УЕФА Европа лига 2025/26, носејќи свеж формат, нови тимови и големи очекувања. Ова ќе биде 55. издание на ова европско натпреварување порано познато како Куп на УЕФА, а 17–та сезона под името „Европа лига“. Финалето е закажано за 20 мај 2026 на Бешикташ Парк, Истанбул. Што носи стартот На стартот не очекуваат интересни натпревари. Еден од нив е Бетис – Нотингем Форест кој се враќа во европските ...
Државната изборна комисија ја утврди единствената листа на редни броеви под кои ќе настапат кандидатите и коалициите на претстојните Локални избори. Целосната листа со редни броеви под кои ќе бидат запишани партиските кандидати за градоначалници кои доаѓаат од редовите на парламентарните партии: Локалните избори за градоначалници и советници во општините ќе се одржат на 19 октомври. Изборната кампања за првиот круг на гласање започнува на 29 ...
24-та Годишна конференција на Македонска берза ќе се одржи во Охрид во периодот од 25 до 27 септември на којa врвни експерти од Македонија и регионот ќе ги споделат своите знаења и искуства од индустријата. Програмата ќе опфати презентации и дискусии на повеќе значајни теми како македонските и регионалните економски перспективи, можностите и предизвиците за IPO и раст на домашни компании, развојот на пазарот на капитал преку мултифондови и ...
Деновиве во населба Воска се одвиваат активности за асфалтирање sогласно годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид. Како што информира градоначалникот Кирил Пецаков асфалтиран е крак од улица „Гоце Делчев” со површина од околу 1 600м2, а во тек е асфалтирање на три краци од улицата „Васил Стевоски”. Посветени сме на урбан развој на секој дел од Охрид. ...