На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил ...

Охрид ќе биде центар на виното и добрата забава во рамки на петтото издание на Ohrid Wine Festival, кое ќе се одржи од 25-ти до 27-ми јуни. ‎ ‎Во текот на трите фестивалски вечери посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма и одлична фестивалска атмосфера. ‎ ‎Фестивалот започнува на 25-ти јуни со настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија. ‎ ‎На 26-ти јуни на сцената ќе настапат Брос и Марама, Ѓоко Ѓорчев ...

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните ...

Денешниот ден Среда 10 Јуни 2026 во Македонија ни носи променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија локално процесите ќе бидат интеназивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни ...

На денешниот настан за поставување на камен темелник на доградбата на училиштето „Димитар Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, на новинарски прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна и на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар. „Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и ...

Би сакал што е можно повеќе вакви објекти да можеме да почнеме, како резултат на што е можно повеќе дечиња коишто би си родиле најпрвин, а потоа би дошле до оваа фаза на своето образование. Му честитам на градоначалникот, на Советот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од Општина Ѓорче Петров, благодарност до Министерството за образование, до колегите од Владата што целиот овој период работиме за да отпочнеме нешто ново, да ...

Иранските фудбалски навивачи нема да го добијат очекуваниот контингент билети за натпреварите на Светското првенство на нивната репрезентација во САД, соопшти Иранскиот фудбалски сојуз. Продажбата на влезници за групните натпревари против Нов Зеланд, Белгија и Египет станала невозможна за иранскиот сојуз ФФИ, соопшти организацијата. ФФИ ги обвинува САД, како ко-домаќин на СП, дека на овој начин сакаат да го спречат присуството на иранските ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија, при што го истакна нејзиниот значаен придонес во економскиот развој на државата во изминатите две децении. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Комората претставува силен глас на бизнис-заедницата, важен партнер на институциите и активен промотор на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација, изјави: „Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека една од иницијативите која што ја имаме е сами, како држава, да го градиме, би рекол, ...

На 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода. На 08.06.2026 во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34). На ...

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал активна забрана. Три лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по едно во Кичево, Тетово, Кавадарци и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре (10.06.2026), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани, скопско, ќе се спроведе симулациска вежба. За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што е можно зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон. Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина да ги почитуваат ...

Прашањето за изградба на нов клинички центар во Скопје повторно се актуелизира, откако премиерот Христијан Мицкоски излезе со предлог за нова локација. Иако проектот со години беше оптоварен со политички несогласувања, идеи и блокади во минатото, сега фокусот е ставен на негово придвижување и изнаоѓање конкретно решение. Каде ќе се гради новиот клинички центар? Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата разгледува нова локација за ...

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЕДИНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ единаесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 16.06.2026 година (вторник) со почеток ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави нон-пејперот што го иницираа германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, но нагласи дека конечни оценки може да се дадат дури по објавување официјален документ. „Мојата оценка е дека кога ќе видиме документ, ќе можам попрецизно да кажам за што станува збор. Нон-пејпер значи текст без потпис и формален статус, но ...

Ерусалимскиот патријарх се сретна со претседателот Трамп во Белата куќа: фокус на заштитата на христијаните на Блискиот Исток Ерусалимскиот патријарх беше во Белата куќа, каде што околу 40 минути имаше средба со претседателот Трамп. Во центарот на дискусијата беа христијанските заедници на Блискиот Исток, кои се соочуваат со нестабилност, притисоци и закани. Патријархот побара од американскиот претседател да придонесе за нивната заштита, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во наредните денови може да биде постигнат договор за завршување на војната со Иран. „Се наоѓаме во завршната фаза на она што ќе биде многу, многу добар договор“, изјави Трамп. Тој оцени дека постигнувањето на договорот е можно во наредните „два или три дена“. САД и Израел ја започнаа војната со Иран со воздушни напади на 28 февруари. Техеран одговори со ракетни и дронски напади врз Израел, ...

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и еден со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Три лица во Битола возеле без возачка ...

Во Охрид денеска се одржа „Денот на спортот“ во рамки на Плазма Спортските игри за млади, кои оваа година за првпат се реализираат во Македонија. Целта на овој спортски собир е да се испрати силна порака за значењето на спортот, дружењето и здравите животни навики кај младите. Во обраќањето до присутните, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски истакна дека е особена чест што Охрид е домаќин на оваа значајна регионална ...

На 08.06.2026 во 01:15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.06.2026 околу 23:00 часот во домот физички ги нападнал неговата 37-годишна сопруга и нејзината мајка, при што употребил и тврд предмет, а се заканувал со остар предмет и кршел дел од покуќнината. Откако пристигнал братот на пријавителката, кој претходно го ...

Јас би сакал да кажам дека сум исклучително импресиониран за тоа што од еден скромен семеен бизнис „Винчини“, односно „Макрпогрес“ во случајов, прераснува во, би рекол, регионален гигант. Со промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата навистина претставува еден од фундаментите, од темелите на македонската кондиторска индустрија. Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина ...

Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат, а на дизелот ќе се зголеми, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 9.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 до 07.05.2024 склучил и ...

На 07.06.2026 во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце – Скопје, кај тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишија од слобода Р.Ш.(42) од Косово. При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за која не поседувал ...

Германија, Франција, Велика Британија и Украина го повикаа рускиот претседател Владимир Путин на итен прекин на огнот и на преговори за ставање крај на војната. Почетна точка за тоа треба да биде актуелната линија на фронтот во Украина. САД, како и Европа, треба „активно“ да учествуваат во разговорите, се наведува во заедничката изјава што канцеларот Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и ...

Партијата Самоопределување на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово. По пребројувањето на 99,4 проценти од гласовите, партијата, според официјалните податоци од вчеравечер (7.06), освои 43 проценти. Сепак, неизвесно е дали тоа значи и крај на политичка криза во земјата. Самоопределување и понатаму ќе зависи од коалициски партнери за да формира нова влада. Освен тоа, потребен е компромис со опозицијата за да се ...

Во 60-та година од животот почина Арсим Зеколи, долгогодишен дипломат и политички аналитичар. Арсим беше редовен колумнист на DW македонски во периодот од 2017 до 2024 година. Неговите колумни и текстови беа извонредно содржајни и аналитички, и неретко предизвикуваа големо внимание и полемики. Подолу во коментарите е последната колумна која беше објавена на 19 декември 2024 година. Сочувство до семејството и најблиските. DW Во 60-та ...

‎Јубилејното 10-то издание на „Охрид трчаТ“ заврши успешно, со рекордни 2.700 учесници од 30 земји, потврдувајќи го своето место меѓу најзначајните спортски настани во регионот. ‎ ‎Честитки до сите победници и учесници, нивните успеси се инспирација за сите нас. ‎ ‎Голема благодарност до организаторите, волонтерите, спонзорите и сите кои придонесоа за беспрекорната организација на овој прекрасен спортски настан. ‎ ‎Охрид уште еднаш покажа ...

СДСМ цврсто се држи до суштината на социјалдемократијата: правда наместо привилегија, солидарност наместо страв, фер оданочување наместо товар врз трудот, силни институции наместо партиска држава и европска иднина наместо националистичка магла. Ова вчера (7.06) го порача партискиот претседател Венко Филипче од 32. програмски конгрес на СДСМ, претставувајќи ја новата идеолошка платформа на партијата. Kонгресот го опиша и како „прв конгрес за ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.51
25%
1019
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
46%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.82
41%
1020
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.69
41%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.58
31%
1020
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
1.34
47%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.15
32%
1019
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.61
41%
1020
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.06
36%
1020
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
36%
1021
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.24
36%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.58
54%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.40

Иридиум

253540.09

Злато

133769.08

Родиум

257205.97

Сребро

2087.39

Цинк

0.00

Паладиум

39866.93

Рутениум

48965.59

Калај

53.45

Платина

53498.84

Бакар

12.73