
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Израелските спортисти што ќе учествуваат на Олимпијадата 2024 веќе добиле закани по живот, пораки со омраза и телефонски повици од странски броеви, во кои се предупредуваат дека ќе бидат убиени ако пристигнат во Франција. Во анонимен меил за кој известува израелскиот медиум Вала, се порачува дека на сите Израелци што ќе учествуваат на Олимпијадата, вклучително и делегати, ќе им биде наштетено, и да бидат подготвени за слично сценарио на Минхен ...
Зеленски порачал дека Москва треба да испрати делегација на следниот мировен самит кој би требало да се одржи во ноември. Ова е драстично поразлично од ситуацијата со мировната конференција што минатиот месец се одржа во Швајцарија кога Русија воопшто не беше поканета. Според Си-ен-ен, Киев се соочува со двоен проблем, од една страна е тешката ситуација на фронтот, каде иако руското напредување е забавено, тоа и понатаму продолжува. Од друга, ...
Самоуверените елити се производ на успешни режими. Денешните елити од двете страни на Атлантикот се сè, само не самоуверени. Веќе една година гледаат што се случува и тријат очи со неверување. Во САД, центристите се згрозени од неблагодарноста на масите за економските успеси на претседателот Бајден и нивното свртување кон Трамп. Подемот на различни форми на Трампизам во Европа - на сметка на либералните икони како што се францускиот претседател ...
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вети дека ќе им помага на прекуокеанските територии на Франција да дојдат до посакуваната независност. Ова е последниот развој на настаните инспирирани од долготрајните конфликти во кавкаскиот регион. Алиев ја обвинува Франција за мешање во нејзините работи и ја помага Ерменија, со која имаа две војни во последниве 30 години, првенствено заради спорот околу отцепеното Нагорно-Карабах. Последниве месеци, ...
Воените власти во Сеул соопштија дека Северна Кореја продолжила да испраќа балони со ѓубре преку границата со Југот. Ова е директен одговор што југот што ги рестартираше пропагандните пораки против Пјонгјанг кои ги пренесуваат со звучници долж проблематичната граница. Во војната „ѓубре за ѓубре“, од мај досега, Северот има испратено на југ речиси 2.000 балони кои носат отпад. Го објаснуваат тоа како одмазда за пропагандните балони со ѓубре кои ...
Tри дена по обидот за атентат врз Доналд Трамп, основачката на Икс профилот „Libs of Tiktok“ порача дека ги става сите расположиви ресурси за да ја раскринка радикалната левица која „фантазира за убивање на претседателот Трамп“. Се работеше за објави на социјалните мрежи после пукањето, од типот „штета што промаши“ или „малку подесно следниот пат“. Раичик набргу се пофали дека десетмина излудени левичари веќе се отпуштени од своите работни ...
Иако има технички супериорни оружја за ликвидирање на дроновите, нивната предност сериозно издишува кога ќе се направи есап за цената на оружјето наспроти цената на дронот кој треба да го уништи. Решението што го има Јужна Кореја се вика Блок-1 и е ласерски систем кој „може прецизно да ги гаѓа дроновите и мултикоптерите кои се во негов домет.“ Цената на системот не е позната, меѓутоа во соопштението на производителот се наведува дека еден истрел ...
„На НАТО самитот во Вашингтон на кој се одбележуваше 75-годишницата, лидерите и дадоа на Украина нова рунда лажна надеж во војната против Русија - што е полошо отколку ништо да не се направи,“ пишува Кристофер Меккалион во текстот за Политико. Тој во анализата објаснува дека по неуспешната контраофанзива во 2023 почнува да легнува помирувањето дека украинските сили не можат да ја ослободат својата територија, и не само што не можат, туку и ...
„Се кандидирам да бидам претседател на цела Америка, а не на половина, бидејќи нема победа во победа на една половина“, рече стандардно воинствениот Трамп, овојпат со невообичаен за него „обединувачки“ тон. Се разбира, не пропушти да ја зацвсти поентата дека неговото преживување е „милост на семоќниот Бог“ и порача дека „Бог е на моја страна.“ „Денес не требаше да бидам овде,“ кажа Трамп на што верната публика му реплицираше „Требаше, требаше!“ ...
Дронови се користат на Халкидики, Крф и Атика а како корисна се покажала и апликацијата ‘MyCoast‘ преку која се добиени преку илјада локални поплаки на узурпирање на плажите со лежалки и чадори за сонце. Според новите прописи донесени во март, лежалките не смеат да бидат поставени помалку од 4 метри од морето, што автоматски значи дека се забранети онаму каде што има помалку од четири метри плажа. Во само пет дена се изречени казни во висина од ...
81-годишниот претседател, кој сега е во ковид самоизолација, јавно останува решен да се соочи со Трамп на ноемвриските избори но приватно веќе попуштил под сè поголемиот притисок, лошите анкети и неодбранливата педантност со која секој збор и потег му се гледа во призма на возраста и менталната спремност. На Џим ВандеХеи и Џим Ален од Аксиос им било дојавено дека клучните играчи во партијата, пријателите на Бајден и најбитните донатори веруваат ...
Романската пратеничка во Европскиот парламент, Дијана Сосоача, била исфрлена од сесијата на парламентот на кој се дискутирала кандидатурата на Урсула Фон дер Лајен за втор мандат, од причина што не се трпела. Прекинувала говорници, викала од место, мафтала со икони, барала Европа да ги тргне рацете настрана од Романија и слично, поради што неколкупати била опоменувана од претседателката на Парламентот, Роберта Мецола. Ама оваа, упорна да ремети. ...
Од карши, во кампот на Трамп, на исто мислење се пак 12% од испитаниците кои се сомневаат дека настанот е наместен. Пукањето во саботата кое беше вчудовидувачки успешно се до последната секунда кога беше идентично неуспешно, беше извршено од 20-годишно момче, кое освен што го рани Трамп во уво, уби и еден маж од публиката. Освен по партиски линии, како целина 20% од гласачите изјавиле дека теоријата дека пукањето е наместено е „кредибилна“, иако ...
Компанијата Интерлун од Сиетл неодамна доби мало охрабрување од 348.000 американски долари од НАСА за развој на технологија за екстракција на хелиум-3 од месечевата почва. Се работи за редок изотоп со голем комерцијален потенцијал. Роб Мејерсон, поранешен извршен директор на компанијата на Безос, Блу Ориџин, а сега извршен и ко-основач на Интерлун, вели дека хелиум-3 е ресурс вреден да ги оправда трошоците за негово извлекување и транспортирање ...
Имамот Тимур Камаев има сопствен поткаст, „Чај со Хазрат“, како дел од кој го објавува видеото со правилата за тепање. Се работи за еден од најистакнатите муслимански свештеници во Русија, кој е на чело на Ирек џамијата во Казан, главниот град на Татарстан. Во споменатиот поткаст Камаев обично одговара на прашања околу исламски практики и правила кои не им се познати или барем најјасни на верниците. До сега имало теми како социјални мрежи и ...
Директорката Кимберли Читл, од која некако логично се бара да поднесе отказ, објаснува дека при планирањето на обезбедувањето на говорот на Трамп бил земен предвид и магацинот од кој се пукаше на поранешниот претседател, меѓутоа било проценето дека локацијата е премногу ризична за на нејзе да се стави агент. Наместо тоа била донесена одлука тим снајпери од локалната полиција да биде сместен внатре во истиот објект од кој е пукано. „Таа зграда ...
Училиштата во Калифнрија веќе спроведуваат тајни социјални транзиции на учениците, следејќи ги упатствата на Одделот за образование во Калифорнија, кој ги советува училиштата да ги кријат овие информации од родителите. Со законот „AB 1995“ се кодифицираат овие практики, зајакнувајќи ги родовите активисти против нивните критичари и родители. А школската бирократија е и повеќе од ентузијастична да го следи трендот кој го спроведува државата. ...
Некои европски пратеници беа многу критички настроени кон справувањето со договорите вредни повеќе милијарди евра од страна на Комисијата, а особено поради необјавувањето на СМС пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на производителот на лекови Фајзер за еден од договорите (види: Првиот човек на Фајзер се уфуфка од сведочење). Од Комисијата соопштија дека Урсула, за жал, не ги чувала тие пораки. Во екот на пандемијата, Комисијата потпиша договори ...
Тунел за кој се верува дека служел за шверц на дрога а беше пронајден минатата недела во граничниот град Тихуана, на северот на Мексико, е толку долг што властите не можеле да откријат каде завршува без боци со кислород. Секретарот за јавна безбедност на Долна Калифорнија, вели дека неговите луѓе ги чекаат боците за да ја завршат истрагата. Агилар потврди дека тунелот е поврзан со друг тунел пронајден пред две години кој навлегува во американска ...
Тимот бил збришан од платниот список на Микрософт заради „променети бизнис потреби“ на компанијата, а не е познато колку точно вработени се опфатени со тоа. „Работата за вистинските системски промени поврзана со ДЕИ повеќе не е бизнис критична или важна како што беше во 2020,“ напишал лидерот на ДЕИ тимот на Микрософт во мејлот испратен до илјадници вработени на компанијата. ДЕИ беше модата што зафати бројни технолошки компании, вклучително и ...
Нутриционистите го фалат сладоледот како добар извор на калциум и протеин, додека во исто време има умерени нивоа на масти кои го забавуваат ослободувањето на шеќерот во крвта. За разлика од сладоледот, добар дел од благите имаат 0 грама масти, а ниту траги од протеин или влакна, кои ја вршат работата околу поспоро апсорбирање на шеќерот во крвта, кое пак е клучно во создавањето пикови кај шеќерот во крвта што пак може да доведе до тип два ...
Кина изминативе 10, 15 години константно гради низ Европа како дел од нејзината Појас и пат инцијатива. Сега стравот на НАТО е дека инфраструктурата што ја поседува во Европа, Кина би можела да ја искористи за материјална поддршка на Русија во случај на проширување на конфликтот, заради што Западот бара начин како да ја заплени истата. Се работи за „дискусија која се уште е во раните фази и има различни нивоа на инволвираност од членките на ...
Аксиос пишува дека функционерите веќе пуштаат анкети, лобираат кај поранешни претседатели, неофицијално ги контактираат лидерите на Демократската партија, ги организираат донаторите и планираат да започнат отворена битка против Бајден. „Тие се неофицијалниот Комитет за одизбирање на претседателот. Нивната мисија: Да се истурка Бајден од претседателската трка, колку побрзо, толку подобро,“ пишува Аксиос. Процената на Аксиос е дека анти-Бајден ...
Требаше да биде тоа тивко неделно утро посветено на пишување колумна за влијанието на апартманизацијата врз миграцијата на населението во Хрватска. Си го правам првото утринско кафе и седнувам на каучот за да го започнам мојот неделен ритуал - читање вести на портали и дневни весници. Пред моите очи осамнува сликата на раскрвавениот поранешен американски претседател и актуелен претседателски кандидат Доналд Трамп, кој држи стегната тупаница во ...
Математиката ја прават Обединетите нации и според нив, на флота од 100 камиони ќе и бидат потребни 15 години за да ја расчистат Газа од некои си 40 милиони тони шут кои ги создаде израелската интервенција. Која било операција за расчистување на Газа ќе биде дополнително оптоварена со проблемот со неексплодирани гранати, бомби и експлозиви скриени во купиштата рушевини. Околу 65% од зградите уништени во Газа се резиденцијални. Истата пресметка ...
Иако освои најмногу седишта во новиот состав на парламентот коалицијата НПФ не успева да ја достигне границата од 289 пратеници потребни за мнозинство. Програмата на коалицијата вклучува: - Зголемување на минималната плата. - Контрола на цените на храната, струјата, гасот и горивата. - Намалување на границата за пензионирање на 60 години. - Данок од 90% годишно на приходи над 400.000 евра. - Големи инвестиции во зелена транзиција и јавни услуги. ...
Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател на вчерашниот митинг само ја надополнува и онака нестабилната и непредвидливата кампања, преплетена со набиена реторика и радикализирани ставови. Таа исто така неповратно го менува политичкиот пејзаж во корист на Трамп пред ноемвриските избори. Тој не само што го преживеа истрелот кој го закачи неговото уво - и сега закрепнува на неговиот голф терен во Њу Џерси - туку и наративот што тој ...
Далас Александар е ветеран кој има минато 14 години во снајперскиот тим на канадската војна, задолжен за заштита на канадскиот премиер и светски државници. Поранешниот член на елитна единица тврди дека лицето кое пукаше на поранешниот американски претседател „имало помош“ во изведување на атентатот. "Многу добро сум запознат со овие работи и знам како треба да изгледаат, а за она што се случи вчера, воопшто не се сомневам дека напаѓачот имал ...
Томас Метју Крукс, 20 години, од Бетел парк, Пенсилванија е именуван како атентаторот кој пукаше врз Трамп за време на неговиот говор на митинг во Пенсилванија. „Слушнав зуење, истрели и веднаш го почувстував куршумот што ми ја проби кожата. Ми потече многу крв, па дури тогаш сфатив што се случува“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Било пукано од кров со видливост кон бината а после пукањето, откако Трамп беше обезбеден од телата на ...
Маргарет Вестагер, потпретседателка на ЕК: Според наше мислење, Икс не е во согласност со европскиот Закон за дигитални сервиси (DSA) во клучните области на транспарентност. Ги доведува во заблуда корисниците, не обезбедува соодветно складиште за реклами и го блокира пристапот до податоците за истражувачите. Ова е прв пат да издаваме прелиминарни наоди според Законот за дигитални услуги. Илон Маск, сопственик и директор на Икс: Европската ...