„Дали пушењето прави камбек?“, се вознемири „Гардијан“ минатата недела. Со нивниот карактеристично сив тон, весникот пренесе дека модели на неодамнешен моден настан во Норвешка пафтале цигари на модната писта. Се пренесе и за популарната Инстаграм инстанца „Цигфлуенсер“, која споделува фотографии од богати и славни кои пушат. Гардијан се чуди што меѓу нив се Џереми Ален Вајт (главниот од серијата „The Bear“), Дуа Липа, Бела Хадид и други фаци ...

Според некои извештаи, после водата, еспресото е втор најконзумиран пијалок во Италија. Милиони филџани еспресо се сркаат дневно низ целата земја. На почетокот на 2022 година, Министерството за земјоделство, храна и шумарство на Италија поднесе апликација во УНЕСКО за зачувување на италијанските корени и идентитетот на еспресото. Градот Трст повторно поднесе барање во март 2023 година, неуспешно. Сепак, и покрај инфлацијата (1 евро во 2.000 ...

„Адам и неговата единица спијат во својот ров во близината на Суми кога се разбудени од својот командант кој им дава наредба. Денес ќе извршиме инвазија на Русија. Еден час подоцна, во 3 часот наутро на 6 август тие, меѓу првите Украинци што го направија тоа, ја минаа границата возејќи се во оклопни возила. Како што артилеријата им леташе над глава, единицата од девет луѓе, која само неколку дена претходно беше нагло повлечена од нивната ...

Во анкета што Киндерд ја прави со 1.000 вработени во основно образование во Англија и Велс било откриено дека четвртина од првачињата не научиле да користат тоалет. „Дете во пелена назадува уште од првиот ден. Ние знаеме дека има деца кои не можат да научат да користат купатило заради медицински причини или затоа што имаат дополнително потреби, заради што и не се работи за осуда на овие деца. Меѓутоа кај најголемиот дел од децата, тие треба да ...

Британија пред повеќе од еден месец го има испратено во систем барањето за дозвола од САД за користење на Сторм шадоу проектилите и се уште нема добиено повратен одговор за тоа. Трите извори со кои разговара британски Тајмс даваат различни варијанти на тоа што се случува со барањето. Според едни одобрението е заглавено во системот, за други, во тек се разговори околу Сторм шадоу, а трети објаснуваат дека тоа е стандардната пракса. Иако Британија ...

Владата на Олаф Шолц не планира во 2025 година за Украина да отидат повеќе од четри милијарди евра. За да се компензира кусокот, се ветува создавање нова финансиска алатка во рамките на Г7 и ЕУ за користење на парите кои се генерираат од замрзнатите средства на Руската федерација. Германскиот буџет за 2025 година беше предмет на тешки коалициски преговори и натегања меѓу владините партнери од СДП (Шолц), Либералите (Линднер) и Зелените. Линднер ...

Иако претходните студии открија различни заедници на микроби во кујнските апарати како што се машините за миење садови и машините за кафе, ова е првпат микробрановата печка да биде испитана за поседување свој микробиом. Истражувањето, објавено во Frontiers in Microbiology3, ја конфронтира вообичаената заблуда: дека микробрановата радијација загрева и целосно ги убива бактериите кои предизвикуваат болести кои се пренесуваат преку храна, како што ...

„Ова е една многу клучна студија“ од областа на комата и другите нарушувања на свеста, вели Даниел Конџиела, невролог во Ригшоспиталет, наставната болница на Универзитетот во Копенхаген. Резултатите велат дека значителен број на луѓе со повреди на мозокот кои се нереспонсивни, всушност слушаат што се случува околу нив а веројатно би можеле и да користат интерфејси мозок-компјутер за да комуницираат, вели водачот на студијата Николас Шиф, ...

Процената е дека Израел сериозно му има наштетено на Хамас, меѓутоа никогаш нема да може целосно ја елиминира групата. Американски функционери признаваат дека Израел успеал многу повеќе да му наштети на Хамас отколку што тоа се предвидувало кога почнала војната. Како постигнувања се наведува тоа што Израел сега може слободно да се движи низ Газа, додека на Хамас му е сериозно наштетено. Израел ги уништува и најважните рути за снабдување на Газа ...

Од почетокот на годината, Харис плус Бајден имаат потрошено вкупно 139 милиони долари на реклами на технолошките платформи, споредено со 22,5 милиони на Трамп и неговите сојузници. Разликата делумно се објаснува и со тоа дека кампањата на Трамп одлучила парите да ги истури во традиционални медиуми. На претходната кампања во 2020, Трамп до овој период на трката имаше потрошено 91 милион долари на рекламирање, а вкупно до денот на изборите 275 ...

16/08/2024 10:45 - Оф Нет

Канокпом Тангсуан умира по алергиски напад кој се случува кратко време откако таа вечера во Дизни спрингс ресторанот во Флорида. Аргументот на Дизни е дека случајот и барањето за оштета треба да бидат отфрлени затоа што сопругот на починатата, Џефри Пиколо, се согласил дека сите спорови со компанијата ќе се решаваат вон суд како дел од условите за користење што ги прифатил кога во 2019 го започнал својот пробен период на Дизни+ стриминг ...

Бритон е осуден во Австралија откако ја признал вината поврзана со 56 случаи на измачување и сексуална злоупотреба на повеќе од 42 кучиња што ги чувал на својот имот. Од делата на Бритон умираат 39 кучиња, вклучително и 9 кутриња. Бритон кој има докторат по зоологија од Универзитетот во Бристол, е осуден на 10 години и пет месеци затвор, во кои 6 години нема право на условно. Како дел од казната на Бритон до крајот на животот му е забрането да ...

„Имаме квака 22 ситуација: носењето на уредот кој може да ти помогне подобро да ја менаџираш твојата хронична срцева состојба, те прави поанксиозен - што пак е лошо за сите тие состојби,“ пишува Конверсејшн коментирајќи ги резултатите од студијата објавена во Журналот на американската срцева асоцијација. Уредите за носење се повеќе доминираат како една од мерките за следење и откривање на атријална фибрилација (аритмија), која главно се јавува ...

Тензиите меѓу двајцата почнуваат уште пред војната во Украина, кога за време на Безбедносната конференција во Минхен, Харис и Зеленски имаат „тензични стратешки недоразбирања“ за тоа како Русија треба да биде спречена од вовлекување на Европа во нова Студена војна. Тогашниот украински министер за одбрана, Олекси Резников, сведочи дека Харис го одбила барањето на Зеленски за превентивни санкции против Русија во надеж дека тие ќе ја одложат ...

Протечените мејлови прегледани откриваат „длабока криза“ што ја зафати Балканската истражувачка новинарска мрежа (БИРН) која е создадена и финансирана од Западот, криза која се заканува да ја распарчи организацијата. Водечката пропагандна платформа која е во арсеналот на повеќе западни влади и фондации, се обиде да го преобликува немирниот регион во корист на европските и американските интереси, објавувајќи многу „производи“ во служба на оваа ...

Германските истражители веруваат дека човекот, за кој последно што се знае е дека живеел во Полска, бил еден од нуркачите кои поставиле експлозивни направи на цевководите од Русија до Германија под Балтичкото Море во септември 2022 година. Германското државно обвинителство одби да ги коментира наводите дека Германија во јуни побарала од Полска да го уапси човекот. И полското јавно обвинителство немаше директен коментар за ова прашање. Шпигел ...

Магазинот проценува дека руската армија моментално бележи најголеми загуби од почетокот на војната во 2022, а во исто време не успева да ги надомести загубените војници со нови регрути. Нивните информации се дека регионалните власти во просек се минус околу една третина од зададените квоти. Доколку не успее регрутирањето со убаво, Русија ќе мора да размисли за нова мобилизација, која најверојатно на јавноста ќе и биде претставена како мерка за ...

Бретон на Твитер го објави писмото со предупредување, неколку часови пред договореното интервју со Доналд Трамп. Два дена подоцна Европската комисија негираше дека Бретон имал дозвола од својата шефица, Урсула фон дер Лејен, за испраќање на писмото. „Тајмингот и содржината на писмото не беше ниту координирана, ниту договорена со претседателот или министрите,“ порачуваат од Европската комисија. EK не сака да изгледа дека се истрчува бидејќи во ...

ЕУ и САД забранија извоз на свои валути во Русија. Тоа значи дека банките и финансиските институции во овие земји не смеат да праќаат готовина во Русија. Но, готовина обилно стигнувала од земји како Обединетите Арапски Емирати, Турција и други кои не воведоа санкции кон Русија. Сепак, на повеќе од половината од износите не им се знае потеклото. Американската влада во декември се закани со казни на финансиски институции кои ѝ помагаат на Русија ...

Се работи за вкупно 3,2 милиони нови луѓе со хиспанско потекло од почетокот на пандемијата, вклучително и мигранти и новороденчиња. Во овој период американската популација пораснала за вкупно 3,4 милиони луѓе. Во исто време бројот на белата популација на земјата се намалил за 2,1 милион луѓе, а се помалиот број на млади белци влијаел и на пад на вкупниот број Американци под 18 години. Падот на бројките на белците се должи главно на поголемиот ...

Ова е најголемата фабрика на светот за Ајфони, а работниците според Саут Чајна морнинг пост се ангажирани за повисоки плати. Под повисоки плати се подразбира 26 јуани на час (3,63 долари) наместо досегашните 25 јуани на час. Посебен бонус од 7.500 јуани (околу 1.050 долари) има за искусните вработени со работно искуство кои ја напуштиле фабриката и се вратиле. Фокскон има уште четири други фабрики во кои се произведува Ајфон и други уреди. Со ...

Брус Дејсли, некогашниот највисок директор на Твитер вон САД, објаснува дека постои клучна разлика меѓу слепото следење на слободата на говор во САД и рамките кои британските закони ги имаат предвидено за слободата на говорот, која според нив не може да се користи за поттикнување криминалитет или ширење омраза. Тој дава пример како (актуелниот кошмар на либералите) „хетеросексуални бели мажи“ го искористиле Твитер и слободата на говор за ...

Англискиот еволутивен биолог, зоолог и автор на неколку битни книги за биологија и генетика, им се придружи на големиот број луѓе на кои им е забранет пристапот на најпопуларната социјална мрежа. Според Докинс, Фејсбук целосно го избришал неговиот профил без никакво објаснување. Ова се случило откако напишал дека маж (личност со XY хромозом) не треба да се боксува со жени. „Се разбира, моето мислење е отворено за цивилизирана дебата, но вака ...

Се работи за правило кое е дел од новите насоки за инклузивност, а се воведуваат по еден инцидент во кој на транс-маж за кој не знаело дека е бремен му е направена компјутерска томографија. Проблемот е што рендген, компјутер и МРИ скенови, како и третмани за рак можат да бидат опасни за неродени бебиња. Од друга страна за добар дел од пациентите излегло апсурдно и навредливо да треба да одговараат на такви прашања. Според сведоштва на радиолози, ...

Тајмс пишува дека колку што била Москва изненадена од украинската инвазија, толку била изненадена и Европа и Вашингтон. Она што почнува како уште една саботажа на анти-Путин вооружените групи, за неколку дена се претвора во сериозен контраудар на Украина против Русија. „Личните отпечатоци на претседателот Зеленски се преку целата операција. Со месеци во Киев е отворена тајна дека претседателот ги притиска своите воени команданти да започнат ...

Како што изјавата отиде во етер, така Трамп на Трут соушл пишува: „Ќе биде интересно да се види колку многу Џо Роган ќе биде исвиркан следниот пат кога ќе влезе во УФЦ рингот??? МАГА 2024“. Роган во епизодата објаснува дека не им верува на политичарите од двете страни бидејќи се манипулатори и „промовираат наративи“, со исклучок на Кенеди помладиот. „Тој е единствен кој ми има логика. Тој не напаѓа луѓе. Напаѓа постапки и идеи, меѓутоа е многу ...

- Наместо базен или гаража, многу луѓе сега сакаат бункер, велат од една германска фирма која нуди бункери во три стандардни големини, почнувајќи од модел за 79.000 евра. Има и посиромашки верзии на пазарот кои почнуваат веќе од 15.000 евра. Клиентите варираат од тајкуни до типично семејство од средната класа каде што сопругот е електротехничар, а сопругата продавачка. Повеќето бараат фиксно засолниште во подрумот на нивната куќа но и поголеми ...

Расеаното возење (телефон, јадење, пиење...) во САД довело до 3.308 смртни случаи во 2022 година. Телефоните стојат зад најмалку 13% од тие смртни случаи (околу 400 годишно), а статистиката е најлоша кај помладите возачи. 35% од тинејџерите признаваат дека читаат и праќаат пораки додека возат. Во студија на една осигурителна компанија учествувале 1.653 учесници чии телефони биле следени за да се добијат објективни податоци за нивните навики а да ...

Судија во Белфаст ги предупреди не само оние кои учествуваат во јавни нереди, туку и оние кои само биле љубопитни набљудувачи, дека ќе им биде одбиено барањето да бидат пуштени со кауција.. Во врска со неодамнешните немири во градот, пред судијата Раферти дошле такви и тој им одбивал барања за кауција, со објаснување дека човек не мора да фрли молотов коктел или цигла за да се смета за дел од нередот, макар бил и пасивен набљудувач. Еден од нив ...

Упадите на научниците во политиката го нарушуваат нивниот кредибилитет, покажува студија на Друштвото за промоција на економските истражувања од Минхен. Учесниците во студијата ги сметале политички неутралните научници како поверодостојни од оние кои ги обелоденуваат своите политички определби. Истражувачите создале синтетички академски профили на истражувачи проткаени со политички убедувања врз основа на вистински твитови од научници. Се ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
19%
1005
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
9.77
39%
1006
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
69%
1005
weather icon

Софија

35ᴼ / 35ᴼ
6.17
24%
1007
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.02
23%
1003
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
68%
1005
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
5.14
41%
1006
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
27%
1008
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
33%
1007
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 36ᴼ
3.6
26%
1004
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
80%
1003
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
6.69
40%
1007
Currency

61.525

Currency

52.2341

Currency

71.4369

Currency

34.1864

Currency

38.4798

Currency

65.861

Currency

7.32473

Currency

0.66628

Currency

0.36012

Currency

0.52599

Currency

1.31224

Currency

0.61147

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15115.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.91

Сребро

1175.79

Злато

106390.91

Бакар

10.08

Паладиум

35751.63

Платина

43727.40

Родиум

176829.11

Цинк

2.71