Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Реалноста во Охрид е далеку од сликата каква што заслужува оваа општина. Време е за промени и вистински проекти. Ова го истакна кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и коалицијата, д-р Асен Шајн, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа вечерва во хотелот „Славија“. Граѓаните се разочарани и со право. Многу се ветува, а ништо не се исполнува. ...
Синоќа се одигра финалето на XXI Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ – Сокол ВЛТ 2025 година, во кое екипата на АСП ПАК од Охрид загуби од Компанија Атанасовски 2:5. Првопласирана екипа освои 500 000 денари, а второпласираната 250 000 денари. За најдобар играч на турнирот прогласен е Димитар Јанев – Компанија Атанасовски, а наградата за најдобар голман ја освои Наум Таулоски – АСП ПАК. За најдобар млад играч прогласен е ...
Утрово во Охрид е измерена најниска температура од 4,6 степени. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максимапната температура ќе достигне 17 степени. Во понеделник не очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. ...
Сезоната ја отворивме со силни гостувања. Сега е трето гостување во Битола, по Алкалоид и Вардар, не чека Еурофарм Пелистер. Сите знаеме кој потенцијал го имаа таа екипа, посебно како добро играат на свој терен, изјави ракометарот на ГРК Охрид Предраг Вејин. Во недела не очекува многу голем предизвик како нас, така и нив. До сега покажавме дека одигравме добри натпревари со Алкалоид и Вардар и во Битола ќе одиме на победа. Мислам дека имаме ...
На 03.10.2025 во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид, подолго време вознемирувал, а на 29.09.2025 година околу 22 часот и физички нападнал 25 годишна девојка од Охрид, која била на нејзиното работно место. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 131 од Кривичниот законик „тешка телесна повреда“, информираат од СВР Охрид. На 03.10.2025 во 16:10 часот, ...
Претставници од партијата Левица денес ќе оствaрат средба со граѓани во Охрид на која ќе присуствуваат претседателот проф. д-р Димитар Апасиев, пратеничката Јована Мојсоска, носителот на листа, Виолета Аврамоска, и останатите кандидати за советници. На овој настан, ќе ја презентираме нашата изборна програма, која е резултат на соработка и слушање на гласовите на граѓаните, велат од Левица. Средбата ќе се одржи на плоштадот „Крушевска ...
Во 1986 година во Охрид во катедралната црква „Света Софија“ се одржал Архиепископски изборен црковно-народен собир, на кој г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) бил избран за трет по ред Архиепископ охридски и македонски – поглавар на Македонската православна црква. Следниот ден во црквата „Свети Климент“, новоизбраниот поглавар положил свечена заклетва и му биле врачени архиепископските обележја. Прв поглавар на Македонската православна црква бил ...
Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија. Концертот ќе се одржи во центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва со почеток во 19:30 часот. Од Здружението упатуваат покана до сите заинтересирани лица кои сакаат да присуствуваат на ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 12 степени. Утре изутрина ќе биде студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степении. Кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од ...
Нашата визија е рамномерен развој на сите делови од Охрид, а не само центарот на градот. Во оваа насока имаме конкретни планови и проекти кои во идниот мандат ќе се реализираат во месните заедници „Железничка“, „Лескајца“ и населбата „Радојца Новичиќ“, рече на денешната прес конференција кандидатката за советничка од СДСМ и коалицијата, Лидија Неданоска. На улица „Железничка“ ќе се опфатат следниве инфраструктурни решенија: санирање и ...
Заложбата на Советот на Општина Охрид и советниците ќе биде насочена кон поддршка на 10 приоритетни проекти за Општината како дел од програмата на идниот градоначалник Кирил Пецаков, Модерна општинска инфраструктура, Локална стратегија за економски силна општина, Општината во дигитална ера, Инвестираме во спорт и во здрави навики, Зелена, чиста и енергетски ефикасна општина, Поддршка и промоција на локалниот туризам, Поддршка на културата и ...
Студениот бран што ја зафати државава го донесе првиот снег на повисоките планински места како Лазарополе, Маврово, Попова Шапка. Првиот снег падна и околу Охридското Езеро на планината Петрино. Снегот значително ги спушти температури како утринските, така и дневните. Од Управата за хидрометеоролшки работи сепак за време на викендов најавуваат стабилно време со ниска утринска температура и благ пораст на дневната. Н.С.Ј. фото. А. Момироска ...
Новата изборна програма е плод на темелна анализа, со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство. Во програмата, голем дел од нашата енергија е посветен на изградба на современа општинска инфраструктура, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ...
ГРК Охрид во недела во рамки на шестото коло од ракометната Супер лига гостува кај екипата на РК Еурофарм Пелистер. Во недела не чека тежок натпревар пред полна сала во Битола. Свесни сме дека мора да бидеме цврсти и агресивни во одбраната во текот на целиот натпревар, а во нападот да играме паметно со што помалку технички грешки. Натпреварот сигурно ќе биде интересен, затоа ги повикувам сите наши навивачи да не поддржат во што поголем број, ...
Спортско друштво ИТК Македонија – Скопје, заедно со Интернационалниот курс за тренери (ИТК Лајпциг) од Универзитетот во Лајпциг од Германија, организираат Интернационален симпозиум насловен „Including Inclusion“. Овој симпозиум претставува завршен настан на ИТК Лајпциг Алумни групата од проектот “Including Inclusion” (Вклучувајќи ја инклузијата). Целта на проектот е да се развијат инклузивни спортски курикулуми за тренери и наставен кадар и да ...
Поради дефект дел од жителите на Охрид и Дебрца без електрично напојување. Според информациите од наши сограѓани прекини имало во текот на ноќта и утринава. Од ЕВН Македонија информираат дека се работи за дефект и без електрично напојување се делови на Охрид и Дебрца, но екипите на претпријатието се на терен и работат на санирање на истиот. Се работи за дефект на 110 киловолти далековод. Прекин во снабдувањето со електрична енергија има во ...
ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид денес ќе одржи работилницата за подигнување на јавната свест: „Нeвидливи мрежи-видлива закана!“, посветена на запознавање на пошироката јавност со реализираните активности за отстранување на напуштен, изгубен, заборавен или на друг начин оставен рибарски алат – таканаречени „мрежи духови“ – од Охридското и Преспанското Езеро. Работилницата ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 12:00 часот. ...
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во Охрид времето денес променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура до 7 степени. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а ...
Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, денес оствари средба со Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија господин Георгиј, претседателка на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, Ана Дукоска и Кимберли Флечер, претседателка на движењето „Мајки од Америка“ заедно со претставници од движењето. На средбата ја потенцирав нашата визија за родова еднаквост ...
Проект за целосна реконструкција на пешачката патека од мостот до Горица 1 најави на денешната прес конференција кандидатот за советник на советничката листа на СДСМ и коалицијата за општина Охрид за претстојните локални избори, Јован Крлев. Стоиме на место кое секој охриѓанец и секој турист го знае, пешачката патека од мостот до Горица 1. Денеска таа изгледа запуштено, со оштетена подлога, слабо осветлување и без основна урбана опрема. Време е ...
Најновите податоци од платежната статистика на Народната банка за вториот квартал од 2025 година покажуваат натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата, отколку шалтерите. Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9% по број и за 20,9% по вредност. Особено е брз ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ја прими новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во државава, Ивета Хрицова. Соговорниците ги разгледуваа можностите за потпишување Меморандум за соработка помеѓу Охрид и Нитра, градовите од Македонија и Словачка кои ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости. Се разговараше и за ...
Оваа порака ја испрати на денешната пресконференција кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата Асен Шајн. Тој ја претстави визијата „Охрид – Модерен град, град на УНЕСКО“ – проект што, како што рече, го ставаме во срцето на нашата програма, затоа што знаеме што значи Охрид за цела држава а и за светот пошироко, рече Шајн. Овој проект значи модернизација со почит кон традицијата. Ќе работиме на тоа Охрид да стане поуреден, почист, со ...
ГРК Охрид го солвада ГРК Тиквеш 2014 во натпреварот од 5 коло од Супер лигата кој се одигра вечерва во „Билјанини извори“ со 24:19 (полувреме 15:5). Статистика ГРК Охрид: Чаневски (3 одбрани), Стрмљан 1, Ојлески 3, Иванковиќ 1, Кукуловски 2, Вејин 2, Шипинкоски, Ристески 1, Реј Моралес, Савревски 2, Јотиќ 3, Лијапис 5, Блажески (5 одбрани), Бојаниќ, Цирар 4, Ѓорѓески. Во последните моменти од мечот се повреди хрватскиот интернационалец на ...
Оваа сабота, на игралиштето во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош” во скопски Карпош 1, со почеток во 21 часот, ќе се игра финалето на традиционалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“. Екипите на АСП ПАК и компанија Атанасовски по убедливи настапи ја заслужија својата позиција во завршницата, а неизвесноста и динамиката на дуелот ветуваат вистински спортски спектакл. Очекуваме фер и борбен натпревар, достоен за финале на еден ваков реномиран ...
Советничката листа на СДСМ и коалицијата за претстојните локални избори во Охрид е тим составен од луѓе со искуство, знаење и визија за иднината на нашата општина, рече на денешната прес конференција носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата за општина Охрид за претстојните локални избори, Јане Тодороски. Нашиот тим го сочинуваат професионалци од различни области, образование, здравство, економија, екологија, граѓански активизам. ...
Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија. Концертот ќе се одржи во центарот за култура „Григор Прличев“ на 4 октомври, сабота, со почеток во 19:30 часот. Од Здружението упатуваат покана до сите заинтересирани лица кои сакаат да ...
Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија. Концертот ќе се одржи во центарот за култура „Григор Прличев“ на 4 октомври, сабота, со почеток во 19:30 часот. Од Здружението упатуваат покана до сите заинтересирани лица кои сакаат да ...
Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне и во текот на ноќта под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни. Во Охрид времето денес променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Од денес попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни. Вкупно од овој бран се ...
Празниците се убави денови кои ги сплотуваат луѓето. Оваа година празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж кој традиционално масовно се одбележува во истоимената мала црквичка во Лагадин „се падна“ во екот на изборната кампања за локалните избори. Меѓу бројните верници беа и кандатите за градоначалник на ВМРО ДМПНЕ и коалицијата Кирил Пецаков и на СДСМ и коалицијата Асеј Шајн. Објективот на Охридњуз ги „улови“ во ...