Родителите на загинатите и на повредените како и граѓани денеска попладне се на нов протесен марш во Кочани кои бараат огговорност за трагедијата со пожарот во кочанслата дискотека во која живото го загубија 62 млади и околу двесте беа повредени. .„Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“„Бараме правда“, „Не чекајте твоето дете да биде следно“,беа некои од пораките кои семејствата на загинатите ги упатуваа на претходниѕе протестни поворки ...

Али Ахмети: Ние не ја носиме државата со себе – ние имаме право да ја водиме, тоа ни припаѓа. Албанците се над 30%, живеат континуирано на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста. Од овој собир во Арачиново јавно му се обраќам на Христијан Мицкоски со барање да им објасни на албанските граѓани: Зошто го менува Законот за употреба на јазиците? Зошто го менува Охридскиот Мировен Договор? Зошто го загрозува мирот, стабилноста и ...

Израелската војска – ИДФ, објави дека ја започнала првата фаза од големата офанзива во Појасот Газа, наречена „Гидеонови кочии“. Според соопштението на армијата, во текот на изминатиот ден, ИДФ извршила напади и мобилизирала сили за преземање стратешки области во Газа, пишува Тајмс оф Израел. Се додава дека ова е дел од почетните чекори на операцијата „Гидеонови кочии“ и проширување на кампањата во Газа, чии цели се ослободување на ...

Руски беспилотен авион врз патнички автобус во североисточна Украина загинаа девет цивили, соопштија локалните власти. Воената администрација на регионот Суми објави дека уште четири лица се повредени. Нападот се случил во градот Билопилија во сабота наутро. Лекари, екипи за итни случаи и полиција се на местото на настанот, јавува „Скајњуз“. Овој напад се случи само неколку часа откако Русија и Украина ги одржаа своите први директни мировни ...

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георхиј Тихи, изјави дека руската страна на денешните преговори во Истанбул претставила „голем број барања што се неприфатливи за Украина“. На прашањето на новинарите дали Русија поставува нови барања што не се поставени претходно, Тихи одговори дека е „тешко да се каже“ бидејќи, како што рече, „ќе треба да се спореди“, но додаде: „Моето чувство е – да, ова се барања што одат ...

Денеска, за време на директните разговори во Истанбул, руската делегација ѝ се закани на Украина со „вечна војна“, изјави извор од украинската делегација за „Скај њуз“. Според истиот извор, руската страна не била подготвена да разговара за техничките детали од прекинот на огнот, бидејќи наводно чекале одобрение од повисоките органи. Претходно истиот ден, украински извори веќе предупредија дека руските барања се „нереални“ и „далеку над сè што ...

Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека вчера извршиле воздушни напади врз повеќе од 150 терористички цели во Појасот Газа. Цел на нападите биле лансирни рампи за противтенковски ракети, келии на оперативците на Хамас и објекти кои се користат за напади врз израелските сили. ИДФ наведе дека во текот на копнените операции 252 дивизија убила неколку оперативци на Хамас во северниот дел на Појасот Газа и уништила неколку ...

За нас е историски овој настан како држава – само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство, изјави премиерот Христијан Мицкоски откако се сретна со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана. Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство, договор кој што ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарди евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците да воведат повеќе санкции кон Москва доколку Русија не се согласи на безусловен прекин на огнот за време на тековните разговори во Истанбул. Наш приоритет број еден е целосен, безусловен и чесен прекин на огнот. Ова мора да се случи веднаш за да се запре убивањето и да се создаде цврста основа за дипломатија, рече Зеленски, обраќајќи им се на лидерите на самитот на ...

Првите разговори по три години меѓу украински и руски претставници во Истанбул за завршување на војната што ја почна Русија завршија по околу 90 минути, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Првично нема информации за резултати или специфична содржина, но со отсуството на рускиот претседател Владимир Путин, кој одби да присуствува на разговорите, очекувањата за значајни исходи веќе беа намалени, пренесе ДПА. Турскиот министер за ...

Русија и Украина повторно ги разменија телата на војниците убиени во конфликтот. Киев ги прими останките на 909 војници, соопшти денеска персоналот одговорен за прашања поврзани со воените заробеници. Војниците беа убиени во борбите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје, Харков и Суми. Некои од останките дојдоа од мртовечници во Русија. Украинската армија со месеци окупираше делови од западниот руски регион Курск во близина на границата. ...

Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Основното јавно обвинителство побара правда за настраданите во пожарот во Кочани. Од иницијативата поставија бело платно на кое беа испишани имињата на загинатите и повредените во пожарот. Поминаа два месеца од најголемата трагедија во нашата историја. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно обвинителство, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста ...

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ги објасни причините за напуштање на коалицијата ВЛЕН и Владата. Тој посочи дека одлуката за напуштање на коалицијата ВЛЕН била процес што поминал низ неколку фази. Во ова интервју за косовската „Национале“, Таравари изјави дека оваа коалиција не го положила владиниот тест. Тој оцени дека досега ВЛЕН не ги исполнил ветувањата што им ги дале на Албанците. Откако влегоа во Владата, Таравари вели ...

Граѓаните и студентите во Нови Сад во текот на ноќта останаа пред влезовите на судските органи. Жандермеријата и припадници на интервентната полиција утрово во 5:30 пристигнаа во дворот на судот каде е блокадата. Како што пренесуваат Н1 полицијата употребила бибер спреј за да ги растера насобраните пред службениот влез на судот. Приведен е и фоторепортер, а полицијата тврди дека тој во себе имал бибер спреј. На другиот влез на судот дошло до ...

Во Истанбул денеска треба да се одржат тројни средби на претставници на Турците, Американците и Русите од една страна, како и на Турците, Американците и Украинците од друга страна, јавија синоќа извори блиски до турското Министерство за надворешни работи. „Уште една рунда состаноци ќе се одржи утре во различни формати. На дневен ред се трипартитни преговори на САД, Украина и Турција, како и Русија, Украина и Турција. Не е сигурно дали ...

Изјавата на претседателот на Европскиот совет е прецизна и кога станува збор за тоа како Македонија треба да го продолжи европскиот пат, тој јасно кажа дека тоа што е договорено, ние како држава имаме обврска да го испорачаме, истакна заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашната емисија 24 Анализа, на телевизијата 24. Во дебатата Каранфилова Пановска посочи дека денешната ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека нема да биде постигнат напредок во мировните преговори за Украина сè додека тој лично не се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин. Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ кратко пред слетувањето во Дубаи, третата станица од неговата посета на Блискиот Исток, јавија британските медиуми. Според изјавата на шефот ...

Државниот симфониски оркестар од Солун првпат во своето 66-годишно постоење ќе настапи во Скопје. Концертот ќе се одржи во салата на Македонската филхармонија, на 17 мај, од 19:30 часот, а ќе настапат водечката грчка сопранистка, Мирто Папатанасиу, и нашиот светски реномиран пијанист, Симон Трпчески. Со Оркестарот ќе диригира реномираниот грчки диригент, Владимирос Симеонидис. На програмата се дела од познатиот француски композитор Морис ...

Андреј Козирев: Би бил многу среќен ако грешам, но според мене тие се целосно губење време. Нема причина да се верува дека овие преговори, кој и да учествува во нив, ќе бидат крунисани со каков било успех. Единствениот начин Владимир Путин да биде обесхрабрен и всушност охрабрен на нормални преговори и размислувања за прекин на интервенцијата е да ја вооружи Украина до заби – како што рече американскиот претседател Доналд Трамп. Само ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Анкара каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека разговорите во Истанбул се преместени за попладнево „на иницијатива на Турција“. Состанокот на руската и украинска делегација, според првичниот распоред, требаше да почне денеска 10 часот. Захарова потврди дека руската ...

Дури и по 16-тиот обид, косовското собрание не успеа да се конституира. На денешната седница повторно не беше формирана Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот. Членовите на поранешните опозициски партии не предложија членови на изборната комисија и не гласаа за составот на комисијата, што доведе до одложување на седницата. За формирање на комисијата гласаа 55 пратеници, а еден глас беше против. Следната седница е ...

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка. Оставка се уште нема, а нема ни предлог за гувернер. Немаме никаква нова информација за пратенички групи, рече Гаши на денешната средба со новинарите. Сега за сега, како што кажа, нема ни нов ...

Засега, барем, изгледа дека човекот кој ја почна војната во Украина ќе се држи настрана од разговорите за обид да се заврши, коментира Би-Би-Си. Рускиот претседател Владимир Путин никогаш експлицитно не рече дека ќе присуствува, а шансите секогаш изгледаа мали. Разговорите сега се очекува да продолжат, меѓу функционери од двете страни, или попладнево или утре во Истанбул. Руски извори велат дека ќе бидат денеска, украински извори велат дека ...

Ниту американскиот претседател Доналд Трамп, ниту рускиот претседател Владимир Путин нема денеска да присуствуваат на она што би можеле да бидат први директни мировни преговори меѓу Москва и Кијив за три години. Путин ги предложи директни преговори за завршување на војната во Украина, но тој нема да учествува, а руската делегација ќе ја предводи советникот на Путин, Владимир Медински, а ќе бидат вклучени и заменик-министерот за надворешни ...

Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, за мене е вистинско разочарување, ова беше можент на одговороност и зрелост а не за политички инает, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по денешната собраниска седница на којашто пратениците од ВМРО ДПМНЕ не го подржаа предлог законот на СДСМ да се ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерашно обраќање рече дека Украина е подготвена за секаков формат на мировни преговори и дека не се плаши од средби или разговори. Подготвени сме за секаков формат на преговори и не се плашиме од средби. Утре – во Турција, рече Зеленски. Тој додаде дека се уште чека потврда за тоа кој ќе дојде од Русија на преговорите, по што ќе одлучи за следните чекори на Украина: „Чекам кој ќе ...

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени. Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА. Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во „Влен“ донесе одлука да ја напушти ...

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката “Пулс” ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот. Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Согласно фазата во која се ...

Група од 20 американски држави предводени од демократи поднесе две тужби за да го блокира обидот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги принуди да спроведат регулативи за имиграција за да добијат средства од повеќе милијарди долари за транспорт, борба против тероризмот и мерки за одбрана од вонредни ситуации. Овие држави тврдат во тужби пред федералните судови дека Одделите за транспорт и за внатрешна безбедност нелегално ...

Во главниот град на Либија утрово повторно избија вооружени судири, јави Анадолија. До судирите дојде меѓу групи во квартовите Аин Зара, Рас Хасан и Бин Ашур, изјавија локални извори. Сè уште нема информации за жртви. Либиските медиуми јавуваат дека поради судирите се суспендирани летовите на аеродромот Митига, додека Министерството за образование ја прекина наставата во сите училишта во Триполи. Мисијата на ОН за поддршка во Либија (УНСМИЛ) ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
94%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
92%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Сребро

2457.28

Алуминиум

3.07

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Паладиум

53434.54

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66