Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека на 8 јули полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки и активности, извршиле претрес при што биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, ...

Инфлацијата не е само увезена туку и домашно произведена Економската приказна на нашиот јужен сосед отсекогаш била исклучително интересна. Професори по економија со кои ја отворивме оваа тема ја опишуваат како „грчки ролеркостер“, при што економијата се движи брзо, но и угоре-удолу. Во таа „грчка економска приказна“, според нашите соговорници, универзитетски професори по економија, многу лесно може да се препознаат речиси сите економии на ...

За активните мерки за вработување во 2024 година исплатени се 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој – покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ). Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05 ...

СЛАВНИ УМЕТНИЦИ ШТО ЗАВРШИЛЕ НЕСЛАВНО Приказните за генијални уметници што наводно се бореле со ментални болести се длабоко вкоренети во популарната култура. Винсент ван Гог си го отсекол увото за време на психотична епизода, балетскиот танчар Васлав Нижински развил шизофренија и ги поминал последните три децении од својот живот во болница, а писателката Вирџинија Вулф живеела со биполарно растројство и извршила самоубиство поради тешка ...

Глобалната диџеј-ѕвезда и еден од најголемите хитмејкери на денешницата, Дејвид Гета, повторно му даде поддршка на македонскиот продуцент и диџеј Галоски, овој пат за неговото ново издание „To The Beat“. Песната официјално излезе преку „Смеш д хаус“, издавачката куќа на светски познатото белгиско дуо Димитри Вегас и Лајк Мајк. Истата вечер, „To The Beat“ беше премиерно емитувана и во радиоемисијата на Дејвид Гета, што претставува уште една ...

Фестивалот Зрно и оваа година ја продолжува својата мисија да создава простор за современа авторска фотографија, експериментални визуелни практики и меѓународна културна размена во Македонија. Во контекст на локална сцена каде ваквите платформи на кое и да е поле се ретки, фестивалот претставува важна точка за поврзување на домашни и странски автори, публика и независни културни иницијативи. Изложбата на селектираните дваесет автори од ...

Британските археолози открија структура во близината на светски познатиот праисториски камен круг на Стоунхенџ што ги заинтригира. Структурата, која се состои од два дрвени столба оддалечени 120 метри, можеби на прв поглед не изгледа дека е важна, но тимот од „Весекс археологија“ тврди дека е усогласена за да ја следи насоката директно кон изгрејсонцето во текот на летото и кон зајдисонцето за време на зимската краткоденица. Она што особено ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик, ...

Kоординаторот на пратеничката група на „Вреди“, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, вчера биле задржани од албанските власти на граничниот премин Ќафасан и не им бил дозволен влез во Албанија иако имале дипломатски пасоши. Од „Вреди“ денеска информираа дека тројцата партиски функционери биле задржани еден час без никакво официјално објаснување. Според информациите што неофицијално ги ...

Реализирани повеќе од 45 проценти од годишниот план – приходите растат за 8,6 проценти и отвораат простор за нова развојна динамика. Според повеќе соговорници со кои се консултиравме, очигледно е дека овој ребаланс не е последица на недостигот од средства, туку инструмент за забрзување на капиталните инвестиции Речиси 170 милијарди денари се слеале во државниот буџет во првите шест месеци од 2026 година, што претставува раст од 8,6 проценти ...

Новинарска опсервација: Правото пред (гео)политиката! Речиси четири години по експлозиите што ги оштетија гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, германското Сојузно обвинителство направи чекор што може да има далекосежни правни, политички и геополитички последици. Пред Вишиот покраински суд во Хамбург е поднесен обвинителен акт против украинскиот државјанин Серхиј К., поранешен офицер на украинските специјални сили, кој се товари за ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи се осврна на резултатите од Самитот на НАТО во Анкара, оценувајќи дека донесените одлуки дополнително ќе ја зајакнат Алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност. – Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отвори можноста за дополнително намалување на бројот на американските војници во Европа, поврзувајќи ја таквата одлука со евентуалниот договор за иднината на Гренланд. – Сè уште ја немам донесено таа конечна одлука. Многу нешта ќе зависат од Гренланд – изјави Трамп во претседателскиот авион „Ер Форс Ван“ (Air Force One), на прашањето дали ќе повлече уште американски трупи од Европа. Како што пренесе ...

Бран закани со бомби ја потресе Бугарија Нов бран закани за поставени експлозивни направи повторно ги стави во состојба на готовност бугарските безбедносни служби, откако десетици државни институции, судови и административни објекти низ земјата добија електронски пораки со предупредувања за наводно поставени бомби. Според бугарското Министерство за внатрешни работи, станува збор за „координирана серија анонимни дојави испратени по електронски ...

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека НАТО ја продолжува политиката на милитаризација на Европа, подготовките за можен судир со Русија и обезбедувањето воена поддршка за Украина, објави турската агенција „Анадолија“. Захарова рече дека „генералната линија на НАТО не е променета“ и оти алијансата и понатаму ја третира Русија како долгорочна закана за евроатлантската безбедност. ...

И пратениците и новинарите во Македонија добија нов и надграден збир на професионални правила за работа и однесување Во време кога довербата во институциите и медиумите е под постојан предизвик, усвојувањето на два нови етички кодекси претставува значаен исчекор кон зајакнување на професионалните стандарди. Во ист ден беа промовирани новиот модернизиран Кодекс на новинарите на Македонија и Кодексот за етичко однесување на пратениците, ...

Еврокомесарката за проширување во посета на земјава Европската иднина на Македонија, реформите и условите за продолжување на пристапниот процес беа главни теми на разговор на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Обајцата на вчерашната заедничка прес-конференција ги изнесоа позициите за кои се залагаат. За Кос, усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за ...

Екстремните горештини носат уште една опасност. Жедта се гаси со вода, но таа мора да биде правилно складирана и подалеку од летното сонце. Водата во пластични шишиња што со часови стоела на сонце може да стане сериозен здравствен ризик. Деновиве синоптичарите најавуваат нов топлотен бран, па затоа граѓаните треба да внимаваат не само на дехидратацијата туку и од каде и во каква амбалажа ја купуваат водата Македонија повторно се подготвува за ...

Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија – истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската Унија, 20 години да нè држат во лавиринтот. Време е тоа да се надмине – порача денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на Самитот на НАТО што ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата денеска истакна дека Македонија е една од земјите со најдобри постигнувања во делот на реформската агенда со исполнување на 10-те реформски барања, со исклучок на Изборниот законик. Сепак, рече таа, усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за почнување преговори и ја охрабри Владата да го ...

Договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, им порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на СДСМ и Левица во врска со измените на Изборниот законик. Тој ги оцени нивните реакции како политичка гимнастика и естрада. Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, Мицкоски потсети дека на измените се ...

Претседателката на италијанската Влада, Џорџа Мелони, вели дека не жали што се обидела да воспостави блиски односи со американскиот претседател Доналд Трамп, и покрај неговите неодамнешни прозивки на социјалните мрежи. – Не, апсолутно не жалам за ништо што сум направила – рече Мелони во Анкара, на крајот од самитот на НАТО на кој присуствуваше и Трамп. Мелони наведе дека нема директно да одговара на објавите на Трамп. Таа, исто така, рече ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата на „повеќе од успешниот“ самит во Анкара покажала дека е посилна од кога било, нагласувајќи дека средбата зрачела со „големо чувство на единство“. На прес-конференција во рамките на самитот, Руте рече дека НАТО се „ребалансирал на подобро“ и дека сојузниците ја потврдиле „непоколебливата поддршка“ за Украина. Тој потсети и на членот 5 од договорот, кој предвидува дека напад врз ...

Албанскиот премиер Еди Рама на крајот од самитот на НАТО во Анкара потврди дека следниот самит ќе се одржи во Тирана. -Како велеа, самитот нема да се одржи во Албанија. Но времето кога она што другите го сакаа се правеше со Албанија е минато. Сега Албанија прави што вели и кажува што прави, па затоа следниот самит ќе биде во Тирана – изјави Рама во куса видео порака од Анкара, заедно со делегацијата. Албанската државна агенција АТА објави ...

Знаменитостите на Македонија Првите значајни промени во културниот живот на Кукуш се забележуваат со изградбата на црквата „Св. Ѓорѓија“, масивна градба завршена во 1835 година. Нејзината изградба била сенародно дело, симбол на заедничкиот напор и духовната сила на кукушани. Над влезната врата бил поставен камен натпис на црковнословенски јазик, јасен знак дека духовниот живот на заедницата се темели врз словенската традиција и врз стремежот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за ставање крај на војната, нагласувајќи дека тој процес „веќе долго време се разработува“. Тој го оцени украинскиот претседател Володимир Зеленски како „многу ефикасен“ и „неверојатен во својата работа“, додавајќи дека се надева на брза средба меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. -Путин ќе се сретне со Зеленски и нешто ќе произлезе ...

Со денешната одлука на Апелацискиот суд во Париз, лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, останува осудена за проневера на средства од Европскиот парламент. Сепак, судот ја ублажи претходно изречената забрана за вршење јавна функција, што формално ѝ овозможува да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. Ле Пен е осудена да дел од затворската казна ја издржи во домашни услови со ...

Американските вооружени сили извршија нови воздушни напади врз Иран, неколку часа откако три трговски брода беа нападнати во Ормускиот Теснец, јавуваат светските новински агенции. Ова е нова ескалација меѓу двете земји, што дополнително го доведува во прашање привремениот договор за прекин на непријателствата. Според американски официјални претставници, нападите биле насочени кон повеќе воени цели и пристанишни објекти во Иран. Централната ...

Цените на суровата нафта пораснаа за речиси три проценти откако САД изведоа нови напади врз Иран, по информациите дека Техеран нападнал три брода во Ормускиот Теснец. Утрово цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, се зголеми за 2,6 проценти и достигна 76,09 долари за барел. Истовремено, цената на американската референтна сурова нафта порасна за 2,6 проценти и изнесува 72,25 долари за барел, пренесуваат ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.09
32%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.35
47%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
36%
1012
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.05
36%
1013
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.74
47%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 23ᴼ
1.01
49%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.79
42%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.79
46%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.19
43%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
45%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
1.34
28%
1012
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.33
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Паладиум

43499.96

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Платина

56135.20

Злато

136962.18

Алуминиум

3.25

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Сребро

1994.05