МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА СО БАРАЊЕ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ТРЕТМАН ОД СТРАНА НА НАДЛЕЖНИТЕ ВЛАСТИ ВО ТИРАНА Жителите на Пустец, македонската заедница во Албанија, повторно јавно и низ механизмите на законски утврдените процедури обрнуваат внимание на јавноста и на институциите дека постои хроничен недостиг од јавни инвестиции во регионите каде што живее македонската заедница. Иако областа е сместена во срцето на Националниот парк Преспа и ...

Вкупно 1.576 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина констатирала сообраќајната полиција во периодот од 3 до 9 август 2026 година, во рамки на засилените акциски контроли. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека контролите биле спроведени во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност во која учествуваат сообраќајните полициски служби од земјите членки на ROADPOL. Во текот на ...

Во координирана акција на надлежните институции од Македонија, Косово и Грција, денеска во Солун е разбиена меѓународна организирана криминална група вклучена во недозволена трговија со дрога. Според информациите од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), во акцијата биле уапсени еден македонски и еден косовски државјанин. При контрола на товарно возило, грчките власти откриле 324 килограми ...

МОЖЕБИ МИРИСА НА КООРДИНИРАНА АКЦИЈА ИЛИ ОСМИСЛЕНА СТРАТЕГИЈА Откако генерации прогонети Македонци од егејскиот дел на Македонија, денешна Грција, останаа без имоти, без државјанства, многу и без контакти со своите семејства, денес на наследниците на тие Македонци, меѓу кои и илјадници на децата бегалци, Атина им нуди грчки пасоши. Не, не им нуди рехабилитација или помирување, туку ги тера доброволно да го признаат тој геноцид и да станат ...

Повод за новинарска опсервација: Посетата на Света Гора од страна на претставници од Бигорскиот манастир Престојот на дел од монашкото братство на Бигорскиот манастир, предводено од игуменот Партениј, на Света Гора, повторно во јавноста го отвори прашањето за динамиката на односите меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Вселенската патријаршија. Посетата, која на прв поглед може да се толкува како духовна и монашка ...

Втор смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. Станува збор за 72-годишен скопјанец, кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile и била утврдена тешка клиничка слика на менингоенцефалитис. Информацијата денеска ја соопшти директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. – Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да информирам дека, за жал, кај пациент на ...

Во изминатите 24 часа полицијата евидентирала повеќе случаи на семејно насилство низ државата, при што биле поднесени кривични пријави, извршени апсења и поведени истраги против лица осомничени за физички напади, закани и демнење. Во Гостивар е поднесена кривична пријава против 46-годишен жител на гостиварско село, осомничен дека на 10 август физички ја нападнал својата сопруга на нејзиното работно место во угостителски објект и ѝ упатил ...

Цената на недостигот од вода: Европа ги губи приносите, сточарството и сигурноста на храната Сушата што ја зафаќа Европа ги принудува сточарите да посегнат кон користење зимски резерви на храна неколку месеци порано од предвиденото, бидејќи исушените пасишта и оштетените посеви ги намалуваат резервите, објавува „Еурактив“. Летово е обележано со пожари и високи температури, при што околу 38 отсто од земјиштето во Европската Унија е изложено ...

Москва минатата ноќ ја забележа една од најниските температури од почетокот на летото, откако живата во термометрите се спушти до 9,7 степени Целзиусови. Михаил Леус, водечки специјалист во метеоролошкиот центар „Фобос“, на својот канал на „Телеграм“ објави дека студените воздушни маси продолжиле да навлегуваат во централниот дел на европска Русија. – Со делумно облачно небо и студени воздушни маси, ноќта во руската престолнина беше една од ...

Квотите за упис на студенти во прва година се намалени на сите универзитети поради неусогласеноста меѓу образовниот систем и потребите на пазарот на трудот, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во интервју за МИА, таа посочи дека годинава на сите универзитети се намалени околу 2.000 места за упис, но нагласи дека сите идни студенти ќе имаат можност да се запишат на посакуваните студиски програми. Според Јаневска, ...

Водата од градскиот водовод во Гостивар од денеска повторно е безбедна за пиење, соопштија на заедничка прес-конференција претставници на институциите надлежни за следење на квалитетот на водата. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше дека ограничувањето за употреба на водата за пиење е укинато. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за појава на невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град. Според објавената метеоролошка карта, услови за невреме има во повеќе региони, додека меѓу подрачјата без најави за невреме се Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово и Гостивар. Дневните температури ќе се движат од 28 до 34 степени Целзиусови. Во ...

Новиот АТМ систем е ставен во функција во М-НАВ, со што се создаваат услови за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула во Скопје. Значењето на модернизацијата е уште поголемо поради растот на воздушниот сообраќај. Во првите шест месеци од годинава низ македонскиот воздушен простор ...

Владата и Министерството за транспорт продолжуваат да бараат решенија за проблемите со кои се соочуваат македонските превозници по воведувањето на системот „ЕЕС“ (Entry/Exit System) во Европската Унија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Одговарајќи на прашање за најавите од дел од превозниците дека би можеле да организираат протести доколку до 1 септември не се најде решение, Николоски рече дека ...

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје се одржаа повеќедневни стручни консултации за понатамошното лекување на пациентите повредени во трагичниот пожар во Кочани. По иницијатива на директорката на Клиниката, прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска, во Скопје престојуваше субспецијалистот д-р Игор Маљковиќ, искусен пластичен и реконструктивен хирург со долгогодишно искуство во третманот на сложени случаи ...

Пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожари во Грција, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, во координација со надлежните грчки власти, семејствата биле упатени кон најблиските евакуациски точки, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи. Од МНРиНТ повторно ...

Крпите обично почнуваат да мирисаат непријатно бидејќи долго време остануваат влажни во ќесата. Пред перење, крпата треба целосно да се исуши и добро да се протресе за да се отстрани песокот и да се заштити машината за перење. Солта, потта и остатоците од кремот за сончање со текот на времето ги оштетуваат влакната. Многумина веруваат дека морската вода и песокот се главните виновници за непријатниот мирис на крпите по денот поминат на плажа. ...

Лето е, топлината не попушта, а нашите миленици се повлекуваат во најтемните агли на становите и куќите за да се разладат и одморат. Во лето апетитот на кучето често се намалува, што е сосема нормално во овој дел од годината, па кучињата јадат помалку. За да бидете сигурни дека вашето домашно милениче добива доволно храна и хранливи материи во текот на летниот ден, понудете му повеќе од освежување: лесни летни оброци на протеинска база. ...

Западнобалканските превозници решија да почекаат до први септември, само до состанокот на европската влада (ЕК), а потоа… Пораката на превозниците испратена по заедничкиот регионален состанок во Скопје е внимателна и, сепак, многу педантно испратена до највисоките европски институции. Превозниците не сакаат протести, но се подготвени за нив. И не станува збор за закана со краткотрајна блокада, која ќе заврши по неколку часа или дена. Ако ...

Повод: Преписките на Судскиот совет и Здружението на судиите од една страна и Уставниот суд од друга страна, во врска со решението П4-240/22 од 4 мај 2026 година Во една правна држава нема повисока власт од Уставот. Нема судска независност над Уставот, нема закон што може да биде над Уставот, ниту, пак, постои институција што може да избира кои уставни обврски ќе ги почитува, а кои – не, или ќе наоѓа начини да ги релативизира Уставот и ...

Федералната држава Мичиген усвои нов закон што бара од секој поединец што е осуден за злоупотреба или занемарување животни да плати задолжителна отштета за грижата за животните што ги повредил, занемарил или злоупотребил. Гувернерката Гречен Витмер го потпиша законот на 27 јули, со што Мичиген стана 41-та држава што го спроведува ова барање. Гувернерката потпиша три закони за проширување на ресурсите за засолништата, помагајќи им на овие ...

Циститисот е инфекција на мочниот меур, кој најчесто ги погодува жените. Во текот на летото може да биде почест поради дехидрација, зголемено потење и промени во секојдневните навики. Циститисот е форма на инфекција на уринарниот тракт што го зафаќа мочниот меур, а најчести симптоми се пецкање при мокрење, честа потреба за одење во тоалет, заматена или потемна урина и болка во долниот дел на стомакот. Се јавува кога бактериите влегуваат во ...

На 14 и 15 август( петок и сабота) 2026 г., во Прилеп ќе се одржи првиот фестивал „Итар Пејо“, на кој ќе има многу смеа и музика, ќе се одржи традицијата, народната мисла и сатирата. По тој повод денеска во ЦК „Марко Цепенков“ се одржа прес конференција на која организаторите, КУД „Мирче Ацев“ ја претставија богатата дводневна програма на која ќе настапат фолклорни ансамбли од Македонија, Полска и Словачка. – Фестивалот „Итар Пејо“ е нова ...

Министерството за финансии префрли нов трансфер од 176,5 милиони денари, односно околу 2,9 милиони евра, од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании. Со најновиот трансфер, вкупната финансиска поддршка од Владата за домашните компании достигна 14,7 милијарди денари, односно околу 239 милиони евра, информира Министерството за финансии. Од Министерството оценуваат дека средствата ...

До 7:30 часот утринава во земјава се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според последните информации, шест пожари се сè уште активни, три се ставени под контрола, додека 31 пожар е целосно изгаснат. Активни пожари има во општина Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума. Пожар гори и во општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во ...

Европската Унија декларативно дава поддршка за приемот на Украина, наводно туркајќи ја агендата за нејзино ставање на брза лента за влез во Унијата. Брисел дури и глуми фаворизирање на Киев во евроинтеграциите, дури и на штета на другите земји кандидати. Но наспроти оптимистичките ветувања од Брисел за Украина, фактичката состојба е поинаква. Состојбата сѐ помалку укажува на лесен и брз прием на Украина во ЕУ, а за тоа има крупни аргументи, ...

БАЛКАНОТ МЕЃУ СТАТИСТИКАТА И РЕАЛНОСТА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ Балканот веќе не е синоним за двоцифрена невработеност како во годините по транзицијата. Во последната деценија речиси сите земји од регионот бележат пад на стапките, што на хартија изгледа како економски напредок. Но, според нашите соговорници, професори по економија и економски аналитичари и експерти, зад овие трендови веројатно стои комплексна реалност. – Намалувањето на ...

Вкупно 446 туристи, жители и други лица кои попладнево се наоѓале во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики се евакуирани по морски пат поради големиот пожар што избувна во областа, јави дописничката на МИА од Атина. Во евакуацијата биле вклучени чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, приватни и рибарски чамци, како и траектот „Спидранер“, кој сообраќа на релација меѓу Солун и островите од групата Споради. ...

Соединетите Американски Држави во моментов ја преиспитуваат својата нуклеарна стратегија, изјави заменик-министерот за одбрана Елбриџ Колби, пренесе ДПА. Според Колби, станува збор за ограничена ревизија што се однесува на специфични сценарија поврзани со потенцијалната употреба на нуклеарно оружје. – Целта е да се зачуваат одвраќањето и стабилноста – изјави тој. Колби посочи дека американската војска досега била организирана така што можела ...

Состојбата со пожарот во атарот на селото Лознани во Општина Могила е алармантна, откако огнот се приближи до првите куќи во селото. Пожарот зафаќа долг огнен фронт кој се протега со километри, а во неговото гаснење се ангажирани битолските пожарникари и тимови за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, преку видео од терен информираше дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35