
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



„Квалитетен одмор е од големо значење за исфрлање на токсините од телото, за ревитализација на целиот одмор и нашето севкупно физичко и психичко здравје,“ вели психологот Леа Маричиќ наведувајќи истражувања по кои за една петина се намалува ризикот од предвремено умирање доколу редовно се користи годишен одмор. Одморот значајно ги ублажува симптомите со кои се бориме поради напорна или стресна работа, го намалува ризикот од срцев удар и го ...
Холивудскиот актер кој себе се доживува како „доживотен демократ“, апелираше до Бајден доброволно да се повлече од овогодинешната претседателска трка. Тоа беше спакувано заедно со панегирик за карактерот и достигнувањата на претседателот (види: Џорџ Клуни го пушти Бајден низ вода) за на крајот писанието да се сведе на поента дека Бајден е премногу стар за да победи. Интервенцијата на Клуни мириса на елитен патернализам. Актерот, чие политичко ...
Освен што му доаѓаат на гости, Путин имаше и шест посети во странство во време кога неговиот простор за патување е сериозно ограничен откако минатата година Меѓународниот кривичен суд објави налог за негово апсење. Блумберг објаснува дека дел од посетите се на екс-советски нации кои се чувствуваат обврзани да имаат добри односи со Русија или држави кои имаат слична анти-САД наклоност како Путин. „Меѓутоа други пак се држави кои се трудеа да ...
Таргет е предупреден дека ќе биде обвинет дека е јавна неприлика заради големиот број на телефонски повици до полицијата по секоја кражба што ќе ја фатат во нивната продавница во Ленд парк. Ај Таргет, ама од заканата на градските власти се изненадени и локалните законодавци и полиција, кои прашуваат како може некој да биде неприлика кога сака да пријави криминал. За разлика од нив, правните експерти објаснуваат дека градските власти „ги имаат ...
Макрон, Шолц и Стармер јавно го бранеа американскиот претседател заради гафовите кога Зеленски го претстави како „претседателот Путин“ а Камала Харис како „потпретседателот Трамп “но по ходниците каде што се одржува вашингтонскиот самит се слушала друга приказна, пренесува британски Телеграф. „Тоа беше страшно, сè ни упропасти“ рекол анонимен функционер, еден од оние кои со месеци внимателно го подготвувале јубилејниот самит чија главна порака ...
Моментално Германија има рекордни 5,49 милиони граѓани кои се „на социјално“, а отприлика 47,3 проценти од нив се не-германски странци. Плус на оваа сума се околу 6,3 милијарди евра што се дадени само за административните трошоци околу социјалната помош, што е 300 милиони повеќе отколку во 2022. Кога ова ќе се собере, сумата одвоена од буџетот за социјална помош во Германија е еднаква на 48,9 милијарди евра. По објавувањето на бројките, ...
Се работи за настан после самитот на Г7 од пред две години кога зад маската на неформална средба, требало да се разговараат битни работи за Украина. Иако германскиот протокол ја закажал средбата во раните вечерни часови, американскиот претседател не се појавил туку наместо него, дошол секретарот Блинкен кој на домаќинот му кажал дека во тоа време, Бајден треба да биде во кревет. „Секретарот Ентони Блинкен нема кажано таква работа,“ соопшти Стејт ...
За потсетување на приказната: Се сеќавате ли на оваа екстремна еврејска секта која пред неколку години дојде во Македонија ама не ја сакаа нигде па се префрлуваа од Куманово во Скопје во Охрид, за на крај Петар Богојески великодушно да им понуди да се сместат на неговиот имот во Крушево? Ги испозатворија, за киднапирање и трговија со деца. во „Лев Тахор, од Куманово до Гватемала“ Американски суд ги осуди лидерите на еврејската ...
САД и неговите сојузници ја поддржуваат клучната воена цел на Украина, враќање на границите од 2014, односно протерување на Русија од Крим и Донбас. Меѓутоа секој информиран аналитичар се согласува дека на страна сериозна ескалација на војната, најверојатен исход би бил континуирана пат ситуација на фронтот, со не така безначајни шанси за руска победа. Заклучокот наведува на пожелноста, па дури и итност, на преговаран мир, не само за доброто на ...
Анализата се базира на здравствените досиеја на речиси 400.000 возрасни кои немаат никакви позначајни долгогодишни болести, а целта била да се открие дали секојдневното консумирање мултивитамини го намалува ризикот од смрт во следните две децении. Резултатот бил не само што не живееле подолго, туку луѓето кои секој ден земаат мултивитамини било маргинално поверојатно да умрат за време на студијата отколку оние кои не земале. За научниците е ...
Државните екипи успеале да отстранат 11 тони ѓубре, четири замрзнати тела и еден скелет од последниот камп на Монт Еверест на кој човек застанува пред да се искачи врвот. Првиот човек на шерпите проценува дека во кампот и околу него има уште околу 40 до 50 тони ѓубре. Ѓубрето оставено таму се состои претежно од стари шатори, пакувања за, боци со кислород, јажиња.... Сето тоа замрзнато во слоеви на 8.000 метри надморска височина, на која се наоѓа ...
Саудијците отворено им порачале на Г7 функционери дека се против планот за запленување на руските средства, и конкретно ги спомнале обврзниците издадени од францускиот трезор. Блумберг проценува дека саудиското портфолио со еуро и француски обврзници сигурно е во вредност од десетици милијарди долари, но не е доволно големо за да предизвика некое поголемо нарушување ако се продадат. „Загриженоста на европските функционери е дека и други држави ...
Каспар Грус е Германец припадник на Чузен единицата, една од најпознатите меѓународни доброволни единици во Украина, а инцидентот што го раскажува се случува минатиот август рано наутро во источна Украина, кога ранет и невооружен руски војник со ползење се извлекува од речиси разрушениот ров и бара помош од војниците што го заробиле. Како што еден од соборците на Грус трга да му помогне и бара завои за раните, друг се наведнува врз Русинот и му ...
Речиси можеше да се слушне како европските елити издишуваат со олеснување во неделата навечер, по објавувањето на резултатите од вториот круг на француските избори. Откако десничарскиот Национален собир однесе огромна победа во првиот круг, францускиот естаблишмент и неговите поддржувачи психички се подготвуваа партијата на Марин Ле Пен да стане доминантна сила во францускиот парламент. Со денови, печатот го оплакуваше успехот на крајната ...
Денес Џорџ Клуни најјавно што може се откажа од Бајден објавувајќи колумна во Њујорк тајмс под наслов „Го сакам Бајден, ама ни треба нов кандидат.“ „Разочарувачки е да се каже, меѓутоа Џо Бајден со кого бев пред три недели на вечерата не е Џо ‘Голема работа’ Бајден од 2010. Тој не е ни истиот Џо Бајден од 2020. Тој беше истиот човек што сите ние го видовме на дебатата. Дали беше уморен? Да. Дали беше настинат? Можеби. Меѓутоа лидерите на нашата ...
Њујорк Тамс го тужи стартапот за вештачка интелигенција заедно со инвеститорот и партнер Мајкрософт, тврдејќи дека ОпенАИ ги „сркнал“ нивните содржини без дозвола или компензација. Тајмс планира да докаже дека двете компании се одоговорни за штета од милијарди долари. Тајмс истовремено на големо си игра со генеративната вештачка интелигенција на ОпенАИ технологијата. Тоа излезе на виделина благодарение на протечен код што покажа дека развивале ...
До сега електричните возила имаа повластена стапка од 10 фунти годишно за возење низ центарот, што требаше да помогне и за популаризирање на овие возила и причина плус за жителите на Лондон да се префрлат на струја. Градските власти објаснуваат дека главната цел на давачката е да се олесни гужвата во централната зона на британската престолнина, а попустот за електричните возила бил само привремена мерка. Пред некое време Британија ја надмина ...
Моменталниот жртвен бiланс во Газа, темелен на бројки од здравствените власти во Газа изнесува 38.153 лица. Меѓутоа, во писмото се вели дека таа цифра е далку под реалната и не ги зема предвид илјадниците луѓе кои се закопани под урнатините ниту пак оние кои се индиректни жртви на деструкцијата на Израел и колапсот на дистрибуцијата на храна, здравствените услуги и санитарните системи. Се проценува дека под урнатините има преку 10.000 човечки ...
Дилемата на демократите што ја пренесува Аксиос е дали фокусирањето и на најмалите детали е со цел да се скријат ограничувањата и слабостите на 81-годишниот претседател или е само одраз на педантноста на тимот и кадарот што работат за Бајден. Аксиос пренесува изјава на човек кој учествува во организацијата на настан на Бајден според кого движењето на американскиот претседател „е третирано како да е НАТО самит“. Пред претседателски настан, Белата ...
Проблемот со пасошите и нивната испорака лежи во Федералната печатница на која во моментов ѝ се потребни осум недели да изработи исправа. „Големи гужви се во канцелариите за пасоши и лични карти по градовите. Проблемот е во печатница, но мета на оправдани критики на апликантите се вработените во градските служби“, се жали Хелмут Деди, генерален директор на германската асоцијација на градови. Уште во мај, минстерството за внатешни работи најави ...
54-годишната Ву Меј Хо веќе е во затвор во Сингапур каде ќе остане уште едно десет години. Жената повеќе од осум години ги малтретира и злоупотребува своите следбеници убедувајќи ги да и ги предадат сите свои пари за кои тврди дека ќе бидат искористени за градење на храмови во Индија. Во исто време членовите кои не ја почитувале Ву биле брутално казнувани со бодење со ножици, терање еден на друг следбеник да си вадат заби со клешти и во еден ...
Пред војната во февруари 2022 Украина има 56 гигавати инсталиран капацитет и околу 36 гигавати реален капацитет. Разликата меѓу бројките е затоа што не секогаш сите електрани / реактори / блокови се активни, што заради штедење, што заради старост и истрошеност. Пример, двете електрани Углегорска и Запорижиа имаат номинален капацитет од 0,8 гигавати, меѓутоа затоа што е непрофитабилно да се снабдуваат со гас во толку големи количества тие со ...
„Границите на Европа се нападнати од високо организирани и насилни вооружени банди а трговијата со луѓе е бизнис од повеќе милијарди долари“, пишува Адам ЛеБор кој вели дека не смеат да се игнорираат предупредувањата од Полска и Унгарија околу миграцијата. Од пред некоја година, Унгарија, чија граница беше под притисок, ги подигна бариерите на 4 метри, со жилети на врвот и термални камери за ноќно гледање. И пак може да се помине. Граничната ...
На фронтот што сега и се отвори, Украина ќе треба да војува, само овој пат на телефон и Зум состаноци, со финансиски институции како американските Блек рок и Голијат, и францускиот Амунди, фондови кои заедно управуваат со имот од стотици милијарди долари. За сега и двете страни се согласуваат дека Украина не треба да ги исплати целосно доспеаните трошоци, меѓутоа финансиерите очекуваат дека пари сепак треба да почне да се плаќаат. Во јуни ...
Планот е интернет платформите да побараат потврда за возраста на потенцијалниот гледач кој преку апликација ќе покаже дали е постар од 18 години. Откако ќе биде верификувано дека ги исполнува условите, гледачот добива 30 „порно кредити“ кои му траат еден месец и со кои може да пристапи до возрасни содржини. Оние на кои им се малку 30, ќе може да побараат и дополнителни кредити. Алатката која е критикувана и заради комплексноста и општо заради ...
Се работи за илјадници демонстранти кои маршираа низ Барселона мафтајќи со плакати и прскајќи со пиштоли на вода, во знак на протест против претераниот туризам во градот и општо во Шпанија. Слоган на протестот е „Доста е! Да ставиме граници на туризмот“ и на него се бара нов економски модел кој ќе го ограничи бројот на милиони туристи кои секоја година ја посетуваат Барселона. Само изминативе десет години во Барселона цената на домување е ...
Хилари Кас е британски педијатар која во април објави студија за услугите за родов идентитет за деца и млади, нарачан од државата, во кој, врз основа на докази се фрла сомнеж околу родовата медицина кај младите. Ова го натера Светското професионално здружение за трансродово здравје (WPATH), организација на лекари и практичари кои обезбедуваат услуги на транс лица, надмено да реплицира дека нивните упатства биле засновани на „многу посистематски ...
Демократската партија со децении се потпираше на Холивуд за поддршка во финишот на изборите и други важни политички настани. Сега таа алијанса е разрдмана. Извршниот директор на „Ендевор“, Ари Емануел, почна да алармира веднаш по дебатата Бајден- Трамп со јасна порака дека Бајден треба да се откаже. „Тој и неговите цела година ни викаа дека е здрав и во најдобра кондиција“, се поплака тој. И коосновачот на Нетфликс Рид Хестингс го повика Бајден ...
Весникот дава вовед со одлуката на Шваб да го намали просекот на возраст на вработените со тоа што избира група од вработени над 50 години и му наредува на директорот на човечки ресурси да ги отпушти сите до еден. Кога од службата добива повратно дека не може тек така да ги отпушти заради возраст, Шваб решава да го отпушти директорот. Тие ја пренесуваат и ситуацијата кога тазе унапредена жена му кажува дека е трудна, што го вознемирува Шваб ...
Бринтон третпат избегнува затворска казна поради крадење куфери на аеродромски карусели. Тоа е нешто што може на човек да му донесе и 20 годишна казна затвор, но судија во Вирџинија му понудил галантна понуда да го преквалификува делот и да замине така штоп ќе ја врати робата, ќе го признае делото (фатен е на камери, што има да признава), ќе се извини и ќе замине на третман за ментално здравје. „А толку мерак за дотерување“, пишавме во статијата ...