Стотици луѓе се собраа во Ротонда на зградата на американскиот Капитол чекајќи Доналд Трамп да положи заклетва како 47-ми претседател на САД. Церемонијата директно ја пренесуваат големите американски телевизиски мрежи. Самиот Трамп и идниот потпретседател Џеј-Ди Венс, кој исто така ќе положи заклетва, пристигнаа во Конгресот, како и членови на нивните семејства. Поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон ...

ЕСМ Дистрибуција соопшти дека нивните екипи во раните утрински часови успешно ги завршија сите предвидени и, како што наведуваат, исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен. – По завршувањето на овие интервенции, во тек се активности на полнење на топловодите со што испораката на топлинска ...

По свечената заклетва, новиот американски претседател Доналд Трамп одржа и говор во Капитол во кој, меѓу другото, порача дека „почнува златното доба на Америка“. Тој најави дека веднаш ќе донесе наредба за прогласување на вонредна состојба на јужната граница на САД. Ќе потпишам низа историски извршни наредби. Со овие ќе започнеме целосна реставрација на Америка и револуција на здравиот разум. Се е во здравиот разум. Прво ќе прогласам вонредна ...

Лидерите на ЕУ му посакаа успех на Доналд Трамп во неговиот втор мандат како претседател на САД. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста попладнево на платформата Х ги објавија своите најдобри желби до новиот американски претседател. ЕУ со нетрпение очекува да работи тесно со вас за да се справи со глобалните предизвици. Во објавата на Х го има повикот до новата администрација ...

Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД, отворајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги помести границите на извршната власт, ќе депортира милиони имигранти, ќе обезбеди одмазда против неговите политички непријатели и ќе ја промени улогата на САД на светската сцена. Церемонијата се одржа во 18 часот по локално време во ротондата на американскиот Капитол, четири години откако толпа приврзаници на ...

Палестинската милитантна група Хамас, која ја контролира Газа од 2007 година, во својата најнова порака рече дека Газа и нејзиниот народ „ќе се кренат повторно“ и дека ќе ја обноват територијата во голема мера уништена од израелските напади. Газа, со својот голем народ и нејзината издржливост, повторно ќе се крене за да го обнови она што го уништи окупацијата и ќе продолжи по патот на непоколебливост додека окупацијата не биде поразена“, се вели ...

Џорџа Мелони е единствената европска премиерка, која денеска во живо во Вашингтон, ќе ја следи церемонијата на инаугурација на новиот американски претседател. Таа отпатува во САД со тројца пратеници од нејзината партија, но без ниту еден друг член од нејзиниот кабинет, објавува Слободен Печат. Ова е потег што ја нагласува блиската врска на шефот на владата на Рим со Доналд Трамп, како и со милијардерот, а сега политичар Илон Маск. Можно е дури и ...

Палестинските служби за итни случаи денеска известија дека во тек е потрага по илјадници Палестинци за кои се верува дека се под урнатините. Радио Слободна Европа јавува дека жителите на Појасот Газа се шокирани од обемот на уништувањето на вториот ден од прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас. -Бараме 10.000 маченици чии тела се уште се под урнатините, изјави портпаролот на палестинската служба за итни случаи, Махмуд Басал. ...

АД ЕСМ Снабдување информира дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија. Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат ...

Пожар го зафатил старечкиот дом во кавадаречкото село Чемерско, во кој се сместени триесет лица. Информацијата ја потврди, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој додаде дека на терен се тимови на пожарникари, медицински лица и полицајци. Нема жртва, тоа е најбитно. Приоритет беше да се извлечат на безбедно сите лица што престојуваат во домот. Имаме пратено два минибуса, пет амбулантни возила и ќе се транспортираат сите до Општа болница ...

Белградскиот средношколски форум има податоци дека денеска во 90 отсто од средните училишта во Белград нема настава, изјави потпретседателката на тој синдикат Ана Димитријевиќ, објави ТВ Н1. „Во преостанатите десет проценти од белградските средни училишта се одржува минимум наставен капацитет“, вели Ана Димитријевиќ. Таа додаде дека, според податоците што кружат меѓу просветните работници, денеска нема настава во вкупно 60 отсто од основните и ...

По тринеделен зимски распуст, денеска за основците и за средношколците почнува второто полугодие од учебната 2024/2025 година. Учебната година ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите, кои според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај. Учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани. За оваа одлука, ...

Осум лица го загубија животот во пожар што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в.д. директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ. Тој рече дека прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот го предизвикал еден од жителите на домот, пренесе Бета. „Пожарникарите спасија 13 лица од пожарот, од кои седум беа преземени од Итната медицинска помош, додека на останатите ...

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор од 30 дена за Раде Трајковски познат по прекарот Штекли, како и за уште девет лица ( П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р.) од криминалната група која е осомничена дека се занимава со продажба на дрога. Како што велат од Судот, прифатен е и предлогот за определување на ...

Адвокатите во Србија од денеска целосно ќе ја прекинат работата на седум дена во знак на поддршка и солидарност со барањата на студентите, соопшти Адвокатската комора на Србија (АКС) на вонредното собрание што се одржа викендов. Прекинот на работа нема да важи за преклузивните периоди што се однесуваат на редовни и вонредни правни лекови. Адвокатите ја оставија отворена можноста за организирање подолг штрајк доколку овој не донесе резултати. ...

Ивон Величковски: И кај вас и кај нас југо-советските тајкунски елити бараат виновник за сопствените грешки некаде на страна: За нефункционалните и партизирани институции и корупцијата кај вас се „виновни“ „Сорос, Курти и преку него Албанците, Американците, Хрватите, Бугарите…“ Кај нас „виновни“ се „Американците, Сорос, Бугарите, Грците, ДУИ и преку нив Албанците…“Во обата случаи партиите бараат „национално единство“, но во основа се ...

Венко Филипче: Политиките на Мицкоски и ДПМНЕ го срозија животниот стандард. Владините мерки доживеаја дебакл, продолжија ценовните шокови, трошоците за живот растат, а платите стагнираат. Наместо на страната на граѓаните, власта застана на страната на големите трговци. Недозволиво е богатење на грбот на граѓаните, а токму тоа се случи, големите трговци се збогатија, кошниците на граѓаните останаа празни. Ароганцијата и инаетот на Мицкоски и ...

Платформата за кратки видео снимки ТикТок по неколкучасовен прекин, повторно е активна за корисниците во САД, по изјавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе потпише извршна наредба за одложување на нејината забрана. Трамп тоа го објави на неговата на платформа Truth Social, откако милиони корисници на ТикТок денеска се разбудија и открија дека повеќе не можат да пристапат до апликацијата. Google и Apple ја отстранија ...

Александар Кржаловски: -Не се дозволи одложено дејство на уставните измени, ниту измена на преговарачката рамка, ниту пак, Бугарија покажа добра волја со, да речеме регистација на некои од здруженијата на етничките Македонци, таму. Тоа беа адутите на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите. Се пробаа трите работи не успеа ништо. И сега е прашањето, очигледно нема што плус многу да се направи, освен да има некоја иницијатива Европската унија даде некоја ...

Емилија Целакоска: За проф. Силјановска не може никој да каже дека таа не разбира што всушност прави со секоја извртена „интерпретација“. Со влијание на претседател, за жал го троши својот авторитет на професор по правни науки за да инсистира на наопаку од исправно. Една од најсилните ужаснувачки работи зад кои стои е нејзиното предефинирање на „уставен патриотизам“ како тежнеење за неменување на Уставот. Со оглед на упадот во Собранието во ...

Доналд Трамп изјави дека утре, на неговиот прв ден на функцијата, ќе потпише извршна наредба со која ќе ѝ се овозможи на кинеската социјална мрежа „ТикТок“ привремено да продолжи да работи во САД, истовремено сугерирајќи дека американската влада би можела да преземе делумна сопственост на социјалната мрежа. Во објава на „Трут соушал“, неговата сопствена социјална мрежа, Трамп рече дека „нема да дозволи „ТикТок“ да остане во темнина“ откако ќе ја ...

Нигерија е примена како „земја партнер“ во алијансата БРИКС, објави бразилската влада, која во моментов претседава со алијансата. БРИКС е основан во 2009 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, а Јужна Африка се приклучи во 2010 година. Минатата година и се приклучија Иран, Египет, Етиопија и Обединетите Арапски Емирати. Саудиска Арабија е поканета да се приклучи, додека Турција, Азербејџан и Малезија официјално поднесоа барања за членство, а ...

Израелските сили презедоа три израелски жени – Дорон Штајнбречер (31), Емили Дамари (28) и Роми Гонен (24) – кои беа држени од Хамас во Газа. Тие се првите кои се враќаат според првата фаза од договорот за прекин на огнот, кој треба да трае 42 дена. Трите повратнички моментално се придружувани од елитната единица на ИД и безбедносните сили Шин Бет на враќање во Израел, каде што ќе им биде извршена првична медицинска евалуација. Командантите и ...

Адмир Лисица: Тој потајно очекува дека токму Трамп ќе биде тој што ќе му овозможи да успее во тоа што го прави овие години. Тој многу внимателно следи сѐ што се случува со и околу Трамп. Тој вложи и големи пари во контекст на лобирање, во надеж дека ќе се искачи на листата на приоритетите со сепаратистичките тенденции на Република Српска. Тој е далеку, далеку од реалноста. Но секако треба да биде аларм за ЕУ, НАТО и САД кои, ако се вистински ...

Првите камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа само неколку минути по стапувањето во сила на примирјето договорено меѓу Израел и Хамас, објави денеска претставник на ОН за палестинските територии на социјалната мрежа „Х“. -Примирјето конечно стапи на сила во Газа денеска во 11:15 часот (по локално време). Првите камиони за снабдување почнаа да влегуваат само 15 минути подоцна, напиша Џонатан, привремен шеф на ОН Канцеларијата за координација ...

Роднините на тројцата израелски заложници кои треба да бидат ослободени од Појасот Газа подоцна денеска, како дел од договорот за прекин на огнот, потврдија дека очекуваат ослободување на жените, според израелските медиуми. Роми Гонен, Емили Дамари и Дорон Штајнбречер, сите израелски цивили, треба да бидат ослободени од заробеништво во текот на денот, потврди и Форумот на семејства на заложници. Израелската војска соопшти дека не знае кога ќе ...

Илјадници Палестинци раселени поради војната денеска се вратија во своите домови во Појасот Газа, откако стапи на сила примирјето меѓу Израел и Хамас, пренесе Бета. Илјадници луѓе пристигнаа во Џабалија од градот Газа на северната палестинска територија. Други движења на населението беа забележани во секторите Рафа и Кан Јунис на југ, според очевидци. Долгоочекуваниот прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа официјално ...

По повеќе од 15 месеци војна во која беа убиени скоро 47.000 Палестинци, во Појасот Газа стапи на сила прекин на огнот. Договорот беше постигнат по повеќе од 460 дена војна, во која израелските сили убиле повеќе од 46.788 Палестинци и раниле 110.453, според податоците, објави Ал Џазира. Прекинот на огнот започна на 19 јануари 2025 година, во 11:15 по локално време (9:15 CET), што означува крај на повеќе од 15 месеци војна, со многу жртви и ...

Висок функционер на Хамас изјави дека палестинската исламистичка организација му испратила на Израел список на заложници кои денеска ќе бидат ослободени, пренесоа палестинските медиуми. Еден израелски функционер изјави за јавниот радиодифузен сервис Кан дека Хамас на посредници им ги дал имињата на три жени. Претставник на Хамас вклучен во преговорите за прекин на огнот претходно изјави дека списокот со заложници ќе биде предаден „во секој ...

Израелската армија денеска, по истекот на рокот за почеток на примирјето во Газа, напаѓа во северниот и јужниот дел на палестинската енклава, потврдија нејзините жители за Ројтерс, а израелските сили велат дека нападнале „терористички цели“ во северниот и централниот дел на Газа со тенкови. Тројца Палестинци се убиени во израелски напад врз источниот дел на Газа во неделата наутро, според медицински извори. Израелската армија утринава соопшти ...

weather icon

Скопје

41ᴼ / 41ᴼ
1.54
20%
1011
weather icon

Белград

39ᴼ / 36ᴼ
2.57
33%
1011
weather icon

Загреб

38ᴼ / 37ᴼ
3.09
28%
1010
weather icon

Софија

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
20%
1013
weather icon

Сараево

39ᴼ / 39ᴼ
4.57
17%
1010
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
3.6
47%
1012
weather icon

Атина

38ᴼ / 36ᴼ
7.2
24%
1011
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
49%
1013
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
4.12
26%
1013
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
4.63
32%
1011
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 37ᴼ
4.47
25%
1010
weather icon

Истанбул

34ᴼ / 34ᴼ
6.17
18%
1012
Currency

61.535

Currency

52.5676

Currency

72.2077

Currency

34.3826

Currency

38.3919

Currency

65.5592

Currency

7.33901

Currency

0.6731

Currency

0.36421

Currency

0.52505

Currency

1.32441

Currency

0.61418

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69