
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



На состонокот со гувернерите во Белата куќа, Бајден рекол дека дел од неговиот план е да претстане да закажува состаноци после 20 часот навечер за да може да се наспие, му дојавиле на CNN три извори упатени во случувањата. Велат дека ваквиот несериозен предлог фрустрирал неколкумина присутни гувернери и уште повеќе ги уверил дека Бајден не е нивниот најдобар кандидат кој може да излезе на мегдан со Трамп. Бајден и неговата ментална кондиција сè ...
Унгарското претседавање со ЕУ не ѝ дава мандат за преговори за Украина но може да ги поттикне страните да тргнат по пат кон води кон преговори и мир, изјави унгарскиот премиер откако Брисел се крена на нозе поради неговата „богохулна“ посета на Москва. „Да појаснам уште еднаш: претседавањето не ни дава мандат да преговараме во име на ЕУ но можеме да дознаеме која страна до каде е подготвена да оди. Кога тоа ќе го разбереме, лидерите на ЕУ можат ...
Според веста што прво ја објави унгарскиот Всквер, а потоа и Фајненшл тајмс и Радио слободна Европа, Орбан ќе биде придружен од министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Од кабинетот на Орбан не ја потврдуваат веста. По објавувањето на информацијата веднаш се огласи ЕУ бирократијата, актуелна и поранешна. Претседателот на советот на Европа, Чарлс Мишел на Икс пишува дека ротирачкото претседателство нема мандат да контактира со Русија во име ...
Заради слабите бројки на Бајден и константното одлевање на поддршката демократските законодавци се загрижени дека ќе им се случи републиканско преземање на Вашингтон и мандат на Доналд Трамп кој нема да може да биде контролиран од опозициски Конгрес. Блумберг пишува дека зад писмото стојат Демократи кои се кандидираат за реизбор во традиционално сигурни демократски изборни места. Доколку демократите ја имаат контролата и на само еден дом на ...
Часив Јар се наоѓа на само 10 километри од Бахмут, кој падна во руски раце минатата година после жестока 10-месечна битка. Последниве месеци, руските сили се фокусираа на заземање на Часив Јар, град кој зазема стратешка локација со висинска предност. Падот на ова гратче со предвоени 13.000 жители ќе ги загрози околните градови и места и ќе ги доведе во опасност критичните украински рути за снабдување со што Русија ќе ја доближи до нејзината ...
Како што објаснува новинарката на Хафпост одлуката е толку широка и општа „што ја отвора вратата за актуелни претседатели да направат што сакаат беа каква било одговорност, вклучително и атентат на свој политички ривал.“ Ваквата радикална позиција таа ја поткрепува со изјави од правни експерти кои потврдуваат дека во теорија претседателот сега има овластување да го убие својот конкурент. Навлегувајќи уште подлабоко во обработка на можноста да се ...
Алијансата ќе побара од Киев „дополнителни чекори“ пред да почнат преговорите за членство, тврди функционер од американскиот Стејт департмент, според кого оваа позиција ќе стане и дел од коминикето на НАТО на годишниот самит кој ќе се одржи на 9 јули. „Треба да застанеме и да го поздравиме сето она што Украина го направи во името на реформите во изминатите две и нешто години. Како што тераат со реформите ние сакаме да ги пофалиме, да зборуваме ...
По ново вработените на Дел требаа да изберат дали ќе работат далечински или хибридно, а ако се решат за вториот модел, тогаш треба секое тромесечје минимум по 39 дена да бидат присутни во канцеларија. Далечинското работење пак значи дека нема да мрднат од дома, ама во исто време нема да мрднат ни од позицијата на која се наоѓаат, односно додека се на тој режим нема да бидат унапредени или ангажирани за нови улоги во компанијата. Соочени со ...
Актуелниот британски премиер го искористи изедначувачкиот погодок на Англија против Словачка во последната минута како повод да ги окуражи своите гласачи дека сè е можно додека не се затворат избирачките места, па им порача „Не е готово додека не е готово.“ Меѓутоа, осамен е во неговиот оптимизам во победа бидејќи во неа не веруваат ни членови на владата. Пред да се отворат кутиите, секојдневно стигнуваа нови лоши вести за партијата која се ...
Откритието се базира на геолоцирање на сигналите со кои се попречувала работата, што според нив е екстремно загрижувачко и неприфатливо. Европските сателитски компании со месеци се таргетирани со попречување на фреквенциите од руска страна, што довело до пречки во пренесувањето на програмата, и во најмалку два наврати „насилна замена на содржината на детски канали“. Претходно во поплаките од неколку НАТО членки било наведено дека пречките ...
Џејмс Ризен водел седумгодишна правна битка против администрацијата на Џорџ В. Буш, а подоцна и со администрацијата на Обама; и двете барале да ги открие доверливите извори на кои се потпирал за приказната што ја напишал за една пропадната операција на ЦИА. Го пишувал тоа за Њујорк Тајмс, но уредниците ја скинале приказната по барање од владата, па затоа подоцна ја објавил во неговата книга „Воена состојба“ од 2006 година. Властите веднаш ...
Во време кога Бајден не покажува знаци дека има намера да ја напушти изборната трка, а демократите неофицијално лицитираат со имиња на гувернери и политичари кои би можеле да го заменат, Вол стрит журнал смета дека неговата најверојатна алтернатива и понатаму е Камала Харис. По катастрофалната прва претседателска дебата, Харис се наметна како еден од најгласните бранители на Бајден, и во најкус рок во неколку интервјуа даде се од себе за да ја ...
Тимот Бајден пробува да ги увери гласачите дека тој сепак има најголеми шанси да го победи Трамп. Но, ако понудената анкета треба да одговори на прашањето кој демократ најдобро би се снашол против Трамп, одговорот е - речиси секој друг, пишува Итерсепт. Цаката во методологијата на анкетата е што, освен Камала Харис, како конкуренти се ставени луѓе на кои ова улога досега не им била давана. Меѓу 39 и 71 отсто од испитаниците рекле дека не ...
Спејсикс има рок од 2030 да создаде рок и да ја заврши мисијата за симнување на МВС. Државите кои работат и ја управуваат МВС се согласија дека таа најдоцна до 2030 треба да затвори и да се уништи. Компанијата за ова доби 843 милиони долари, за кои треба да го изработи „летало за деорбитирање“ што ќе ја врати станицата во атмосферата на Земјата каде и добар дел од нејзе се очекува да се распадне, а остатокот треба да удри во јужниот Пацифик, на ...
Овој тренд има две компоненти: напуштање на големи делови од британската елита од земјата и (рас)продажба на „семејното сребро“ - главно во Америка. Последните податоци покажуваат дека британските милионери се пакуваат и заминуваат. Во 2024 година, се очекува 9.500 милионери да ја напуштат Британија. Ова ја става земјата на второ место по имиграција на милионери, зад Кина (15.200) и пред Индија (4.300). Но, кога бројките ќе се приспособат на ...
Американските трговски правила вклучуваат и еден исклучок за минимална количина која Американците решиле дека е премногу мала и не се исплати да се губи време за нејзе, а тоа се пакети со вредност под 800 долари на кои им е дозволено да влезат во Америка без давачки. По оваа основа, само годинава во САД се очекува да влезат над 1,4 милијарди пакети со вредност од нешто помалку од 66 милијарди долари без никакви дополнителни давачки. Во 2019 ...
За да се нагласи поентата дека Прајд повеќе не е протест против вистинските предрасуди во општеството, овогодинешниот марш во Лондон беше предводен од Инстаграм инфлуенсерката Јасмин Беноа, жена која се идентификува како „асексуална“ (да си асексуален во заедница за сексуална слобода, нели е исто како да се декларираш како месојад во групата вегани?). Градоначалникот на Лондон Садик Кан насмеан се сликаше до Беноа, додека таа позираше во мрежи и ...
Пропорционално, во Германија живеат сами значително повеќе луѓе отколку во повеќето други земји во Европската унија. Во 2023 година, процентот на луѓе кои живеат сами во оваа земја изнесувал 20,3 отсто - значително над просекот на ЕУ од 16,1%. Само во Финска (25,8 отсто), Литванија (24,6 отсто), Шведска (24,1 отсто), Данска (23,5 отсто) и Естонија (21,5 отсто) поголем дел од луѓето живееле во домаќинства со едно лице во споредба со остатокот од ...
Уште важи тоа дека Земјата е загреана за речиси 1,2 степени Целзиусови од времето пред индустриската револуција и дека сме на пат да го кренеме затоплувањето над 1,5 степени Целзиусови. „Меѓутоа малкумина знаат дека согорувањето фосилни горива не само што предизвикува глобално затоплување, туку и глобално ладење. Една од најголемите иронии на климатските промени е дека загадувањето на воздухот, кое уби десетици милиони луѓе, исто така спречи ...
По триумфалните резултати на европските избори, а сега и после извонредниот скор во првиот круг од француските парламентарни избори, партијата на Ле Пен е на пат на Макрон дефинитивно да му ја огади неговата сопствена одлука да распише предвремени избори. Сегашниот лидер на Националниот собир, Жордeн Бардела, би можел да стане најмладиот премиер во историјата на Франција. Доколку тоа се случи, тоа ќе биде еден од најголемите пресврти на ...
Саџан лично ги информирал канадските специјалци за локацијата на авганистанските Сики кои требало да ги спаси, а која ја добил од канадска Сики група која била во контакт со авганистанските сонародници. Потсетувајќи на комплетниот хаос и апокалиптичниот крај на американската окупација на Авганистан, извори на канадски Глоуб енд меил, објаснуваат дека: „Авганистанските Сики не се сметаат за оперативен приоритет за канадската војска бидејќи тие ...
Доналд Трамп се покажа себе си како значителна закана кон таа демократија - хаотична и самозаинтересирана фигура која не ја заслужува довербата на јавноста. Тој систематски се обидува да го поткопа интегритетот на изборите. Неговите симпатизери јавно ја опишаа агендата 2025 која ќе му даде моќ за извршување на неговите најекстремни ветувања и закани. Ако тој се врати во канцеларија вети дека ќе биде поинаков тип на претседател, кој не е ...
„Има огромни очекувања од овие авиони. И ние веројатно ќе мора да бидеме пореалистични. Ф-16 секако ќе имаат влијание, меѓутоа нема да сменат нешто драстично. Ниту месецов, ниту во претстојните месеци,“ изјавува командантот на данските воздушни сили, Јан Дам. Тој објаснува дека неопходно е долгогодишно градење на украинските воздушни сили, снабдување со правилна муниција и адаптирање на комплицирани воени мисии, пред авионите да бидат вистински ...
Завршната сцена од неодамнешниот воен удар во Боливија стварно личеше на сцена од филм на Серџо Леоне. Преку централниот плоштад Ла Паз, неколку воени возила упаднаа во просторот на претседателската палата на чии порти, водачот на пучот, сега сменетиот и уапсен генерал Хуан Хозе Зунига, се соочи очи в очи со претседателот по чие рушење беше дојден. „Јас сум ваш командант и ви наредувам веднаш да ги повлечете војниците, генерале!“, решително в ...
Обединетите нации во предупредија дека само 17% од нивните 169 таргети за подобрување на животот на повеќе од 7 милијарди луѓе во светот се на пат да бидат исполнети до крајниот рок до 2030 година. „Ова покажува дека светот добива неуспешна оценка“, заклучи генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Пред 9 години светските лидери усвоија 17 широки развојни цели кои беа конкретизирани во 169 конкретни цели. Речиси кај половина од таргетите има ...
Малдивската полиција објавила дека министерката ќе остане во притвор се додека не заврши истрагата. Не е познато што точно се барало со магијата. Министерството за животна средина е едно од поважните во земјата бидејќи островот е пред директна закана да биде потопен како резултат на глобалното затоплување. Црната магија не е кривично дело во земјата, но сепак за нејзе следуваат шест месеци затвор според исламскиот закон. Низ архипелагот на ...
26-годишната Ашли од Мисисипи прво прави домашен тест, па потоа и не-дијагностички ултра-звук, кои и покажуваат дека е трудна и дека најверојатно има близнаци. По ова таа оди на гинеколог кој и соопштува дека не се две, туку се пет, и тоа две машки и три женски. Ашли моментално е до 25 недела, а докторите се надеваат дека таа ќе издржи до 34, „бидејќи колку се подолго, толку е подобро“. Таа објаснува дека не само што не била на никакви лекови ...
Судирот меѓу германските бискупи и Рим се заостри во 2019 година, со основање на тн Синодален пат, прогресивно движење кое ја тресе Светата столица со „скарадни“ барања. Синодалниот пат станува сè повлијателен во северна Европа, особено во германските јазични подрачја, меѓу другото и благодарејќи на својата огромна финансиска моќ: надбискупијата во Келн во 2015 година обелодени дека вреди 3,35 милијарди евра, повеќе отколку што има Ватикан. ...
Ретро дигиталниот фотоапарат X100 на Фуџифилм постигна неверојатна популарност благодарејќи на што компанијата го ревитализираше производството на овие уреди, за кои побарувачката последните години сè повеќе тлееше. Чини 1.599 долари и со својот изглед и перформанси совршено го има погодено вкусот на 20-годишни и малку постари обожаватели на социјалните мрежи. Моделот X100V стана толку популарен што во фискалната година која заврши во март, ...
1. Фајзер ги користел своите договори за доверливост со американската влада за да прикријат, потиснат и изостават материјалните факти поврзани со вакцината за ковид, вклучително и за нејзината безбедност и ефикасност. 2. Фајзер одложувал финиширање на битна долгорочна студија за да скрие критични податоци - од јануари 2023 до февруари 2024 година таа се одложувала само затоа што 1 (еден) од 44.000 учесници се вакцинирал подоцна. 3. Федералната ...